Friday, July 24, 2020

Share, cite, mention, link JRTDD articles

Dear readers and potential authors, 
As you already knew we released the newest Issue 3, Volume 1 at July 5th and you can find it here. I want to stress your attention on the importance of social media in scientific publishing. There are some scientific articles which show that papers which are shared, mentioned, linked on social media such us: Facebook, Twitter, LinkedIn, Mendeley, Research Gate, Academia.edu and others are more cited papers than those which are not. I hope all of you have at least one profile on these social media. I would like to ask you to do that with your papers published previously in our Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. On the right menu of our web site you can find social media buttons and you can do that very easily. You should go to some article which is your favorite and then share it or link it. It will take you less than one minute. 
With this, you will increase the visibility of JRTDD papers and possibility to be cited by other authors. Also the journal will increase its visibility and international impact in the field of reattach therapy, developmental diversities and rehabilitation sciences as well. 
Also, I hope that you will find an interest in submitting some paper in JRTDD in near future. Hoping that it would not be a problem for you, I am sending to you warm regards. 
JRTDD Editor-in-chief

Задолжителни списоци на студенти за есенска сесија - 2020

Почитувани студенти,
Се ближи августовско-септемвриската сесија и потребно е да се направи распоред на простории во кои за 5-6 пати ќе биде редуциран бројот на студенти што може да полагаат. Сесијата по моите испити ќе започне на 25 август. За да се направи добар распоред во групи потребно е многу скоро да се организираме и да ми дадете точни списоци кој студент во која декада ќе полага и кој предмет ќе го полага. За таа цел ги задолжувам следните студенти да си ги консултираат своите колеги и колешки и најдоцна до понеделник 10 август да ми достават список во Ворд фајл, во посебни табели секој предмет и посебно по декади. Во списокот задолжително да има име и презиме и број на индекс во посебни колони. За некои генерации веќе одредив, но не ги запомнив и ако е објавен повторно друг студент, нека се искоординираат кој од нив ќе ми прати.

За актуелната прва година на ИСЕР се задолжува студентката 10501/19
За втора година на ИСЕР се задолжува студентката 24930/18
За трета година на ИСЕР се задолжува студентката 24560/17
За четврта година на ИСЕР се задолжува студентката 9495/16
За генерација запишани 2014 година се задолжува студентката 23273/14
За генерација запишани 2013 година се задолжува студентката 23137/13
За повозрасни генерации на ИСЕР се задолжува студентката 22811/12

За студентите од Институтот за психологија по предметот ХГФ
  • За актуелната прва година се задолжува студентката 25046/19
  • За актуелната втора година се задолжува студентката 24615/18
Студентите кои нема да бидат навремено пријавени, нема да може да им се обезбеди простор во редовната сесија и ризикуваат да не можат да полагаат. Исто така сите кои нема да достават задачи за 15 ЕКТС поени до 31 јули нема да можат да полагаат во престојната сесија.
Во очекување на вашите списоци, примете колегијални поздрави.
Предметен наставник

Tuesday, July 14, 2020

15 ЕКТС поени за следната сесија

Почитувани студенти,
Сите што немате освоено 15 ЕКТС поени, а сакате да ги полагате моите предмети во наредната августовско-септемвриска сесија, обврската ќе мора да ја завршите најдоцна до 31.07.2020 година. Затоа, ве молам побрзајте!
Предметен наставник

Sunday, July 12, 2020

PSYCHOLOGICAL ASPECTS OF AUTISM SPECTRUM DISORDER

Vladimir TRAJKOVSKI
Institute of Special Education and Rehabilitation
Faculty of Philosophy, University “Ss. Cyril and Methodius, Skopje
Republic of Macedonia
E-mail: vladotra@fzf.ukim.edu.mk

Received: 08-May-2020
Revised: 09-June-2020
Accepted: 14-June-2020
Online first: 15-June-2020

Abstract
Introduction: Autism spectrum disorder (ASD) is a complex neurodevelopmental condition that occurs within the first 3 years of life, which is characterised by poor social skills, communication problems and stereotyped patterns of behaviour. Autism is a life-long disorder that has a substantial effect on the individual, their family, and society.
The purpose of this paper is to provide an overview about the psychosocial aspects of autism spectrum disorders. 
Methods: An analysis of relevant literature, sources from the internet and published literature, personal experience and observations of the author. 
Findings: Despite widespread research and greater public awareness, ASD has an unclear etiology and no known cure, making it difficult to acquire an accurate and timely diagnosis. Psychologic functions such as attention, executive function, academic functioning, memory, emotions, and sensory processing are described. There is a need for continuous psycho-social support for people with ASD and their relatives during the diagnostics and early intervention period, as well as resources that better represent the diversity of experiences and symptoms associated with ASD across the lifespan. 
Conclusion: It is clear that more special education services are needed, together with timely and ongoing psychosocial support to parents of children with ASD. 

