Showing posts with label прашалник. Show all posts
Showing posts with label прашалник. Show all posts

Thursday, October 16, 2025

Пополнување на прашалник и форум за AI по предметот ФФА

Почитувани студенти,

Денес зборувавме за употребата AI по предметот Физиологија со функционална анатомија. Ве молам погледнете ги AI агентите. Потоа најучтиво ве замолувам да ги пополните:
Прашалникот
и да направите
Рецензија на форумот

Пополнувањето на Прашалникот и Рецензијата на форумот се задолжителни бидејќи се дел од процесот за АИ учење на Филозофскиот факултет во Скопје.

Предметен наставник

Wednesday, November 18, 2020

Прашалник за достапност на јавни простори за лица со аутизам

Почитувани родители на АСН, колешки и колеги,

Во рамките на AFS проектот кој го спроведуваме во рамките на Еразмус плус програмата, заедно со колеги од Малта, Шпанија, Аутизам Европа го креиравме следниот Прашалник за достапност на јавни простори за лица со аутизам кој е креиран на платформата SurveyMonkey. Ве молиме одвоите 5-10 минути од вашето драгоцено време во пополнување на истиот, а резултатите ќе ни бидат од голема корист во развивање на алатки, кои пак ќе бидат од огромна корист за лицата со аутистичен спектар на нарушувања во Македонија.
Ви благодариме на соработката!
Претседател на МНЗА

Saturday, January 25, 2020

ATEC преведен на македонски јазик

Почитувани колешки и колеги, родители на деца со АСН,

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека моите напори за превод и објавување на Autism Treatment Evaluation Chеcklist (ATEC) за кратко време вродија со плод. Имено, преводот на оваа значајна Листа за евалуација на третманот на аутизмот веќе се наоѓа на македонски јазик на веб страницата на Институтот за истражувања на аутизмот од Сан Диего во САД.

Autism Treatment Evaluation Checklist (ATEC) претставува метода зa утврдување и анализа на ефективноста од третманот за аутизам. ATEC примарно е дизајниран да ја процени и утврди ефективноста на третманите со аутизам, но исто така може да биде корисен како алатка за скрининг за деца. Доколку родителите би можеле да вршат редовни психометриски проценки на нивните деца, тогаш цената на клиничките испитувања ќе се намали, овозможувајќи подолги клинички испитувања со поголем број на учесници. Прашалникот е дизајниран за употреба со деца на возраст од 2–12 години. Прашалникот е преведен на 22 јазици меѓу кои и македонскиот јазик.

Сите заинтересирани родители и професионалци можат да ја попоплнат и поднесат онлајн на следниов линк.

Во деновите на негирање на македонскиот јазик ова е уште една голема победа за нас. Ова е успех на МНЗА. Искрено се надевам дека на многу родители на деца со АСН ова ќе им биде од корист.



Претседател на МНЗА