Sunday, March 30, 2014

30 март 2014 со дијамантски букви во МАК ракометот

Драги мои,
Денес 30 март 2014 година ќе биде запишан со дијаманстки букви во македонскиот ракомет. Ова што се случи денес е рамно на ракометно чудо. Неутрински ракомет прво на Металург, па потоа и на Вардар. Каков убав ден, исполнет со прекрасни спортски чувства. Две огромни победи на два пеколно добри тима кои изборија влез во четвртфиналето на лигата на шампионите или ако сакате меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Прво на Алфа не` воодушевија ракометарите од Автокоманда преводени од неповторливиот Лино Червар, тренер за кој 15 години велам дека е најдобар на свет и дека е огромен благодет што во последниве години се наоѓа во Македонија и во Скопје. Металург се пласираше во четвртфиналето откако и во вториот меч го совлада дански Колдинг, денеска на гостински терен со 30:26. Каква игра на Ренато Вугринец кој даде 10 гола и на Павел Атман кој им даде 9 голови. Ги распрснаа во кваркови данските ракометари кои се вицепрваци во Европа (како репрезентација мислам). Да играш така убедливо на гостински терен против Колдинг е играчка зрелост и подготвеност за големи ракометни дострели. Само Лино да остане уште некоја сезона во Скопје. Станиќ брани како да има хиперадреналинемија (целиот накострешен, прави паради како на фудбалски натрпевар, еден од трите најдобри во свет според мене).
Она што на многумина им изгледаше невозможно е Вардар без Дибиров, а потоа и без Стоилов да го елиминира европскиот првак. Можете ли да си замилсите на пример Вардар во фудбал да го елиминира фудбалскиот првак на Европа? Секако НЕ. Епа на ракометарите им успеа и тоа во Хамбург, во Германија. Да видиш, да не веруваш. Но скопско и се` е можно. Вардар направи сензација во Германија и го победи европскиот шампион Хамбург со 30:29. Каква зрела игра, каква силна тактика. Какво играчиште е Игор Карачиќ, златно вреден играч кој даде 8 гола, Филип Лазаров во транс со 6 гола и мислам 100% реализација, ако не се лажам. Алекс Душебаев 6 гола и најважниот, последниот 30-от. Каква доминација да им водиш на Германците 5 гола разлика на нивен терен до пред 5 минути пред крај, речиси да ги понижиш пред своја публика. Меч за паметење, одбрана од пеколот, Ангелов Петар брилијантен, го одбранува последниот пенал кога можеа да изедначат. Се покажува дека и Гонзалес е одличен стратег. Сега во четвртфинале само да не паднат заедно Вардар и Металург, некои мислат дека тоа е добро, бидејќи сигурно ќе имаме еден од нив во топ 4. За мене би било најдобро и двата да влезат во топ 4, што е уште поневеројатно од ова што го доживеавме денес. Убаво беше денес да се потроши едено попладне на неутрински ракомет.
Напред Металург, напред Вардар.
Љубител на ракометот

Saturday, March 29, 2014

Осмо предавање МОИ - 01.04.2014

Почитувани студенти,
Вовторник на 1 април ќе го имаме осмото предавање по ред. Не е прво апилска шега, навистина ќе го одржам предавањето кое ќе се однесува на: Воспаленија на надворешно и средно уво. Поради настанот кој го организира МНЗА по повод 2 април - светскиот ден на аутизмот, вежбите за прва група се поместуваат за четврток во 10:45 часот. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови, нема да погрешите.
Предметен наставник








Tuesday, March 25, 2014

2 април - Светски ден на аутизмот

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,
Како и изминатите три години, така и оваа Македонското научно здружение за аутизам достојно ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со аутизам - 2 април. Оваа година ќе организираме еден културно забавен настан под наслов: "ТИЕ НЕ СЕ САМИ, НИЕ СМЕ СО НИВ. Централниот настан ќе биде организиран на 2-ри април (среда) vo Музејот на македонската борба со почеток од 19:00 ~asot. Предвидена е едночасовна, пригодна културно уметничка програма. Поканата е наменета за сите студенти од Институтот за дефектологија, постдипломците и докторандите, колешките и колегите кои работат во ова поле, родителите и децата со аутизам, како и сите добронамерници кои сакаат да помогнат на оваа ранлива категорија на граѓани.
Искрено се надеваме дека ќе можете да одвоите малку време и со тоа да дадете поддршка на семејствата со аутизам. Ве очекуваме да присуствувате на овој интересен настан! 
Претседател на МНЗА 