Key words: autism spectrum disorder, neurodevelopmental condition, psychological aspects. 

Citation: Trajkovski, V. Psychological aspects of autism spectrum disorder. Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities, 2020 Jul 05; 3(1):14-23. https://doi.org/10.26407/2020jrtdd.1.30

Monday, July 6, 2020

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2020/21 год. НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, СКОПЈЕ

Согласно превентивните мерки за спречување на ширење на КОВИД-19, наставата на прв циклус студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година ќе се одвива како:

(i) настава со посредство на електронска комуникација (во продолжение е-настава) и
(ii) настава со физичко присуство[1]

(i) Е-наставата (предавања и вежби) на прв циклус студии во зимскиот семестар 2020/21 година е задолжителна за сите предмети кои студентите ги запишале или презапишале во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година. За предмети за кои има пријавено помалку од 5 студенти се држат консултации со посредство на електронска комуникација. Е-наставата (предавањата и вежбите) ќе се одвива преку две платформи: Микрософт Тимс и МудлФзФ.

Платформата Микрософт тимс е веќе на располагање (од летниот семестар 2020) и во неа професорите можат да го поставуваат материјалот за предметите кои ги предаваат во текот на зимскиот семестар 2020. Во текот на месеците август и септември 2020 година ќе се спроведат задолжителни обуки за сите наставници при Филозофскиот факултет за користење на оваа платформа[2]. По спроведувањето на обуката, предметните наставници се обврзуваат тековно и навремено да поставуваат електронски материјал за предавањата и вежбите за предметите во зимскиот семестар 2020/21 година. Покрај поставување на дидактичкиот материјал, се задолжуваат наставниците редовно да одржуваат е-настава со видео комуникација преку Микрософт Тимс. 

Колоквиумите и испитите за предметите за кои се држи е-настава ќе се одвиваат преку: (1) платформата Микрософт Тимс и соодветните апликации кои оваа платформа ги нуди (како Микрософт формс и сл.), и (2) платформата Егзам нет (платформа со заштитен пребарувач). Консултациите со студентите се одвиваат преку платформата Микрософт Тимс.

Платформата МудлФзф е во завршна фаза на изработка и по спроведување на обука за користење на истата, професорите ќе може да ја користат за настава. 

Одржувањето на е-наставата (предавања и вежби) ќе се одвива согласно точно утврдени термини кои ќе бидат истакнати во распоредот за часови за зимскиот семестар 2020/21. 

Наставата за предметите каде е предвидена и задолжителна пракса и присуство во одредена институција, треба да се прилагоди во согласност со критериумите за е-настава. Согласно потребите на институтите, Филозофскиот факултет ќе склучи дополнително Меморандуми за е-пракса (пр. изведување е-настава за градинки, училишта и сл.) со соодветните институции.

(ii) Настава со физичко присуство (предавања и вежби) во зимскиот семестар 2020/21 година ќе може да се изведува доколку биде дозволено од надлежните органи и доколку студентските домови се отворат во учебната 2020/21 година. Истата ќе може да се изведува во мали групи, односно во предавални во кои во еден термин ќе може да присуствуваат само ограничен број студенти. Бројот на места по предавални за реализирање настава со физичка дистанца е утврден и доставен до сите координатори. Наставата со физичко присуство ќе се одвива согласно претходно подготвен распоред по предавални на Филозофскиот факултет, каде местата се означени согласно препораките за физичка оддалеченост и со запазување на евентуалните дополнителни протоколи. Консултациите со студенти со физичко присуство може да се одржуваат во кабинет (најмногу еден студент во еден термин) и во библиотеките при Институтите.

Наставата на втор и трет циклус студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година ќе се одвива со физичко присуство (доколку е возможно) и настава со посредство на е-настава. Наставата со физичко присуство ќе се одвива задолжително, доколку тоа не е во спротивност со превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на наставата. Истата ќе може да се изведува во мали групи, односно во предавални во кои во еден термин ќе може да присуствуваат согласно протоколите. Наставата со физичко присуство ќе се одвива според претходно подготвен распоред по предавални на Филозофскиот факултет, каде местата се означени согласно препораките за физичка одалеченост. Е-наставата на втор и трет циклус студии ќе се одвива во случај на спреченост за одржување на настава со физичко присуство заради превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на наставата. Е-наставата (предавањата, вежбите, испитите) ќе се одвива преку две платформи: Микрософт Тимс и МудлФзФ.

Одбраните на дипломските, магистерските и докторските трудови при Филозофскиот факултет во зимскиот семстар во учебната 2020/21 година ќе се одвиваат комбинирано: со физичко присуство и со посредство на електронска комуникација (во продолжение е-одбрана). Одбраните со физичко присуство ќе се одвиваат задолжително, доколку тоа не е во спротивност со превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на одбраната. Е-одбраните ќе се одвиваат само во случај на спреченост за одржување на одбрана со физичко присуство заради превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на одбраната. Е-одбраната ќе се одвива преку платформата Микрософт Тимс.

Се задолжуваат сите предметни наставници навремено да ја прилагодат наставата за зимскиот семестар 2020/21 година, согласно горе наведените информации.

Зависно од актуелните случувања и промени кои ќе произлезат од состојбата предизвикана од Ковид-19, ќе следат дополнителни известувања и препораки во однос на наставата во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година. 

Деканат на Филозофски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Saturday, July 4, 2020

Пишување оцени - јули 2020

Почитувани студенти,
Сите вие кои не сте земале оцена досега, сите вие кои положивте испити од втор циклус и денес преку онлајн устно полагање ве поканувам во следните термини да ги оставите вашите ценети индекси во библиотеката на ИСЕР во специјална кутија каде стои моето име и од неа повторно ќе ги земете назад за кусо време. Истото важи и за тие што недоставиле пријави.
  • Понеделник 06.07.2020 во 10:30 часот
  • Среда 08.07.2020 во 12:30 часот
За понатаму нема да има термин ваков официјален, туку ќе мора да го оставите индексот и да почекате некој ден. Напоменувам дека максимално можам да ставам оцени до 15.07.2020, а потоа започнуваат колективните одмори. Индексот не морате да го оставите лично, туку тоа може да биде било кое друго лице во кое имате доверба. 
Потенцирам да НЕ ДОАЃАТЕ во мојот кабинет од хигиенско епидемиолошки причини. Најнужните консултации за време на пандемијата се одвивааат онлајн или пред мојот кабинет на отворено со задолжително носење на маска и дистанца од најмалку 2 метри.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник

Некои напомени за онлајн испитите

Почитувани студенти,
Како што знаете денес поприлично време посветив на онлајн испитите. Но, овде морам да потенцирам некои работи кои не ми се допаѓаат за да не се повторуваат во иднина. Нема да спомнувам имиња на студенти за да не ги брукам, но во наредните сесии секој оној студент кој ќе се пријави за онлајн испит ќе треба да ми потпише изјава дека ќе полага устно. Само тешка болест која ќе ја докаже со медицинска потврда може да го оправда од откажување. Не може јас да планирам време да организирам, а некој да се откажува во „пет до дванаесет“, или воопшто да не ме информира и со таа несериозност да ги нарушува моите планови.
За да бидат нештата појасни ќе објаснам што се случи. Кога за прв пат објавив дека ќе има онлајн полагање се пријавија 15 студенти. Од нив во последните два дена се откажаа 4 студенти. Денес се откажа една студенкта откако и беа поставени прашања и уште една вратив заради незнаење. Два студенти воопшто не ми пратија е-пошта да ме известат дека нема да полагаат и не се извинија поради тоа, што го оценувам како крајно некултурен чин. Тоа значи дека останаа 6 студенти од 15 пријавени и за нивна среќа тие положија. Во иднина само тие што се 100% сигурни дека можат да полагаат устно ќе можат да се пријават. Лажно пријавување ќе повлекува некакви пенални поени. Затоа, доколку не сте сигурни во своите знаења за устно полагање дојдете си на писмен испит како и 95% од останатите студенти.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник

Friday, July 3, 2020

Резултати од испити за втор циклус студии

Почитувани постдипломци,
Повелете резултати од утринските испити за втор циклус на студии:

Генетски аспекти на инвалидноста

  1. 5249/19   10 (десет)


Аутистичен спектар на нарушувања
  1. 5225/19   9 (девет)
  2. 5187/18   7 (седум)
  3. 5146/18   5 (пет)
Резултатите за оваа сесија се конечни не се можни никакви поправања. Постдипломката што не положи многу повеќе учење наредната сесија. Пишување оцени најверојатно наредната среда во 12:30 часот.

Предметен наставник

Thursday, July 2, 2020

Ипситни прашања по предметот АСН

Почитувани постдипломци,

Само уште еднаш да ги повторам испитните прашања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања.

1. Историјат
2. Дефиниција на аутизмот
3. Класификација на аутизмот
4. Епидемиолошки карактеристики на аутизмот
5. Морталитет кај лицата со аутизам
6. Етиологија и патогенеза на аутизмот
7. Генетика на аутизмот
8. Истражувања на близнаци и фамилијарни студии
9. Молекуларна генетика
10. Цитогенетски студии
11. Квантитативни генетски истражувања
12. Функционален геном
13. Генетско советување
14. Имуногенетика на аутизмот
15. Имунолошки нарушувања кај аутизмот
16. Типови на имунолошка дефициентност што се среќаваат кај аутизмот
17. Алергии и аутизам
18. Биохемиски и метаболни нарушувања кај аутизмот
19. Гастроинтестинални нарушувања кај аутизмот
20. Оксидативен стрес, липидна перодиксација и дефицит на глутатионот кај аутизмот
21. Нарушувања на минералите кај аутизмот
22. Митохондријална дисфункција кај аутизмот
23. Живата како етиолошки фактор
24. Полибромирани дифенилни етери
25. Етиолошката поврзаност на аутизмот со МПР вакцината
26. Средински теории на раниот развој
27. Неврохемиски теории
28. Структурни теории
29. Невропатолошки студии
30. Миниколумнарна патологија
31. Неврорадиолошки студии
32. Клинички карактеристики на аутизмот
33. Проблеми со сензорното процесирање
34. Дисфункција на моториката
35. Репетитивни, рестриктивни и стереотипни активности
36. Дијагностика на аутизмот
37. Имунодијагностика на аутизмот
38. Дијагностички тестови со уште недокажана вредност
39. Дефектолошка дијагностика
40. Анализа на фецесот
41. Процена на алергија на храна
42. Интегритет на цревата и одредување на нивна пропустливост
43. Испитувања на аминокиселинскиот статус
44. Анализа на уринарните пептиди
45. Анализа на органските киселини
46. Анализа на содржината на масните киселини во клетката
47. Анализа на минералите
48. Диференцијална дијагноза
49. Бихејвиорална терапија
50. Едукација (TEACCH и Lovas програма)
51. Вежбање на социјални вештини
52. Логопедска терапија, психотерапија, музикотерапија
53. Терапија со држење, дневна животна терапија, БИМ
54. Медикаментозен третман
55. Имунолошка терапија
56. Хипербарична кислородна терапија
57. Окупациона терапија, терапија со сензрона интеграција и АИТ
58. Son-Rise програма
59. Биомедицински третман
60. Хелација
61. Семејна поддршка
62. Социјален исход, промена на когнитивните способности, образование
63. Вработување на лицата со аутизам
64. Сместување и згрижување
65. Показатели на исходот
66. Превенција на АСН
67. Медицински состојби кај аутизмот
68. Аутизам и сексуалност
69. Аспергер синдром
70. Рет синдром

Предметен наставник

Термини испити септемвриска сесија - 2020

Почитувани студенти,
Иако се` уште е рано за термини за септемвриска сесија сепак од деканатот ги побараа и јас морам да дадам со тоа што морам да нагласам дека зависно од бројот на пријавени студенти јас го задржувам правото на промена на термините. Од прва година на ИСЕР веќе задолжив студентка која треба да ми даде список на студенти (најдоцна до 1 август) кои ќе полагаат одредени предмети во одредени декади. Доколку има студенти добороволци од сите генерации што би правеле списоци, нека ми пишат веднаш е-пошта. Доколку нема, во наредниот период јас ќе задолжам претставници како тоа што го сторив минатиот пат.
Од втората декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) по следниот редослед:

