Tuesday, April 30, 2019

Четврто предавање Аутизам - 02.05.2019

Почитувани постдипломци,
Веднаш по празниците продолжуваме со полна пареа. Четвртото по ред предавање ќе се одржи на 2 мај во слуашална 11 со почеток во 16:15 часот. Ќе стане  збор за методи во третманот, исход и прогноза на аутизмот, живата како можен етиолошки фактор и други содржини. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови:










Предметен наставник

Wednesday, April 24, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 25.04.2019

Почитувани студенти,
Утре, 25.04.2019 година на ваше барање ќе може да ги предадете семинарските трудови по Хумана генетика. Консултациите од денес се префрлаат за утре. Исто така другите студенти ќе можат да си ја завршат задачата за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10:00 до 12:00 часот. 
Предметен наставник

Tuesday, April 23, 2019

Термини за полагање испити втор циклус на студии - јунска сесија 2019

Почитувани постдипломци,
Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети:

Прва декада
13.06.2019 - Аутизам - 09:00 часот
13.06.2019 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Втора декада
27.06.2019 -  Аутизам   09:00 часот
27.06.2019 -  Медицинска рехабилитација на моторни нартушувања - 12:00 часот

Го задржувам правото за промена на термините заради дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Термини за полагање испити прв циклус - јунска сесија 2019

Почитувануи студенти,
Во прилог се термините за испити за престојната јунска сесија во 2019 година. Вие имате право да полагате само во една декада. По еден претставник од секоја генерација треба да ми достави список кој студент/ка во која декада ќе полага. Вие сте должни да дојдете 15 минути пред дадениот термин пред библиотеката на Институтот за дефектологија. На испит се доаѓа со уплатена пријава за испит. Доколку не се плаќа преку мобилен, уплатницата треба да биде уредно прикачена за пријавата. Ниту еден студент нема да биде примен на полагање без потпис, без освоени 15 ЕКТС поени и доколку доцни. Го задржувам правото за промена на термините заради болест, учество на конгрес или некоја друга непредвидлива виша сила. Вие сте должни да ги следите моите социјални медиуми и навреме да се информирате за сите новини и евентуални промени.

Прва декада
11.06.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
12.06.2019 - ХГ, МОИ во 08:00

Втора декада
25.06.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
26.06.2019 - ХГ, МОИ во 08:00 часот.

Предметен наставник

Monday, April 22, 2019

Десетто предавање ХГ - 23.04.2019

Почитувани студенти,
Утре во редовниот термин ќе се одржи десеттото по ред предавање по предметот Хумана генетика. Ќе ви биде предавано за генетски аспекти на глувоста и слепилото. Предлагам да ги прегледате следните видеоклипови:


























Предметен наставник

Sunday, April 21, 2019

15 ЕКТС поени - 22.04.2019

Почитувани студенти,
Утре, 22.04.2019 година можете да дојдете да си ја завршите задачата за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10:00 до 11:30 часот. 
Предметен наставник

Thursday, April 18, 2019

Деветто предавање ХГ - 19.04.2019

Почитувани студенти,
На ваше барање утре 19.04.2019 година со почеток во 07:30 часот ќе се одржи замената за предавањето што беше предвидено на 30.04.2019 година, а со цел да имате повеќе слободни денови за подготвување на испитите и за одмор. Во однос на вежбите задолжително добро да ги подготвите двете вежби кои ги добивте како задачи во вторникот.
Утре ќе ви предавам за хромозомопатии, па предлагам да гимпогледнете следните видеоклипови:













Предметен наставник

Wednesday, April 17, 2019

Трето предавање Аутизам - 18.04.2019

Почитувани постдипломци,
Утре, 18.04.2019 година ќе се одржи третото по ред предавање по предметот Аутизам. Ќе ви предавам за кинички карактристики на АСН, дијагностика на АСН и ќе започнам за третман на аутизмот. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови:






Предметен наставник

Tuesday, April 16, 2019

15 ЕКТС поени - 17.04.2019

Почитувани студенти,
Утре, 17.04.2019 година можете да дојдете да си ја завршите задачата за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10:00 до 11:30 часот. Користете ги овие термини што поскоро, затоа што нема да ги има многу до крајот на семестарот.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Sunday, April 14, 2019

Библиографија за аутизам во списанието JRTDD

Почитувани колешки и колеги,
Во прилог е библиографијата за аутизам од списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities кое започна да излегува во април 2018 година. Засега се објавени два броја и во нив има 6 трудови за аутизам.
  1. Trajkovski, V. Health Condition in Persons with Autism Spectrum Disorders. Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. 2019 Feb 17; 1(2):112-124 https://doi.org/10.26407/2018jrtdd.1.12
  2. Weerkamp Bartholomeus, P. How to tailor a transdiagnostic intervention to the individual state of mind of individuals with ASD? Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. 2019 Feb 17;1(2):78-83 https://doi.org/10.26407/2018jrtdd.1.14
  3. Fitzgerald, MM. The history of autism in the first half century of the 20th century: new and revised. Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. 2019 Feb 17; 1(2):70-77 https://doi.org/10.26407/2018jrtdd.1.13
  4. Kossewska, J. Autism: is there a place for ReAttach therapy? A Book Review. Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. 2018 Aug 15; 1(1):67-69. https://doi.org/10.26407/2018jrtdd.1.5
  5. Poletaev B.A. Autistic child and his mother: marker molecules of blood and reflection of molecular and cellular disturbances. Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. 2018 Aug 15; 1(1):59-66. https://doi.org/10.26407/2018jrtdd.1.8
  6. Weerkamp – Bartholomeus, P. Autism: The Pre – Conceptual State of Mind. Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. 2018 Aug 15; 1(1):7-14. https://doi.org/10.26407/2018jrtdd.1.3
Главен и одговорен уредник на JRTDD

Библиографија за аутизам во списанието ДТП/JSER 1997-2018

Почитувани постдипломци,
Потрошив малку од своето време за да ви ја синтетизирам библиографијата за аутизам објавена во списанието ДТП/JSER во периодот 1997 до 2018 година. Досега се објавени вкупно 28 референци кои се однесуваат на аутизмот во периодот од 22 години. Списокот започнува од најновите кон најстарите библиографски единици.

  1. Troshanska J, Trajkovski V, Jurtoski F, Preece D. The impact of ASD on Macedonian families and their experience of parent education. Journal of Special Education and Rehabilitation 2018; 19(3-4): 127-138. 
  2. Adebisi OR, Gomos YD. Attention deficit hyperactivity disorders in children with autism spectrum disorders: characteristics and reasons for vitamin-mineral intervention. Journal of Special Education and Rehabilitation 2018; 19(1-2): 40-57. 
  3. Gilic L. Homework accuracy to increase the academic repertoire of young children with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2016; 17(1-2): 85-100. 
  4. Nolcheva M, Trajkovski V. Exploratory study: stress, coping and support among parents of children with autism spectrum disorders. Journal of Special Education and Rehabilitation 2015; 16(3-4): 84-100. 
  5. Hott LB, Alreshed MF, Henry RH. Peer tutoring interventions for student with autism spectrum disorders: a meta – synthesis. Journal of Special Education and Rehabilitation 2014; 15(1-2): 109-121.
  6. Gulati S. Diagnostic and treatment options in autistic spectrum disorders – an overview. Journal of Special Education and Rehabilitation 2014; 15(1-2): 43-58.
  7. Williams LE, Casanova FM. Hyperlexia and dyslexia in autism: hitting a moving target. Journal of Special Education and Rehabilitation 2012; 13(3-4): 39-54. 
  8. Vasileva N. Diagnosis and therapy of motor disturbances in children with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 13, Issue 3-4, 2012.
  9. Head NC. Hill AD. Flores M. Case study on the implementation of a video story-based interventi-on with self-modeling treatment package to reduce stereotypical spitting behavior in a young girl with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 13, Issue 3-4, 2012.
  10. Stankova T. Trajkovski V. Attitudes and opinions of employers, employees and parents about the employment of people with autism in the Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 11,Issue 3-4, 2010.
  11. Mladenovska B. Trajkovski V. Opinions and attitudes of parents and students for sexual development, sexual behavior and gender identity of persons with autism in the Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 11,Issue 1-2, 2010.
  12. Preece D. Social care support services in england for children and adults with autism spectrum disorders and their families. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 9,Issue 3-4, 2008.
  13. Casanova FM. Mott M. The Neuropathology of Autism: A Selective Review. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 7,Issue 3-4, 2006.
  14. Trajkovski V. Vasilevska K. Ajdinski Lj. Spiroski M. Epidemiological characteristics of autism in Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 6, Issue 3-4, 2005.
  15. Kopachev D. Neuropsychological development dynamic approach in children with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 6, Issue 1-2, 2005.
  16. Spiroski M. Immunologycal approach to the diagnosis of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 6, Issue 1-2, 2005. 
  17. Ajdinski Lj. Condition, organization and directions in solving the problem of people with autism in the Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 6, Issue 1-2, 2005.
  18. Petrova V. Petrov R. Treatment of children with autism within the group of children with mental retardation. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 6, Issue 1-2, 2005.
  19. Lazarovska V. Dimitrovska Z. A presentation of a case of a child suffering from autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 6, Issue 1-2, 2005.
  20. Trajkovski EV. Inovations in therapy of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 5, Issue 3-4, 2004.
  21. Trajkovski V. Etiology of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 5, Issue 1-2, 2004.
  22. Kopachev D. Trajkovski V. Autism and tuberous sclerosis. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 4, Issue 3-4, 2000.
  23. Selakovikj M. Yeasts as a possible etiological factor of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 4, Issue 3-4, 2000.
  24. Simikj JN. Golubovikj S. Evalution of the communicative behaviour as a base for diagnosis and treatment planning of communicational impairments with children with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 4, Issue 3-4, 2000.
  25. Trajkovski V. Autism on the internet. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 4, Issue 3-4, 2000.
  26. Trajkovski V. Spiroski M. Imunodiagnostic and immunotherapy of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 4, Issue 1-2, 2000.
  27. Ajdinski Lj. Children with autism and how to organize their treatment in Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 3, Issue 3-4, 1999.
  28. Lakoski A. Genetic aspects of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation; Volume 1, Issue 2, 1997.
Поранешен главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

15 ЕКТС поени - 15.04.2019

Почитувани студенти,
Утре, 15.04.2019 година можете да дојдете да си ја завршите задачата за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10:00 до 11:30 часот. Користете ги овие термини што поскоро, затоа што нема да ги има многу до крајот на семестарот.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Saturday, April 13, 2019

Второ предавање Аутизам - 14.04.2019

Почитувани постдипломки,
Утре ќе се одржи второто предавање по предметот Аутизам со почеток во 09:30 часот. Ќе ви предавам за квантитативни генетски истражувања кај аутизмот, функционален геном, генетско советување, имуногенетика на аутизмот, автоимуна етиологија на аутизмот, алергии и аутизам, биохемиски и метаболни нарушувања кај аутизмот, невропатолошки и неврорадиолошки студии. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови за нештата да бидат појасни.









Предметен наставник

Литература за предметот Аутизам

Почитувани постдипломки,

Денес, започнуваме со предавањата по предметот Аутизам, па редно е да ви ја споделам литературата за да го подготвите предметот за полагање на испитот. Се разбира дека може да учите и од друга литертура, но треба да се концентрирате на програмските содржини кои ви се дадени преку испитните прашања.
  1. Трајковски В. Аутизам и первазивни развојни нарушувања. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2011. 
  2. Трајковски В. Аутизам. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2004. 
  3. Volkmar F. Handbook of Autism and Pervasive Developmental Disorders, Vol 1: Diagnosis, Development, Neurobiologyand Behavior (3rd Edition). John Wiley and SonsIncorporated, 2005.
  4. Whitman TL. The development of autism a self regulatory perspective. Jesica Kingsley Publishers. London and New York, 2004. 
  5. Shaw W. Biological Treatments for Autism and PDD. The Great Plains Laboratory, Inc; 2000. 
  6. Pangborn JB and Baker SM. Biomedical Assessment Options for Children with Autism and Related Problems. A Consensus Report of the Defeat Autism Now, October, 2002. 
  7. Glumbiћ N. Odrasle osobe sa autizmom. Grad, Kragujevac, 2006.
  8. Hall L.J. Autism Spectrum Disorders: From Theory to Practice. Prentice Hall, 2008.

















Предметен наставник

Friday, April 12, 2019

Прво предавање Аутизам - 13.04.2019

Почитувани постдипломки,
Утре ќе биде реализирано првото предавање по предметот Аутизам од втор циклус на студии со почеток во 09:30 часот. Ќе се запознаеме со содржините на предметот, принципите на студирање, историјат на аутизмот, дефиниција, класификација, епидемиологија и прв дел од генетика на аутизмот. Бидејќи нема да има доволно време да се прегледаат многу видео клипови предлагам да ги погледнете овде.







Предеметен наставник

Испитни прашања по предметот Аутизам

Почитувани постдипломки,
Како што веќе објавив утре започнуваме со предавањата по предметот Аутизам од втор циклус на студии и редно е да ви ги споделам испитните прашања, заради тоа што ќе треба веќе од утре да почнете со подготовка на испитот.

1.      Историјат
2.      Дефиниција на аутизмот
3.      Класификација на аутизмот
4.      Епидемиолошки карактеристики на аутизмот
5.      Морталитет кај лицата со аутизам
6.      Етиологија и патогенеза на аутизмот
7.      Генетика на аутизмот
8.      Истражувања на близнаци и фамилијарни студии
9.      Молекуларна генетика
10.  Цитогенетски студии
11.  Квантитативни генетски истражувања
12.  Функционален геном
13.  Генетско советување
14.  Имуногенетика на аутизмот
15.  Имунолошки нарушувања кај аутизмот
16.  Типови на имунолошка дефициентност што се среќаваат кај аутизмот
17.  Алергии и аутизам
18.  Биохемиски и метаболни нарушувања кај аутизмот
19.  Гастроинтестинални нарушувања кај аутизмот
20.  Оксидативен стрес, липидна перодиксација и дефицит на глутатионот кај аутизмот
21.  Нарушувања на минералите кај аутизмот
22.  Митохондријална дисфункција кај аутизмот
23.  Живата како етиолошки фактор
24.  Полибромирани дифенилни етери
25.  Етиолошката поврзаност на аутизмот со МПР вакцината
26.  Средински теории на раниот развој
27.  Неврохемиски теории
28.  Структурни теории
29.  Невропатолошки студии
30.  Миниколумнарна патологија
31.  Неврорадиолошки студии
32.  Клинички карактеристики на аутизмот
33.  Проблеми со сензорното процесирање
34.  Дисфункција на моториката
35.  Репетитивни, рестриктивни и стереотипни активности
36.  Дијагностика на аутизмот
37.  Имунодијагностика на аутизмот
38.  Дијагностички тестови со уште недокажана вредност
39.  Дефектолошка дијагностика
40.  Анализа на фецесот
41.  Процена на алергија на храна
42.  Интегритет на цревата и одредување на нивна пропустливост
43.  Испитувања на аминокиселинскиот статус
44.  Анализа на уринарните пептиди
45.  Анализа на органските киселини
46.  Анализа на содржината на масните киселини во клетката
47.  Анализа на минералите
48.  Диференцијална дијагноза
49.  Бихејвиорална терапија
50.  Едукација (TEACCH и Lovas програма)
51.  Вежбање на социјални вештини
52.  Логопедска терапија, психотерапија, музикотерапија
53.  Терапија со држење, дневна животна терапија, БИМ
54.  Медикаментозен третман
55.  Имунолошка терапија
56.  Хипербарична кислородна терапија
57.  Окупациона терапија, терапија со сензрона интеграција и АИТ
58.  Son-Rise програма
59.  Биомедицински третман
60.  Хелација
61.  Семејна поддршка
62.  Социјален исход, промена на когнитивните способности, образование
63.  Вработување на лицата со аутизам
64.  Сместување и згрижување
65.  Показатели на исходот
66.  Превенција на АСН
67.  Медицински состојби кај аутизмот
68.  Аутизам и сексуалност
69.  Аспергер синдром
70.  Рет синдром

Предметен наставник

Осмо предавање ХГ - 16.04.2019

Почитувани студенти,
Во вторник на 16.04.2019 година во редовниот термин ќе се одржи осмото предавање по предметот Хумана генетика. Ќе ви предавам за Пренатална дијагноза и Конгенитални малформации. Предлагам да ги погледнете следните видеоклипови кои и тоа како ќе ви помогнат во совладување на материјалот.














Предметен наставник

Две заменети предавања ХГ

Почитувани студенти,
Сакам и официјално да ве известам за промените во два термина предавања и вежби по предметот хумана генетика. Имено, на ваше барање за спојување на 30 април со двата големи празника ќе ви излезам пресрет и тоа предавање и вежби ќе ги одржам на 19 април во термин од 7:30 часот.
Заради мое службено патување во Холандија не сум во можност на 7 мај да го одржам предавањето и заради тоа го поместувам најверојатно за петок 17 мај во термин од 7:30 часот.
Предметен наставник

Monday, April 8, 2019

Аутизам предавања за постдипломци

Почитувани постдипломци,
Сакам да ве известам дека предавањата по предметот Аутизам од вториот циклус на студии ќе започнат следниов викенд на 13 и 14 април во слушална 11 на ФЗФ со почеток во 09:30 часот. Секој ден се предвидени по 4 академски часа со паузи. Предметот се реализира со вкупен фонд од 24 часа, што ќе значи дека до крајот на месец мај ќе треба да се видиме вкупно 6 пати. Предавањата се задолжителни за сите 11 новозапишани и презапишани постдипломци.

Со почит,
Предметен наставник

Saturday, April 6, 2019

Седмо предавање ХГ - 09.04.2019

Почитувани студенти,
Во вторник на 9 април во редовниот термин ќе се одржи седмото предавање по предметот Хумана генетика. Ќе биде предавано за генески мутации и за моногенски заболувања. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови за да немате така слаби резултати како на првиот колоквиум.














Предметен наставник

Friday, April 5, 2019

Резултати од првиот колоквиум МОИ - 05.04.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. Само една студентка го положи и една е пуштена условно. Другите, ајде да не зборувам јавно што мислам...

Reden broj
Broj na indeks
Bodovi
1.       
10084/17
21
2.       
24572/17
17 усл.
3.       
23316/14
13
4.       
8554/14
13
5.       
24093/16
13
6.       
24051/16
7.5
7.       
23164/13
6.5
8.       
8583/14
6.5
9.       
23532/14
5.5
10.   
8575/14
5.5
11.   
23764/15
4
12.   
8538/14
3
13.   
24081/16
3
14.   
9519/16
1.5
15.   
23731/15
0.5

Забелешка: колоквиумот се смета за положен со освоени најмалку 18 поени. Само една студентка е пуштена условно со 17 поени и таа на вториот треба да освои 19 за да се смета испитот за положен.

Предметен наставник