Како и изминатите три години, така и оваа Македонското научно здружение за аутизам достојно ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со аутизам - 2 април. Оваа година ќе организираме еден културно
забавен настан под наслов: "ТИЕ НЕ СЕ
САМИ, НИЕ СМЕ СО НИВ∏. Централниот настан ќе биде организиран на 2-ри април (среда) vo Музејот на македонската борба со почеток од 19:00 ~asot. Предвидена е едночасовна,
пригодна културно уметничка програма. Поканата е наменета за сите студенти од Институтот за дефектологија, постдипломците и докторандите, колешките и колегите кои работат во ова поле, родителите и децата со аутизам, како и сите добронамерници кои сакаат да помогнат на оваа ранлива категорија на граѓани.
Искрено се надеваме дека ќе можете да одвоите малку
време и со тоа да дадете поддршка на семејствата со аутизам. Ве очекуваме да
присуствувате на овој интересен настан!
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment