- Овозможува пренос на нервни импулси низ целиот нервен систем.
- Го овозможува комуницирањето меѓу мозокот и мускулите (волни и неволни движења).
- Ја овозможува комуникацијата меѓу невроните преку синапси (на крајот од аксонот се ослободуваат невротрансмитери).
- Основа е на мислењето, чувството, движењето и перцепцијата.
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Wednesday, November 5, 2025
Акциски потенцијал
Tuesday, November 4, 2025
Натриум-калиумова пумпа
- Во внатрешноста на клетката се врзуваат три Na⁺ јони на пумпата.
- Пумпата користи една молекула АТП, која се разградува на АДФ + фосфат, ослободувајќи енергија.
- Со оваа енергија, пумпата ги изфрла трите Na⁺ јони надвор од клетката.
- Потоа на надворешната страна се врзуваат два K⁺ јони, кои пумпата ги враќа во внатрешноста на клетката.
- Во внатрешноста на клетката има помалку Na⁺ и повеќе K⁺,
- Надворешно има повеќе Na⁺ и помалку K⁺,
- Ова создава негативен мембрански потенцијал и услови за генерирање на акциски потенцијал кај нервните и мускулните клетки.
- Одржување на мембрански потенцијал во мирување (околу –70 mV);
- Спречување на отекување на клетките (регулација на осмозата);
- Овозможување правилно спроведување на нервните импулси и мускулна контракција;
- Создавање на јонски градиенти потребни за вторичен активен транспорт (на пример, внес на глукоза преку Na⁺-симпорт).
Thursday, October 16, 2025
Пополнување на прашалник и форум за AI по предметот ФФА
Почитувани студенти,
Денес зборувавме за употребата AI по предметот Физиологија со функционална анатомија. Ве молам погледнете ги AI агентите. Потоа најучтиво ве замолувам да ги пополните:Прашалникот
и да направите
Рецензија на форумот
Пополнувањето на Прашалникот и Рецензијата на форумот се задолжителни бидејќи се дел од процесот за АИ учење на Филозофскиот факултет во Скопје.
Tuesday, October 14, 2025
ATTENTION AND CONCENTRATION DIFFICULTIES IN PATIENTS WITH VASCULAR AND DEGENERATIVE DEMENTIA
Sunday, October 12, 2025
ФФА на Мајкрософт Тимс
Почитувани студенти,
Потребно е да имате корисничко име и лозинка за да влезете во предметот Физиологија со функционална анатомија на Мајкрософт Тимс. Потоа, треба да побарате прием, а јас да ве прифатам. Помалку од 10-тина студенти веќе го сторија тоа. Се очекува целата генерација да се приклучи за да го користите како дополнителен ресурс за учење. Се` ви е дадено на послужавник, вие само треба да сакате да учите темелно и посветено.
Предеметен наставник
Учење ФФА со вештачка интелигенција
Почитувани студенти,
Благодараение на колегата проф. д-р Боби Бадаревски од Институтот за родови студии, кој е раководител на проект за вештачка интелигенција, креиран е AI водич за Физологија со функционална анатомија. Тоа ви е уште еден придружен ресурс за подобро совладување на материјалот. Тестирајте го и би сакал да ги чујам вашите мислења на следните вежби во четврток.
Предметен наставник
Wednesday, October 8, 2025
Список на семинарски теми по предметот ФФА - генерација 2025/2026
Почитувани студенти од ИСЕР,
Сега го добив списокот од вашата колешка и веднаш ви го споделувам списокот на теми по предметот ФФА. Краен рок за предавање е 30.11.2025 година. На овој блог има водич за изработка на семинарски работи. Потрудете се да го најдете!
Се гледаме утре на предавања и вежби.
Предметен наставник
|
Број на индекс |
Тема |
|
10709/20 |
Хомеостаза |
|
25055/19 |
Физиологија на сетилото
за слух |
|
11664/25 |
Физиологија на меморија
и учење |
|
11656/25 |
Анатомија и физиологија на ларинкс |
|
26474/25 |
Водата како клеточна
течност и осмотскиот притисок |
|
26473/25 |
Електролити и нивно
значење |
|
26486/25 |
Ликвор |
|
26485/25 |
Бели крвни клетки |
|
26488/25 |
Крв и крвна плазма |
|
25508/25 |
Црвени крвни клетки |
|
26526/25 |
Хемостаза |
|
26531/25 |
Анатомија и физиологија
на скелетните мускули |
|
26471/25 |
Анатомија и физиологија
на мазните мускули |
|
26499/25 |
Овариум и негови хормони |
|
11693/25 |
Базални ганглии |
|
11663/25 |
Голем
мозок-теленцефалон |
|
26497/25 |
Меѓумозок-диенцефалон |
|
11711/25 |
Среден
мозок-мезенцефалон |
|
26949/25 |
Мал мозок-церебелум |
|
26506/25 |
'Рбетен мозок |
|
11657/25 |
Периферен нервен
систем |
|
26527/25 |
Автономен нервен
систем |
|
11697/25 |
Сензорен нервен систем и
соматосензорни патишта |
|
11681/25 |
Моторен систем |
|
11708/25 |
Анатомија и физиологија
на тироидна жлезда |
|
11719/25 |
Анатомија апаратот за
говор |
|
11685/25 |
Анатомија на сетилото за
вид |
|
26518/25 |
Физиологија на сетилото
за вид |
|
11691/25 |
Болка |
|
11659/25 |
Коагулација на крвта |
|
11680/25 |
Физиологија на апаратот за говор |
|
26529/25 |
Анатомија и физиологија
на хипофиза |
|
11652/25 |
Тромбоцити |

