Saturday, May 30, 2020

Вонредна вест - јунска сесија 2020

Почитувани студенти,
Како што гледате работите со Ковид-19 се комплицираат и во последните денови бројот на инфицирани и заболени расте. Ние професорите ќе дадеме термини, но не можеме да предвидиме како ќе се одвиваат работите по 15.06.2020 кога е планирана првата декада од јунската сесија. За оние што се плашат од корона вирусот, што не можат да патуваат со јавен транспорт, што немаат сместување во Скопје, што сметаат дека 40 минути за 40 прашања се малку им нудам устно полагање на испитот преку платформата Мајкрософт Тимс. За да се оствари тоа ќе треба да имате функционална камера и микрофон и да бидете подговтвени да одговарате 30-40 минути на 3 главни прашања и по потреба уште неколку потпрашања од целиот материјал. Сите вие што ќе се одлучите за оваа опција на устно полагање веднаш да ми се пријавите преку е-пошта и во тој случај воопшто да не се пријавувате на оние заеднички списоци за писмено полагање. Ако сте се пријавиле за писмено задолжително да се отпишете. Не е добро да има двојна евиденција. Кога ќе се пријавувате задолжително да го напишете и бројот на индексот. За сите останати што ќе полагаат писмено рокот на доставување на списоците по декади и по предмети е 1 јуни во 12:00 часот на пладне. Устните испити што ќе се полагаат онлајн ќе се реализираат веднаш во деновите по писмените. Дополнителни информации во врска со датумите и некои други напомени ќе бидат споделени дополнително на овој блог. Факлутетот и јас како предметен наставник го задржуваме правото за откажување на писменото полагање во случај на влошување на ситуацијата со болеста Ковид-19 во Македонија.
Во благодарам на разбирањето!
Предметен наставник

Tuesday, May 26, 2020

Јунска сесија -2020

Почитувани студенти,
Се ближи јунската сесија, потребно е да се прави распоред на простории во кои за 5-6 пати ќе биде редуциран бројот на студенти што може да полагаат. Сесијата ќе започне на 15 јуни, а ќе трае максимум до 15 јули. По моите предмети првата декада ќе биде најверојатно на 15 и 16 јуни, а втората декада на 30 јуни и 1 јули. За да се направи добар распоред во групи потребно е уште од сега да се организираме и да ми дадете точни списоци кој студент во која декада ќе полага и кој предмет ќе го полага. За таа цел ги задолжувам следните студенти да си ги консултираат своите колеги и колешки и најдоцна до понеделник 1 јуни да ми достават список во Ворд фајл, во посебни табели секој предмет и посебно по декади. Во списокот задолжително да има име, презиме и број на индекс.
  • За актуелната прва година на ИСЕР се задолжува студентката 24974/19
  • За втора година на ИСЕР се задолжува студентката 10121/18
  • За трета година на ИСЕР се задолжува студентката 10074/17
  • За четврта година на ИСЕР се задолжува студентката 9466/16
  • За генерација запишани 2015 година се задолжува студентката 9142/15
  • За генерација запишани 2014 година се задолжува студентката 23315/14
  • За повозрасни генерации на ИСЕР се задолжува студентката 7896/12
За студентите од Институтот за психологија по предметот ХГФ
  • За актуелната прва година се задолжува студентката 10251/19
  • За актуелната втора година се задолжува студентката 10160/18
Студентите кои нема да бидат навремено пријавени, нема да може да им се обезбеди простор во редовната сесија и ризикуваат да не можат да полагаат. Исто така сите кои не доставија задачи за 15 ЕКТС поени до 25 мај нема да можат да полагаат во престојната сесија.
Во очекување на вашите списоци, примете колегијални поздрави.
Предметен наставник

Список на вкупен број на ЕКТС поени по ХГ - 26.05.2020

Почитувани студенти,
Како што знаете заради КОВИД-19 за прв пат нема да бидам во можност поради неодржување на колоквиумите да дадам оцена на најактивните студенти пред да започне сесијата. Но, затоа еве ја збирната табела на сите поени освоени по други основи. Потписот ќе го добиете по административен пат како што напомнав на крајот од денешниот студентски вебинар. Ако смета некој/а студент/ка дека е оштетен/а, слободно нека ми пише е-пошта и нека каже за која рубрика се работи и што му недостасува од поените. Иако, сметам дека такви пропусти обично не правам. Списокот можете да го сименте од следниот ЛИНК.
Учете за јунска сесија!