07.09.2020
  • 08:00 ХГФ
  • 10:00 ХГ
15.09.2020
  • 08:00 МОИ и ФФА
Овој последниот термин во зависност од бројот на пријавени студенти може да претрпи расчленување на студентите по предмети. Вие редовно следете го овој блог особено непосредно пред терминот за испит.
Предметен наставник

Термини испити августовска сесија - 25.08.2020

Почитувани студенти,
Иако се` уште е рано за термини за августовска сесија сепак од деканатот ги побараа и јас морам да дадам со тоа што морам да нагласам дека зависно од бројот на пријавени студенти јас го задржувам правото на промена на термините. Од прва година на ИСЕР веќе задолжив студентка која треба да ми даде список на студенти (најдоцна до 1 август) кои ќе полагаат одредени предмети во одредени декади. За септември немам добиено уште простории и не можам да дадам термини во овој момент. Доколку има студенти добороволци од сите генерации што би правеле списоци, нека ми пишат веднаш е-пошта. Доколку нема, во наредниот период јас ќе задолжам претставници како тоа што го сторив минатиот пат.
Од првата декада испитите ќе се полагаат во голем амфитеатар (амфитеатар 3) на 25.08.2020 по следниот редослед:

  • 08:00 ХГФ и ФФА
  • 10:00 ХГ и МОИ

Вие редовно следете го овој блог особено непосредно пред терминот за испит.
Предметен наставник

Онлајн полагање испити викендов - 04.07.2020

Почитувани студенти,
Сите вие кои се пријавивте за онлајн полагање на испитите кај мене подгответе се ментално и технички со платформата Мајкрософт Тимс. Сите морате да бидете регистрирани на патформата и да имате креирано е-пошта со наставка @students.fzf.ukim.mk. Сите што сте ми пратиле е-пошта од гмаил, хотмаил, јаху, не ви е валидна и ве нема во системот. Јас веќе некои студенти додадов во специјално креираниот тим за полагање. Само вие кои треба да полагате може да се придружите на следниот ЛИНК. Потребно е да имате функционални камера, микрофон и звучници. Во просторијата каде што ќе полагате не смее да има никој. Суфлери и блиски кои се зад камера би ви вртеле книги и списи се строго забранети. На дадените прашања треба да одговарате веднаш без да ви лета погледот лево-десно. Доколку ви паѓа нетот тоа ќе се смета за нерегуларно и ќе бидете упатени да полагате во есенската сесија писмено. Во продолжение термините за полагање:

Сабота 4 јули
ХГФ 09:00 - 10:30

ХГ 10:30 - 12:00

МОИ 12:00 - 13:30

ФФА 13:30 - 15:00

Секој студент е должен за време на полагањето да го проверува четот на платформата или сопствената е-пошта заради можни поместувања за порано или подоцна. Во рамките додека е вашиот испит само тој што полага треба да има вклучено видео или аудио, а останатите од дотичниот испит го слушаат текот на испитот за да се во тек со настаните. Го задржувам правото заради виша сила или замор да променам некои од термините и да ги поместам термините за подоцна во текот на денот или за друг ден. Доколку некои студенти се откажат исто така е можно да повикам некои студенти да полагаат порано од дадениот термин. Ве молам да ме информираат веднаш сите студенти што се откажале од ваквиот тип на полагање.

Предметен наствник

Wednesday, July 1, 2020

Пишување оцени - 03.07.2020

Почитувани студенти,
Сите вие кои положивте во јунската сесија ве поканувам на 3 јули во периодот од 10:30 до 10:40 часот да ги оставите индексите кај координаторката по ЕКТС на ИСЕР во посебна кутија со моето име. Откако ќе се соберат доволен број индекси таа ќе ме повика. За 15-тина минути ги враќам назад. На сите кои не им одговара овој термин, ќе мора да го остават индексот таму и да почекаат. Следен ваков термин би бил на 8 јули по 12:00 часот. Имајте во вид дека од 16 јули сме на колективен одмор и дека потоа нема да можеме да завршуваме вакви административни работи. Затоа замолувам работите со пријавите, индексите да се завршат најдоцна до 10 јули, доколку сакате да имате оформено оцена во оваа сесија.
Ви благодарам за разбирањето.
Предметен наставник