Friday, October 28, 2016

EVIDENCE-BASED PRACTICE IN AUTISM SPECTRUM DISORDERS

Почитувани колешки и колеги,
Ова е насловот на мојот труд што требаше да го презентирам на конгресот во организација на „Дате ни крилја" на 15.10.2016 година. За жал уште пред 9 месеци ја имав договорено конференцијата во Суботица и не можев да присуствувам на двете конференции во исто време. Затоа, ви го споделувам апстрактот.
Претседател на МНЗА

Abstract
Background: Autism spectrum disorder (ASD) encompasses wide variation in symptom severity and functional impact. The core features of ASD include impairments in social communication, repetitive behaviours and restricted interests. Evidence-based practice includes a combination of the best available scientific evidence, professional expertise, and understanding of client characteristics.
The aim of this article is to show the best evidence based practice in the field of ASD.
Methodology: The PubMed database and Google Scholar was searched using the keywords: autism, evidence-based, and practice.
Results and discussion: The inclusion of various measures and tests in each evaluation should be based on the relevance and application of the individual client’s needs and what services are necessary for the person to best function with the disorder. The core autism assessment domains for best practice procedures are: Record review; Developmental and medical history; Medical screening and/or evaluation; Parent/caregiver interview; Parent/teacher ratings of social competence; Direct child observation; Cognitive assessment; Academic assessment; Adaptive behavioral assessment; Communication and language assessment.
The goal of existing interventions is to facilitate the acquisition of skills, remove barriers to learning
and improve functional skills and quality of life. The review of literature show that established treatments are: Antecedent Package; Behavioral Package; Comprehensive Behavioral Treatment for Young Children; Joint Attention Intervention; Modeling; Naturalistic Teaching Strategies; Peer Training Package; Pivotal Response Treatment; Schedules; Self-management; Story-based Intervention Package; and Medication Management.
Conclusions: ASD is a remarkably heterogeneous constellation of conditions that covary with other disabilities and disorders (e.g., intellectual disability, epilepsy, ADHD, anxiety disorders) and various medical problems. New experimental therapeutics hold promise for the treatment of core symptoms and have the potential to alter developmental trajectories. Future research should focus on how we can better match interventions to child and family characteristics through personalized medicine over the lifetime of the patient.

Key words: autism spectrum disorders, evidence-based practice, assessment, treatment

Заостанато предавање ФФА - 29.10.2016

Почитувани студенти,
Заостанатото предавање по Физиологија со функционална анатомија од минатата седмица кога бев на конференција во Брисел, ќе се надополни утре (сабота) 29.10.2016 година со почеток во 09:30 часот во лабораторијата за генетика и физиологија на Педагошкиот факултет. Се очекува предавањето да заврши околу 12.15 часот со 2 паузи помеѓу часовите.
Предметен наставник

Wednesday, October 26, 2016

Распоред за полагање на првите колоквиуми

Почитувани студенти,
Вие многу добро знаете дека првата декада на ноември е предвидена за полагање на првите колоквиуми по моите предмети. Претпоставувам дека веќе континуирано учите ако посакувате успех на истите. Ви го проследувам распоредот за полагање на првите колоквиуми по одреден редослед на датуми на полагање.

2 ноември 2016 година 08:00 часот
Генетика, Физиологија (Институт за психологија, Институт за семјени студии), Физиологија со фунцкионална анатомија (апсолвенти на Институт за дефектологија).

3 ноември 2016 година 08:00 часот
Хумана генетика (I, II, III, IV година студенти на Институт за дефектологија).

11 ноември 2016 година 08:00 часот
Физиологија со функционална анатомија (I, II, III, IV година студенти на Институт за дефектологија).

