Saturday, January 25, 2014

Термини за консултации - летен семестар 2014

Почитувани студенти, колешки и колеги,
Сакам да ве информирам дека термините за консултации во следниот семестар од 03.02.2014 до 15.05.2014 година се следните:
Понеделник од 10:00 до 12:00 часот
Среда од 09:00 до 11:00 часот
Нека е со среќа почетокот на тнр. летен семестар.
Предметен наставник

Thursday, January 23, 2014

SYLLABUS ЗА ПРЕДАВАЊА ПО МЕДИЦИНСКИ ОСНОВИ НА ИНВАЛИДНОСТА

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог ви го давам силабусот по предметот Медицински основи на инвалидноста. Предавањата по МОИ започнуваат на 04.02.2014 година и ќе се одвиваат на старо место во лабораторија. Искрено се надевам дека ќе бидете поактивни и поангажирани на предавања, а посебно на вежби.
Предметен наставник

Резултати испит ХГ - 23.01.2014 - прва декада

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Истите се очајно лоши. Што да коментирам друго? Некои работи не заслужуваат да бидат коментирани.
Предметен наставник

Wednesday, January 22, 2014

Резултати од испитот ФФА - 22.01.2014 - прва декада

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит Физиологија со функционална анатомија. За жал се покажа мојата теза точна, а тоа е дека ако ви дадам нов тест, слабо се снаоѓате, бидејќи претходните ги учите „на памет„. Студентката Давчевска Радмила која е вонредна да се јави на консултации заради утврдување на нејзиниот статус со 15 ЕКТС поени.
Предметен наставник

Резултати од испитите Генетика и Физиологија - прва декада 22.01.2014

Почитувани студенти,
Во прилог ви ги праќам резултатите од утринските испити по Генетика и Физиологија.
Предметен наставник

Tuesday, January 21, 2014

Распоред на часови - „летен„ семестар 2014

Почитувани студенти,
Во прилог е распоредот на часови за „летен„ семестар 2014 година. Ова летен е во наводници бидејќи почнува во зима, а сепак го носи стариот назив летен. Студентите од прва година со мене ќе се гледаат во вторник и четврток по предметот Медицински основи на инвалидноста. Наставата со мене започнува на 04.02.2014 вотрник во лабораторија на Педагошки факултет. За вежби ќе бидете поделени во три групи. Сите наставници го задржуваат правото на промена на распоредот ако имаат причина за такво нешто.
Предметен наставник

Friday, January 17, 2014

РЕЦЕНЗИЈА И СТАНДАРДИ ЗА ПУБЛИЦИРАЊЕ

Рецензија или евалуација од колеги-експерти е процес на подложување на труд, истражување или идеја на проверка од други кои се квалификувани и способни да направат непристрасна рецензија. Одлуката дали манускриптот ќе се објави или не, или ќе се модифицира пред објавувањето, ја донесува едиторот на списанието врз основа на мислењето на еден или повеќе рецензенти. Овој процес треба да ги охрабри и поттикне авторите да се придржуваат на прифатените стандарди на нивната дисциплина и да спречи дисеминација на ирелевантни наоди, непоткрепени тврдења, неприфатливи интерпретации и лични видувања. На научните публикации што не поминале низ рецензија најчесто се гледа со недоверба од академската, односно научната јавност и професионалците. Трудовите кои пледираат на оригиналност треба да се придржуваат на претпоставките на добрата клиничка практика (за стручните трудови) и на научниот метод (секвенца или колекција на процеси кои се сметаат за карактеристични за научното истражување и за стекнување ново научно знаење засновано на докази).
Интересно е однесувањето кон процесот на (негативна) рецензија: најголемиот дел се благодарни за укажаните пропусти и на нив гледаат како на можност да го унапредат своето знаење и да ја зголемат веројатноста за објавување на своите трудови, други се обесхрабруваат и се плашат дури и да се обидат да испратат труд за објавување, а трети, се огорчени, лути, навредени.
Се разбира, секој има право да не се согласи со мислењето на рецензентот или на едиторот, и доколку успее да го образложи и да го поткрепи својот став со релевантни докази, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на рецензирањето. Иако рецензирањето има многу недостатоци (најчесто се споменува бавноста), сепак, на него треба да се гледа како на чувар на профилот на едно списание, унапредувач на квалитетот и учител за стандардите за публицирање на стручно-научни трудови.
„Vox Medici”

Критичко читање на научни трудови

Почитувани читатели,
Како што ве информирав пред нова година излезе од печат мојот најнов труд под наслов Критичко читање на научни трудови и денес е поставен онлајн на страницата на списанието Vox Medici број 81. Бидејќи списанието е со отворен пристап решив да го споделам со пошироката научна јавност, а убеден сум дека ќе им користи на нашите колешки и колеги, како и на магистрантите и докторандите.
Со почит,
Авторот

Thursday, January 16, 2014

Список на студенти кои имаат право да полагаат испит

Почитувани студенти од прва година,
Сакам да го споделам ажурираниот список на оние студенти кои освоиja 15 ЕКТС поени. Сите тие кои НЕ освоија 15 ЕКТС поени, а се студенти од било која генерација на Институтот немаат право да ги полагаат испитите на кои јас сум предметен наставник
Ова е коригираната верзија со точните линкови. Се извинувам за проблемот во линковите.
Список на ЕКТС поени по Хумана генетика
Список на ЕКТС поени по Физиологија со функционална анатомија

Предметен наставник

Sunday, January 12, 2014

15 ЕКТС поени - јануари 2014 втор пат

Почитувани студенти,
Ве поканувам втор пат овој месец да ги завршите своите обврски за добивање поени и исполнување на условот од 15 ЕКТС поени. Тоа може да го сторите во четврток на 16.01.2014 од 10:00 до 14:00 часот.
Предметен наставник