Wednesday, December 30, 2020

Термини за полагање испити втор циклус студии - јануарска сесија 2021

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
27.01.2021 - Аутизам - 09:00 часот
27.01.2021 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 10:00 часот
27.01.2021 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 11:00 часот

Втора декада
03.02.2021 -  Аутизам   09:00 часот
03.02.2021 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 10:00 часот
03.02.2021 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 11:00 часот

Испитите ќе се полагаат устно преку платформата Мајкрософт Тимс. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности со епидемијата или друго дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Линкот до платформата ќе го добиете во јануари. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

5-то и 6-то предавање АСН

Почитувани постдипломци,

Како што ви најавив, петтото и шестото предавање по Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат на платформата Мајкрософт Тимс во сабота и недела (02 и 03.01.2021 година) со почеток во 8:00 часот. Во двата денови ќе бидат одржани по 3 часови. Време на завршување на наставата меѓу 10:35 и 11:00 часот. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила. Вие сте должни редовно да го следите овој блог заради навремено информирање.

Предметен наставник

Friday, December 18, 2020

Термини испити прв циклус на студии јануарска сесија - 2021

Почитувани студенти, 
Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во јануарската сесија 2021 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат по електронски пат. Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени и за да добиете напомени за платформата на која ќе се изврши полагањето.

Прва декада
22.01.2020  ХГФ во 08:00 часот
22.01.2020  ФФА во 09:00 часот

25.01.2020 ХГ во 08:00 часот
25.01.2020 МОИ во 09:00 часот

Втора декада
29.01.2020  ХГФ во 08:00 часот
29.01.2020  ФФА во 09:00 часот

01.02.2020 ХГ во 08:00 часот
01.02.2020 МОИ во 09:00 часот

Предметен наставник

Thursday, December 17, 2020

3-то и 4-то предавање АСН

Почитувани постдипломци,

Како што ви најавив минатиот петок, третото и четвртото предавање по Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат на платформата Мајкрософт Тимс во сабота и недела (19 и 20.12,2020 година) со почеток во 8:00 часот. Во двата денови ќе бидат одржани по 3 часови. Време на завршување на наставата меѓу 10:35 и 11:00 часот.

Предметен наставник

Monday, December 14, 2020

Заменето 10-то предавање ФФА - 15.12.2020

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како што се договоривме минатиот четврток, утре 15 декември ќе го реализирам 10-тото предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија. Предавањето е замена за тоа што нема да се одржи на 31.12.2020 година. Предавањето, а потоа и вежбите ќе се одржат на платформата Мајкрософт Тимс со почеток во 11:00 часот.

Предметен наставник

Wednesday, December 9, 2020

Напомени за освојување ЕКТС поени по предметот ФФА

Почитувани студенти од ИСЕР,
Иако во повеќе наврати сум ви ги кажал правилата на игра, еве за да не ме препрашувате по 10 пати, ќе ги повторам уште еднаш. Како можете да ги освоите потребните 15 ЕКТС поени за да имате право да полагате во јануарската сесија?

Максимален број на присуства на предавања - 7 поени, Секое отсуство повлекува по 1 поен помалку.
Максимален број на присуства на вежби - 8 поени, Секое отсуство повлекува по 1 поен помалку.
Обработка на семинарска работа - од 1 до 10 поени.
Обработка на труд - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам трудови за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Обработка на интернет ресурси - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам теми за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Учество на студентски семинар со презентација во Power Point (максимално 10 минути) - од 1 до 5 поени. Краен рок за пријавување е 17.12.2020 кај студентка што ќе биде одредена за тоа. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Се надевам дека сега нештата се многу појасни. Без 15 ЕКТС поени нема полагање на моите испити.
Предметен наставник

Напомени за освојување ЕКТС поени по предметот ХГФ

Почитувани студенти од ИП,
Иако во повеќе наврати сум ви ги кажал правилата на игра, еве за да не ме препрашувате по 10 пати, ќе ги повторам уште еднаш. Како можете да ги освоите потребните 15 ЕКТС поени за да имате право да полагате во јануарската сесија?
  • Максимален број на присуства на предавања - 10 поени, Секое отсуство повлекува по 1 поен помалку.
  • Обработка на семинарска работа - од 1 до 10 поени.
  • Обработка на труд - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам трудови за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
  • Обработка на интернет ресурси - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам теми за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
  • Учество на студентски семинар со презентација во Power Point (максимално 10 минути). - од 1 до 5 поени. Краен рок за пријавување е 16.12.2020 кај студентката што е одредена за тоа. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Се надевам дека сега нештата се многу појасни. Без 15 ЕКТС поени нема полагање на моите испити.
Предметен наставник

Tuesday, December 8, 2020

Второ предавање АСН - 11.12.2020

Почитувани постдипломци,

Второто предавање по Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржи во петок на 11.12.2020 на платформата Мајкрософт Тимс со почеток од 17:00 до 20:00 часот. Овој пат се надевам дека нема да има технички проблеми или дејства на некаква друга виша сила. Присуството е задолжително за сите студенти од насоката ИП и аутизам. Вие сте должни редовно да го следитге овој блог или професионалниот ФБ профил, заради евентуални измени во распоредот.

Предметен наставник

Saturday, December 5, 2020

Наш труд цитиран во престижното списание Frontiers in Psychiatry

Почитувани читатели,

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека нашиот труд: Vasilevska Petrovska I, Тrajkovski V. Effects of a computerbased intervention on emotion understanding in children with autism spectrum conditions. J Aut Dev Disord. (2019) 49:4244–55. doi: 10.1007/s10803-019-04135-5

е цитиран во престижното списание Frontiers in Psychiatry со импакт фактор 3.532. Во продолжение трудот и авторите кои не` цитирале. Трудот е со слободен пристап и кој сака може да го симне.

[PDF] Facial Expression Processing Across the Autism–Psychosis Spectra: A Review of Neural Findings and Associations With Adverse Childhood Events

C Samaey, S Van der Donck, R van Winkel, B Boets - Frontiers in Psychiatry, 2020

Коавторот

Одложено првото предавање АСН - 06.12.2020

Почитувани постдипломци,

Заради техничка грешка 503 кај повеќето од вас, иако три постдипломки успеаја да влезат во системот, предавањето е одложено од денес за утре, а второто предавање дополнително ќе го договориме. Не знам што се случува со вашите компјутери или со вашите познавања од Мајкрософт Тимс, но јас утре (недела) сигурно ќе почнам со предавања АСН, па ако треба и само со три постдипломци. Вие проучете го добро упатството за користење на МТ, прашајте си некое ИТ лице во текот на денешниот ден и утре влезете во МТ нешто порано. Доколку не успеете и утре да влезете, предавањето ќе се снима и ќе можете да го гледате одложено. Ако не успеете да влезете преку сервисите на УКИМ, одете директно на teams.microsoft.com и со корисничко име и лозинка од Мајкрософт влезете во системот.

Ви благодарам на разбирањето. 

Предметен наставник