Сите колоквиуми ќе се полагаат во слободни простории на Филозофскиот факултет (како можни се наведуваат: голем амфитеатар, сала за седници, амфитеатар 4, електронска лабораторија, слушална 11). За да не лутате по факултетот должни сте да бидете таму 10-15 минути пред почетокот на колоквиумот т.е. пред библиотеката на Институтот за дефектологија. Искрено се надевам дека студентите што не учеле воопшто нема да ме оптеретуваат да прегледувам полупразни тестови со небулозни одоговри. На нив им го нудам тестот на увид по завршување на колоквиумот.

Предметен наставник

Saturday, October 22, 2016

АКАДЕМСКИ ЕЛЕКТРОНСКИ СПИСАНИЈА - недела на отворен пристап

Почитувани колешки и колеги,

Сакам да ве информирам дека по повод неделата на отворен пристап Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ) организира работилница под наслов „Академски електронски списанија" на 25.10.2016 година во МАНУ. Работилницата е наменета за главни уредници и заменици уредници и вработени во биомедицински библиотеки и за жал овој пост е само информативен.

Организациски одбор
· Акад. Момир Поленаковиќ, претходен претседател на МЗМУ
· Акад. Надица Поп Јорданова, сегашен претседател на МЗМУ
· Проф. д-р Мирко Спироски, иден претседател на МЗМУ
· Проф. д-р Дончо Донев, генерален секретар на МЗМУ
· Доц. д-р Силвана Марковска-Симоска, благајник на МЗМУ

Предавачи
· Проф. д-р Зоран Здравковски, Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (MJCCE), Скопје
· Проф. д-р Владимир Трајковски, Journal of Special Education and Rehabilitation (JSER), Скопје
· Проф. д-р Мирко Спироски, Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences (OAMJMS)
· м-р Марија Ѓорѓевска, Универзитетски компјутерски центар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј" - Скопје

Место на одржување
· Македонска академија на науките и уметностите, Скопје

Цели
· Познавање со основните стандарди за креирање електронско списание
· Познавање со Системи за отворено списание (Open Journal Systems – OJS)
· Познавање на основните улоги на Менаџер на списание во Системи за отворено списание (Open Journal Systems – OJS)
· Познавање на основните улоги на Уредник на списание во Системи за отворено списание (Open Journal Systems – OJS)

Целна група
· Главни и одговорни уредници на биомедицински списанија од Република Македонија
· Заменици главни и одговорни уредници на биомедицински списанија од Република Македонија
· Вработени во биомедицински библиотеки од Република Македонија

ПРОГРАМА

Претседателство: Акад. Момир Поленаковиќ, Акад. Надица Поп Јорданова, Проф. д-р Мирко Спироски, Проф. д-р Дончо Донев

12:00-12:15 ч Отворање на работилница

Акад. Надица Поп Јорданова, претседател на МАМЕ, Прилози, МАНУ, Скопје

12:15-12:45 ч Стандарди за академски електронски списанија
Проф. д-р Мирко Спироски, Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences (OAMJMS)

12:45-13:15 ч Системи за отворено списание (Open Journal Systems – OJS)
м-р Марија Ѓорѓевска, Универзитетски компјутерски центар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј" - Скопје

13:15-13:45 ч Улоги на Менаџер на списание во Системи за отворено списание (Open Journal Systems – OJS)
Проф. д-р Зоран Здравковски, Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (MJCCE), Скопје

13:45-14:15 ч Улоги на Уредник на списание во Системи за отворено списание (Open Journal Systems – OJS)
Проф. д-р Владимир Трајковски, Journal of Special Education and Rehabilitation (JSER), Скопје

14:15-14:30 ч Дискусија и затворање на работилница

Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Monday, October 10, 2016

Преслушувачи ХГ, ФФА - 12.10.2016

Почитувани студенти од втора, трета и четврта година,
Сите вие кои ги имате презапишано предметите ХГ и ФФА ќе треба да дојдете во лабораторијата на Педагошкиот факултет во среда 12.10.2016 и тоа во 12.30 часот за предметот Физиологија со функционална анатомија и нешто порано од предвиденото во 14:00 часот за Хумана генетика. Ова важи за редовните студенти. Нека е со среќа преслушувањето и честит утрешен празник 11 октомври!
Предметен наставник


