Sunday, May 26, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 27.05.2019

Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 27.05.2019 година во периодот од 10:30 до 12:00 часот да си ја завршите обврската за освојување на 15 ЕКТС поени. Ова најверојатно ќе биде и последниот ваков термин пред престојната јунска сесија. Кој нема освоено 15 ЕКТС поени нема да може да полага испит во јунската сесија.
Предметен наставник

Thursday, May 23, 2019

Публикации со дипломци и постдипломци

Почитувани колешки и колеги,

Еве најдов време да го постирам трудот објавен со колешката м-р Мери Нолчева под наслов: Exploratory Study: Stress, Coping and Support among Parents of Children with Autism Spectrum Disorders кој фактички беше дел од нејзината магистерска работа одбранета на нашиот институт во јуни 2015 година. Трудот е објавен во списанието Journal of Special Education and Rehabilitation. Се работи за солидна колешка, која моментно работи во Скопје и е член на МНЗА. Со оваа рубрика: Публикации со дипломци и постдипломци сакам да ги стимулирам сите млади колешки и колеги кои нешто работеле под мое менторство, а се` уште не објавиле труд, да се охрабрат и во најскоро време да го сторат тоа.

Коавторот

Tuesday, May 21, 2019

Список на освоени ЕКТС поени по ХГ - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Еве направив големи напори да ви ги соберам сите поени и да ги прегледам сите обработени трудови што ми ги дадовте деновиве. Само пет студентки го положија испитот преку колоквиуми. Две студентки имаа поени на граница. Ги почестив со по еден поен за да добијат повисоки оцени, бидејќи сметам дека ги заслужија. Честитки до сите пет студентки! Оцени ќе може да земат кога ќе има назначено термин за таа намена, а тоа ќе биде по 13 јуни.
Студентите што се означено во црвено имаат право на потпис, но немаат право да полагаат испит додека не освојат 15 ЕКТС поени. Доколку сакате да полагте ХГ во јуни треба уште утре да добиете задача и до понеделник да ја завршите.
Студентите што се во зелено немаат право на потпис и треба да преслушуваат следната година, или пак се вонредни студенти или се отпишале.
За да го отворите линкот треба да поседувате Микрософт Ексел програм. Кликнете на претходниов линк за да го симнете фајлот.

Предметен наставник

15 ЕКТС поени и консултации - 22.05.2019

Почитувани студенти,
Ве повикувам утре (среда) да си ја завршите обврската за освојување на 15 ЕКТС поени од 11:00 до 12:30 часот. Истиот термин може да се искористи за било каков друг вид на консултации.
Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум МОИ - 21.05.2019

Почитувани студентки,
Во прилог се реузлтатите од утринскиот втор колоквиум по предметот Медицински основи на инвалидноста. Од две стдуентки, само една го положи и тоа условно. Честитки до неа.

Reden broj
Broj na indeks
Bodovi
1.       
10084/17
17 условно
2.       
24572/17
15

Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум ХГ - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Во прилог се утринските резултати од вториот колоквиум по предметот Хумана генетика. Честитки до положените. Двајца студенти за жал не го положија колоквиумот.

Реден број
Број на индекс
Бодови
1.       
24604/18
27.5
2.       
10225/18
25
3.       
24626/18
24.5
4.       
24051/16
19
5.       
24627/18
19
6.       
24608/18
17.5 условно
7.       
23781
17 условно
8.       
24638/18
14.5
9.       
24543/17
10

Забелешка: студентките се пуштени условно со 17.5 и 17 поени заради тоа што на првиот колоквиум имаат повеќе од 18.5 и 19 поени, со што може да им се смета испитот за положен.

