Thursday, February 28, 2019

#JRTDD open access peer reviewed journal


Трето предавање ХГ - 01.03.2019

Почитувани студенти,
Како што објавив претходно утре со почеток во 07:30 часот на 01.03.2019 година ќе биде одржано предавањето по Хумана генетика што беше закажано за 12.03.2019. Ќе се зборува за клеточен циклус, механизми на клеточен циклус, митоза и мејоза. Предласгам да ги погледнете видеата што овој пат ќе ги отвори вашиот интернет пребарувач.














Предметен наставник

Wednesday, February 27, 2019

Заменето предавање ХГ - 01.03.2019

Почитувани студенти,
Како што ви напоменав претходно во петок на 1 март ќе го одржиме предавањето по Хумана генетика што е предвидено за 12 март. Поради моето службено отсуство мораме да го надополниме истото. Вие мора да сте во лабораторијата на Педагошкиот факултет во 7:30 часот, а предавањето ќе започне пет минути подоцна. Подгответе ги добро вежбите што беа планирани за вчера. Втора група со вежби ќе заврши во 12:30 часот заради вашите обврски на ФЗФ.
Предметен наставник

Wednesday, February 20, 2019

Предавач на мини симпозиум во Холандија

Почитувани колешки и колеги,
Со особено задоволство сакам да ви соопштам дека во мај месец сум поканет предавач на мини симпозиум од страна на #ReAttach Academy во близината на Ајднховен. Ми причинува голем чест да предавам пред тамошните професионалци и секогаш со посебн фокус ги подготвувам тие предавања. Благодарност до д-р Paula Weerkamp Bartholomeus за поканата. Во прилог програмата за настанот која е пишувана мешано на холански и англиски.

Programma Mini-Symposium 10 mei 2019

13.00 – 13.15 Opening Frederik Weerkamp – Dagvoorzitter

13.15 – 13.45 Lezing Prof. Dr. Vladimir Trajkovski
Mental Health Issues in Autism
Visiting Professor Special Education and Rehabilitation
Honorary Member ReAttach Foundation

13.45 – 14.15 Lezing Drs. Paula Weerkamp-Bartholomeus, orthopedagoog
Wat ReAttach kan betekenen voor de GGZ?
Ontwikkelaar ReAttach
Voorzitter Stichting ReAttach Therapy International

14.15 – 15.00 Lezing Corry Heesterbeek, Fysiotherapeut Neurorevalidatie
ReAttach interventie bij F.N.S.

15.00 – 15.15 Pauze

15.15 – 15.45 Lezing Ellen Schoone, Arbeidsintegratie Deskundige
Hoe ReAttach ingezet kan worden bij langdurig ziekteverzuim.

15.45 – 16.30 Lezing Prof. Dr. Vladimir Trajkovski
Autism and Epigenetics
Visiting Professor Special Education and Rehabilitation
Honorary Member ReAttach Foundation

16.30 Afsluiting Frederik Weerkamp, dagvoorzitter

Претседател на МНЗА

Второ предавање ХГ - 26.02.2019

Почитувани студенти,
Во прилог видеоклипови од второто предавање што ќе се одржи во вторник на 26.02.2019 година. Ќе стане збор за еукариоти, клеточни органели, хромозоми, класификација и одбележување на хромозомите, клеточен циклус.



















Предметен наставник

Tuesday, February 19, 2019

Прво предавање ХГ - 19.02.2019

Почитувани студенти,
Во прилог неколку видеоклипови кои го илустрираат првото предавање по Хумана генетика одржано денес на 19.02.2019 година. Беше предавано општо за генетика, генетски дисциплини, историјат, Менделови закони и сл.

































Предметен наставник

Saturday, February 16, 2019

Напомени за моите дипломци

Почитувани дипломци,
Сите вие кои ме избрвте за ментор на вашите дипломски работи, ви благодарам поради тоа. Сакам да ви се заблагодарам и да ви го насочам вашето внимание на неколку работи:

