Почитувани вонредни студенти и другите без 15 ЕКТС поени,
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Thursday, October 2, 2025
Обврски на вонредните студенти и другите студенти без 15 ЕКТС поени - репост
Wednesday, October 1, 2025
8 златни принципи за фер плеј студирање - репост
Почитувани студенти од ИСЕР,
- Не доаѓајте на предавања со знаци на вироза (кашлање, кивање, температура, главоболка,...). Еден живот имаме!
- Точност;
- Редовност (редовност на настава и редовно учење на предметот);
- Ангажираност и активност на часовите;
- Искреност;
- Бидете секогаш подготвени за вежбите;
- Без мобилни на часовите;
- БЕЗ УРГЕНЦИИ;
Прво предавање ФФА - 02.10.2025
Почитувани студенти од ИСЕР,
Како што веќе ви најавив утре во лабораторијата на Педагошкиот факултет ќе се одржи првото предавање по предметот Физиологија и функционална анатомија. Покрај силабусот и основните принципи на однесување, ќе почнат и предавањата на следните теми: поим за хумана анатомија и физиологија, функционална организација и план на телото, хомеостаза, состав на човечкото тело, неоргански и органски соединенија и др. Вие, потребно е да сте на закажаното место најдоцна до 7:45 часот.
Ви проследувам неколку видеоклипови кои се во контекст на предавањето. Погледајте ги убаво за да бидат појасни предавањата.
Monday, September 29, 2025
Силабус по предметот Физиологија со функционална анатомија 2025/2026
Литература по предметот Физиологија со функционална анатомија - репост
Задолжителна:
- Трајковски В. Физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2009.
- Трајковски В., Рашиќ О. Практикум по Физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2009.
- Трајковски В. Физиолошка психологија. Филозофски факултет, 2023.
- Гајтон КА, Хол ЕЏ. Учебник по Медицинска физиологија. Академски печат, Скопје, 2012.
- Marieb EN. Essentials of Human Anatomy & Physiology. Pearson Benjamin Cummings, 2010.
- Shier D, Butler J, Lewis R. Hole’s Essentials of Human Anatomy and Physiology. McGraw Hill, 2009.
- Guyton CA. Fiziologija čovjeka i mehanizmi bolesti. Medicinska naklada, Zagreb, 1995.
- Ganong WF. Review of Medical Physiology; 21 ed. Lang Medical Book, San Francisco, 2003.

Friday, September 12, 2025
Пишување оцени - 15.09.2025
Почитувани студенти,
Ве поканувам понеделник 15 септември 2025 година да дојдете по оцена во периодот од 10:30 до 11:00 часот. Најдобро е лично да си ја земете оцената. Доколку не сте во Скопје може да го дадете индексот на колега/колешка. Вакви официјални термини нема да има повеќе во оваа сесија. Има уште една опција ако не дојдете тогаш, да го оставите индексот во билиотеката на ИСЕР и да чекате да ви пишам оцена. Денес пишав 4 оцени на индекси што беа оставени во последните два дена.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
Thursday, September 11, 2025
Генетика на хиперхолестеролемија и хипертензија
Tuesday, September 9, 2025
Генетика и стареење на кожата
Почитувани колешки и колеги,
Продолжувам со постови во кои ќе се осврнам подетално на некои прашања што ми беа поставени на Пакиграм поткасот кој премиерно беше емитуван на неговиот Јутјуб канал на 02.09.2025 година во 20:00 часот.
Пишување оцени - 10.09.2025
Почитувани студенти,
Ве поканувам утре (среда) 10 септември 2025 година да дојдете по оцена во периодот од 10:00 до 11:00 часот. Најдобро е лично да си ја земете оцената. Доколку не сте во Скопје може да го дадете индексот на колега/колешка. Следната седмица ќе се обидам да ви обезбедам уште еден ваков термин. Има уште една опција ако не дојдете утре, од 11.09.2025 година да го оставите индексот во билиотеката на ИСЕР и да чекате да ви пишам оцена.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
Информација за комисиски неположените студенти
Почитувани студенти,
Ви се обраќам вам кои не успеавте да ги положите комисиски испитите ХГ и ФФА. Сите вие сте должни на е-пошта да ми пратите ваш број на индекс, име и презиме за да ве вклучам во списокот за преслушување на предметот. Студентите што не положија ФФА, ќе го преслушуваат предметот од 1 октомври 2025 година и се должни повторно да собираат 15 ЕКТС поени. Студентите што не положиле ХГ, се должни во јануари 2026 година да ми пишат е-пошта, а од 15 февруари и да го преслушуваат предметот. Важат истите принципи како и за ФФА.
Предметен наставник