Конечно најдов време малку да се осврнам на #ESIPP конференцијата за аутизам што се одржа на 1 ноември во Музејот на македонската борба. Голема благодарност до менаџментот за отстапениот простор и за нивната љубезност. Не очекувајте во овој напис субјективни оцени од мене, туку само факти и прилози. Учествуваа преку 150 учесници. Конференцијата се подготвуваше напорно 3 месеци. Соопштението до медиумите по конференцијата можете да го симнете овде. Имаше одлична покриеност од медиумите. Прилогот од прес конференцијата на МРТ. Благодарност до сите нив што дојдоа и уште еднаш влијае на свесноста на населението во нашата држава. Настанот го фотографираше господинот Стојан Андонов, инаку член на МНЗА и доколку сакате да погледнете слики од истиот стиснете го следниот линк. На конференцијата го имав воведното предавање под наслов „МНЗА, родителите и аутизмот во Македонија", што ќе можете целосно да го погледнете подолу:
Ако имате потреба од слајдовите од моето предавање ве молам кликнете овде. Родителите на конференцијата беа застапени во 10%, а од Владата на РМ имаше еден претставник и две претставнички од МОН. Благодарност до секретарот на МНЗА Филип Јуртоски и студентите од прва и втора година на Институтот за дефектологија кои ми помогнаа на самиот ден на настанот.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment