Tuesday, January 17, 2017

Резултати од испитот ФФА - 17.01.2017

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит Физиологија со функционална анатомија. За жал само една студентка успеа да го положи испитот со оцена седум. Честики до неа, а за другите многу повеќе учење.


Реден број
Број на индекс
Бодови
тест
Оценка
1.       
23733/15
47.5
7
2.       
24059/16
25
5
3.       
23782/15
23
5
4.       
9487/16
21.5
5
5.       
24062/16
19
5
6.       
7911/12
17.5
5
7.       
23767/15
14
5
8.       
8182/12
10
5
9.       
9507/16
  9
5
10.   
8193/12
8.5
5
11.   
8605/14
  8
5
12.   
7875/12
  8
5


Предметен наставник

Sunday, January 15, 2017

15 ЕКТС поени - 16.01.2017

Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 16.01.2017 година во периодот од 11.30 до 14.00 часот да дојдете да одговарате за 15 ЕКТС поени или доколку немате земено задача да го сторите тоа. Без 15 ЕКТС поени не може да полагате во јануарска сесија испити.
Предметен наставник

Saturday, January 14, 2017

Список на ЕКТС поени по предметот Хумана генетика 2016/2017

Почитувани студенти од прва година,
Малку со задоцнување од објективни причини ви го проследувам списокот на ЕКТС поени по предметот Хумана генетика. Кликнете на претходниот линк за да ја отворите Ексел табелата. За жал само 3 студентки имаат оформено оцена. Студентите што имаат помалку од 15 поени, задолжително треба да се јават и да земат задача. Без 15 поени не е дозволено полагање на испитот. Студентите означени во зелено немаат право на потпис, се вонредни и не ги завршиле обврските или се откажале од студирањето. Студентите означени со црвено добиле потпис, но немаат право на полагање на испит се` до исполнување на збирот од 15 ЕКТС поени.
Предметен наставник

Tuesday, January 10, 2017

Резултати од вториот колоквиум ФФА - 10.01.2017

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по ФФА. Честитки за положените студенти


Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
24044/16
26
2.       
24037/16
22
3.       
24211/16
21
4.       
8415/13
18.5
5.       
23267/14
18 условно
6.       
24085/16
14
7.       
9475/16
10.5
8.       
9575/16
6.5


Забелешка: студентката што е пуштена условно со 18 поени заради тоа што на првиот колоквиум има 17 поени ќе мора да дојде да полага устно во термин кога ќе имам за 15 ЕКТС поени.

Студентката од Институт за психологија со број на индекс 24065/16 има само 15 поени и не го положи вториот колоквиум по Физиологија.

Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум ХГ - 09.01.2017

Почитувани студенти,
Ви ги давам во прилог резултатите од вториот колоквиум по Хумана генетика што се одржа на 09.01.2017 година. Честитки до положените.


Реден број
Број на индекс
Бодови
1.       
24211/16
23.5
2.       
24044/16
23.5
3.       
24106/16
22.5
4.       
8542/14
17.5 условно
5.       
8941/15
16 не положила


Предметен наставник

Sunday, January 8, 2017

Распоред на активности за 9-ти и 10-ти јануари 2017 година

Почитувани студенти,
Иако се` уште недоволно заздравен и на овие екстремни студенила ќе се обидам утре и задутре да ги завршам обврските кои требаше да бидат завршени последните денови од декември. Одиме по ред:
Утре на 9 јануари активностите ќе се одвиваат во лабораторијата на Педагошки факултет со почеток во 09:00 часот заради екстремно ниските температури еден час подоцна од вообичаеното. Студентите што ќе го полагаат колоквиумот се должни да дојдат 15-тина минути порано.
09:00-09:45 Колоквиум Хумана генетика (за студенти од Институт за дефектологија).
09:45 - Семинари Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија (за студенти од Институт за дефектологија).
Потоа - потписи прва група Хумана генетика
Потоа - потписи втора група Хумана генетика
За потписи потребно е задолжително носење на Практикум по Хумана генетика и индекс. Присуството ќе се регистрира со плусови и ќе се заведе во последната седмица од месец декември и затоа тие што имаат веќе направено по 2 минуси ќе мораат да дојдат лично да земат потписи. Студентите што имаат по 3 минуси и повеќе немаат право на потпис.
Времето на завршување на активностите не може да се предвиди.
Задутре на 10 јануари активностите ќе се одвиваат во слушална 11 на Институт за дефектологија на ФЗФ. Повторувам на Филозофски факултет!
09:00-09:45 Колоквиум Физиологија со функционална анатомија (за студенти од Институт за дефектологија) и Генетика и Физиологија (за студенти од другите институти).
09:45-10:30 - Потписи прва група Физиологија со функционална анатомија
10:30-11:15 - Потписи втора група Физиологија со функционална анатомија
За потписи потребно е задолжително носење на Практикум по Физиологија со функционална анатомија и индекс. Присуството ќе се регистрира со плусови и ќе се заведе во последната седмица од месец декември и затоа тие што имаат веќе направено по 2 минуси ќе мораат да дојдат лично да земат потписи. Студентите што имаат по 3 минуси и повеќе немаат право на потпис.
11:15- Семинари, други активности и потписи за студентите од другите институти.
Времето на завршување на активностите не може да се предвиди.
Ги замолувам сите студенти кои што НЕ доставиле презентации, веднаш да го сторат тоа на мојата службена е-пошта. Уште еднаш повторувам пред секоја активност студентите треба да бидат дојдени 15-тина минути порано.
Студентите преслушувачи од погорните години кои имаат добиено задача за да освојат 15 поени или имаат премногу минуси треба да дојдат во терминот 11:15 во вторник во слушална 11 на ФЗФ.
Го задржувам правото на промена на термините во случај на влошување на здравствената состојба!
Предметен наставник