Почитувани постдипломци,
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Wednesday, May 29, 2024
Термини за полагање испити од втор циклус на студии - јуни 2024
Tuesday, May 28, 2024
Список на освоени поени по ХГ - 2024
Почитувани студенти,
Ја споделувам финалната листа на освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика. Честитки за двете студентки што го положија испитот преку колоквиум. Студентите што се во црвено доколку не добиле задача, веднаш да ја земат и да ја достават најдоцна до петок 31 мај, доколку сакаат да полагаат во јунската сесија. Стидентите што се во зелено или немаат право на потпис, или се вонредни, или се откажале од студирање. Вонредните студенти што имаат само доставено задачи, а без притоа да одговораат, не им се смета за целосно завршена работа и не можат да полгаат испит, без усно да ги одбранат задачите. Да ги потсетам утре од 11:00 до 12:00 има таков термин.
Предметен наставник
Sunday, May 26, 2024
Анкета за полагање испити во летната сесија - јуни 2024
Почитувани студенти,
Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во летната сесија која треба да ја пополните сите што планирате да полагате. Ве молам без менување на декади во последен момент. Потребно е да ви бидат пријавении електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:
- Хумана генетика и физиологија
- Физиологија со функционална анатомија
- Хумана генетика
- Медицински основи на инвалидноста
Потписи и 15 ЕКТС поени - 29.05.2024
Почитувани студенти,
Сите вие кои ги имате презапипано моите предмети во овој семестар и сте оствариле право на потпис во изминатите генерации, ве поканувам во среда на 29 мај од 8 до 10 часот да ги оставите индексите во посебна кутија во библиотеката на ИСЕР. Јас ќе потпишувам од 10 до 11 часот. Доколку не можете токму тој ден да дојдете, тогаш било кој ден оставете ги индексите таму и чекајте да ви ги потпишам во некој од наредните денови.
Во периодот од 11 до 12 часот може да се дојде да се одговара за 15 ЕКТС поени. Вакви термини до почетокот на сесијата може воопшто да нема, или најмногу ако има само уште еден. Не искористивте толку шанси во април и мај... Повторувам без освоени 15 ЕКТС поени по било кој од моите предмети, не може да се полага испитот.
Предметен наставник
Saturday, May 25, 2024
14 седмица ХГ - 28.05.2024
Почитувани студенти,
Во вторник на 28 мај е последниот час по Хумана генетика за оваа академска година. Ви го проследувам распоредот. Започнуваме во 8:00 со семинарот по ХГ. Вие сите треба да сте најмалку дестина минути порано пред Лабораторијата. Студентките што ќе презентираат треба да ги прикачат презентациите во Power Point на следниот ЛИНК. Рок за прикачување е 26 мај до 23:59 часот. Покрај тоа треба да ги носат на УСБ за секој случај.
По семинарот се делите во две групи за добивање потпис. Задолжително да се носи Практикум по ХГ со сите потписи и индекс.
По завршувањето на потписите, остануваат студентите што треба да полагаат втор колоквиум ХГ и МОИ и оние за одговарање за поени. Тоа би било некаде во периодот меѓу 10:00 и 10:30 часот.
Предметен наставник
Wednesday, May 22, 2024
Кон трибината за аутизам во Охрид
Почитувани колешки и колеги,
Како што веќе објавив во саботата на 18 мај МНЗА беше соорганизатор на трибината: Аутизмот во Македонија „лет во место“ или прогрес, што се одржа во Општина Охрид. Салата во Општината беше исполнета до последното место. Главен организатор беше колешката дефектолог од Охрид - Александра Сабрас Апостолова, која од организациски аспект добро си ја заврши задачата. Сакам да и упатам благодарност за интересот да организраме ваков настан по втор пат во Охрид во последните 8 години. Собирот со пригодни зборови го поздрави Заменик Градоначлникот на Охрид г-дин Перчо Божиновски. На трибината присуствуваа родители на деца со АСН, специјални едукатори и рехабилитатори, доктори по медицина, психолози, наставници главно од Охрид, но имаше гости и од Струга, Битола и Кичево. На крајот имаше плодна расправа. Би сакал да останат овде на едно место сите видео презентации.
Wednesday, May 15, 2024
15 ЕКТС поени - 16.05.2024
Почитувани студенти,
Сите што треба да одговарате за 15 ЕКТС поени, ве поканувам утре четврток, 16 мај од 11:00 до 12:00 во мојот кабинет. Ова е четврти ваков термин. Нема да има уште многу. Почитувајте го времето.
Предметен наставник
Tuesday, May 14, 2024
Борбата за името Македонија продолжува
Почитувани пријателки и пријатели,
Во неколку наврати имам кажано дека секој интелектуалец треба да ја води борбата на свој начин и дека ние како Македонци имаме право на самоопределување, а другите треба тоа да го почитуваат. Во петокот на 10 мај во вечерните часови ја добив следната е-пошта. Името на испраќачот воопшто не е битно.
Wednesday, May 8, 2024
15 ЕКТС поени - 09.05.2024
Почитувани студенти,
Сите што треба да одговарате за 15 ЕКТС поени, ве поканувам утре четврток, 9 мај од 10:00 до 11:00 во мојот кабинет. До крајот на семестарот уште најмногу два вакви термина. Почитувајте го времето.
Предметен наставник
Tuesday, May 7, 2024
Список на освоени ЕКТС поени по ХГ - прелиминарна листа
Почитувани студенти од ИСЕР,
На следниот ЛИНК можете да ја најдете прелиминарната листа на освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика со датум 07.05.2024 година. Сите вие си знаете по колку минуси имате на предавања и вежби, па така можете одма да побарате задача ако ви недостасуваат поени. Да повторам дека на предавања се дозволени најмногу 2 минуса, на вежби исто така најмногу два минуса. Тие што имаат повеќе од ова, нема да добијат потпис и нема потреба да бараат дополнителни задачи. Следното освојување на поени за вонредните студенти и оние од минатите генерации ќе биде задутре во четврток, за што утре дополнително ќе ве известам.
Предметен наставник
Monday, May 6, 2024
11. предавање ХГ - 07.05.2024
Почитувани студенти,
Поради тоа што утрешниот ден се наоѓа меѓу празник и ден за избори, а од друга страна многумина од вас се од внатрешноста на Македонија, решив 11. предавање и вежби по Хумана генетика да ги одржам онлајн на Мајкрософт Тимс. Бидете утре онлајн десетина минути пред 8:00 часот.
Честит Велигден и Ѓурѓовден!
Предметен наставник
Saturday, May 4, 2024
JHRS Call for papers Vol. 3, No. 1, 2024
Respected colleagues,