Friday, December 29, 2017

Список на освоени ЕКТС поени по ФФА - 2017

Почитувани студенти,
Како што ви ветив утрово, еве да ви го испратам списокот на освоени 15 ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија за да си знаете каква ви е ситуацијата. Само 5 студенти успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности за време на наставата и тоа: двајца имаат 8, еден има 7, две студентки добија 6. Нека им е честито на сите нив. Оценки ќе може да земат кога ќе биде објавено на овој блог и тоа не порано од 17 јануари. Студентите што се означени во црвена боја треба да земат задача и да ја одговараат таа задача по празниците доколку сакаат да полагаат во јануарска сесија, или наредните месеци кога ќе има термини за освојување 15 ЕКТС поени. Студентите што се во зелено немаат право на потпис и да полагаат испит и тие или се вонредни студенти, или се откажале од студирањето.
Списокот во Ексел формат можете да го симнете овде.
Предметен наставник

Резултати втор колоквиум ФФА - 29.12.2017

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од денешниот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. За жал 4 студенти не го поминаа колоквиумот. Честитки до положените студенти. Чекајте специјален термин за пишување оцени по 17.01.2018 година.

Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
8555/14
29
2.       
9505/16
27.5
3.       
10102/17
27
4.       
23577/14
26.5
5.       
24062/16
24.5
6.       
24522/17
23
7.       
24529/17
21
8.       
24547/17
21
9.       
24572/17
20.5
10.   
9479/16
20
11.   
8583/14
18.5
12.   
24048/16
18
13.   
8575/14
17.5 усл.
14.   
24093/16
16
15.   
10046/17
13
16.   
9487/16
11.5
17.   
24574/17
7

Предметен наставник

Thursday, December 28, 2017

Список на освоени ЕКТС поени по ХГ - 2017

Почитувани студенти,
Како што ви ветив еве предпразнично да ви го испратам списокот на освоени 15 ЕКТС поени по предметот Хумана генетика за да си знаете каква ви е ситуацијата. Само 4 студенти успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности за време на наставата и тоа: една има 9, еден има 8, две добија 6. Нека им е честито на сите нив. Оценки ќе може да земат кога ќе биде објавено на овој блог и тоа не порано од 17 јануари. Студентите што се означени во црвена боја треба да земат задача и да ја одговараат таа задача по празниците доколку сакаат да полагаат во јануарска сесија, или наредните месеци кога ќе има термини за освојување 15 ЕКТС поени. Студентите што се во зелено немаат право на потпис и да полагаат испит и тие или се вонредни студенти, или се откажале од студирањето.
Списокот во Ексел формат можете да го симнете овде.
Предметен наставник

ANALYZING SCHOLARLY ARTICLES

Dear students,

Sometimes you are asked to read an article in a scholarly journal and write a critical analysis of it. Instructors often assign this sort of analysis so that students can demonstrate that they’ve read and comprehended the article and thought critically about what it says. In writing an analysis, you begin by prewriting; then, you formulate a thesis and offer support from the article.
Prewriting
Begin by reading the article carefully. Then make notes about the various parts of the article and how they contribute to its thesis, or argument.
Title. Consider the title of the journal article or essay. It may help you determine information about the article’s audience or the author’s intentions. A title can also give clues about the author’s attitude towards the subject or set the tone for a paper. For example, “Racial and Social Class Gradients in Life Expectancy in Contemporary California” (C. A. Clarke and others) creates a scholarly tone for a report on a sociological study of health. In contrast, “Ten Things Everyone Should Know about Race” (Public Broadcasting System) is geared to an educated but more general audience.
Introduction. The introduction of a scholarly article usually reviews some of the literature on the issue (what others have written about it) and provides insight into a problem. It typically explains why a problem is worth considering and why previous attempts to solve it were inadequate or not even attempted. It may briefly introduce methods used to investigate the problem. It often ends by stating the main argument that will be advanced in the article (the thesis) or the author’s primary findings.
Thesis. Understanding the main argument is paramount to your analysis. Distinguish between the subject and argument. The subject is the topic, such as stem cell research. The argument is a statement such as “Stem cell research should not be restricted because it is essential to finding a cure for cancer.” The thesis in a scholarly article is often found in the abstract and in the first few paragraphs.
Ex .1 By identifying patterns of cross-orientation friendships, this study shows which straight students might learn about sexual diversity from which sexual minority students. At the school level, cross-orientation friendships serve as bridges between sexual minority and straight student population. . . The results from the present study will indicate where these bridges are built in relation to social group boundaries. (From “Patterns of Cross-Orientation Friendships in High Schools,” K. Ueno)
Ex .2 The common school prepares immigrant youth not only through Americanization and socialization, but also through academic preparation and linguistics training. (From “Preparing for Citizenship: Immigrant High School Students’ Curriculum and Socialization,” R. M. Callahan and others)
Methods. Some articles, especially in the sciences, technical fields, social sciences, and education, have a detailed section explaining the research methods used in the study, while articles in the humanities may not even mention methods. If considerable space is devoted not only to describing and explaining but also to justifying methods, you should assume that those methods are controversial for that sort of study. You will want to evaluate whether the methods described seem appropriate to answering the research questions posed in the introduction.
Evidence and Results. Once you understand what the article is trying to achieve (the thesis), and how it has gone about investigating an issue (the methods), turn your attention to the results and evaluate them.
In a more scientifically or technically-oriented article, findings will be clearly labeled and often presented in tables or graphs and discussed. As you evaluate the evidence, look for how well it is tied to the thesis/research questions, look for missing details or gaps, and consider the quality of interpretation.
If you are looking at an argument based on logic, make sure you can follow every step and that each sub-claim is well-supported. Look for unwarranted assumptions or generalizations. Is the writer appealing to logic or relying too heavily on emotion or reputation?
Critical Evaluation: So What?
In writing up your critical essay, you will need to include the following:
Summary of the article you are critiquing: this shows you understood it. Provide a brief overview of what the article was trying to do (i.e., the problem), methods, if relevant, and the thesis or findings. Make sure to mention the title and author’s name.
Your critical evaluation of the article. You might address the article’s problem, methods, or findings, or all of these, offering specific support from the text itself (using paraphrase or direct quote and indicating the page number) for your observations. Below are some guiding questions to help you think of what to write:
Did the article ask the right question in the first place? How does it fit with other articles on the same topic? Did it miss any important studies it should have considered?
Did the problem match the methods? For example, to understand student behavior, were students observed or interviewed, or did all the data come from teachers?
Were the findings reported in a consistent and clear format? Did you notice problems in the data that the article overlooked? Did the article fail to acknowledge and explain any limitations?
Was the logic clear and were claims properly supported with convincing data? Did you spot any fallacies?
Your opinion of the article. Did you agree with the thesis or believe the findings? If everything was logical, clear, and well-ordered, yet you remain skeptical, how would you explain that? Perhaps a fundamental difference in values would explain it, or perhaps you know of counter-evidence not considered by the author.
Your estimation of the article’s contribution to knowledge and its implications or applications to our world.

Source: https://writingcenter.tamu.edu

Резултати од вториот колоквиум по ХГ - 28.12.2017

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Хумана генетика. За жал не го положија сите. Честики за положените студенти. Другите повеќе учење во јануарска испитна сесија.

Реден број
Број на индекс
Бодови
1.       
24529/17
27.5
2.       
10102/17
22.5
3.       
9487/16
22
4.       
24522/17
19.5 условно
5.       
24084/16
19
6.       
24078/16
19
7.       
24079/16
18.5 условно
8.       
24574/17
18
9.       
10084/17
16 не положила
10.   
9474/16
14
11.   
24553/17
12.5
12.   
24516/17
9


Забелешка: студентките што се пуштени условно со 19.5 и 18.5 поени ќе треба да се јават да добијат дополнителни задачи, бидејќи вкупниот збир на поени на двата колоквиума за малку не им достигнува 36, т.е. за 0.5 поени.

Предметен наставник

Tuesday, December 26, 2017

Водич како да се подготват Интернет ресурси

Почитувани студенти,
Кога ви недостасуваат поени тогаш ви давам да обработите труд од списанието „Дефектолошка теорија и практика„, но често знам да дадам и интернет ресурси. За да направите интернет ресурси треба да имате интернет конекција, да знаете да пребарувате преку Интернет пребарувачите Google, Yahoo, Bing и други. Штом добиете одредена тема вие треба на англиски јазик да пребарате минимум 5-6 интернет адреси, да ги одберете најдобрите делови од тие веб страници, да ги копирате и да ги префрлите во Word документ на оригинален јазик. Потоа документот убаво треба да го средите технички. На крај од литературата треба да бидат наведени насловите и веб адресите кои сте ги користеле во текот на пребарувањето. Првата страница е насловна како кај семинарски трудови и по неа треба да има најмногу уште 3-4 страници. Интернет ресурсите треба да се бранат во ден предвиден за таа цел, а  кој ќе биде објавен на овој блог. Се надевам дека нешто ви е појасно сега.

Предметен наставник

Некои информации за полагање испити

Почитувани студенти,

Бидејќи постојано се случуваат некои пропусти од ваша страна, должен сум да повторам некои работи во врска со полагањето на испити кај мене.
  1. На испит се доаѓа пред време 10-15 минути, а никако откако тој ќе започне.
  2. На испит, не се препишува, не се договара, довикува, не се користат hands free и слични помагала.
  3. На испит се доаѓа со пополнета пријава со сите генералии, код на предмет, ЕКТС кредити и слично. Пријавата треба да биде задолжително со захефтана уплатница, а не таа да биде слободна како би можела да се изгуби. Имате доволно време тоа да го сторите пред испит, а не по испит.
  4. Испитите се полагаат без ургенции!
  5. На испит се оди со научен материјал, а не на среќа или само со еднаш прочитана содржина. Ова правило треба најмногу да го почитувате, а вие токму спротивно најмалку го почитувате.
Ете тоа се петте златни правила, за кои сакав да ве потсетам. Ако не ги почитувате нема успех, ако ги следите и цените тогаш успехот е неминовен.

Предметен наставник

Теми за учење за вторите колоквиуми

Почитувани студенти,
Во прилог се темите за вторите колоквиуми по моите предмети.

Физиологија со функционална анатомија за прва, втора, трета и четврта година
  1. Сензорен нервен систем
  2. Болка
  3. Перцепција на температура
  4. Моторен нервен систем
  5. Улога на продолжениот мозок во контрола на моторните функции
  6. Улога на малиот мозок во контрола на моторните функции
  7. Улога на базалните ганглии во контрола на моторните функции
  8. Систем на сетила
  9. Ендокрин систем
  10. Физиологија на говор
  11. Физиологија на учење и меморија
Физиологија за студенти од Институт за психологија
  1. Сензорен нервен систем
  2. Моторен нервен систем
  3. Улога на продолжениот мозок во контрола на моторните функции
  4. Улога на малиот мозок во контрола на моторните функции
  5. Улога на базалните ганглии во контрола на моторните функции
  6. Систем на сетила (без делот анатомија)
  7. Ендокрин систем
  8. Физиологија на учење и меморија
  9. Физиологија на сонот
  10. Физиологија на емоции
Хумана генетика за прва, втора, трета и четврта година
  1. Генски мутации
  2. Моногенски болести
  3. Пренатална дијагноза
  4. Конгенитални малформации
  5. Хромозомопатии
  6. Генетски аспекти на слушните нарушувања
  7. Генетски аспекти на оштетувања на видот
  8. Генетски аспекти на интелектуалната попреченост
  9. Генетски аспекти на миопатиите
  10. Генетски аспекти на аутизмот
  11. Генетско советување
  12. Генотерапија
 Генетика за студенти од Институт за психологија
  1. Генски мутации
  2. Пренатална дијагноза
  3. Студии во психогенетика
  4. Генетски аспекти на аутизмот
  5. Генетски аспекти на психијатриските нарушувања
  6. Генетско советување
  7. Генотерапија


Предметен наставник

Monday, December 25, 2017

Лојалност vs. нелојалност

Почитувани читатели,

Сите вие кои што ме познавате подобро знаете дека еден од главните принципи во кои ги градам односите со моите колешки и колеги е лојалноста. Многу ме иритира вториот дел од насловот на овој пост, па затоа ќе направам еден осврт токму за него. 
Поимот лојалност доаѓа од францускиот збор loyauté што означува верност и внатрешна поврзаност и изразување на таа поврзаност преку однесување кон лице, група на луѓе или одредена заедница. Лојалност значи да се дели системот на вредности со останатите и да се бранат ставовите на заедницата дури и тогаш кога се има поинакво мислење. 
Во изминатиот период се соочував со огромна доза на нелојалност, па како човек што јавно ги изразува општествените аномалии, не можев да го премолчам ниту ова.
Не е лојално кон човекот што ве научил да ги пишувате првите научни трудови да му го вртите грбот. Воопшто не е лојално, дури е дрско и безобразно да се издигнувате себе си, клеветејќи го него/неа за да добиете повеќе поени кај другите. Не е лојално ниту тоа во организацијата каде што сте ги достигнале едни од најголемите стручни дострели да престанете да ја сакате, да одлучите да си формирате сопствена, само заради тоа што не сте станале претседател. Исто така не е лојално ако некому сте ветиле дека ќе ви биде ментор, да ја промените одлуката и да си одберете ментор со кој полесно, на пример, ќе станете магистер на науки. Не е лојалност ниту тоа кон тој кој ви бил професор и ве едуцирал да му градите непринципиелна коалиција и да го надгласувате, а притоа негов е редот за позицијата за која мислите дека е создадена токму за вас, а притоа не почитувате ниту хиерархија, ниту стручност, ниту ред и поредок на избор за функција. Никако не е лојално тој што ви бил ментор да го озборувате пред домашни и странски колеги. Уште помалку лојално и крајно некоректно е да не сте доктор по медицина, а да давате некому дијагнози. Нелојално и непрецизно е да сте добро платен за тоа што го сработувате и да зборите наоколу дека некој друг земал многу пари, а притоа тој другиот ве ставил во таква позиција да можете да земете добар хонорар. Нелојално и тажно е да кукате дека многу работите, а притоа сте добро платен и не дозволувате никој друг да работи заедно со вас за да може да земе и тој/таа некој денар. Нелојално е да критикувате некого кој бил патриот и не се сложил да учествува во труд под референцата ФИРОМ, а притоа вам воопшто да не ви пречи таа референца заради можноста да се приграбите до труд повеќе. Многу нелојално е кон тој што ви помогнал во градење на кариерата да му го свртите грбот и ладнокрвно да си ја терате својата агенда како ништо да не било. Нелојално и неетички е кога ќе си направите своја организација да сакате да држите две високи позиции во две организации. Не е лојално ниту тоа кон тој што ви бил ментор на дипломски труд и сега ви е ментор на магистерски труд да му свртите грб и тргнете по стапките на друг што ви ветил нешто за кое сметате дека ќе ве направи побогат. Ни малку не е лојално кон тој што ви наоѓал многу хонорари да му контрирате и притоа да се однесувате како ништо да не било. Секако, не е лојално да бидете член на ИО на некоја организација, а притоа не чините ништо за неа, туку само си ја ставате како активност во вашето CV. Сигруно не е лојално ниту тоа некој да ви е ментор за магистерски труд, а вие да сте основач на организација и ладнокрвно да си спроведувате обуки, а при тоа уште не сте ни магистер во таа област. Не е лојалност ниту тоа, кога некому ќе му понудите да го поддржите да се кандидра за раководна функција тој/таа не сакаат, а потоа кога вие ќе се кандидирате тие да не ве поддржат. Ни трунка не лојално да знаете дека некој е во право, а притоа гласате воздржан за да не се замерите со вториот.
Имам уште многу да пишувам за нелојалноста, но овде ќе запрам. Постот е наменет за сите оние кои ќе се препознаат во него.

Раскажувачот










Sunday, December 24, 2017

Потписи преслушувачи - 27.12.2017

Почитувани студенти преслушувачи,
Сите вие кои ги презапишавте предметите ХГ и ФФА, ве поканувам да земете потпис во среда 27.12.2017 година во библиотеката на нашиот Институт со почеток во 10:00 часот.  Го задржувам правото за промена на терминот заради „виша сила". Задолжително да понесете со вас индекс :)
Предметен наставник

15 ЕКТС поени - 26.12.2017

Почитувани студенти,
Ве поканувам во вторник на 26.12.2017 година во периодот од 11:30 до 14:30 часот да освоите 15 ЕКТС поени кои се услов за полагање на испитите по моите предмети. Имено, за 2017 година ова се последен термин. Во тоа време можат да дојдат сите студенти за друг тип на консултации.
Предметен наставник

Monday, December 18, 2017

15 ЕКТС поени - 20.12.2017

Почитувани студенти,
Ве повикувам да освоите 15 ЕКТС поени во среда на 20.12.2017 година во периодот од 12:30 часот до 14:00 часот. Ова е претпоследниот термин за консултации од овој вид за оваа година.  Истиот термин можат да го искористат и други студенти за други намени.
Предметен наставник

Saturday, December 16, 2017

My articles in Microsoft Academic

Dear colleagues,
In last few years Microsoft Academic grew up very fast. So I want to share my articles found there sorted by its relevance.
Cheers

15 ЕКТС поени - 18.12.2017

Почитувани студенти,
Следните консултации за 15 ЕКТС поени се во понеделник на 18.12.2017 година од 10:00 до 13:00 часот. Гледајте да го искористите овој термин заради тоа што до Нова Година ќе има само уште 1-2 такви термина. Во јануари пред испитот нема да можете да ги завршувате овие обврски.
Предметен наставник

Втори колоквиуми ХГ и ФФА

Почитувани студенти,
Сакам да ве известам дека вторите колоквиуми ќе се полагаат пo следниот распоред:

  • Хумана генетика на 28.12.2017 година со почеток во 08:00 во лабораторија на Педагошки факултет.
  • Физиологија со функционална анатомија 29.12.2017 година со почеток во 08:00 во лабораторија на Педагошки факултет.
Неопходно е да се дојде 10-15 минути пред почетокот на колоквиумот на договореното место. Го задржувам правото за промена на термините заради „виша сила".
Предметен наставник

Напомени за презентациите за семинарите по ФФА и ХГ

Драги мои студенти од прва година,
Во пресрет на семинарот по ХГ и ФФА сакам да ви дадам некои напатствија како да направите добра  power point  презентација. Искрено се надевам дека нешто од ова ќе го примените во вашите презентации.
Семинарот по ХГ ќе се одржи на 28.12.2017 година со почеток во 09:00 часот. Семинарот по ФФА ќе се одржи на 29.12.2017 година со почеток во 09:00 часот. Power Point презентациите треба да бидат доставени како приврзок на мојата службена е-пошта најдоцна до 25.12.2017 во 16:00 часот. Го задржувам правото за промена на некои термини заради „виша сила".

Презентирањето е процес на пренос на информации и притоа треба да внимавате на сите детали и да имате добар контакт со публиката. При презентирањето треба да знаете на која целна публика и се обраќате (во училиште, на клиника, на институт, презентирање на семинарски труд, научен труд, приказ на проект, итн.). Презентацијата е помош за предавачот, а не негова замена. Слајдот треба да ги нагласи битните елементи од предавањето и да укаже на тоа што предавачот го зборува. Слајдот треба да е кус, директен и да вклучува само клучни зборови. За да може вашата презентација да биде прикажана на екран или ѕид, текстовите и сликите треба да бидат во рамка од 95% од слајдот.
Структурата на презентација треба да изгледа вака:
Прв слајд: од кој универзитет, факултет, институт доаѓате, наслов на темата, датум и каков тип на случување е тоа, кој е предавачот.
Втор слајд: основна порака за да привлечете што поголемо внимание.
Трет слајд: преглед на презентацијата (содржина на пример).
Останати слајдови: на врвот наслов на секој слајд и важни елементи кои треба да се потсетник за предавачот. Сите слајдови треба да се нумерирани.
Последен слајд: контакт информации (електронска пошта, веб страница, Фејсбук адреса, блог, Твитер и сл.).
Треба да се придржувате до формата на слајдовите. Наслови, поднаслови и логоа треба да се појавуваат на исто место на сите слајдови. Маргините, фонтовите и боите треба да се во склад со графиконите кои секогаш треба да се наоѓаат на исто место во секој слајд.
Конкретно времетраењето за презентација на семинарските трудови ќе изнесува 10 минути што значи дека треба да имате помеѓу 10 и 15 слајдови.
Не смее да има пренатрпаност на слајдовите со многу текст. Не треба да има вишок на информации. Понекогаш графиконите и сликите можат да се префрлат на други слајдови.
Фонтовите треба да бидат читливи и доволно големи. За основен текст големина најмалку 24, за поднаслови 32, а за наслови 36, 40, или поголеми. Препорачани фонтови се: Times New Roman, Arial, Tahoma, Verdana во МК поддршка за кирилица. Фонтот треба да биде стандардизиран низ целата презентација. Италик не користете бидејќи е тешко за читање. Потцртување се прави само за хиперлинкови. Користете друга боја или болдирање ако сакате нешто да потенцирате. Курзив се користи за цитати, да нагласи одредено мислење или идеи, за наслови на книги, или на списанија. Треба да изберете прикладни, контрастни бои кои треба да се складни со позадината и да не биде прешарено. Користете иста позадина за секој слајд, не експериментирајте премногу. Менувањето на стилот на позадината го одвлекува вниманието. Не користете позадини во кои текстот ќе биде слабо читлив. Секогаш треба да се води сметка за контрастот на боите. При избор на боја водете сметка за просторијата и светлината во неа. Ако просторијата е темна, позадината може да биде темна со светли букви (прим. сино и жолто). Ако просторијата е светла, подобро да се користи светла позадина со темни букви.  За графиконите, сликите и шемите бидете сигурни дека публиката може да ги прочита. Графиконот е визулено поприфатлив начин за претставување на броеви, отколку табела. Илустрациите користете ги кога ќе ви затребаат. Треба да се однесуваат на главната порака, на поентата на предавањето. Едноставните дијаграми се одлични за комуникација со публиката. Графиконите, сликите и анимациите придонесуваат за разбивање на монотонијата во предавањето. При изборот на анимација бидете внимателни да не се одвлече вниманието на слушателите од главната приказна на предавачот. Користете набројување со бројки кога има логични сукцесивни чекори.
Не ги користете медиумите да се сокриете позади компјутерот или проекторот. Медиумите треба да ја подобрат презентацијата, а не да бидат презентација сами по себе. Треба да направите проверка на расположливото време, да се проба предавањето во домашни услови. Предолгите презентации остануваат недоискажани, а пак прекусите презентации оставаат повеќе време за прашања. Испратете ја презентацијата за проверка дали е се во ред со фонтовите, со кодеците, со други додатоци. Имајте секогаш резервен план, на пример ако користите интернет и тој не функционира. Воопшто не треба да сте нервозни и да имате трема. Понекогаш може да се уфрли досетка, тоа го привлекува вниманието и ја разбива монотонијата, но не смее да се претера. Првиот впечаток е најбитен, не се извинувајте однапред, почекајте да се стиша публиката и почнете со голема сигурност во себе. Изразувајте се разбирливо, бидете доволно гласни, движете се ако можете. Мора да дадете енергичност во предавањето, зашто ако ви е досадно вам, тогаш секако и на публиката ќе и биде досадно. Менувајте го тоналитетот, нагласувајте, а ако треба малку и бидете драматични. Имајте контакт со очи со целата публика, а не гледајте само во една точка. Комуцирајте и со публиката и со комисијата ако се работи за одбрана на дипломски, магистерски или докторски труд.
Среќно!

Предметен наставник

Tuesday, December 12, 2017

Термини за полагање испити - прв циклус - јануарска сесија 2018

Почитувани студенти,
Се ближи новата 2018 година. Па да ви ги дадам термините за полагање во јануари. Ги молам сите студенти да дојдат 15-тина минути порано пред библиотеката на Институтот за дефектологија и да имаат со себе пријава со уплатена такса за испит и доколку имат уплатница истата да биде уредно прикачена за пријавата. Испитите се полагаат со претходно освоени 15 ЕКТС поени. Никакви доцнења не се толерираат! Заради „виша сила" го задржувам правото на промена на овие термини, иако досега такво нешто не се случувало.

Прва декада:
11.01.2018 Генетика, Физиологија (психологија) и ФФА во 08:00 часот.
12.01.2018 ХГ и МОИ во 08:00 часот.

Втора декада
25.01.2018 Генетика, Физиологија, (психологија) и ФФА во 08:00 часот.
26.01.2018 ХГ и МОИ во 08:00 часот.

Среќно!
Предметен наставник

Monday, December 11, 2017

15 ЕКТС поени - 12.12.2017

Почитувани студенти,
Сакам да ве информирам дека следните консултации за 15 ЕКТС поени ќе бидат утре на 12.12.2017 година во периодот од 11:00 до 13:00 часот. Сите вонредни студенти од прва година мораат да ги завршат обврските околу 15 ЕКТС поени и да одговараат за сите задачи што ги добиле. Исто така поканети се и студентите од другите генерации кои не ги завршиле обврските. Повторувам дека без  да се завршат овие обврски нема да можете да полагате во јануарската сесија. Обврските треба да бидат завршени најдоцна до 27.12.2017 година. Имајте во вид дека нема да има уште многу вакви термини до крајот на годината (се планираат најмногу 3-4 вклучително со утрешниот).
Предметен наставник

Tuesday, November 28, 2017

Ментор и менторирање

Почитувани колешки и колеги,

Често пати говорам за улогата на менторот во процесот на едукацијата. Дискутирам за тоа која е неговата улога, може ли секој секому да биде ментор? На што треба да внимава студентот при изборот на менторот. Затоа сега решив да споделам некои размислувања со вас. Можеби ова ќе му помогне на некој кандидат при изборот на ментор.
Менторот треба да:
  • понуди поддршка и охрабрување,
  • се подготви за својата сопствена експертиза за да им помогне наистражувачите да ги развијат своите истражувања и публикации,
  • обезбедува совети и дава поддршка на истражувач во изготвување налични истражувања и план за работа, вклучувајќи поставување на цели и задачи на истражувањето,
  • дејствува како резонатор или огледало за истражување на идеите ипрашањата што произлегуваат од истражувањата кои се спроведуваат на одредена тема,
  • даде конструктивен фидбек на истражувањето што се спроведува,
  • прочита и да даде коментари за нацрт документи за објавување,
  • нуди совети и насоки за соодветни списанија за трудовите да бидат доставени во правилна форма,
  • се ангажира во заеднички мониторинг на постигнувањето на целите и напланираните исходи заедно со истражувачот,
  • дејствува како соодветен пример во нивниот капацитет и како истражувач и како ментор,
  • биде колегијално настроен кон кандидатот.

Како да идентификувате добар ментор?

Основната група на ментори ќе бидат идентификувани од поискусни истражувачи на факултетите врз основа на следните размислувања:

Добриот ментор мора да има објавено најмалку пет труда во рецензирани академски списанија и тоа со фактор на влијание, да има покани за реализација како предавач на конференции, итн.
Искуство на менторство или слична улога (ова може да вклучуваат, на пример, учество во обезбедувањето поддршка и надзор на своите колеги, разгледување на материјали за објавување, спроведување на наставата и истражување на предмети).
Треба да има искуство за надгледување на други истражувачи (ова може да вклучува, на пример, надзор на напредни истражувања на студентите, да биде раководител на проект).

Драги студенти, размислете добро при одбирањето на менторот дали целта на дипломската, магистерската или докторската теза е побрзо да се заврши одбраната и да се протрча низ процесот на нејзина одбрана, или спротивното менторот постапно, со повеќе барања од вас да ве доведе до стадиум на зрел истражувач.

Потенцијален ментор

Избор на теми за магистерски труд

Почитувани постдипломци,
Сакам да ви понудам некои можни теми за изработка на магистерски труд:
  1. Арт терапија и развој на комуникативни способности кај деца со аутизам.
  2. Аутизам во контекст на училиште за ученици со умерена ментална ретардација.
  3. Музичка когнитивност кај деца со аутизам.
  4. Студија за вклученост на можни фактори за ран морталитет кај адулти со Down синдром.
  5. Инциденција на ментални заболувања кај адулти со интелектуална попреченост.
  6. Процена на инвалидноста кај мултипна склероза.
Среќно,
Идниот ментор

Докторати во Македонија

Почитувани колешки и колеги,

Ова е репост на мој пост од стариот блог објавен во јануари 2011 година. Денес го мислам истото, со надополна дека денес и докажани плагиаторки се обидувбаат да поминат на нашиот факултет. Мораме да се бориме за академскиот интегритет, инаку ептен нема да не биде.