 

Monday, March 24, 2014

Даниел Кајмакоски

Драги мои,
Сега ќе ви пишувам за еден феномен. Си седеам јас така пред ТВ една ноемвриска вечер (иако ретко го правам тоа) и го вклучувам копчето од далечинскиот управувач на Сител ТВ. На него регионалниот X фактор, ништо што посебно не би требало да ме отргне од компјутерот. Но, се појавува тој, со неговата величенствена изведба на песната Red. Целата негова појава, држење на сцена не ме остави рамноудушен. Си велам кога е следната емисија, кога е следниот настап, да не го пропуштам. Тие што добро ме познаваат, знаат дека музиката ми е втора љубов.


Клипов за неполни 4 месеци има 1,271,558 прегледи на јутјуб. Не сум сигурен дали оригналот на Daniel Merriweather има толку многу посети за толку време. Следува настап во куќата на судиите со песната на Bruno Mars "When I Was Your Man" каде другите натпреварувачи и жирото сфаќаат дека со него нема шега.


Започнуваат првите концерти во живо. Дечкото растура со нумерата "One love" од мегапопуларните U2.


Неговата популарност жестоко расте. Човекот што и да испее, дури и песни кои пред тоа не биле голем хит на овие простори како првата, тој ги прави да станат хитови. Во вториот лајв со тешка задача да го пее легендарниот Тоше Проески. Го пее коректно блиску до оригиналот.


Другите натпреварувачи отпаѓаат како „зрели крушки„, но за него сум сиурен дека ќе ја дотера до финалето. Подоцна оваа моја констатција се покажува како точна.
За нумерата „Сонце не ме грее„ од Влатко Лозановски која ја испеа на својот мајчин јазик можеме слободно да кажеме дури дека ја испеа подобро од Лозано.


Човекот го засакува целиот Балкан, станува мегапопуларен речиси преку ноќ. Следува четвртиот концерт каде ја пее Counting stars на One Republic, според мене една од трите негови најдобри изведби. Овде си велам ако човекот не победи, тогаш „Калимеро нема правда„. Човекот се дрзнува да ги пее екстрапопулартните Avicii со една од најпопуларните песни во последните 6 месеци "Wake me up". На овој лајв сите го видоа светскиот Х фактор. Незаборавно доживување.



На шестиот концерт Стружанецот, Македонецот ни се претставува со балада на Hurts - "Stay", каде се гледа дека што и да испее, нему му стои.


На седмиот настап се топат сите женски срца. Еден евергрин кој не изумира, кој тешко се пее, тој го пее како во када во купатило. „Unchained Melody„ на Righteous Brothersја ја доведува до совршенство. На жирито им била досадна, а нам обичните смртници ни звучеше совршено.


На последниот концерт пред финалето малку му закажува техниката на песната „Љубави„ од неговиот ментор, но како што рече и тој Жељко Јоксимовиќ дека е добра, дури и кога греши. Настапот сепак не беше толку лош, колку што беа околностите. Тој влегува во финале и на сите ни растат апетите за победа. Во меѓувреме тој има преку 300.000 фанови на социјалниот Фејсбук.
Доаѓа „денот Д„ за него и за сите негови обожаватели 23 март, т.е. вчера де :) Во Комбанк арената во белград спектакуларно шоу на продукцијата Х фактор Адрија. Одлично режирана програма со многу потрошени пари. Малку долга програма за наши услови 4 часа без 15 минути, но сите негови фанови останаа до крај покрај малите екрани. Човекот не победи, човекот ги растури останатите 4 финалисти: Лукијан, Доктори, Маид и Тамара. Новата ѕвезда во галаксијата е родена. Човекот ја заслужи победата и ги оттргна сите сомнежи дека Македонец не може да победи на вакво шоу, или шпекулацијата на Џаро дека шоуто е наместено во корист на Тамара Милановиќ. Од денес во продажба е пуштен и најновиот лек Kajmakcillin кој се дава за главоболка, депресија и нерасположение. Се претпоставуѕва дека освоил 70% од сите гласови. Девојки вриштат како по Елвис Присли или Битлси на времето како во Комбанк арената, така и во градски парк. Секаде каде ќе се појави предизвиуква овации и воодушевување. Сите сакаат да се сликаат со него од 7 до 77.
На финалето настапот го започна со песната на King of Leon - "Sex on fire" и тука веќе ги остави сите без здив. Противниците ако може така да се каже останаа неколку светлосни години зад него.


Со втората песна влезе во ангелите, бидејќи е страшно одговорно да го доведеш до перфекција легендарниот Роби Вилијамс. Но, на човеков не му беше ни тоа тешко.


Кога влезе веќе во суперфиналето со Тамара доаѓа завршниот удар со песна од легендата која не умира Тоше Проески The Hardest thing. Тешка песна од повеќе аспекти, тешко бреме, но го поминува и тоа. Завршува така, како и што почна со најдобрата изведба на RED. Како прав џентлемен ја испраќа Тамара дома.




Победата е тука, новата ѕвезда почнува да сјае. Македонија во егзалтација, горди сограѓани негови, илјадници коментари, сите весници и медиуми пишуваат за него, по некоја фрлена петарда и којзане како ќе биде дочекан при неговото доаѓање во Скопје од неговите „Сонциња„ и сите други вљубеници во добрата поп музика. Ете драги мои заврши кратката рекапитулација на она што ме правеше среќен мене и моите деца во изминатите 4 месеци. Запамтете го тоа име, човекот-глас, човекот-ѕвезда, скромниот човек што се вика ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ. Му посакувам светска кариера, знам дека само тоа ќе го задоволи. Тоа и го заслужува овој голем човек.

DJ Vac



Резултати од испити - вонредна мартовска сесија - 24.03.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од денешните испити. За жал и двете студентки не ги положија испитите.

1.  Хумана генетика 2, студент: 21104/08   35 поени, оцена 5.
2. Медицински основи на инвалидноста 2, студент 5794/08   6 поени, оцена 5.

Предметен наставник

Saturday, March 22, 2014

Што треба да знае еден студент на Медицина за аутизмот?

Драги колешки и колеги, пријателки и пријатели,
Кога ќе ве поканат студенти од друг факултет на кој не предавате, а сепак потекнувате од таму, некако ви доаѓа убаво на душата, знаете дека сте на вистинскиот пат и покрај сите препреки кои ви се испречуваат. А, кога тоа ќе биде во еден од најпопуларните скопски кафе барови „Тренд„ во средина каде младите се чувстувваат опуштено, тогаш навистина станува предизвик. На покана на студентите од ЕМСА Македонија во среда 26 март 2014 година со почеток во 18:00 часот ќе го одржам предавањето под наслов: „Што треба да знае еден студент на Медицина за аутизмот?„. Искрено се надевам дека и моите дипломци ќе ми се придружат и ќе се дружат со студентите од Медицински факултет во Скопје. Како воведувач во предавањето ќе се појави Маја Бошковска – редовен студент при Медицински Факултет Скопје. Доколку сакате да дознаете повеќе за настанот кликнете овде.
Предавачот

Седмо предавање МОИ - 25.03.2014

Почитувани студенти,
Во вторник на 25 март со почеток во 8 часот и 20 минути ќе се реализира седмото предавање по ред по Медицински основи на инвалидноста и ќе ви говорам за: методи на испитување на слухот (квалитативни и квантитативни), аудиометрија, испитување на слухот кај децата. Значи, започнуваме со делот отологија. Предлагам да ги погледнете следните видеоклипови.
Предметен наставник











Thursday, March 20, 2014

Резултати од првиот колоквиум МОИ - 20.03.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот прв колоквиум по предметот Медицински основи на инвалидноста. Очевидно е дека сте подготвувале колоквиуми по други предмети. Само две студентки поминаа и една условно која ќе треба да ми се јави за добивање дополнителни задачи. Од оваа сесија резултатите се претставени преку број на индекс, законот за заштита на лични податоци мора да се почитува и сега студентите стануваат бројки :). Жалосно, но вистинито. Се гледаме на предавањее во вторник, со нови работни сили во втората половина од семестарот.
Предметен наставник

Wednesday, March 19, 2014

Journal of Special Education and Rehabilitation on Wikipedia

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ја споделам информацијата со вас дека Journal of Special Education and Rehabilitation по двегодишен напор успеав да го регистрирам на популарната Wikipedia. Не беше лесно зашто администраторите не беа конзистентни во своите забелешки, бидејќи други списанија кои ги имаа истите содржини беа одамна регистрирани, а на нашето му се забележуваше за непотоење на inline citations и некои други небулозни забелешки. Сакам да напоменам дека ова е јубилеен 300-ти пост за една година откако постои овој блог.
Главен и одговорен уредник

Tuesday, March 18, 2014

Преглед на инвалидноста, заеднички карактеристики и корисни совети

Почитувани колешки и колеги,
Денес, 18.03.2014 во Гевгелија го одржав предавањето под наслов: „Преглед на инвалидноста, заеднички карактеристики и корисни совети„ во рамките на заедничкиот проект на МНЗА и фондацијата Аполонија, за кој пишував пред некој ден на овој блог. Се работи за едногодишен проект под наслов "Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници" финансиран од Европската Унија. Како и порано ви го споделувам моето предавање.
Претседател на МНЗА


Saturday, March 15, 2014

Проект на МНЗА: Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници


Почитувани колешки и колеги,

Фондацијата “Аполонија”, во партнерство со невладината организација  МНЗА- Македонско научно здружение за аутизам“, го имплементира проектот "Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници", финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.Првиот од 10-те планирани семинари ќе биде реализиран од МНЗА на тема "Инклузија на деца со посебни образовни потреби", и ќе се одржи во Гевгелија на 17 и 18 Март од 09 до 17 часот. 
Овој семинар е наменет за дефектолози, наставници, стручни лица кои работат со деца со посебни потреби,  нивните родители и невладини организации активни во оваа област.
                Предавачи се: проф. д-р Владимир Трајковски; проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова; проф.д-р Даниела Димитрова-Радојчиќ; м-р Јасмина Трошанска; доц. д-р Владимир Илиевски; Розалија Давковска дип. дефектолог и Мими Батанџиева Зајковска, дипл. дефектолог. 
                Главната цел на овој проект е да се зголеми социјалната интеграција и развој на децата со посебни потреби во 4 општини во Југоисточниот регион: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
                Други цели се:
·         Да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби на 320 учесници:
Ø         наставници од 9 основни училишта;
Ø         наставници и стручни лица од 7 детски градинки;
Ø         родители на деца со посебни потреби;
Ø         стручни соработници и експерти кои работат во оваа област;
Ø         млади луѓе од 4-те општини;
Ø         невладини организации

·         Овозможување сите информации од 10-те семинари и содржините кои се дел од овој проект да бидат достапни на интернет страна за поддршка и користење во иднина;
·         Зголемување на свесноста, видливоста и прифаќањето на децата со посебни потреби како дел од училишните системи и програми на заедниците;
·         Промовирање на рано препознавање на сензорни проблеми во градинките;
·         Овозможување сензорна терапија на деца со посебни потреби;
·         Овозможување услови за рехабилитација на младинци со пречки во развојот.  
 