Предметен наставник

Потписи МОИ - 27.05.2019

Почитувани студенти,
Сите вие кои го имате презапишано предметот Медицински основи на инвалидноста ве поканувам во библиотеката на нашиот Институт во понеделник на 27.05.2019 година од 10:00 до 10:30 да дојдете по потпис. Ве молам строго да се придржувате до терминот, бидејќи од вторник одам на конгрес во Русија.
Предметен наставник

Monday, May 20, 2019

13-та седмица ХГ: Колоквиум, семинар, потписи - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Како што веќе објавив минатата седмица утре (вторник) со почеток во 08:00 часот ќе се одржат двата колоквиума по ХГ и МОИ во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Потребно е да бидете таму 5-10 минути порано.
Во 09:00 часот ќе стартува семинарот по ХГ на кој се пријавени 9 студенти и тоа ќе биде евидентирано како присуство за предавања.  Потребно е да бидете таму 5-10 минути порано.Доколку некој не дојде и доколку тоа му е трет минус, нема да добие потпис по ХГ. По завршување на семинарот, ќе бидете поделени во две групи и тоа ќе биде евидентирано во списокот за вежби. Да заклучам и утрешниот ден е официјален работен ден и се евидентира присуство за предавања и вежби.
Потребно е да носите практиукм ХГ со сите 13 потписи во него и секако индекс.
Довидување,
Предметен наставник

Friday, May 17, 2019

Список на поени за семинарски трудови - ХГ 2019

Почитувани студенти,
Во прилог е списокот на освоени поени за вашите семинарски трудови по предметот Хумана генетика. Доколку вкупниот збир на овие поени заедно со присуство на предавања и вежби не ви соодветсвува со бројот 15, тогаш сте должни да побарате задача од мене во најскор можен рок. Празните полиња означуваат дека тие студенти не предале семинарски труд.

Број на индекс Семинар
24633/18  
10205/18 6
10158/18 2
10168/18  
10139/18 3
24632/18 4
24677/18 7
24624/18 5
24619/18  
10199/18 6
24639/18 9
10145/18 4
24682/18  
10191/18  
10208/18  
24645/18 7
24607/18 4
10225/18 8
24608/18 6
24657/18 3
10209/18 4
10207/18 5
10202/18 8
24631/18 7
10189/18 5
24664/18 6
24649/18 5
24625/18 6
24928/18  
24603/18 7
24638/18 6
10121/18 5
10156/18 3
10170/18  
24651/18 6
10173/18 6
10206/18  
10200/18 8
10143/18  
24680/18 5
24604/18 7
10141/18  
24930/18 7
24626/18 8
10182/18  
10219/18  
24665/18 3
24650/18 3
10198/18  
24644/18 7
10151/18  
10185/18 3
10203/18  
24641/18  
10196/18  
24659/18 6
10152/18 3
24642/18  
10137/18  
24627/18 6
24560/17 7
10409/18 1
10204/18 5

Предметен наставник

Wednesday, May 15, 2019

Некои напомени за предметот Аутизам

Почитувани постдипломци,
Сакам да ви дадам некои напомени за полагањето на предметот Аутизам:

  • Потпис се добива само со редовно присуство на сите 6 предавања.
  • Испитот не може да го полагате без потпис и без завршена задача најмалку една седмица пред испитот.
  • Сите постдипломци треба да имате фотокопирано по 2 поглавја од учебникот на англиски јазик.
  • Подготвувањето на испитот не е лесно и едноставно и треба да се посвети многу време за учење, големо следење на литература за аутизам.
  • Ве молам не доаѓајте неподготвени на испит. Не прифаќам никави изговори, молења и слични недолични академски однесувања.
  • Не користете ургенции!
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

6-то предавање Аутизам - 16.05.2019

Почитувани постдипломци,
Последното 6-то предавање по предметот Аутизам од втор циклус студии за оваа генерација го закажувам за утре четврток 16.05.2019 година со почеток од 16:15 часот во слушална 11. Ќе ви предавам за вработување на лица со АСН, Аспергер синдром и Рет синдром. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови.








Предметен наставник

Tuesday, May 14, 2019

Дванаесетто предавање ХГ - 17.05.2019

Почитувани студенти од прва година,
Како што ви најавив денес, во петок на 17.05.2019 година ќе се одржи 12-тото предавање по ред и воедно последно по хумана генетика. Предавањето ќе почне во 7:30 часот, а вежбите ќе завршат во 12:30 часот. Ова предавање е замена за 7 мај кога заради посетата на папата беше прогласен неработен ден. Ќе стане збор за Генетика на аутизмот, Генетско своетување и Генотерапија. Поголеднете ги следните видеоклипови.







