Saturday, March 15, 2014

Проект на МНЗА: Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници


Почитувани колешки и колеги,

Фондацијата “Аполонија”, во партнерство со невладината организација  МНЗА- Македонско научно здружение за аутизам“, го имплементира проектот "Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници", финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.Првиот од 10-те планирани семинари ќе биде реализиран од МНЗА на тема "Инклузија на деца со посебни образовни потреби", и ќе се одржи во Гевгелија на 17 и 18 Март од 09 до 17 часот. 
Овој семинар е наменет за дефектолози, наставници, стручни лица кои работат со деца со посебни потреби,  нивните родители и невладини организации активни во оваа област.
                Предавачи се: проф. д-р Владимир Трајковски; проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова; проф.д-р Даниела Димитрова-Радојчиќ; м-р Јасмина Трошанска; доц. д-р Владимир Илиевски; Розалија Давковска дип. дефектолог и Мими Батанџиева Зајковска, дипл. дефектолог. 
                Главната цел на овој проект е да се зголеми социјалната интеграција и развој на децата со посебни потреби во 4 општини во Југоисточниот регион: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
                Други цели се:
·         Да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби на 320 учесници:
Ø         наставници од 9 основни училишта;
Ø         наставници и стручни лица од 7 детски градинки;
Ø         родители на деца со посебни потреби;
Ø         стручни соработници и експерти кои работат во оваа област;
Ø         млади луѓе од 4-те општини;
Ø         невладини организации

·         Овозможување сите информации од 10-те семинари и содржините кои се дел од овој проект да бидат достапни на интернет страна за поддршка и користење во иднина;
·         Зголемување на свесноста, видливоста и прифаќањето на децата со посебни потреби како дел од училишните системи и програми на заедниците;
·         Промовирање на рано препознавање на сензорни проблеми во градинките;
·         Овозможување сензорна терапија на деца со посебни потреби;
·         Овозможување услови за рехабилитација на младинци со пречки во развојот.  
 

  Претседател на МНЗА

No comments:

Post a Comment