IV конференција по специјална едукација и рехабилитација - рана интервенција

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ве информирам дека наредниот викенд ќе присуствувам на четврата конференција по специјална едукација и рехабилитација наменета на раната интервенција, а во организација на Ресурсниот центар за специјална едукација, како и ФАСПЕР од Беглрад, а што ќе се одржи во Суботица, Србија. На мое задоволство член сум на програмскиот комитет и на 15.10.2016 во хотелот Патриа ќе го презентирам мојот најнов труд: „Рана интервенција на деца со аутистичен спектар на анрушувања во Република Македонија". Наредниот ден ќе бидам модератор на една од сесиите. Во продолжение ви го проследувам делот од програмата во кој јас земам учество.
Член на програмски комитет.

 OCTOBER 15th 2016, 9.00-14.00 – PRESENTATION OF THE THEMATIC COLLECTION OF PAPERS
“ EARLY INTERVENTION IN SPECIAL EDUACTION AND REHABILITATION” (Hall 1)
Working Presidency: PhD Snežana Nikolić, PhD Vojislava Bugarski Ignjatović and PhD Brayan McCormick
9.00 - 11.20 (part I)
EARLY INTERVENTION IN THEORY AND PRACTICE
Srboljub Đorđević, Siniša Stojanović & Lucija Đorđević

BRAIN PLASTICITY: DEVELOPMENTAL AND CLINICAL ASPECTS OF IMPORTANCE FOR EARLY INTERVENTION
Dragan М. Pavlović, Aleksandra М. Pavlović, Zoran S. Komazec, Dragan S. Marinković, Dragan I. Rapaić, Goran М. Nedović, Milan R. Kulić, Vuk M. Aleksić, Ivana R. Sretenović & Jasmina М. Мaksić

BIOLOGICAL, ANTHROPOLOGICAL, AND PSYCHOLOGICAL CONSTRUCTS OF CHILD AND CHILDHOOD
Zorica Matejić Đuričić & Mirko Filipović

EARLY AND CONTINUOUS PREVENTION OF FUNCTION DISORDERS AND LOCOMOTOR SYSTEM DEFORMATIONS DURING THE PERIOD OF GROWTH AND DEVELOPMENT
Vera Ilanković, Aleksandra Dragičević, Andrej Ilanković, Boris Kosić & Novak Ranković

EARLY INTERVENTION IN CHILDREN WITH AUTISM SPECTRUM DISORDERS IN REPUBLIC OF MACEDONIA
Vladimir Trajkovski & Filip Jurtoski

GLUTAMATE EXCITOTOXICITY AND NEONATAL HYPOXIC-ISCHEMIC ENCHEPALOPATY
Nataša Cerovac & Aneta Lakić

IDENTIFICATION OF CHILDREN WITH DEVELOPMENTAL DELAYS / DISABILITIES IN PRESCHOOLS
Snežana Ilić, Snežana Nikolić & Gordana Odović

LIP-READING WITH DEAF AND HARD OF HEARING PRESCHOOL CHILDREN
Ljubica Isaković, Tamara Kovačević & Nadežda Dimić

SYNTACTIC PERFORMANCE IN CHILDREN WITH COCHLEAR IMPLANTS
Ivana Sokolovac, Renata Škrbić, Mila Veselinović, Slobodanka Lemajić–Komazec & Svetlana Slavnić

CHALLENGES FOR EARLY RECOGNITION OF CHILDREN WITH ASPERGER SYNDROME
Tatjana Krstić, Sanela Slavković, Jasmina Knežević & Vesela Milankov