Предметен наставник

7 вебинар: Проблеми во исхрана и спиење кај децата со АСН

Драги родители на деца со АСН, почитувани колешки и колеги,

Би сакал да ве поканам на мојот седми вебинар што ќе го одржам во последните 2,5 месеци, а чевртиот вебинар на МНЗА што ќе се одржи во четврток на 28 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Вебинар е со наслов: „Проблеми во исхрана и спиење кај децата со АСН“, а ќе го реализира мојата маленкост. Модератор ќе биде Андреа Ивановска, студентка на Институтот за психологија, при ФЗФ Скопје.
Вебинарот е наменет пред се` за родители, а потоа и за специјалните едукатори и рехабилитатори, психолозите, наставниците, студентите и сите кои се заинтересирани за оваа област.
Повелете регистрирајте се на Zoom додека има места.


Претседател на МНЗА

Sunday, May 24, 2020

Студентски вебинар по Хумана генетика - 26.05.2020

Почитувани студенти,
Го закажувам Студентскиот вебинар по предметот Хумана генетика во 11:00 часот на 26.05.2020 година на платформата на Мајкрософт Тимс. Се пријавија 10 студентки кои ќе имаат по 10 минути за презентација. На вебинарот се разбира дека сите вие ќе можете да прашувате или дискутирате, за да биде поинтересно. Претходно е потребно да си ги проверите вашите микрофони и камери дали ви работат. Вашите презентации ќе се ценат од 1 до 5 поени. Вебинарот е задолжителен за сите студенти од прва година, а за студентите кои имаат земено потпис минатата година присуството е по лична желба. На презентерите им посакувам многу среќа и добивање на максимален број на поени. Со овој вебинар го заокружуваме предметот Хумана генетика, вториот семестар и академската 2019/2020 година на мошне невообичаен начин. Беа реализирани 4 предавања и вежби во живо и 10 со онлајн настава. Во вторник е 15-тата седмица од семестарот и со тоа извлековме максимален број на седмици што може да ги има еден семестар. Во јуни, се надевам во живо, ве чекаат испити, каде што ќе мораме да бидеме многу внимателни и да го сочуваме нашето здравје.


Предметен наставник

Friday, May 22, 2020

Честитка од претседателот до членовите на МНЗА по повод 20 години од основањето

Почитувани членови на МНЗА,

Со особена гордост и задоволство сакам да ви го честитам јубилејот 20 години МНЗА. Некои од вас се покусо во здружението, други пак подолго, а трети од самото основање. Сите вие имате некаков придонес во брендот наречен МНЗА. Изминатите години се соочувавме со многу тешкотии, понекогаш имавме и блокади во работењето, но никогаш не се откажавме од желбата да помогнеме на децата и лицата со аутистичен спектар на нарушувања и нивните семејства. Секогаш водилка ни беше искуствата да ги преточиме во наука, да напишеме труд повеќе, да одработиме коректно во меѓународните проекти и да се носиме рамноправно со сите странски партнери кои доаѓаа од многу побогати и поразвиени европски земји. Организиравме стручни и научни собири, анимиравме голема популација на граѓани, секогаш ги вклучувавме студентите (македонската иднина) во нашите активности. Се обидувавме да ги сензитивизираме надлежните авторитети во државата за овој горлив проблем, иако морам да признаам дека оваа задача најтешко ја реализиравме заради слабиот интерес кај нив да се фатат во костец со решавање на проблемите кои ги имаат семејствата на децата со АСН. Секако, повеќе беа миговите исполнети со радост и задоволство од постигнатите резултати во нашите дејствија. Сите наши активности се обидовме да ги прикажеме во триминутно видео кое технички го подготви студентката Андреа Ивановска од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Предлагам видеото да го погледнете на следниот ЛИНК.
Како што добро знаете јубилејот 20 години постоење на МНЗА требаше да го прославиме со голема конференција што требаше да се одржи од 29-31 мај во хотелот Арка, а во заедничка организација со нашите партнери „Фондацијата за риатач терапија“ од Холандија, но пандемијата со болеста Ковид-19 не` спречи во тие намери. Требаше да имаме преку 150 гости од земјата и од 20-тина европски држави, азиски држави и САД. Заради тоа преминавме на интернет кампања за да можеме достојно да го чествуваме овој јубилеј. Имено, кампањата секојдневно се спроведува на блогот на МНЗА, на официјалните Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм профили на здружението.
Ние, членовите на МНЗА треба да продолжиме да работиме на откривање нови случаи со аутизам во РМ, да креираме нови проекти, да пишуваме научни трудови, да помагаме на родителите и секако на децата и лицата со АСН, во насока на подобрување на квалитетот на живеење на овие семејства. Пред нас имаме многу пат за доодување и со заеднички сили можеме да се избориме за подобра утрешнина на оваа категорија граѓани во Македонија.
Примете ги моите најискрени честитки и желби за добро здравје во периодот кој престои, а нема да биде нималку лесен од здравствен аспект.
Со должна почит,
Претседател на МНЗА


