Sunday, March 30, 2014

30 март 2014 со дијамантски букви во МАК ракометот

Драги мои,
Денес 30 март 2014 година ќе биде запишан со дијаманстки букви во македонскиот ракомет. Ова што се случи денес е рамно на ракометно чудо. Неутрински ракомет прво на Металург, па потоа и на Вардар. Каков убав ден, исполнет со прекрасни спортски чувства. Две огромни победи на два пеколно добри тима кои изборија влез во четвртфиналето на лигата на шампионите или ако сакате меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Прво на Алфа не` воодушевија ракометарите од Автокоманда преводени од неповторливиот Лино Червар, тренер за кој 15 години велам дека е најдобар на свет и дека е огромен благодет што во последниве години се наоѓа во Македонија и во Скопје. Металург се пласираше во четвртфиналето откако и во вториот меч го совлада дански Колдинг, денеска на гостински терен со 30:26. Каква игра на Ренато Вугринец кој даде 10 гола и на Павел Атман кој им даде 9 голови. Ги распрснаа во кваркови данските ракометари кои се вицепрваци во Европа (како репрезентација мислам). Да играш така убедливо на гостински терен против Колдинг е играчка зрелост и подготвеност за големи ракометни дострели. Само Лино да остане уште некоја сезона во Скопје. Станиќ брани како да има хиперадреналинемија (целиот накострешен, прави паради како на фудбалски натрпевар, еден од трите најдобри во свет според мене).
Она што на многумина им изгледаше невозможно е Вардар без Дибиров, а потоа и без Стоилов да го елиминира европскиот првак. Можете ли да си замилсите на пример Вардар во фудбал да го елиминира фудбалскиот првак на Европа? Секако НЕ. Епа на ракометарите им успеа и тоа во Хамбург, во Германија. Да видиш, да не веруваш. Но скопско и се` е можно. Вардар направи сензација во Германија и го победи европскиот шампион Хамбург со 30:29. Каква зрела игра, каква силна тактика. Какво играчиште е Игор Карачиќ, златно вреден играч кој даде 8 гола, Филип Лазаров во транс со 6 гола и мислам 100% реализација, ако не се лажам. Алекс Душебаев 6 гола и најважниот, последниот 30-от. Каква доминација да им водиш на Германците 5 гола разлика на нивен терен до пред 5 минути пред крај, речиси да ги понижиш пред своја публика. Меч за паметење, одбрана од пеколот, Ангелов Петар брилијантен, го одбранува последниот пенал кога можеа да изедначат. Се покажува дека и Гонзалес е одличен стратег. Сега во четвртфинале само да не паднат заедно Вардар и Металург, некои мислат дека тоа е добро, бидејќи сигурно ќе имаме еден од нив во топ 4. За мене би било најдобро и двата да влезат во топ 4, што е уште поневеројатно од ова што го доживеавме денес. Убаво беше денес да се потроши едено попладне на неутрински ракомет.
Напред Металург, напред Вардар.
Љубител на ракометот

No comments:

Post a Comment