Saturday, March 17, 2018

#ESIPP конференција за аутизам во Кипар

Почитувани колешки и колеги,

Сакам да ја информирам стручната јавност во Македонија дека наредната седмица на 21 март во Лимасол во Кипар ќе се одржи последната конференција во рамите на #ESIPP проектот. Истата е во организација на Autism Assessment Support Practice Center од Кипар. Партнерите од 5 различни европски земји ќе бидат таму да го презентираат програмот за едукација на родителите и најновиот документ препораки до политичарите за да им се помогне на родителите подобро да го разберат аутизмот и да ги поддржат нивните деца со аутизам. По конференцијата ќе се одржат и редовните состаноци на #ESIPP тимот. Покрај мене од Македонија ќе биде присутна уште една колешка. Во продолжение официјалниот постер за конференцијата.

Претседател на МНЗА




No comments:

Post a Comment