Monday, May 18, 2020

14-то предавање ХГ - 19.05.2020

Почитувани студенти,
Во вторник на 19.05.2020, 14-то бунус предавање по Хумана генетика ќе се одржи на платформата Микрософт Тимс со почеток во 08:30 часот. Ве очекувам сите што го имате запишано предметот во летниот семестар во 2020 година.
Предметен наставник

Friday, May 15, 2020

Во научен одбор на онлајн конференција во Полска

Почитувани читатели,
Со задоволство сакам да ве информирам дека сум поканет од проф. д-р Јоана Косевска (моја долгогодишна соработничка) да бидам член на научниот одбор на Научно-практичната конференција: „Фокус на аутизмот во инклузивната едукација“ што ќе се одржи онлајн, а е во организација на Педагошкиот универзитет од Краков и Универзитетот во Нортхемптон од Велика Британија. Покрај учеството во научниот одбор, имам и презентација на труд која вчера ја предадов во програмот Power Point со нарација. Сите трудови и презентации ќе бидат објавени на веб страницата од 8 до 28 јуни, така што секој од вас ќе може да ги посети.
Претседател на МНЗА

Wednesday, May 13, 2020

15 ЕКТС поени како услов за јунска сесија

Почитувани студенти,
Поради пандемијата со Ковид-19 не може нормално да се одвиваат активностите околу одоговарање за 15 ЕКТС поени. Тоа малку ви ја олесни работата бидејќи не морате устно да ги браните вашите задачи. Но, сето она што ви е дадено претходно како задача, а истото се однесува и за актуелниот предмет Хумана генетика што го слушаат студентите од прва година, ќе мора да се заврши до 25 мај. Сите семинарски трудови, интернет ресурси, обработка на трудови вие што сте вонредни студенти или вие што сте редовни студенти и што сте ги слушале моите предмети во претходните семестри, а ви недостасувале 15 ЕКТС поени, ќе мора да ги испратите по електронска пошта. Во јунската сесија нема да може да полага ниту еден студент што нема освоено 15 ЕКТС поени по дотичниот предмет. Исто така, сите што ќе ми пратат по овој рок, нема да може да полагаат во јунската сесија.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник

Tuesday, May 12, 2020

Etiology of Autism Spectrum Disorders and Autistic Traits Over Time

Taylor MJ, Rosenqvist MA, Larsson H, et al. Etiology of Autism Spectrum Disorders and Autistic Traits Over Time. JAMA Psychiatry. Published online May 06, 2020. doi:10.1001/jamapsychiatry.2020.0680

Abstract
Importance The frequency with which autism spectrum disorders (ASDs) are diagnosed has shown a marked increase in recent years. One suggestion is that this is partly because of secular changes in the environment, yet to our knowledge this hypothesis lacks evidence.
Objective To assess whether the relative importance of genetic and environmental associations with ASD and autistic traits has changed over a 16-year and 26-year period.
Design, Setting, and Participants A twin design was used to assess whether the heritability of ASD and autistic traits has changed over time. Data from 2 nationwide Swedish twin cohorts was used: the Swedish Twin Registry (STR; participants born between January 1982 and December 2008) and the Child and Adolescent Twin Study in Sweden (CATSS; participants born between January 1992 and December 2008). Autism spectrum disorder diagnoses were identified for twins in the STR, with follow-up to 2013. Questionnaires assigned screening diagnoses of ASD to CATSS participants and assessed autistic traits. Analyses were performed from September 1, 2018, to March 31, 2019.
Exposures Each sample was divided into several birth cohorts covering 1982 to 1991 (for the STR only), 1992-1995, 1996-1999, 2000-2003, and 2004-2008.
Outcomes We assessed whether the genetic and environment variance underlying autistic traits changed across birth cohorts and examined whether the relative contribution of genetics and environment to liability for autism changed across birth cohorts.
Results Data were available for 22 678 twin pairs (5922 female same-sex pairs [26.1%], 5563 male same-sex pairs [24.5%], and 11193 opposite-sex pairs [49.4%]) in the STR and 15 280 pairs (4880 female same-sex pairs [31.9%], 5092 male same-sex pairs [33.3%], and 5308 opposite-sex pairs [34.7%]) in CATSS. The heritability of ASD diagnoses in the STR ranged from 0.88 (95% CI, 0.74-0.96) to 0.97 (95% CI, 0.89-0.99). The heritability of screening diagnoses in CATSS varied from 0.75 (95% CI, 0.58-0.87) to 0.93 (95% CI, 0.84-0.98). Autistic traits showed a modest variance increase over time that was associated with increases in genetic and environmental variance, with the total variance increasing from 0.95 (95% CI, 0.92-0.98) to 1.17 (95% CI, 1.13-1.21) over time.
Conclusions and Relevance Weak evidence was found for changes in the genetic and environmental factors underlying ASD and autistic traits over time. Genetic factors played a consistently larger role than environmental factors. Environmental factors are thus unlikely to explain the increase in the prevalence of ASD.