  1. Мошне внимателно одберете ја вашата тема ако досега не сме ја детерминирале. Таа мора да е оригинална, актуелна, досега неработена на нашиот институт. Започнете рано со пребарување на интересна тема и не одложувајте за понатаму. Запипишувајте ги сите ваши идеи во тетратка. Потребно е долго и макотрпно пребарување на интернет на идеи за тема, на литература и сл. Темата мора да биде поврзана со мојата експертиза инаку чуму сум ви јас ментор? Кога ќе ја одберете вашата тема запоменте ги овие три збора: Фокус, Фокус, Фокус. Темата што ќе ја одберете мора посебно да ве интересира, инаку во спротивно никогаш нема да ја завршите дипломската работа ако одберете тема која не ви е интересна.
  2. Барајте помош од вашиот ментор секогаш кога е тоа потребно. Но, не претерувајте во тоа. Ви стојам на рапсолагање за консултации во живо, преку е-пошта, па дури и на скајп. Пред секоја средба со мене, направете си листа со прашања кои сакате да ги дискутираме. По секоја средба со вашиот ментор не е лошо да напишете една е-пошта со клучните точки од состанокот која ќе служи како потсетник и за двајцата.
  3. По одбирањето на темата потребно е да направите методолошка рамка од 2-3 страници во која ќе ги наведете целите, хипотезите на истражувањето, испитуваната и контролната група (доколку ја има) и начинот како планирате да го спроведете истражувањето. Во оваа фаза убаво би било да го доставите и прашалникот на истражувањето со кој мислите да ја спроведете студијата.
  4. Зачувувајте копии од тоа што сте го напишале на повеќе компјутери или на стикови со надворешна меморија. Од искуството знам дека на студентите често знае да им се расипе компјутерот и потоа морале да започнат се` од ново, а тоа е губење време.
  5. Кога ќе го завршите истражувањето следи пишувањето на дипломската работа, иако теоретскиот дел може да го пишувате паралено со изведувањето на истражувањето. Запомнете дипломската работа треба да биде напишана на околу 50 страници во програмот Ворд од кои 1/3 е теоретскиот дел, 2/3 истражувачкиот дел. Литературата во околу 50% да ви биде објавена во последните 5-6 години и да биде убаво цитирана. Секој автор што е цитиран во трудот, мора да се појави во листата на литературата. Детален водич за пишување на дипломски работи можете да најдете на овој блог ако пребарувате во полето за пребарување. Трудот треба да има најмалку 2-3 страници дискусија во која ќе ги компарирате сопствените резултати со туѓите претходно објавени од вашата област на истражување.
Како можете да направите предлог за истражување можете да најдете на следниот линк. Искрено се надевам дека барем малку ви помогнав во вашата дипломска работа.
Срдечно,
Менторот



Friday, February 15, 2019

СПИСОК НА СТУДЕНТИ ЗА ВЕЖБИ ПО ХУМАНА ГЕНЕТИКА 2018/19

Почитувани студенти,
Како што претходно објавив вежбите по Хумана генетика започнуваат на 19.02.2019 година веднаш по предавањата и тоа со заменети групи во однос на предавањата. Ако некој/а не е на списокот веднаш нека ми се јави по предавањата за да му одредам група и да започне со вежбите. Потребно е да се научи вежба број 1 од Практикумот по Хумана генетика.


I група
Вторник
10.45-12.15
  1. 10205/18 
  2. 10168/18 
  3. 24632/18 
  4. 24624/18 
  5. 10199/18 
  6. 10145/18 
  7. 10191/18 
  8. 24645/18 
  9. 24608/18 
  10. 10209/18 
  11. 10202/18 
  12. 10189/18 
  13. 24649/18 
  14. 24928/18 
  15. 24638/18 
  16. 10156/18 
  17. 24651/18 
  18. 10206/18 
  19. 24604/18 
  20. 24626/18 
  21. 24665/18 
  22. 10198/18 
  23. 10151/18 
  24. 24641/18 
  25. 24659/18 
  26. 24642/18 
  27. 24627/18 
  28. 10137/18 

II група
Вторник
12.15-13.45


  1. 24633/18 
  2. 10158/18 
  3. 10139/18 
  4. 24677/18 
  5. 24619/18 
  6. 24639/18 
  7. 24682/18 
  8. 10208/18 
  9. 24607/18 
  10. 24567/18 
  11. 10207/18 
  12. 24631/18 
  13. 24664/18 
  14. 24625/18 
  15. 24603/18 
  16. 10121/18 
  17. 10170/18 
  18. 10173/18 
  19. 10200/18 
  20. 24680/18 
  21. 24930/18 
  22. 10182/18 
  23. 10219/18 
  24. 24650/18 
  25. 24644/18 
  26. 10185/18 
  27. 10196/18 
  28. 10152/18 

Предметен наставник

Wednesday, February 13, 2019

СИЛАБУС по предметот Хумана генетика - 2019

Почитувани студенти,
Во прилог ви го проследувам силабусот по предметот Хумана генетика за вториот семестар. Вие треба да ја набавите литературата и да следите што ќе се предава и работи на пракитчната настава по предметот.

