Почитувани студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација,
Ве информирам дека колоквиумот по Физиологија со функционална анатомија ќе се одржи задутре (четврток) 19.11.2020 година со почеток точно во 09:00 часот на платформата Exam.net. Упаство за користење и регистрација веќе имате добиено претходно. Морате да бидете регистрирани на платформата. За да полагате испит морате да внесете име, презиме и број на индекс задолжително. Претходно најмалку 15 минути треба да бидете вклучени на платформата Мајкрософт Тимс за да се договориме уште некои детали и да го добиете кодот за полагање. За време на полагањето треба да ви биде отворен само еден пребарувач, доколку отворате други програми системот ќе ве отфрли на 90 секунди и ќе морате да дадете образложение зошто сте ја напуштиле платформата. Доколку ви се случи втор пат да бидете исклучени од платформата ќе бидете дисквалификувани од колоквиумот.
Право на полагање имаат и повозрасните генерации, но под услов да освојат најмалку 7 поени на тестот. Доколку освоите помалку од 7 поени, нема да имате право да полагате во јануарската сесија. Колоквиумот содржи 25 прашања и ќе се полага точно 17 минути, ништо повеќе, ниту помалку. Само студенти кои континуирано учеле и вложиле голем труд ќе можат теоретски да го положат. Запомнете дека овој колоквиум не се полага на среќа и затоа доколку не сте учеле доволно, ве молам поштедете ме од прегледување на тестови кои однапред се осудени на неуспех. Сето тоа ми губи драгоцено време и го одложува споделувањето на резултатите. Искрено се надевам дека сите оние студенти кои не учеле доволно ќе ја послушаат оваа замолница.
Предметен наставник