Sunday, April 28, 2024

Презентации од конференцијата: 10 години од формирањето на МЗМУ

Почитувани колешки и колеги,

На 25 април 2024 година Македонското научно здружение на медицински уредници го прослави својот јубилеј 10 години од своето формирање. НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО: НАУЧЕН И ПУБЛИЦИСТИЧКИ ИНТЕГРИТЕТ ВО БИОМЕДИЦИНАТА се одржа во МАНУ со 105 регистрирани учесници, плус 20 на платформата ЗУМ. Беа презентирани 15 трудови кои овде сакам да ги споделам во ПДФ формат и видео формат.

  1. Проф. д-р Валентин Мирчевски: Смислата и значењето на научното публицирање  PDF   Video
  2. Проф. д-р Ана Марушиќ: Предизвици за интегритетот на истражувањето   PDF   Video
  3. Проф. д-р Мирко Спироски: Научно издаваштво во Република Македонија анализирано со вештачка интелигенција   PDF   Video
  4. Проф. д-р Јадранка Стојановски: Поддршка на научната заедница во усвојување на практики за отворена наука   PDF   Video
  5. Проф. д-р Изет Машиќ: Библиометриски индекси - предности и недостатоци во практичната примена за научната валидност на авторите и нивните научни содржини   PDF
  6. Проф. д-р Дончо Донев: Организиран пристап за сузбивање на предаторските списанија и издаваштво   PDF   Video
  7. Проф. д-р Гордана Петрушевска: Плагијаризам и самоплагијаризам, фабрикување и фалсификување на резултати од истражување   PDF   VIdeo
  8. Проф. д-р Гоце Спасовски: Списанија со отворен пристап   PDF   Video
  9. Проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ: Етички стандарди во научното публикување - искуство на меѓународното научно списание „Македонски ветеринарен преглед“   PDF   Video
  10. Проф. д-р Азис Положани: Списание на Југоисточна Европа за одржлив развој (СЕЕЈСД) - научна платформа за одржлив развој на регионот Југоисточна Европа   PDF   Video 
  11. Милица Шевкушиќ: Поим за квалитет во списанијата со отворен пристап   PDF   Video
  12. Прим. д-р м-р сци. Илија Глигоров: Преглед на достапни електронски веб страници на здруженија на медицински уредници и портали на медицинско уредување   PDF   Video
  13. Ана Ѓорѓевиќ: Научен интегритет на Универзитетот во Белград -
    Хемиски факултет во контекст на одговорна процена на истражување   PDF   Video 
  14. Павло Коломиец: Научник од 21-от век - Социјални мрежи и апликации за научници   PDF   Video
  15. Проф. д-р Владимир Трајковски: Планот С - иднината на објавувањето во отворен пристап   PDF   Video
Претседател на научен одбор

Saturday, April 27, 2024

15 ЕКТС поени онлајн - 29.04.2024

Почитувани студенти,

Во понеделник 29 април ќе организирам онлајн одговарање за 15 ЕКТС поени за сите оние студенти кои живеат надвор од Скопје или Македонија. Во петокот не дојде никој во мојот кабинет. Би сакал да ве предупредам дека до јунската сесија може да има најмногу уште 2-3 термини со физичко присуство. Не ги пропуштајте за да не останете без право за полагање на испитите. Овде е линкот за вклучување со почеток во 9:00 часот.

Предметен наставник

Thursday, April 25, 2024

Јавна благодарност

Почитувани колешки и колеги,

Како што веќе објавив претходните денови, денес се реализираше конференцијата по повод 10 години од постоењето на Македонското здружение на медицинските уредници (МЗМУ) во МАНУ. На затворањето се заблагодарив на многу луѓе кои помогнаа во реализацијата на конференцијата. Моите 10 најблиски соработнички не ги кажав, но еве сега ја користам оваа пригода да им се заблагодарам јавно. Огромна благодарност на м-р Ирена Стојановска за заедничката подготовка на постери, водењето на конференцијата, техничката поддршка, фотографирањето и правењето на видеа во следните денови. Не помало благодарам заслужува и м-р Андреа Ивановска за заедничката подготовка на постери, визуелниот дизајн на постерите и сертифкатите, за испраќањето на сертификатите на учесниците без презентација на труд. Секако овде влегуваат и седумте студентки од прва година и едната апсолвентка. Од разбирливи причини не би им ги спомнувал нивните имиња, многу добро си знаат кои се. Тие несебично помогнаа во регистрацијата, помошта во кафе паузите и фотографирањето. Како што ветив тие ќе бидат наградени.

ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ УШТЕ ЕДНАШ! (ретко пишувам со големи букви, тоа го правам кога сум или многу лут, или многу благодарен :) ).

Претседател на научен одбор

15 ЕКТС поени - 26.04.2024

Почитувани студенти,

Сите што треба да одговарате за 15 ЕКТС поени, ве поканувам утре петок од 13:00 до 14:00 во мојот кабинет.

Предметен наставник

Wednesday, April 24, 2024

Термини за полагање испити прв циклус на студии - јунска испитна сесија 2024

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги споделувам термините за полагање на моите испити во јунската сесија 2024 година за студентите од прв циклус. Вие сте ДОЛЖНИ на испитот да носите пријава која е претходно набавена. Во мај ќе има анкета која задолжително ќе треба да ја пополните во насока на тоа која декада сакате да полагате. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани. Пријавите и тестовите пишувајте ги со читлив и разбирлив македонски јазик. Ургенциите се тотално недозволени и ЗАБРАНЕТИ!

Прва декада
10.06.2024  ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар 08:00 часот

11.06.2024  ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
24.06.2024 ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

25.06.2024 ФФА и МОИ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

Предметен наставник

Tuesday, April 23, 2024

Прикачување семинарски, интернет ресурси и обработка на труд по ХГ - 2024

Почитувани студенти,

Сите вие кои го слушате предметот Хумана генетика во овој семестар ќе треба да ги прикачите вашите трудови најдоцна до 30 април во 23:59 часот на следните линкови:

Семинарски труд ХГ

Интернет ресурси и обработка на труд

Фајловите ќе ги именувате по следниот редослед: Име и презиме-Наслов-семинарска, или интернет ресурси, или обработка на труд.

Предметен наставник

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

Предмет: 10 години од основањето на Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ)

Почитувани претставници на медиумите,

Имаме особена чест и задоволство да Ве информираме дека на 25 април (четврток) Македонското здружение на медицински уредници го прославува својот 10-ти роденден од своето постоење. Тоа е период кој не е ниту многу долг, но ниту многу кус. Сакаме да укажеме дека ова е прво вакво национално здружение во Југоисточна Европа. Годините наназад беа исполнети со многу премрежија на општествено политичката сцена во Македонија, војните во Украина и Газа, пандемијата со Ковид-19 и тоа се рефлектираше врз работењето на Здружението. Активностите беа исполнети со многу подеми и падови. Речиси со минимални финансиски средства, успеавме да реализираме многу од нашите цели и задачи.

Основна цел на Здружението е да се подобри квалитетот и нивото на медицинските списанија преку размена на информации и искуства за уредување и издавање на медицинските списанија и воспоставување на правила согласно меѓународните стандарди за научна и публицистичка етика и интегритет, како и континуирана размена на информации и едукација на уредниците и членовите на Уредувачкиот одбор на научните списанија, научниот подмладок и научната заедница во Македонија, во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, соодветните министерства, универзитети и факултети, професионални здруженија и комори, како и со релевантните меѓународни агенции и асоцијации.

Во сите овие години покажавме дека можеме да се носиме рамноправно со други вакви здруженија од ЕУ и светот, да бидеме лидери во Македонија за едукација и размена на информации за интегритетот и научната и публицистичка етика и превенција на измама во областа на биомедицината. Во сите овие 10 години, преку разни видови активности на Здружението, се трудевме да ја зголемиме свесноста за интегритетот во академското пишување и објавување. Организиравме четири едукативни работилници од кои три за млади научници од биомедицинските и сродни науки. Во периодот зад нас, исто така, два пати ја одбележавме „Меѓународната недела на рецензирањето“ што се одржува во месец септември и имавме четири настани по повод „Меѓународната недела за отворен пристап“ што се одбележува секоја година во месец октомври на светско ниво.