јануари 12, 2011

Драги пријатели и пријателки,

Во Македонија секој може да пријави докторат само треба да има желба и малку пари за административни трошоци (не мислам на мито). Пиљар, пазарџија и кондураџија ако им се посака нека се пријават и имаат големи шанси да поминат. Се случува за една година некому да му се посака да го заврши докторатот и доколку менторот тоа го одобри од разно разни причини тогаш на задоволството на кандидатот ќе му нема крај. Се случува кандидат без ниту еден објавен труд во домашно и странско списание да му помине докторатот. Можно е да помине и докторат кој методолошко статистички е катастрофално поставен и пак ништо. Тој/таа може пред 1,5 години да магистрирале и за тој временски период да не настапила научна ферментација и пак да си докторираат истите. Можете да се борите колку сакате против оваа аномалија, но ќе бидете како Давид против Голијат или 6:1 во ноќта глува. Можете и да пишувате петиции и да станете на ННС и да дискутирате против и повторно никому ништо. Некој си ја тера агендата, вие може попрво да цркнете од мака за неправдата према научната вистина, но за тоа нема никому да му биде гајле. Ако е вака на државните универзитети, како ли е на приватните се прашувам? Сигурно многу полошо и подраматично. Дали ние профсорите не сме доволно критични и пуштаме секого и сешто за некои други интереси? Дали тоа ние го допревме дното или има уште подолу и подлабоко тонење во калта? Многу жалам за оние вистински кандидати кои најмалку 3-4 години студиозно работат на своите докторати, кои истите ги објавуваат во списанија со импакт фактор, докторанти кои со многу мака ја стекнале таа титула. И тие и оние првите ќе се стекнат со титула доктор на науки. Но, овие првите секогаш ќе бидат лузери, недопечени сировини, подложни на потсмев. Тие нема да му донесат ништо добро на македонското општество и на македонската наука. Quo vadis homo professorius?

Раскажувачот

Должности на докторандот

Почитувани колешки и колеги,

Да не мислите дека само менторот има обврски и должности. Исто така и докторандот има свои обврски и должности. Мене како ментор најмногу ми смета плагијаторството кај докторандите и сите други кандидати кои изработуваат научни тези. Да го прегледаме тесктот:

Докторандот има обврска темелно да ја проучува областа на истражувањето пред да ја изработи докторската работа. Тој ја презема одговорноста за спроведување на истражувањето и е подготвен да ги совлада потребните вештини за да се соочи со сите проблеми и да има успешна комуникација со менторот. Тој е исто така одговорен за развојот на неговите таленти и да ги исполнува условите потребни за постигнување на титулата доктор на науки. Докторандот треба да ги искористи можностите што ги нуди менторот кога станува збор за ангажирање во научни истражувања во полето на неговото истражување и вмрежување со други научници (на пр. активно учество на конференции, соработка со други научници и институции).
Докторандот е одговорен за развој на научни трудови поврзани со докторски истражувања и го има правото да биде првиот автор на таков труд - се разбира, ако тоа притоа има соодветен придонес.
Докторандот секогаш треба да ги почитува принципите на академска чесност (на пр. добро управување со податоците за истражувањето и податоците добиени од истражувањето, примена на принципите на одговорно авторство, избегнување на конфликт на интереси и да не биде плагијатор).
Докторандот исто така е одговорен за правилно собирање на податоци поврзани со темата на докторската дисертација, кои секогаш треба да бидат достапни на менторот и да се проверат и заедно со менторот да се грижат за можни права на патент што можат да ги заштитат таквите податоци кога е потребно.
Докторандот, заедно со менторот, подготвува план за истражување и затоа ги избира субјектите кои ќе го направат тоа за да се спроведе на време докторската студија.
Докторандот треба да го информира менторот за проблемите што можат да се појават за време на истражувањето што е можно поскоро а се поврзани со докторска работа. Докторандот, заедно со менторот е одговорен за ефикасноста во пишувањето докторска работа, која треба да се заврши во соодветна временска рамка.
Докторандот треба активно да дејствува и да обезбеди напредок во истражувањата поврзани со докторска работа:
- активно да ги компилира прашањата што сака да ги одговори со неговото истражување;
- да биде одговорен за планирање, имплементација и модификација на истражувањето;
- да биде одговорен за анализа и толкување на податоците добиени со истражувањето;
- го става истражување во поширок научен контекст
- критички да размислува за истражувањето што го спроведува.

Менторот

Должности на менторот при изработка на докторска дисертација

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да споделам со вас некои должноси на менторот при изработка на докторската дисертација.
Менторот треба да обезбеди соодветни работни услови и интелектуална клима во која докторандот ќе го развива и извршува своето истражување. Менторот осигурува дека за време на работата на докторската дисертација докторандот може да стекне и други основни вештини што ќе му овозможи успешно да ги извршува задачите што го чекаат откако ќе го одбрани докторатот надвор од научната заедница.
Менторот е одговорен за ефикасноста на докторската работа и тој мора да го поттикне докторандот да ја заврши својата работа во разумно време. Менторот е одговорен за создавање на пријатна професионална работна средина вклучувајќи ја тука помошта во одбирањето на истражувачка група. 
Менторот создава средина во која се почитува академскиот интегритет (на пример, заштитата на личните податоци на испитаниците, одговорното авторство, избегнување на конфликт на интереси).
Специфичните задачи на менторот се:
  • Помогнете го докторандот за да го спроведе планот на истражувањето и доколку е потребно да се прилагодите на секој поединец;
  • Да му помогне на докторандот да вклучи во истражувањето еден поширок контекст;
  • Да му помогне на докторандот во толкувањето и анализата на резултатите добиени од истражувањето;
  • Поттикнете го докторандот да ја претстави својата работа, редовно да присуствува при презентирање и давање повратни информации за неговиот успех во презентирањето на сопствените резултати на истражувањето;
  • Поттикнување на докторските студенти критички да размислуваат за сопствената истражувачка работа;
  • Воведување на докторандот во светот на истражувањето, вклучете го во истражувањата кои ги правите во рамките на своите истражувачки групи, направете му контакт со истражувачи кои вршат истражувања во неговата област на национално и меѓународно ниво и поттикнете го активно да учествува на конференции и да соработува со колеги и институции во областа на неговото истражување;
  • Поттикнување на докторандот да ги објави резултатите од своето истражување во меѓународно признати списанија;
  • Објаснете ги можностите за објавување на резултатите, и научете го да пишува научни трудови, помогнете во подготовка за нивно објавување, и во рамките на тоа, да докторандот да биде прв автор на публикации.
Менторот

Monday, November 27, 2017

Водич за етика на публицирање

Почитувани колешки и колеги,

Сведоци сме на слаба свесност во етиката на публицирањето. Доминира не цитирање, плагијаризам, објавување на едни исти резултати во повеќе списанија. Затоа сакав да делувам малку едукативно на вас и да ви приложам еден интересен труд во таа насока.

Best Practice Guidelines on Publication Ethics: a Publisher’s Perspective
Chris Graf, Elizabeth Wager, Alyson Bowman, Suzan Fiack, Diane Scott-Lichter, Andrew
Robinson
doi: 10.1111/j.1742-1241.2006.01230.x

Како да напиште апстракт?

Драги колешки и колеги,

Често пати студентите, постдипломците и останатите колeги имаат проблеми со пишувањето на резиме или апстракт. Особено тоа го гледав како пролбем во списанието „Дефектолошка теорија и практика„ додека бев главен и одговорен уредник.

Па еве неколку напатствија (извор: http://www.sciencebuddies.org)

An abstract is an abbreviated version of your science fair project final report. For most science fairs it is limited to a maximum of 250 words (check the rules for your competition). The science fair project abstract appears at the beginning of the report as well as on your display board.
Almost all scientists and engineers agree that an abstract should have the following five pieces:
Introduction. This is where you describe the purpose for doing your science fair project or invention. Why should anyone care about the work you did? You have to tell them why. Did you explain something that should cause people to change the way they go about their daily business? If you made an invention or developed a new procedure how is it better, faster, or cheaper than what is already out there? Motivate the reader to finish the abstract and read the entire paper or display board.

Problem Statement. Identify the problem you solved or the hypothesis you investigated.
Procedures. What was your approach for investigating the problem? Don’t go into detail about materials unless they were critical to your success. Do describe the most important variables if you have room.
Results. What answer did you obtain? Be specific and use numbers to describe your results. Do not use vague terms like "most" or "some."
Conclusions. State what your science fair project or invention contributes to the area you worked in. Did you meet your objectives? For an engineering project state whether you met your design criteria.

Things to Avoid
Avoid jargon or any technical terms that most readers won’t understand.
Avoid abbreviations or acronyms that are not commonly understood unless you describe what they mean.
Abstracts do not have a bibliography or citations.
Abstracts do not contain tables or graphs.
For most science fairs, the abstract must focus on the previous 12 months’ research (or less), and give only minimal reference to any earlier work.
If you are working with a scientist or mentor, your abstract should only include procedures done by you, and you should not put acknowledgements to anyone in your abstract.

Why Is an Abstract Important?
Your science fair project abstract lets people quickly determine if they want to read the entire report. Consequently, at least ten times as many people will read your abstract as any other part of your work. It’s like an advertisement for what you’ve done. If you want judges and the public to be excited about your science fair project, then write an exciting, engaging abstract!
Since an abstract is so short, each section is usually only one or two sentences long. Consequently, every word is important to conveying your message. If a word is boring or vague, refer to a thesaurus and find a better one! If a word is not adding something important, cut it! But, even with the abstract’s brief length, don’t be afraid to reinforce a key point by stating it in more than one way or referring to it in more than one section.

How to Meet the Word Limit
Most authors agree that it is harder to write a short description of something than a long one. Here’s a tip: for your first draft, don’t be overly concerned about the length. Just make sure you include all the key information. Then take your draft and start crossing our words, phrases, and sentences that are less important than others. Look for places where you can combine sentences in ways that shorten the total length. Put it aside for a while, then come back and re-read your draft. With a fresh eye, you’ll probably find new places to cut. Before you know it you will have a tightly written abstract.