Предметен наставник

Наш труд цитиран во списанието Autism со ИФ - 3.906

Почитувани колешки и колеги,
Нашиот труд:
Preece, D., & Trajkovski, V. (2017). Parent education in autism spectrum disorder - A review of the literature. Croatian Review of Rehabilitation Research, 53, 118–128.
е цитиран во списанието Аутизам, со релативно добaр импакт фактор од 3.906.
Се работи за овој труд:

Parent Education and Training for autism spectrum disorders: Scoping the evidence
John-Joe Dawson-Squibb, Eugene L Davids, Ashley Harrison-Johnson, ...

First Published May 9, 2019 Review Article
https://doi.org/10.1177/1362361319841739

Abstract

Empowering families of children with autism spectrum disorder through education and training is best practice. A wide range of Parent Education and Training programmes are delivered around the globe, but there is limited knowledge about the characteristics of these programmes, or about the research methods and outcomes used to evaluate them, particularly in countries outside the United States. We, therefore, performed a scoping review of all peer-reviewed Parent Education and Training publications outside the United States. A search was conducted between March and May 2017. Four reviewers extracted data and performed a mixed-methods quality appraisal of publications. Thirty-seven publications representing 32 unique programmes were identified. Publications described a highly diverse range of Parent Education and Training programmes across 20 countries and all continents except South America. The majority were group-based, but varied significantly in goals, modalities and duration. The majority of studies (86.4%) reported positive outcomes in relation to the core study objectives and only two studies reported some negative findings. Quality appraisal rated only 27% of studies to have met all the methodological quality criteria. Implementation factors such as manualisation, fidelity and cost were commented on infrequently. In spite of the clear need for Parent Education and Training programmes, our findings show that the research evidence-base in autism spectrum disorder outside the United States is relatively small, non-representative and in need of methodological quality improvements.

Извор: https://journals.sagepub.com/doi/abs/10.1177/1362361319841739

Коавторот

Втори колоквиуми по ХГ и МОИ - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Сите вие кои ги положивте првите колоквиуми по Хумана гхнетика и Медицински основи на инвалидноста ве поканувам во лабораторијата на Педагошкиот факултет во вторник на 21 мај 2019 година во 08:00 часот. За да отпочне навремено колоквиумот потребно е да бидете десетина минути порано на местото на настанот.
Предметен наставник

Sunday, May 12, 2019

За мини симпозиумот во Холандија

Почитувани колешки и колеги, драги читатели,
Би сакал да се осврнам на мојата службена посета во Холандија неоптоварен со фактот дека тоа некого многу го интересира, туку да остане како мој автобиографски белег на овој блог. Имено од 7-11 мај 2019 година бев на службена посета кај сопствениците на Риатач академијата во Вурендал, Холандија поточно кај моите драги колеги и пријатели госпоѓа Паула Веркамп Бартоломеус и господин Фредерик Веркамп. Меѓудругите активности ги посетивме Somnium центарот за деца со аутизам и други развојни нарушувања каде што имаше една одлична поставеност на работите и третман на лицата со попреченост. Во рамките на социјалниот дел од посетата беше видена една многу стара пештера Kasteelruine ingang Haselderhof. Исто така беше посетено тромеѓието Холандија, Белгија и Германија во местото Ваалс, каде се наоѓа и највисоката точка во Холандија со околу 316 метри надморска височина. Многу високо место, нема што! :)
На 10 мај се одржа мини симпозиумот во организација на Риатач академијата каде присуствуваа 20-тина гости од разни стручни профили и риатач терапевти од Холандија. Јас имав задача да презентирам две теми и во прилог се презентациите на истите: Ментално здравствени проблеми кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања и Епигенетика на аутистичниот спектар на нарушувања. Слики од настанот може да се погледнат на следниот линк.
Било што ве интересира, само кликнете на горните линкови. Во оваа пригода сакам јавно да се заблагодарам на моите домаќини Паула и Фредерик основачите на Риатач фондацијата за нивната гостопримливост и грижа за мене.
Претседател на МНЗА

Единаесетто предавање ХГ - 14.05.2019

Почитувани студенти,
Во вторник во редовниот термин ќе се одржи единаесеттото предавање по предметот Хумана генетика за овој семестар. Ќе ви биде предавано за генетски аспекти на интелектуалната попреченост и генетски аспекти на миопатиите. Погледнете ги видеоклиповите кои ги илустрираат на најдобар можен начин предвидените теми. Има поставено 19 видеа и од нив само 2-3 да погледнете ќе ви биде од корист.




