THE RELATIONSHIP BETWEEN VISUAL-MOTOR INTEGRATION AND SCHOOL SUCCESS FOR DEAF AND HARD OF HEARING STUDENTS IN ELEMENTARY SCHOOL
Svetlana Mijatović, Vesna Radovanović & Jasmina Karić

THE DEVELOPMENT OF VISUAL-MOTOR INTEGRATION, VISUAL PERCEPTION AND MOTOR COORDINATION IN DEAF AND HARD OF HEARING CHILDREN
Vesnа Rаdovаnović, Mаrinа Rаdić-Šestić & Biljаnа Milаnović-Dobrotа

NEURODEVELOPMENTAL OUTCOMES IN PREMATURELY BORN CHILDREN
Dunja Stojanović & Špela Golubović

BILINGUALISM WITH DEAF AND HARD OF HEARING PRESCHOOL CHILDREN
Tamara Kovačević, Ljubica Isaković & Nadežda Dimić

 OCTOBER 16th, 2016, 12.00-12.30 – DISCUSSION (Hall 1)
OCTOBER 16th, 2016, 9.00-12.00 – SESSION 4 (Hall 2)
Working Presidency: PhD Vladimir Trajkovski and PhD Vera Ilanković

USAGE OF ICT TOOLS IN EARLY CHILDHOOD INTERVENTION SERVICE Monika Rosandić, Klara Popĉević, Maja Peretić

ASSISTIVE TECHNOLOGY IN EARLY REHABILITATION
Dragana Kovaĉević, Svetlana Prvulović, Radmila Vasiljević, Jelena Strugar, Dragana Popović

THE USE OF ASSISTIVE TECHNOLOGY IN THE EDUCATION AND REHABILITATION OF THE CHILDREN WITH DEVELOPMENTAL DISABILITIES
Vesna Naranĉić

AUGMENTATIVE ALTERNATIVE COMMUNICATION (AAC) IN THE EARLY INTERVENTION OF CHILDREN WITH AUTISM
Danijela Đukić, Sandra Skendžić

SOCIAL SKILLS TRAINING
Matej Vukoviĉ

SPEECH THERAPY-MUSIC THERAPY SESSIONS IN EARLY INTERVENTION, THEIR ROLE AND IMPORTANCE
Alma Osmanbegović, Edvina Kustura, Arnela Pašalić

APPLICATION OF TECHNOLOGY TRAINER IN THE PREVENTION OF RISK FACTORS OF CONTEMPORARY LIFESTYLE
Vesko Drašković, Malin Drašković, Svetlana Višnjić

MOVEMENTS AS A BASIS FOR LEARNING IN PRESCHOOL AGE
Nina Pantić Ćehajić

PHYSICAL FITNESS TEST (PFT) OF THE SPECIAL EDUCATION ELEMENTARY STUDENTS AND SCHOOL SUCCESS: GENDER DIFFERENCESS
Miloš Popović, Hana Válková, Ružena Popović, Milan Dolga

PRESENTATION OF THE PROJECT ON THE DETECTION OF MOTOR DIFFERENCES IN YOUNG CHILDREN INVOLVED IN PRESCHOOL PROGRAMMES
Nina Pantić Ćehajić

PUPPET AS A SCREENING TOOL IN THE EARLY PERIOD
Tadeja Belšak

DRAMA MODEL OF THE EDUCATIONAL WORK IN EARLY INTERVENTION
Senada Užičanin

DIDACTIC MATERIAL IN RESPECT OF PREVENTING DYSLEXIA AND DYSGRAPHIA – EARLY INTERVENTION ON PRESCHOOL AGE
Dragana Dženopoljac, Danijela Rodić

BURNOUT SYNDROME IN PERSONS WHO PROFESSIONALLY WORK WITH CHILDREN WITH DISABILITIES
Siniša Ristić, Stevan Seatović, Željko Vuković

PRESENCE OF MYTHS ABOUT BULLYING IN THE STUDENT POPULATION OF FUTURE TEACHERS
Ivana Borić, Ena Pavić

POSITIVE INFLUENCE OF SCHOOL CLIMATE ON STUDENTS AGGRESSIVE BEHAVIOR
Maša Đurišić, Jelena Gajić

PARENTS OPINION ABOUT FREQUENCY IN PEER VIOLENCE AMONG CHILDREN WITH SPECIAL NEEDS
Amra Imširagić, Šahim Kahrimanović

SIGNIFICANCE OF PSYCHOTHERAPEUTIC TREATMENT OF YOUNG PARENTS WITH MENTAL HEALTH RELATED ISSUES IN PREVENTING MENTAL ISSUES OF THEIR CHILDREN
Sandra Nikolić, Dragica Bogetić

COOPERATION WITH ADVISORY SERVICE IN THE EARLY PERIOD IN DETECTION OF CHILDREN WITH DIFFICULTIES
Tadeja Belšak

EARLY INTERVENTION IN THE PREVENTION OF SUICIDAL BEHAVIOR AMONG ADOLESCENTS
Aleksandar Jugović

REHABILITATION IN CRIMINAL LEGISLATION: DEFINITION, EFFECTS AND CHARACTERISTICS
Miodrag Simović, Dragan Jovašević, Vladimir Simović

PREVENTION OF DEVELOPING A JUVENILE DELINQUENT BEHAVIOR AND AGGRESSIVENESS OF THE YOUTH
Vladimir Ilić, Vera Despotović

Friday, October 7, 2016

Теми за подготовка на првиот колоквиум Хумана генетика - 2016

Почитувани студенти,
Ви ги давам во прилог темите за подготовнка на првиот колоквиум по Хумана генетика. Потребно се доста учење за да се положи тестот.

  1. Вовед во генетиката
  2. Класична генетика
  3. Структурна организација на клетката
  4.  Хромозоми
  5. Делба на клетката
  6. Молекуларна основа на наследувањето
  7. Синтеза на протеини
  8. Наследување
  9. Хромозомски аберации заклучно со нумерички аберации.

Предметен наставник

Теми за подготовка на првиот колоквиум Физиологија со функционална анатомија-2016

Почитувани студенти,
Ви ги проследувам темите за подготовка на првиот колоквиум по ФФА.
  • Функционална организација и општ план на телото. 
  • Регулирачките системи за одржувањето на внатрешната хомеостаза; 
  • Физиологијата на клетката; 
  • Телесни течности и електролити; 
  • Физиологија на крвта; 
  • Мускулен систем; 
  • Физиологијата на нервниот систем;
  • Вклучително и автономен нервен систем.
Среќно учење
Предметен наставник

ВОДИЧ ЗА ИЗРАБОТКА НА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТИТЕ ХГ, ФФА и МОИ

Почитувани студенти,
Ви го проследувам водичот за изработка на семинарска работа по предметите Хумана генетика, Физиологија со функционална анатомија и Медицински основи на инвалидноста.

Семинарската работа подразбира обработка на одредена тема која се заснова на лични ставови, објаснувања и истражувања, поткрепени со употреба на домашна и странска литература која ни дава точни информации во врска со темата која ја обработуваме. 
Семинарските работи најчесто се изработуваат по предметите кои студентите редовно ги слушаат. Тие на студентите им овозможуваат да ги соберат што повеќе кредитни поени одделно за секој предмет. Постојат два типа на семинарски работи: индивидуални и групни. 
Важно е професорите да направат распоред околу изработката на семинарски работи за да не дојде до оптеретување на студентите по секој предмет. Затоа потребно е тие на самиот почеток на семестарот да ги истакнат темите на кои ќе се работи за да студентите можат навремено да ги достават до 30 ноември во тековната година. 
Семинарските работи можат да имаат форма на теоретска и практична семинарска работа. Практичната форма претставува помалку користење на студии или прикази на случаи во однос на резултатите од практичната настава и сите дотогашни искуства, а теоретската форма претставува приказ на странска литература или интернет ресурси со цел проширување на изложениот текст и презентирање на општи информации. Но и едната и другата форма на семинарка работа се важни бидејќи овозможуваат таа успешно и во целост да се изработи. 
Секоја семинарска работа треба да содржи неколку елементи, а тоа се: содржина, вовед, разработка, заклучок и користена литература. Таа не треба да биде поголема од 10 страници А4 формат чукано во програмот Word 2003 или погорна верзија. 
На првата страна т.е. насловна треба горе да стои името на универзитетот, факултетот, а под него институтот од кој доаѓа студентот, напишано со фонт Times New Roman 14.
Под него (на средината на страната), доаѓа насловот на семинарската работа напишана со истиот фонт со големина 16 и болд, и најдоле лево се пишува името на менторот а десно оној кој ја изработил семинарската работа. Под името на менторот и изработувачот, на средина се пишува град, месец и година на изработка. 
Еве пример како би требало да изгледа.


УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ‡ СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА  ДЕФЕКТОЛОГИЈА



















DNA
-семинарска работа-
Хумана генетика










 Ментор:                                                                            Изработил:
 Профд-р Владир Трајковски                                          х х х х х х х х
                       
                        








                  Скопјеoктомври, 2016





















Содржината треба да стои на 2 страна и треба да ги содржи сите елементи од кои се состои семинарската, заедно со содржината и користената литература. Секој дел наведен во содржината треба да ја содржи и страната на која се наоѓа. 

Пример: 

Содржина ................................................................................... 2 
Вовед .......................................................................................... 3 
Хемиска градба на ДНА..............................................................4
Значење на ДНА за хуманата генетика......................................5
Заклучок........................................................................................9
Литература...................................................................................10

Воведот треба да биде околу една страница, но не повеќе. Тој треба да ги опфати мотивите за изработка на семинарската и некои општи сознанија за проблемот. Треба да се користи за кирилица со МК поддршка фонтот Times New Roman 12, а за некои англиски или латински термини да се употребува EN поддршка Times New Roman 12. 
Разработката треба да содржи одредени аргументи кои што оној што ја изработува ќе ги докаже со лични идеи, објаснувања и заклучоци, засновани на податоците со кои се служи од одбраната литература. Се употребува задолжително фонтот Times New Roman 12 за имињата на научниците и други странски термини. Во разработката потребно е да има поднаслови и тие да бидат со фонт 14 болд.
Маргините на страниците треба да бидат 2 см од горе, долу и десно, а 2.5 см од лево, а проредот меѓу страниците треба да биде единечен (single). 
Заклучокот стои на предпоследната страна од семинарската работа и тој треба да биде збир од се` она што претходно било напишано и која е суштината и значењето на темата за која се пишува.
Користената литература треба да содржи најмалку 3 интернет страници и најмалку 3 библиографски единици (странски и домашни), а може да се користат и предавањата по самиот предмет. 
Литературните податоци во текстот се цитираат со арапски бројки во заграда, во иста линија на текстот. Доколку делот содржи повеќе литературни референци тогаш во заградата ќе стојат сите бројки со кои се означени тие литературни единици. Потоа бројниот редослед на означување на цитираните литератури соодветно ќе се означи во користената литература. Тоа значи дака ако литературата е цитирана со број (1) во користената литература ќе се наведе како прва книга или интернет страница. 
Цитирањето на литературата треба да се направи на следниов начин: 

1. За списанија: се цитираат сите автори ако се шест или помалку; а за повеќе се цитираат само првите три автора и се додава сор. или et al. за англиски текст; не се ставаат точки по иницијалите и кратенките на списанијата.
Пример: Копачев Д, Трајковски В, Ајдински Г. Растроеното внимание како невропсихолошка когнитивна дисфункција. Дефектолошка теорија и практика. Скопје, 1998; 4: 57-64.

