Monday, August 23, 2021

Резултати од испитот ХГ - 23.08.2021

Почитувани студенти,

Повелете резултати од утринскиот испит по Хумана генетика. Три студентки успеаја да го положат испитот и ним им честитам во оваа пригода. Оцените ќе им бидат формирани дополнително кога ќе ги видам списоците од претходно освоени активности, а кои ми се во компјутерот на ФЗФ.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.      

10504/19

43

Дополнително

2.      

24510/17

39

Дополнително

3.      

25389/20

36

Дополнително

4.      

25348/20

28

5

5.      

25364/20

27

5

6.      

10509/19

24

5

7.      

25336/20

22

5

8.      

23144/13

21

5

9.      

10090/17

19

5

10.   

24930/18

17

5

11.   

24992/19

16

5

12.   

24651/18

16

5

13.   

24995/19

14

5

14.   

10717/20

13

5

15.   

9507/16

12

5

16.   

9566/16

11

5

17.   

24515/17

9

5

18.   

24980/19

8

5

19.   

24994/19

8

5

20.   

24991/19

7

5

21.   

24665/18

7

5

22.   

10466/19

5

5

23.   

10706/20

4

5

Предметен наставник

Saturday, August 21, 2021

Испити 24.08.2021

Почитувани студенти од ИП и ИСЕР,

Како што веќе објавив испитите во престојната сесија ќе се полагаат електронски. Првата декада веќе започнува задутре. Во вторник на 24.08.2021 испитот Хумана генетика и физиологија ќе се полага со почеток во 08:00 часот. Испитот Физиологија со функционална анатомија ќе се полага во 09:00 часот. Кликнете на линковите за да отидете на состанокот каде ќе ви биде споделен линкот од тестот, или едноставно одете на дотичните тимови каде се предметите кои што треба да ги полагате. Потребно е најмалку 10 минути да сте на платформата пред почетокот на испитот. Испитите мора да бидат електронски пријавени и да биде доставена пријава кај координаторката на ЕКТС. Камерите мора да ви бидат вклучени, без аудио звук. Никакво доцнење и полагање без камера нема да се толерира.

Ви благодарам за разбирањето

Предметен наставник

Испити 23.08.2021

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како што веќе објавив испитите во престојната сесија ќе се полагаат електронски. Првата декада веќе започнува задутре. Во понеделник на 23.08.2021 испитот Хумана генетика ќе се полага со почеток во 08:00 часот. Испитот Медицински основи на инвалидноста ќе се полага во 09:00 часот. Кликнете на линковите за да отидете на состанокот каде ќе ви биде споделен линкот од тестот, или едноставно одете на дотичните тимови каде се предметите кои што треба да ги полагате. Потребно е најмалку 10 минути да сте на платформата пред почетокот на испитот. Испитите мора да бидат електронски пријавени и да биде доставена пријава кај координаторката на ЕКТС. Камерите мора да ви бидат вклучени, без аудио звук. Никакво доцнење и полагање без камера нема да се толерира.

Ви благодарам за разбирањето

Предметен наставник

Tuesday, August 17, 2021

Доставување на пријава за полагање испити

Почитувани студенти,

Како што веќе објавив се менува начинот на полагање на испити и заради тоа покрај електронското пријавување на испитите, ќе мора да доставите и печатена пријава. Таа мора да биде уредно пополнета со сите ваши податоци и податоци за предметот кој го полагате. Студентите од ИСЕР веќе од утре 18.08.2021 година ќе можат да ги доставуваат кај координаторката на ЕКТС во библиотеката на ИСЕР. Студентите од ИП исто така пријавите по предметот Хумана генетика и физиологија да ги достават кај нивната координаторка по ЕКТС во библиотеката на ИП. На задниот дел од пријавата ве молам да назначите дали испитот ќе го полагате во првата или втората декада.

Со почит,

Предметен наставник

Промени на начинот на полагање на испитите во август-септември 2021

Почитувани студенти,

Поради енормниот пораст на луѓе инфицирани со делта сојот на корона вирусот и под претпоставка дека многумина од вас не се вакцинирани, а во затворени простории не смее да бидат повеќе од 30 луѓе според препораките од Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата, принуден сум да го сменам начинот на полагање на испитите во августовско-септемвриската сесија. За првата декада термините остануваат исти, а полагањето ќе биде преку платформата Мајкрософт Тимс на кој ќе добиете соодветен линк до тестот. Затоа е неопходно да бидете десетина минути порано присутни на платформата на предметот кој што го полагате.

23.08.2021

Хумана генетика во 08:00 часот

Медицински основи на инвалидноста во 09:00 часот

24.08.2021

Хумана генетика и физиологија во 08:00 часот

Физиологија со функционална анатомија во 09:00 часот

Во втората декада ќе има и промена на термините за полагање, а полагањето ќе биде секако електронско. Затоа следете го овој блог за да го дознаете денот и терминот за полагање.