I. Недела 19.02.2019
1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
2.ВОВЕД ВО ГЕНЕТИКАТА
3.КЛАСИЧНА ГЕНЕТИКА

II. Недела 26.02.2019
4.СТРУКТУРНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КЛЕТКАТА
5. ХРОМОЗОМИ

III. Недела 05.03.2019
6. ДЕЛБА НА КЛЕТКАТА
7. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО I дел

IV. Недела 12.03.2019
8. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО II дел

V. Недела 19.03.2019
9. СИНТЕЗА НА ПРОТЕИНИ
10. НАСЛЕДУВАЊЕ

VI. Недела 26.03.2019
11. ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ

VII. Недела 02.04.2019
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 09.04.2019
12. ГЕНСКИ МУТАЦИИ
13. МОНОГЕНСКИ БОЛЕСТИ

IX. Недела 16.04.2019
14.ПРЕНАТАЛНА ДИЈАГНОЗА
15. КОНГЕНИТАЛНИ МАЛФОРМАЦИИ

X. Недела 23.04.2019
17.ХРОМОЗОМСКИ ЗАБОЛУВАЊА

XI. Недела 30.04.2019
18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА
19. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД

XII. Недела 07.05.2019
22. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
23. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ

XIII. Недела 14.05.2019
25. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ
26. ГЕНЕТСКО СОВЕТУВАЊЕ

XIV. Недела 21.05.2019
ВТОР КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ

XV. Недела 28.05.2019


СИЛАБУС ЗА ВЕЖБИ ПО ХУМАНА ГЕНЕТИКА 

I. Недела
1. МИКРОСКОП ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ВИДОВИ МИКРОСКОПИ

II. Недела
2. МИКРОСКОПИРАЊЕ ХРОМОЗОМИ
3. КЛАСИФИКАЦИЈА И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРОМОЗОМИ

III. Недела
4. МИКРОСКОПИРАЊЕ ПОЛОВ ХРОМАТИН

IV. Недела
5. ХИСТОЛОШКА ГРАДБА НА ТЕСТИС (микроскопирање, презентација на фотографии)

V. Недела
6. ХИСТОЛОШКА ГРАДБА НА ОВАРИУМ (микроскопирање, презентација на фотографии)

VI. Недела
7. ДНК: Генетски материјал, Репликација на ДНК, Генска контрола на протеини, Генско прикаЖување - транскрипција

VII. Недела
8. УПОТРЕБА НА ХЕРЕДОГРАМ ВО ХУМАНАТА ГЕНЕТИКА
9. ВИДОВИ НАСЛЕДУВАЊА ВО ГЕНЕТИКАТА

VIII. Недела
10. МУЛТИПНИ АЛЕЛИ
11. ДЕРМАТОГЛИФИ ВО ГЕНЕТИКАТА

IX. Недела
12. ГЕНСКИ МАПИ

X. Недела
13. СТРУКТУРНИ ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ (микроскопирање, презентација на фотографии)
14. НУМЕРИЧКИ ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ

XI. Недела
15. МЕТАБОЛИЧКИ ГЕНОПАТИИ (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)
16. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XII. Недела
17. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)
18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XIII. Недела
19. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XIV. Недела
20. ПОТПИСИ
Предметен наставник

Термини за консултации во летниот семестар 2019

Почитувани студенти,
Сакам да ги споделам со вас термините за консултации во тнр. летен семестар кој започнува среде зима. Тоа се следните:
  • Понеделник од 10:00 до 11:30 часот,
  • Среда од 10:00 до 11:30 часот.

Авторот на овој блог го задржува правото да не биде присутен во својот кабинет во тие термини заради учество на конференција, важен состанок, болест, или слично. Заради тоа, доколку ви се брза со консултациите ќе ви излезе пресрет уште истата седмица по претходен договор по е-пошта.

Предеметен наставник

Tuesday, February 12, 2019

Литература по предметот Хумана генетика

Почитувани студенти,

Иако ќе ја наведам оваа литература на првото предавање, сепак одлучив да ја имате и малку пред време бидејќи веднаш започнуваме со предавања и вежби. Вака ќе ја имате пред вас.
  1. Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2005. 
  2. Трајковски В. Практкум по хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2003. 
  3. Mihajlović Q, Mihajlović N. Humana genetika. Visoka medicinska škola strukovih studija, Ćuprija, 2009. 
  4. Ninković D. Medicinska genetika. FASPER, Beograd, 2007. 
  5. Jorde LB, Carey JC, Bamshad MJ, White RL. Medical Genetics. 2nd edition, Mosby Inc., St Louis, 2000. 
  6. Mueller RF, Young ID. Emery’s Elements of Medical Genetics. Eleventh edition, Churchill Livingstone, New York, 2001. 
  7. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol I, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
  8. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol II, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
 