2. За книги: по авторот се цитира името на книгата, потоа издавачката куќа, местото и годината на издавање. 
Пример: Tucić N, Matić G. O genima i ljudima. Centar za primenjenu psihologiju, Beograd, 2002. (странската литература се цитира во оригинал).

3. Интернет страниците се цитираат така што прво се пишува авторот, името на интернет страницата, а потоа нејзината адреса. 
Пример: 

Презентацијата на семинарските трудови е усмена на видеобим и треба да биде подготвена во програмот Power Point 2003 или погорна верзија. Презентацијата на семинарската работа трае 10 минути. Претходно студентот на предметниот наставник треба да му достави 1 тврда копија од трудот и електронска верзија (ЦД, или по e-mail).
Семинарскиот труд се оценува со најмногу до 10 кредитни поени, кои влегуваат во глобалниот број на поени при полагањето на испитот. Должината на трудот не смее да надминува 10 страници.
Среќно!

Предметен наставник

Предавања ХГ и ФФА - 08.10.2016

Почитувани студенти од прва година,
Како што веќе ви најавив заради моето патување во Брисел на 20 и 21 октомври нема да бидам во можност да ги одржам предавањата по ХГ и ФФА. Затоа, истите ги поместувам за утре (сабота) 08.10.2016 година и тоа на ФЗФ во слушална 11 со почеток во 09:00 часот. Прво ќе имаме 3 часа предавања ХГ, а потоа уште 3 часа ФФА. Се очекува околу 14 часот да завршат предавањата, но тоа земете го условно, бидејќи не знам колку паузи ќе ни требаат.
Предметен наставник

Thursday, October 6, 2016

Литература по предметот ФФА

Почитувани студенти,

Ви ја проследувам литературата по предметот Физиологија со функционална анатомија.
  1. Трајковски В. Физиологија со функционална анатомија на човекот. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2009. 
  2. Трајковски В, Рашиќ О. Практикум по физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2009 (интерна скрипта). 
  3. Гајтон А, Хол Џ. Медицинска физиологија. Академски печат, Скопје, 2012. 
  4. Stabler T, Peterson G, Smith L, Gibson M, Zanetti N. PhysioEx 6.0 for Human Physiology laboratory simulations in physiology. Pearson Benjamin Cummings, San Francisco, 2009. 
  5. Marieb EN. Essentials of Human Anatomy & Physiology. Pearson Benjamin Cummings, San Francisco, 2010. 
  6. Guyton CA. Fiziologija čovjeka i mehanizmi bolesti. Medicinska naklada, Zagreb, 1995. 
  7. Mujović MV. Medicinska fiziologija (kompendium). A-Z book, Beograd-Kosovska Mitrovica, 2004. 
  8. Germann WJ, Stanfield CL. Principles of Human Physiology. Pearson Benjamin Cummings, San Francisco, 2005. 
Предметен наставник

Литература по предметот Хумана генетика

Почитувани студенти,

Иако ви ја наведов литературата на првото предвање пред две седмици, не ми пречи уште еднаш да ве потсетам на истата. Воедно ова го правам за да не ме прашувате постојано.
  1. Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2005. 
  2. Трајковски В. Практкум по хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2003. 
  3. Mihajlović Q, Mihajlović N. Humana genetika. Visoka medicinska škola strukovih studija, Ćuprija, 2009. 
  4. Ninković D. Medicinska genetika. FASPER, Beograd, 2007. 
  5. Jorde LB, Carey JC, Bamshad MJ, White RL. Medical Genetics. 2nd edition, Mosby Inc., St Louis, 2000. 
  6. Mueller RF, Young ID. Emery’s Elements of Medical Genetics. Eleventh edition, Churchill Livingstone, New York, 2001. 
  7. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol I, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
  8. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol II, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
Предметен наставник

Wednesday, October 5, 2016

Теми за подготовка на првиот колоквиум Физиологија - 2016

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог ви ги доставувам темите кои се потребни за подготовка на првиот колоквиум по предметот Физиологија.