Годинава, решивме токму на денот на основањето 25 април, да ја крунисаме нашата самопрегорна работа со организирање на НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО: НАУЧЕН И ПУБЛИЦИСТИЧКИ ИНТЕГРИТЕТ ВО БИОМЕДИЦИНАТА. Конференцијата ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите со почеток во 8:30 часот (регистрација на учесниците). На конференцијата ќе бидат презентирани 15 трудови од кои шест на поканети предавачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Украина и девет трудови од македонски автори. За оние кои нема да можат да дојдат лично, обезбедена е ЗУМ конференциска врска. За конференцијата постои голем интерес од домашната стручна и научна јавност и досега се пријавени 146 учесници. Очекуваме дека оваа конференција ќе има одглас и значајно влијание во доменот на академското публицирање во Македонија, во регионот и пошироко.

МЗМУ мошне често е присутно со популарни објави на социјалните медиуми со што сакаме да споделуваме информации за подигнување на свесноста и едукација за научната и публицистичка етика на сите заинтересирани страни во нашата заедница и пошироко.

Искрено се надеваме дека вие како медиуми ќе помогнете во покривање на овој настан преку објавување на содржини, слики, или видео прилози на вашите електронски, печатени и ТВ медиуми.

Ние, членовите на МЗМУ ќе продолжиме да споделуваме релевантни информации и да едуцираме млади кадри, да креираме нови проекти и да објавуваме научни трудови, во насока на подобрување на академскиот интегритет и дигнитет.





Скопје                                                                                     Со почит,

24.04.2024                                                                                Генерален секретар на МЗМУ

 

 

 

                                                                                               

 

                                          












Wednesday, April 17, 2024

Развој на мозокот и поврзаноста со однесувањето

Почитувани колешки и колеги,

Кон крајот на јануари бев замолен од Гаспар центарот да снимам поткаст на тема: „Развој на мозокот и поврзаноста со однесувањето“. Со задоволство ја прифатив поканата и снимивме едно часовна емисија која за прв пат беше пуштена во етерот пред 8 денови. Би сакал да им укажам на моите студенти да одвојат 1 час од нивното драгоцено студентско време и да го го проследат ова видео. Изјавувам дека немам никаква финансиска корист од ова видео, како и од сите мои гостувања на ТВ, радио или разни поткасти и портали. Ова морав да го напоменам бидејќи некои душегрижници сметаат дека сум се збогатил од вакви гостувања. Не ова не е трагично, малку е смешно.


Раскажувачот


Friday, April 5, 2024

„ДА СИ КАЖЕМЕ“

Почитувани посетители,

Вчера на 4 април имав динамично и интересно, получасовно интервју со одлично подготвениот новинар, господинот Горан Петрески. Интервјуто се реализираше во рамките на емисијата „Да си кажеме“ на Телма телевизија. Повод за моето гостување беше 2 април - меѓународниот ден на лицата со аутизам. Тема: Дали државата се грижи за лицата со аутизам? Иако го споделив на моите социјални медиуми, сакам да го има и овде на мојот блог. Одвоите 30 минути од вашето слободно време и погледнете го. Се надевам дека нема да ви биде залудно потрошено времето.


Интервјуираниот



Tuesday, April 2, 2024

Резултати од првиот колоквиум ХГ - 02.04.2024

 Почитувани студентки,

Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Хумана генетика. Само три студентки го положија колоквиумот, но со мал број на поени. Вториот колоквиум ќе се полага устно, кон крајот на мај.

Реден број

Број на индекс

Бодови

1.       

11430/23

21

2.       

26163/23

20.5

3.       

25354/20

19.5

4.       

10514/19

14

5.       

26122/23

13.5

6.       

26129/23

13

7.       

10710/20

12

8.       

11113/22

10

9.       

25338/20

10

10.   

10196/18

8.5

11.   

11417/23

7.5

12.   

11377/23

7

13.   

26149/23

7

14.   

11366/23

6

15.   

26139/23

6

16.   

11138/22

5.5

17.   

26115/23

4.5

18.   

26121/23

3.5

19.   

11415/23

3.5

20.   

11369/23

3

21.   

11364/23

2.5

Предметен наставник

Резултати од првиот колоквиум МОИ - 02.04.2024

Почитувани студентки,

Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. Едната студентка го положи, а другата не го положи колоквиумот.

Број на индекс

Бодови

9456/16

18.5

9519/16

4

Предметен наставник