Предметен наставник

Информација за предметот Хумана генетика

Почитувани студенти од прва година,
Предавањата и вежбите по предметот Хумана генетика започнуваат на 19.02.2019 (вторник) година во лабораторијата на Педагошкиот факултет во Скопје (добро познато место за вас). Предавањата започнуваат во 08:00 часот, а вие е потребно да бидете таму 10-15 минути пред почетокот на истите. Вежбите ќе започнат со прва група од 10:45 часот, а втората група ќе има од 12:15 часот. За да можете да ја следите наставата на практичните вежби потребно е да прочитате вежба број 1 Видови микроскоп и микроскопирање од Практикумот по Хумана генетика. Известени сте на време една седмица пред почетокот на наставата и не сакам да чујам гласини дека не сте знаеле.
Предметен наставник

Список на одбранети дипломски теми под мое менторство

Почитувани сегашни и идни дипломци,
Би сакал да го споделам со вас списокот на дипломски теми кои се одбранети со текот на годините започнувајќи од 2003 заклучно со 2018 година. Овој список треба да послужи како идеја за идните дипломци што треба и што не треба да одбираат како тема.

  1. Некои карактеристики кај адолес­центи­­­те со аутизам 
  2. Наследниот фактор и неговата улога во појавата на глувоста и наглувоста 
  3. Морфо-анатомски карактеристики кај лицата со Down-ов синдром 
  4. Асоцирачки нарушувања кај лицата со церебрална парализа од Скопје 
  5. Етиологија на говорните оштетувања во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас-Скопје 
  6. Медицинските состојби кај штитениците со тешка и длабока ментална ретардација во специјалниот завод Демир Капија 
  7. Секвели кај болни со акутен бактериски менингитис на “Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби”-Скопје 
  8. Партиципација на наследниот фактор во појавување на видните оштетувања 
  9. Медицинските состојби кај штитениците со умерена, тешка и далбока ментална ретардација во Домот за деца и младинци попречени во развојот-Ветерник, Нови Сад, Србија 
  10. Сексуална злоупотреба на лицата со ментална ретардација 
  11. Телесен инвалидитет како последица на повреди на 'рбет и 'рбетен мозок 
  12. Информатичка подготвеност на дефектолозите 
  13. Сексуална едукација кај ментално ретардирани лица 
  14. Социјалната интеграција на лицата со аутизам и нивните права во Република Македонија 
  15. Социјална инклузија и антидискриминација на лицата со инвалидност во Република Македонија 
  16. Рет сндром – приказ на случај 
  17. Аспергер синдром – приказ на случај 
  18. Ставовите и мислењата на родителите и студентите за сексуалниот развој, однесување и полов идентитет кај лицата со аутизам 
  19. Prader-Willi синдром – приказ на случај 
  20. Вработувања на лица со аутизам во Република Македонија 
  21. Испитување на прагматика кај лица со Даун синдром 
  22. Мислења на родителите и дефектолозите за социјалната прифатеност на децата со Down синдром 
  23. Најчести фонолошко-артикулаторни нарушувања кај деца на возраст од 4 до 6 години 
  24. Проценка на комуникациксите јазични способности кај лица со Брокина афазија како последица од цереброваскуларен инсулт 
  25. Сексуален идентитет на лица со церебрална парализа 
  26. Фреквенција на артикулаторните оштетувања кај деца од рана училишна возраст 
  27. Испитување на нивото на семантички развој кај деца со лесна интелектуална попреченост 
  28. Проценка на фонолошко-артикулаторни нарушувања кај деца со лесна интелектуална попреченост 
  29. Социјални вештини кај лица со шизофренија 
  30. Проценка на фреквенцијата на пелтечење кај деца во рана школска возраст 
  31. Студентите со инвалидност во високото образование при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј" во Скопје 
  32. Предиктори на инвалидноста кај пациенти на хемодијализа 
  33. Испитување на нивото на синтаксички развој кај деца со лесна ментална ретардација 
  34. Испитување на синтаксичкиот развој кај деца со лесна интелектуална попреченост 
  35. Карактеристики на однесувањето на децата со аутизам во домашна и училишна средина 
  36. Инклузија на деца со аутистичен спектар на нарушувања: искуства, знаења и ставови 
  37. Пристап до јавните библиотеки на лицата со инвалидност во Р. Македонија 
  38. Апраксија кај пациенти со прележан мозочен удар 
  39. Здравствена заштита на лица со интелектуална попреченост 
  40. Здравствена заштита на лицата со аутизам 
  41. Инклузија во редовните училишта на децата со аутистичен спектар на нарушувања во Југозападна Македонија 
  42. Стоматолошка здравствена заштита на деца со посебни потреби 
  43. Степенот на зависност во секојдневното функцинирање на децата со аутизам во споредба со децата со лесна интелектуална попреченост 
  44. Интерперсонални семејни односи кај деца со Down синдром во пубертетска и адолесцентска возраст 
  45. Нарушување на моторните способности кај деца со аутизам 
  46. Специфичности во секојдневното функционирање на децата со Down синдром 
  47. Стресот со кој се соочуваат родителите на деца со аутизам и деца со церебрална парализа 
  48. Исхрана кај деца со аутизам и деца со Даун синдром 
  49. Вклученост на лицата со психички растројства во програмата на работна терапија (процена на работна способност) 
  50. Користа од употребата на физикалната терапија кај децата со церебрална парализа 
  51. Ризик фактори за настанување на церебрална парализа 
  52. Социјални аспекти на инвалидноста 
  53. Влијанието на сензорната интеграција во попречениот психомоторен и психосоцијален развој кај децата со аутизам 
  54. Медицински состојби кај лица со Down синдром 
  55. Симптоми на аутизам кај децата со хиперкинетски синдром – импликации за дијагноза и третман 
  56. Нарушувања на сензорно процесирање кај деца со аутизам 
  57. Семеен квалитет на живот кај родители на деца со аутизам 
  58. Скрининг кај предвремено родени деца фактор за рано откривање на прематурна ретинопатија и намалување на слепило и слабовидост
  59. Користење на асистивна технологија кај децата со аутизам

Менторот

Saturday, February 9, 2019

Четврт век доктор по медицина

Драги пријателки и пријатели, случајни и намерни посетители,
Денес навршуваат 25 години од завршувањето на мојот Медицински факултет во Скопје. Не е фраза ако речам како вчера да беше... За жал времето врви незапирливо и годините си летаат една по една, па така се зголемува бројот на години по моето дипломирање. По пет години, четири месеци и девет дена успеав да го завршам мојот факултет на МФ во Скопје. Беа тоа многу интересни години исполнети со многу учење, многу откажувања од овоземските задоволства, многу непроспиени ноќи, многу радости по добиена „банка" и многу прослави главно викенди и за време на зимскиот и летниот распуст. Тој 9 февруари таа 1994 година беше среда, нели среќен ден. Утрото го навестуваше убавиот историским ден за мене. Уште утрото се чувстуваше благата трема и радоста која треба да следува. Обично ние студентите во тоа време го оставававме за последен испитот Судска медицина, не многу обемен предмет, но предмет што не беше ни малку лесен. Во тоа време испитот се полагаше кај двајца професори: д-р Карпош Бошковски (за жал сега покоен) и д-р Алексеј Дума. Искрено, посакував да полагам кај првиот бидејќи ме паметеше од предавањата и мислев дека тоа ќе ми биде олеснителна околност. Но, како што цел живот сум одел по потешкиот пат, сигурно претпоставувате дека го извлеков овој вториот професор. Проф. Дума строг, сериозен, со поглед кој не` оддаваше некоја благонаклонетост кон студентите, подоцна долгогодишен претседател на Лекарска комора на Македонија. Извлеков три релативно тешки прашања. Имаше повеќе студенти тој ден кои полагавме устен испит. Тоа беше „дерење" на суво што би рекле ние во тоа време, а не како сега студентите што полагаат на прашања со повеќекратен избор и куси дефиниции. Самото присуство во неговиот кабинет правеше голем стрес. Последниот испит на МФ во Скопје и тогаш и сега имаше значење на дипломнска работа и не ми беше сеедно дали ќе завршам со десетка или со пониска оцена. Резултатот од испитот е во прилог:


На радоста и немаше крај, високиот просек не беше расипан, а животната желба беше остварена. Мојата прва и последна љубов - МЕДИЦИНАТА некако освоена. Да има сила да ме натера повторно да студирам, повторна ќе ја изберам оваа благородна наука и уште похумана професија. По неколку дена следуваше дипломска забава во кафе барот „Метро" кај другар ми Алек, забава до зори каква што можевме да направиме само ние во тоа време.
Сето друго потоа е тешка историја исполнета со подеми и по некој пад се разбира. Историја на волонтирање на две клиники, постидпломски студии на МФ, докторат на ФЗФ, доцентура, професура, многу малку ноќно спиење, многу часови проведени по европските аеродроми итн. Како и да е времето брзо минува, ние старееме, но мораме да останеме "forever young" во срцето и душата. Мора да се биде поискрен, поработилив, попрецизен, повешт, итн.

Докторот