Source: JAMA Psychiatry doi:10.1001/jamapsychiatry.2020.0680

Monday, May 11, 2020

ЧЛЕНСТВА ВО РЕДАКЦИСКИ ОДБОРИ НА СПИСАНИЈА

Почитувани колешки и колеги,
Вчера нешто чепкав по документите во компјутерот и увидов дека немам креирано посебен фајл за моите учества во редакциските одбори или консултант на уредникот во разни странски списанија. Потрошив малку време и кога видов, списокот воопшто не е за потценување. Многу од тие учества се завршени и пишува датум на нив, но сето тоа ми даваше неопходно искуство и калење во научното издаваштво. Неколку од нив се се` уште актуелни. Па еве решив да ги споделам со посетителите на овој блог, а и да ми останат како убав спомен.
  1. Октомври 1999 - Октомври 2001 Заменик претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофски факултет.
  2. Јули 2000 - Одговорен уредник на Зборникот на апстракти од трудовите презентирани на Студентскиот дефектолошки семинар.
  3. Јуни 2003 – главен и одговорен уредник на зборникот на абстракти на конференцијата 10 години студии по дефектологија во Македонија.
  4. Септември 2004 до Ноември 2008 – Заменик уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  5. Октомври 2004 – Октомври 2016 – Консултант на уредникот на списанието Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities.
  6. Ноември 2006 – Декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Бугарското списание за комуникациски нарушувања
  7. Јуни 2007- Декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Хрватската ревија за рехабилитациски истражувања
  8. Октомври 2008 – Член на редакцискиот одбор на зборникот на резимеа: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционални­от третман на децата со посебни образовни потреби“.
  9. Ноември 2008 – септември 2017 – Главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  10. Септември 2011 – Септември 2016 – Консултант на уредникот на списанието Insights on Learning Disabilities.
  11. Јануари 2013 – член на советодавниот одбор на списанието за наука и технологија со отворен пристап.
  12. Август 2013 – Декември 2017 сениор уредник на Journal of Evolution of Medical and Dental Sciences.
  13. Ноември 2014 – член на редакцискиот одбор на Белградска дефектолошка школа.
  14. Јануари 2015 – член на редакцискиот одбор на списанието HUMAN.
  15. Јануари 2015 – Декември 2018 – член на редакцискиот одбор на списанието International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE).
  16. 26 април 2018 – Главен и одговорен уредник на списанието “Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities”.

Главен и одговорен уредник на ЈРТДД


Evidence that Vitamin D Supplementation Could Reduce Risk of Influenza and COVID-19 Infections and Deaths

William B. Grant1,* , Henry Lahore 2, Sharon L. McDonnell 3, Carole A. Baggerly3 ,
Christine B. French
3 , Jennifer L. Aliano 3 and Harjit P. Bhattoa 4