Со почит,

Предметен наставник

15 ЕКТС поени - 18.08.2021

Почитувани студенти,

Закажувам утре (среда) состанок за одговарање за освојување 15 ЕКТС поени на 18.08.2021 година на платформата Мајкрософт Тимс во мојот тим 15 ЕКТС поени со почеток во 12:00 часот. Кликнете на линкот за да побарате пристап во тимот. Почитувајте го овој термин затоа што за првата декада може да има само уште еден таков термин. Потоа не ми праќајте никави е-пошти со замолници за полагање во втората декада. Следно завршување на обврски од овој тип ќе биде по завршување на првата декада. 

Предметен наставник

Friday, August 13, 2021

Покана за учество на меѓународна конференција за аутизам

Почитувани колешки и колеги, драги студенти, родители на деца со АСН

Ми причинува огромна чест и задоволство во име на Македонското научно здружение за аутизам да ве поканам на меѓународната конференција насловена „Лицата со аутизам во центарот на вниманието - поддршка преку индивидуално насочено планирање“, што ќе се одржи на 25 август 2021 година, на платформата ZOOM со почеток точно на пладне.

Оваа конференција е завршен настан на 3-годишниот проект „Холистички пристап кон индивидуално насочено планирање кај лица со аутизам“ (AUTISM_PCP), од програмата Еразмус + на Европската комисија, со референтен број 2018-1-EL01-KA204-047788.

Специфичната цел на настанот е да се промовира методологијата за планирање ориентирана кон личноста, прилагодена за лица (вклучително и деца) со аутизам, која е развиена како клучен резултат на работата на меѓународниот конзорциум Аутизам ПЦП во изминатите три години. Иако главните импликации се однесуваат на социјалните услуги, придобивките од примената на индивидуално ориентирано планирање во образованието се особено значајни, особено во образовните премини на учениците со аутизам.

МНЗА во последните 17 месеци за време на пандемијата континуирано креираше семинари за едукација на професионалци и родители на деца и лица со состојби од аутистичен спектар и ќе продолжи да го прави тоа во наредниот период. Оваа меѓународна конференција, на која ќе присуствуваат предавачи од САД, Австралија, Кипар, Грција и Македонија, е само еден дел од таа севкупна образовна активност, која ќе продолжи и во иднина.

Доколку сакате да учествувате, задолжително е да се регистрирате и да го пополните формуларот на Google на следната врска: https://forms.gle/AgeUC2zq1UXR5XKN7

Можете да аплицирате најдоцна до 20 август оваа година. Учеството е без плаќање такса за регистрација. Конференцијата ќе биде сертифицирана, а за да добиете сертификат потребно е да бидете присутни на платформата ZOOM од самиот почеток до крајот на истата.

Покрај тоа што во моментов имаме голем број на пријавени кој изнесува 420 учесници, ќе ни биде многу драго доколку и вие учествувате на оваа важна меѓународна конференција.

Скопје, 13.08.2021 

Со почит,

Претседател на МНЗА



Friday, July 16, 2021

Термини за полагање испити од втор циклус студии - августовско-септемвриска сесија 2021

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
26.08.2021 - Аутизам - 09:00 часот
26.08.2021 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 11:00 часот
26.08.2021 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот

Втора декада
06.09.2021 - Аутизам 09:00 часот
06.09.2021 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 11:00 часот
06.09.2021 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот

Испитите ќе се полагаат најверојатно усно со физичко присуство. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности со Ковид-19 епидемијата или друго дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите! Ви посакувам мирно, долго и топло лето!
Предметен наставник

Tuesday, June 29, 2021

Термини за испити за прв циклус студии во август-септември 2021

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во августовско-септемвриската сесија 2021 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство. Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. На пример, ако влезе делта сојот од вирусот и почне да се шири како во Велика Британија, Русија, Индија и други земји, тогаш сигурно ќе се полага електронски. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени и за да добиете напомени за платформата на која ќе се изврши полагањето.

Прва декада
23.08.2021  ХГ во 08:00 часот - амфитеатар 3
23.08.2021  МОИ во 09:00 часот - амфитеатар 3

24.08.2021 ХГФ во 08:00 часот - амфитеатар 3
24.08.2021 ФФА во 09:00 часот - амфитеатар 3

Втора декада
13.09.2021 ХГФ во 08:00 часот - амфитеатар 3
13.09.2021 ФФА во 09:00 часот - амфитеатар 3
13.09.2021  ХГ во 10:00 часот - амфитеатар 3
13.09.2021 МОИ во 11:00 часот - амфитеатар 3

Предметен наставник 

Wednesday, June 23, 2021

Пишување оцени - 24.06.2021

Почитувани студенти,

Сите вие кои се` уште немате земено оцена, ве поканувам утре 24.06.2021 да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР во 13:30 часот. За најмногу еден час ќе ги добиете назад во библиотеката. Имајте предвид дека утре е последниот официјален термин за земање оцена за оваа сесија. Кој нема да земе оцена утре, од петок може да го остави индексот и да чека со денови да му биде запишана оцената. Од идната седмица не знам точно кои денови ќе бидам на ФЗФ.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник