Thursday, May 23, 2019

Публикации со дипломци и постдипломци

Почитувани колешки и колеги,

Еве најдов време да го постирам трудот објавен со колешката м-р Мери Нолчева под наслов: Exploratory Study: Stress, Coping and Support among Parents of Children with Autism Spectrum Disorders кој фактички беше дел од нејзината магистерска работа одбранета на нашиот институт во јуни 2015 година. Трудот е објавен во списанието Journal of Special Education and Rehabilitation. Се работи за солидна колешка, која моментно работи во Скопје и е член на МНЗА. Со оваа рубрика: Публикации со дипломци и постдипломци сакам да ги стимулирам сите млади колешки и колеги кои нешто работеле под мое менторство, а се` уште не објавиле труд, да се охрабрат и во најскоро време да го сторат тоа.

Коавторот

Tuesday, May 21, 2019

Список на освоени ЕКТС поени по ХГ - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Еве направив големи напори да ви ги соберам сите поени и да ги прегледам сите обработени трудови што ми ги дадовте деновиве. Само пет студентки го положија испитот преку колоквиуми. Две студентки имаа поени на граница. Ги почестив со по еден поен за да добијат повисоки оцени, бидејќи сметам дека ги заслужија. Честитки до сите пет студентки! Оцени ќе може да земат кога ќе има назначено термин за таа намена, а тоа ќе биде по 13 јуни.
Студентите што се означено во црвено имаат право на потпис, но немаат право да полагаат испит додека не освојат 15 ЕКТС поени. Доколку сакате да полагте ХГ во јуни треба уште утре да добиете задача и до понеделник да ја завршите.
Студентите што се во зелено немаат право на потпис и треба да преслушуваат следната година, или пак се вонредни студенти или се отпишале.
За да го отворите линкот треба да поседувате Микрософт Ексел програм. Кликнете на претходниов линк за да го симнете фајлот.

Предметен наставник

15 ЕКТС поени и консултации - 22.05.2019

Почитувани студенти,
Ве повикувам утре (среда) да си ја завршите обврската за освојување на 15 ЕКТС поени од 11:00 до 12:30 часот. Истиот термин може да се искористи за било каков друг вид на консултации.
Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум МОИ - 21.05.2019

Почитувани студентки,
Во прилог се реузлтатите од утринскиот втор колоквиум по предметот Медицински основи на инвалидноста. Од две стдуентки, само една го положи и тоа условно. Честитки до неа.

Reden broj
Broj na indeks
Bodovi
1.       
10084/17
17 условно
2.       
24572/17
15

Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум ХГ - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се утринските резултати од вториот колоквиум по предметот Хумана генетика. Честитки до положените. Двајца студенти за жал не го положија колоквиумот.

Реден број
Број на индекс
Бодови
1.       
24604/18
27.5
2.       
10225/18
25
3.       
24626/18
24.5
4.       
24051/16
19
5.       
24627/18
19
6.       
24608/18
17.5 условно
7.       
23781
17 условно
8.       
24638/18
14.5
9.       
24543/17
10

Забелешка: студентките се пуштени условно со 17.5 и 17 поени заради тоа што на првиот колоквиум имаат повеќе од 18.5 и 19 поени, со што може да им се смета испитот за положен.

Предметен наставник

Потписи МОИ - 27.05.2019

Почитувани студенти,
Сите вие кои го имате презапишано предметот Медицински основи на инвалидноста ве поканувам во библиотеката на нашиот Институт во понеделник на 27.05.2019 година од 10:00 до 10:30 да дојдете по потпис. Ве молам строго да се придржувате до терминот, бидејќи од вторник одам на конгрес во Русија.
Предметен наставник

Monday, May 20, 2019

13-та седмица ХГ: Колоквиум, семинар, потписи - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Како што веќе објавив минатата седмица утре (вторник) со почеток во 08:00 часот ќе се одржат двата колоквиума по ХГ и МОИ во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Потребно е да бидете таму 5-10 минути порано.
Во 09:00 часот ќе стартува семинарот по ХГ на кој се пријавени 9 студенти и тоа ќе биде евидентирано како присуство за предавања.  Потребно е да бидете таму 5-10 минути порано.Доколку некој не дојде и доколку тоа му е трет минус, нема да добие потпис по ХГ. По завршување на семинарот, ќе бидете поделени во две групи и тоа ќе биде евидентирано во списокот за вежби. Да заклучам и утрешниот ден е официјален работен ден и се евидентира присуство за предавања и вежби.
Потребно е да носите практиукм ХГ со сите 13 потписи во него и секако индекс.
Довидување,
Предметен наставник

Friday, May 17, 2019

Список на поени за семинарски трудови - ХГ 2019

Почитувани студенти,
Во прилог е списокот на освоени поени за вашите семинарски трудови по предметот Хумана генетика. Доколку вкупниот збир на овие поени заедно со присуство на предавања и вежби не ви соодветсвува со бројот 15, тогаш сте должни да побарате задача од мене во најскор можен рок. Празните полиња означуваат дека тие студенти не предале семинарски труд.

Број на индекс Семинар
24633/18  
10205/18 6
10158/18 2
10168/18  
10139/18 3
24632/18 4
24677/18 7
24624/18 5
24619/18  
10199/18 6
24639/18 9
10145/18 4
24682/18  
10191/18  
10208/18  
24645/18 7
24607/18 4
10225/18 8
24608/18 6
24657/18 3
10209/18 4
10207/18 5
10202/18 8
24631/18 7
10189/18 5
24664/18 6
24649/18 5
24625/18 6
24928/18  
24603/18 7
24638/18 6
10121/18 5
10156/18 3
10170/18  
24651/18 6
10173/18 6
10206/18  
10200/18 8
10143/18  
24680/18 5
24604/18 7
10141/18  
24930/18 7
24626/18 8
10182/18  
10219/18  
24665/18 3
24650/18 3
10198/18  
24644/18 7
10151/18  
10185/18 3
10203/18  
24641/18  
10196/18  
24659/18 6
10152/18 3
24642/18  
10137/18  
24627/18 6
24560/17 7
10409/18 1
10204/18 5

Предметен наставник

Wednesday, May 15, 2019

Некои напомени за предметот Аутизам

Почитувани постдипломци,
Сакам да ви дадам некои напомени за полагањето на предметот Аутизам:

  • Потпис се добива само со редовно присуство на сите 6 предавања.
  • Испитот не може да го полагате без потпис и без завршена задача најмалку една седмица пред испитот.
  • Сите постдипломци треба да имате фотокопирано по 2 поглавја од учебникот на англиски јазик.
  • Подготвувањето на испитот не е лесно и едноставно и треба да се посвети многу време за учење, големо следење на литература за аутизам.
  • Ве молам не доаѓајте неподготвени на испит. Не прифаќам никави изговори, молења и слични недолични академски однесувања.
  • Не користете ургенции!
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

6-то предавање Аутизам - 16.05.2019

Почитувани постдипломци,
Последното 6-то предавање по предметот Аутизам од втор циклус студии за оваа генерација го закажувам за утре четврток 16.05.2019 година со почеток од 16:15 часот во слушална 11. Ќе ви предавам за вработување на лица со АСН, Аспергер синдром и Рет синдром. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови.








Предметен наставник