Предметен наставник

15 ЕКТС поени и консултации - 13.05.2019

Почитувани студенти,
Утре, 13.05.2019 година ќе има термин за 15 ЕКТС поени и за консултации во периодот од 10:00 до 11:30 часот. Уште еднаш ви напоменувам дека до 23.05.2019 година треба да ги завршите сите задачи за 15 ЕКТС поени доколку сакате да полагате во јунската сесија. Ова важи за студентите од двата института, за актуелните студенти од прва година и за сите презапишани, за редовните и за вонредните студенти.
Предметен наставник

Sunday, May 5, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 06.05.2019

Почитувани студенти,
Утре, 06.05.2019 година ќе има термин за 15 ЕКТС поени и за консултации во периодот од 10:00 до 11:30 часот. Имено ова е еден последните 2-3 пред јунската сесија. Ви напоменувам дека до 23.05.2019 година треба да ги завршите сите задачи за 15 ЕКТС поени доколку сакате да полагате во јунската сесија. Ова важи за студентите од двата института, за актуелните студенти од прва година и за сите презапишани, за редовните и за вонредните студенти.
Предметен наставник

Saturday, May 4, 2019

1 година ЈРТДД онлајн

Драги читатели,

Имам особено задоволство да ве известам дека денес 4 мај се навршува една година од списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Денес го славиме првиот роденден. Се надевам дека ги задоволивме вашите вкусови. Предлагам да ја погледнете статистиката на списанието низ следните бројки: 
  • Објавени се 14 трудови, во два посебни броја за 2018 година, 
  • Авторите доаѓаат од девет држави: Холандија, Индија Бразил, Полска, Тајван, САД, Ирска, Русија и Македонија. 
  • Околу 80.000 посети на веб страницата, 
  • Стапката на одбиени трудови е 50%, 
  • Најчитан труд е: A COMPARISON BETWEEN ELECTRONIC AND PRINTED JOURNALS 400 пати, 
  • Најсимнуван труд е: Most downloaded article Effectiveness of reattach therapy in management of emotional dysregulation with OCPD, PTSD, anxiety and stress in young adults со PDF (106 downloads)
  • Околу 100.000 испратени електронски пошти на потенцијалните автори, рецензенти и помеѓу членовите на издавачката канцеларија, 
  • Списанието е индексирано во 8 databases
  • Стотици постови на социјалните медиуми: Facebook, Twitter, LinkedIn и блогот на списанието. 
Овде би сакал да се заблагодарам на изадавачите ReAttach International Foundation од Холандија д-р Paula Weerkamp Bartholemeus и г-дин Frederik Weerkamp за нивното инвестирање и довербата во издавачката канцеларија, на господин Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев нашиот веб администратор за илјадниците вложени часови на изградба на веб страницата JRTDD online, на госпоѓицата Андреа Ивановска нашата техничка секретарка и на сите автори, членови на уредувачкиот одбор и рецензенти кои придонесоа за издавањето на првите два броја.Нека е на здравје,

Главен и договорен уредник на ЈРТДД


Thursday, May 2, 2019

Петто предавање Аутизам - 03.05.2019

Почитувани постдипломци,
Утре, петок 03.05.2019 година во 16:15 часот ќе се оддржи петтото предавање по предметот Аутизам. Ќе стане збор за структурни теории во настанокот на аутизмот, биомедицински анализи и третман, вработување на лица со аутизам. Присуството е задолжително за сите постдипломци.
Погледнете неколку видео клипови.






Предметен наставник

Wednesday, May 1, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 02.05.2019

Почитувани студенти,
Утре, 02.05.2019 година ќе им кус термин за 15 ЕКТС поени и за консултации во периодот од 15:30 до 16:00 часот. 
Предметен наставник