  • Поим и дефиниција на физиологијата. 
  • Регулирачките системи за одржувањето на внатрешната хомеостаза; 
  • Физиологијата на клетката; 
  • Физиологија на мускулниот систем;
  • Физиологијата на нервниот систем. 
  • Комуникација во невронот; 
  • Централен нервен систем;
  • Периферен нервен систем; 
  • Голем мозок; 
  • Рецептори;
  • 'Рбетен мозок; 
  • Моторен систем;
  • Продолжен мозок; 
  • Среден мозок; Мал мозок;
  • Меѓумозок;
  • Болка;
  • Перцепција на температура.
Предметен наставник

Теми за подготовка на првиот колоквиум Генетика - 2016

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог се потребните теми за учење на првиот колоквиум по предметот Генетика.

  • Вовед во генетика; 
  • Класична генетика; 
  • Структурна организација на клетката; 
  • Цитогенетика;
  • Молекуларни основи на наследувањето; 
  • Наследување и видови наследувања; 
  • Промени во наследните чинители (аберации и мутации); 
  • Генетика на полот. 
Предметен наставник 

Апсолвенти преслушувачи на ФФА - 2016

Почитувани апсолвенти,
Ви се обраќам вам кои што треба да го преслушувате предметот ФФА. Со координаторката не сме сигурни дали овој список е конечен и евентуално дали некој од овие студенти е можеби вонреден. Ве молам веднаш да ми пишете порака на е-пошта или ФБ доколку некој од вас не е редовен студент.


7868/12
7875/12
7872/12
8198/12
7869/12
7913/12
8193/12
7870/12
7900/12
7905/12
22133/10
7910/12
22811/12
7896/12
8197/12
7880/12
8186/12


Предметен наставник

Tuesday, October 4, 2016

Список на семинарски теми по предметот ХГ - 2016

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог е списокот на семинарски теми по предметот Хумана генетика. Важат истите упатства како и за предметот ФФА. Крен рок за предавање е 30.11.2016 година.

24044/16
Waardenburg синдром
24057/16
Patau синдром
9519/16
Barr-ово тело
24083/16
Хромозоми
24062/16
Marfan синдром
24099/16
Edwards синдром
24072/16
Lejeun (Cri du chat) синдром
24048/16
Миотонична дистрофија
9068/15
Автосомно доминантно наследување
9505/16
Автосомно рецесивно наследување
24060/16
Полово врзано наследување
9466/16
Ретинобластом
9477/16
Williams синдром
9555/16
Klinefelter синдром
9453/16
Туберозна склероза
9481/16
Нумерички хромозомски аберации
9475/16
tRNA
9492/16
Транслација
9516/16
Генетско советување
9489/16
Down синдром
9478/16
DNA
9474/16
Пренатална дијагноза
9495/16
Неврофиброматоза
24052/16
pRNA
9482/16
Wolf синдром
24095/16
Фрагилен Х синдром
24211/16
Транслокации
9505/16
Митохондријално наследување
9458/16
Транскрипција на DNA
24061/16
Транслација
9503/16
Полигенско наследување
24054/16
Edwards синдром
24104/16
Turner синдром
9446/16
Митоза
9444/16
Duchenne мускулна дистрофија
9574/16
Мејоза
24078/16
Хомоцистинурија
24079/16
Leopard синдром
24089/16
Crouson синдром
9455/16
Суперженско
24082/16
Krabbe болест
24081/16
Албинизам
9493/16
Хермафродитизам
9606/16
Hurler синдром
9494/16
Овогенеза
24084/16
Сперматогенеза
9487/16
Crossing-over
9557/16
Tay-Sachs-ова болест
9491/16
Wilson-ova bolest




Предметен наставник