Abstract

The world is in the grip of the COVID-19 pandemic. Public health measures that can reduce the risk of infection and death in addition to quarantines are desperately needed. This article reviews the roles of vitamin D in reducing the risk of respiratory tract infections, knowledge about the epidemiology of influenza and COVID-19, and how vitamin D supplementation might be a useful measure to reduce  risk. Through several mechanisms, vitamin D can reduce risk of infections.
Those mechanisms include inducing cathelicidins and defensins that can lower viral replication rates and reducing concentrations of pro-inflammatory cytokines that produce the inflammation that injures the lining of the lungs, leading to pneumonia, as well as increasing concentrations of anti-inflammatory cytokines. Several observational studies and clinical trials reported that vitamin D supplementation reduced the risk of influenza, whereas others did not. Evidence supporting the role
of vitamin D in reducing risk of COVID-19 includes that the outbreak occurred in winter, a time when 25-hydroxyvitamin D (25(OH)D) concentrations are lowest; that the number of cases in the Southern Hemisphere near the end of summer are low; that vitamin D deficiency has been found to contribute to acute respiratory distress syndrome; and that case-fatality rates increase with age and with chronic disease comorbidity, both of which are associated with lower 25(OH)D concentration. To reduce the risk of infection, it is recommended that people at risk of influenza and/or COVID-19 consider taking 10,000 IU/d of vitamin D3 for a few weeks to rapidly raise 25(OH)D concentrations, followed by 5000 IU/d. The goal should be to raise 25(OH)D concentrations above 40–60 ng/mL (100–150 nmol/L).
For treatment of people who become infected with COVID-19, higher vitamin D3 doses might be
useful. Randomized controlled trials and large population studies should be conducted to evaluate
these recommendations.

Keywords: acute respiratory distress syndrome (ARDS); ascorbic acid; cathelicidin; coronavirus;
COVID-19; cytokine storm; influenza; observational; pneumonia; prevention; respiratory tract
infection; solar radiation; treatment; UVB; vitamin C; vitamin D.

Source: www.mdpi.com/journal/nutrients 

Sunday, May 10, 2020

13-то предавање ХГ - 12.05.2020

Почитувани студенти,
Во вторник на 12.05.2020, 13-то предавање по Хумана генетика ќе се одржи на платформата Микрософт Тимс со почеток во 08:30 часот. Ве очекувам сите што го имате запишано предметот во летниот семестар во 2020 година.
Предметен наставник

Friday, May 8, 2020

Видео од првиот вебинар на МНЗА за сензорната пречувствителност и аутизмот

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН
Би сакал да се заблагодарам на сите вас што вчера не` следевте преку програмот Zoom, а за сите останати кои не беа во можност да го обезбедам видеото овде. Првиот вебинар носеше наслов: „Сензорна пречувствителност кај лица со аутистичен спектар на нарушувања“ и се реализираше во рамките на АСП проектот што го раководи МНЗА со финансиска поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија. Презентер бев јас, а модератор потпретседателката на МНЗА. Од неразбирливи причини вебинарот вчера не одеше во живо на Јутјуб, иако МНЗА плати професионална верзија на Zoom. Но, еве сега го надополнуваме тој пропуст. Погледајте го вебинарот и дознајте повеќе за оваа проблематика. Пријавувајте се во неделите за следните вебинари и следете ги нашите социјални медиуми на Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Линкедин и секако блогот на МНЗА.


Претседател на МНЗА

Wednesday, May 6, 2020

Прв вебинар МНЗА: Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар

Почитувани колешки и колеги,

Имам особено задоволство да ве поканам на првиот вебинар на МНЗА што ќе се одржи утре четврток на 7 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата 9 вебинари што ќе ги одржат членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на проектот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Првиот вебинар инаку мој шести по ред во период од 1,5 месец е со наслов: „Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар на нарушувања“, а ќе го модерира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА.
Вебинарот ќе се реализира преку професионалната верзија на платформата Zoom и бројот на сите предвидени учесници се потполни за неполни 48 часа, но затоа имаме и алтернативни решенија, а тоа е прикажување во живо преку Фејсбук страницата на МНЗА и официјалниот Јутјуб канал на МНЗА.
Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите други лица кои се заинтересирани за оваа област.
Искрено се надеваме дека ќе најдете 1,5-2 часа време да не` следите и дека тоа време нема да ви биде залудно потрошено. Во текот на вебинарот ќе можете да поставувате прашања на ѕидот на платформите кои се гореспоменати.

Претседател на МНЗА


Monday, May 4, 2020

12-то предавање ХГ - 05.05.2020

Почитувани студенти,
Утрешното 12-то предавање по Хумана генетика ќе се одржи на платформата Микрософт Тимс со почеток во 08:30 часот. Ве очекувам сите што го имате запишано предметот во летниот семестар во 2020 година.
Предметен наставник