Monday, September 7, 2020

Резултати од испитот ХГ - 07.09.2020

 Почитувани студенти,

Повелете резултати од претпладневниот испит по Хумана генетика. Резултатите се многу слаби. Честитки за двете студентки што го положија испитот. Една студентка е пуштена условно. Студентката што е пуштена условно ќе го дополага устно испитот најверојатно во петок преку Мајкрософт Тимс. Истата да ми прати е-пошта во среда 09.09.2020 за да и дадам точен термин. Студентката што бараше пред време да и го прегледам тестот е во втората половина од табелата и не знам чуму бараше такво нешто? Ве молам сите малку да се приземјите, „да не барате преку леб, погача“. Од мене секогаш навреме сте добивале резултати и не знам што ќе ви значи ако 4 часа порано од овој момент си го знаевте поразителниот резултат. Јас кога сум студирал да сум му побарал на некој професор на МФ да ми го прегледа тестот кога сакам јас, којзнае како и каде ќе сум завршел...Затоа бидете малку пореалистични во своите барања и однесувајте се во склад со примерно студентско поведение. Пишување оцени најверојатно во четврток.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

24967/19

42.5

8

2.       

10202/18

36

6

3.       

10510/19

33

условно

4.       

24966/19

28

5

5.       

24998/19

24.5

5

6.       

24969/19

24

5

7.       

24093/16

23

5

8.       

10467/19

21

5

9.       

10501/19

21

5

10.   

10471/19

21

5

11.   

10464/19

20.5

5

12.   

24971/19

20

5

13.   

24988/19

19.5

5

14.   

24981/19

19.5

5

15.   

10484/19

19

5

16.   

10207/18

19

5

17.   

9519/16

15

5

18.   

10482/19

15

5

19.   

8526/14

14.5

5

20.   

25000/19

14.5

5

21.   

8193/12

14

5

22.   

9478/16

13

5

23.   

24510/17

12.5

5

24.   

10474/19

11.5

5

25.   

24607/18

11

5

26.   

8182/12

9.5

5

27.   

10472/19

8

5

28.   

10498/19

6

5

29.   

10473/19

4

5

30.   

25048/19

2.5

5

Предметен наставник

Испит ФФА - 12.09.2020 (сабота)

 Почитувани студенти,

Испитот по Физиологија со функционална анатомија ќе се полага во сабота на 12.09.2020 година. Поради немање на простории и поради големиот број пријавени студенти, едноставно сум принуден на овој чекор. Еве на време ве известувам дека испитот ќе се полага во големиот амфитеатар 3 со почеток во 09:00 часот. Набавете си пријава порано, бидејќи тој ден „Студентски сервис“ на ФЗФ не работи. Сите претходни напомени и протоколи важат и за овој испит. Редовно следете го блогот да не има уште некое преместување заради учество на „виша сила“. Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГФ - 07.09.2020

 Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика и физиологија. Четири студенти успеаја да го положат испитот и јас им честитам во оваа пригода. Пишувањето на оцените ќе биде најверојатно во четврток за што навремено ќе бидете известени на овој блог.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

24637/18

52

7

2.       

10149/18

36

6

3.       

10162/18

36

6

4.       

10128/18

36

6

5.       

24669/18

33

5

6.       

25023/19

32

5

7.       

10186/18

30

5

8.       

24673/18

29

5

9.       

10123/18

26

5

10.   

10408/18

25

5

11.   

24613/18

16.5

5

12.   

10530/19

16

5

13.   

10169/18

13

5

14.   

24652/18

11.5

5

15.   

10227/19

11

5

16.   

10160/18

10

5

17.   

24666/18

9

5

18.   

10264/19

8

5

19.   

10178/18

7

5

20.   

25049/19

7

5

Предметен наставник

Sunday, September 6, 2020

Испити ХГФ и ХГ - 07.09.2020

 Почитувани студенти,

Од утре 07.09.2020 година кај мене започнува втората декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) по следниот редослед:
  • 08:00 ХГФ
  • 10:00 ХГ
Важни НАПОМЕНИ!
Студентите да си набават пријави за полагање испити порано, а НЕ на денот на испитот. „Студентскиот сервис“ при ФЗФ отвора во 08:00 часот, а вие треба да сте претходно во амфитеатарот. Утре не сум сигурен дека „Студентски сервис“ ќе работи.
  • Студентите да бидат 15 минути пред терминот пред местото за полагање!
  • Никакво доцнење нема да биде толерирано!
  • Од епшидемиолошки причини студентите да не се задржуваат во просториите на ФЗФ по полагањето на испитот и строго да се придржуваат на протоколот против Ковид-19!
  • Ниту еден студент НЕ може да полага испит без пријава и без 15 ЕКТС поени!
  • Ниту еден студент НЕ смее да полага без маска и ракавици!
  • Секој оној студент што не ги почитува овие напомени и принципи, нема да може да полага испити по моите предмети!
За студентите од ИСЕР најверојатно испитот ФФА ќе се помести од 15.09. на 12.09. (сабота). Тоа ќе биде објавено со посебен пост, затоа редовно следете го овој блог. Ова се прави заради немање на доволно простории и термини за полагање.
Ви благодарам за разбирањето.
Предметен наставник