  Претседател на МНЗА

15 ЕКТС поени - март 2014

Почитувани студенти,
Сите вие кои ја имате обврската за освојување на заостанати 15 ЕКТС поени ќе треба да дојдете во среда 19 март во периодот од 10:00 до 13:00 часот и да ги одбраните задачите кои ви се дадени. Авторот на овој блог го задржува правото за евентуална промена на термините заради дејство на „виша сила„ :)
Предметен наставник

Wednesday, March 12, 2014

Термини за колоквиуми МОИ

Почитувани студенти,
Како што веќе знаете ова се моите термини за колоквиумите по Медицински основи на инвалидноста:
1 колоквиум - 20.03.2014 во 8.15 часот
2. колоквиум - 13.05.2014 во 8.15 часот

Предметен наставник

Излезе од печат најновиот број на ДТП/JSER Вол.15., 1-2, 2014

Почитувани читатели,
Сакам да ве информирам дека вчера 11 март 2014 година излезе од печат најновиот број на списанието Дефектолошка теорија и практика Вол.15., 1-2, 2014. Во продолжение ви го претставувам предговорот кон новиот број.




Почитувани читатели,



Во последниот период ја засиливме контролата на плагијаторството. Покрај користењето на про­грамата eTBLAST, со помош на нашиот електронски издавач De Gruyter ја воведовме и про­грамата iThenticate, програма за превенција од плагијаторство. Оваа програма се користи во целиот свет од страна на издавачите на научни списанија и таа ја обезбедува ори­ги­нал­нос­та на трудовите пред тие да бидат објавени. Со ова сметаме дека ќе биде оневозможена или све­дена на минимум нечесноста, измамата и дуплирањето на трудови. Од друга страна, стро­ги­те рецензенти ја зголемија стапката на одбивање на трудови и таа сега изнесува 60%. Како ре­дакција постојано се трудиме да го подигнеме нивото на квалитетот на објавените трудови. Се чини дека е неопходно одржување на семинар во кој авторите би стекнале нови сознанија за процесот на пишување, поднесување, објавување на научни трудови во рецензирани спи­са­ни­ја, како и за етика на публицирањето.
Што можете да очекувате од волуменот 15, број 1-2? Дефектолошко-стручната проблематика за­почнува со трудот во кој се прави компаративна студија за ставовите на израелските и сло­вач­ките студенти и наставници во однос на инклузијата на учениците со посебни потреби во ре­довното образование. Вториот труд од оваа рубрика, исто така, се однесува на ин­клу­зив­но­то образование и поддршката на децата со проблеми во однесувањето во основното об­ра­зо­ва­ние во Германија. Авторката Sheffali Gulati од Индија прави литературен преглед на опциите за дијагноза и третман на аутистичниот спектар на нарушување. Босанските автори од Уни­вер­зитетот во Тузла пишуваат за развој на фонолошката свест кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Да се биде или не: информативна студија за обработка на не­сим­бо­лич­ка нумеричка магнитуда за малите наспроти големите броеви кај новороденчињата е нас­лов застапен во рубриката Психолошко-педагошки преглед. Колегите од практиката ќе можат да ги збогатат своите знаења читајќи го трудот Ефектот на обуката за теорија на умот за по­добрување на социјабилноста кај учениците со интелектуална попреченост. Група автори од САД н¢ запознаваат со Врсничкото туторство како интервенција за ученици со ау­тис­ти­чен спектар на нарушување: метасинтеза.
Во рубриката Вести и информации читателите ќе можат да прочитаат информации за Чет­вр­та­та меѓународна конференција одржана во месец октомври 2013 година во нашиот Охрид. Потоа следуваат вести за Интернационалниот студентски семинар одржан во Златибор, Србија, на којшто учествуваа и наши студенти. На крајот можеме да се запознаеме со ак­тив­нос­тите по повод одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со ин­ва­лид­ност. Во овој број има и апстракт од еден одбранет магистерски труд од колешката Ирена Но­ва­ческа под наслов Фактори на ризик за појава на нарушување во однесувањето и пот­ре­ба­та за превенција и рана интервенција.
Како и во сите изминати броеви, така и во овој ќе ги читате редовните рубрики: Биб­лио­гра­фи­ја, Листа на рецензенти и Индекс на автори.
Об­јавувањето на научни трудови во интернационални списанија претставува тешка задача, но во исто време и благодарна работа, затоа што со тоа си правите услуга на сопствената ка­рие­ра.


Со почит,
Главен и одговорен уредник