Thursday, October 31, 2019

Прв колоквиум ФФА - 17.11.2019

Почитувани студенти од ИСЕР,
Како што се договоривме денес на предавањето, првиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија ќе се полага на 17.11.2019 година во големиот амфитеатар со почеток во 11:00 часот. Поради тоа што ќе имам два колоквиума во ист ден не ветувам издавање на резултати истиот ден како што правев досега без исклучок. Важат сите работи кои ви ги кажав и кои ги споделив во вчерашниот пост за студентите од Институтот за психологија. Го задржувам правото за промена на терминот заради виша сила.
Предметен наставник

Wednesday, October 30, 2019

Прв колоквиум ХГФ - 17.11.2019

Почитувани студенти од Институт за психологија,
Ве известувам дека првиот колоквиум по Хумана генетика и физиологија ќе се полага на 17.11.2019 година во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 10:00 часот. Право да полаагаат имаат и оние студенти од втора година кои добиле потпис во минатата академска година. Напоменувам дека не е убаво да се доаѓа на колоквиум тотално неподготвен и да се игра на картата на среќа. Ако доаѓате да го видите само тестот, тоа ви ветувам дека ќе ви го дадам на увид во термините за консултации наредната седмица. Ги замолувам сите што се подготвени за колоквиум да се пријават кај координаторката на студентите од прва година, а таа најдоцна до среда 6 ноември да ми го достави списокот. Неопходно е да се биде пред големиот амфитеатар 15 минути порано. Ниту еден студент нема да биде пуштен на колоквиум доколку доцни. Потребно е за секој случај да го погледнете овој блог на 17-ти наутро пред да дојдете на факултет, евентуално да не има некои промени заради тоа што доцна ноќта се враќам од странство. Го задржувам правото на промена на терминот заради виша сила.
Предметен наставник

Saturday, October 26, 2019

5-то предавање ФФА - 31.10.2019

Почитувани студенти,
Во четврток во редовниот термин ќе го одржам петтото предавање по Физиологија со функционална анатомија. Ќе продолжам со нервен систем и искрено се надевам дека нема да правите такви кискови како минатиот час и ќе ми дозволите да го довршам предавањето.


















Предметен наставник

5-то предавање ХГФ - 30.10.2019

Почитувани студенти,
Во среда во редовниот термин ќе се одржи петтото по ред предавање по Хумана генетика и физиологија. Ќе ви предавам за мутации, нумерички и структурни аберации. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови:















Предметен наставник

Thursday, October 24, 2019

Надоместување на четврто предавање ХГФ - 25.10.2019

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Заради пропуштеното предавање од вчера сметам дека е неопходно јас да ви го предадам материјалот, наместо самите да си го учите. За таа цел ве поканувам утре 25.10.2019 (петок) од 16:30 во електронска лабораторија. Потребно е да се дојде десетина минути порано пред почетокот.
Предметен наставник

Wednesday, October 23, 2019

Четврто предавање ФФА - 24.10.2019

Почитувани студенти,
Утре во редовниот термин ќе го одржам четвртото предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија во редовниот термин. Ќе ви предавам за мускулен систем и ќе започнам со нервен систем. Предлагам да ги погледнете следните видеоклипови:








Предметен наставник

Monday, October 21, 2019

Список на семинарски трудови - ХГФ 2019

Почитувани студенти,
Вашата колешка која беше задолжена за испраќање на списокот на заинтересирани студенти ми го пратила вчера во 18:34 часот, додека се` уште бев на пат. Во најбрз можен рок ви ги давам на увид семинарските трудови. Тие треба да се достават најдоцна до 30 ноември 2019 година во печатена и електронска верзија (сите на едно ЦД). Нека ви е со среќа пишувањето на семинарските трудови.

Број на индекс
Тема на семинарска работа
25025/19
Историјат на генетиката
10539/19
Историјат на физиологијата
25045/19
Генетски дициплини
25024/19
Хромозоми
24562/17
Гени
25026/19
Својства не гените
10228/19
Мултипен алелизам
10230/19
Неменделизам
10233/19
Автосомно доминантно наследување
25030/19
Автосомно рецесивно наследување
10258/19
Полово врзано наследување
25050/19
Алелна интеракција на гени
10259/19
Неалелна интеракција на гени
25061/19
Мутагени фактори
25034/19
Структурни хромозомски аберации
10226/19
Нумерички хромозомски аберации
10247/19
tRNA
25049/19
Хуман геномски проект
10264/19
Клеточен циклус
10260/19
Down синдром
10529/19
DNA
10528/19
Репликација на DNA
10244/19
DNA репарација
10535/19
rRNA
10229/19
Менделови закони
25044/19
Генетика на аутизмот
10253/19
Транслокации
10243/19
Митохондриско наследување
10245/19
Хомеостаза
25040/19
Клеточна мембрана и мембрански потенцијал
10262/19
Акциски потенцијал
10261/19
Клеточни транспортни механизми
25023/19
Антиципација
10239/19
Епигенетика и геномски импринтинг
10560/19
Ликвор
10525/19
Генски мутации
25036/19
iRNA
10256/19
Кодоминантно наследување
25027/19
Интермедиерно наследување
10267/19
Клетки во нервниот систем
10234/19
Болка
10527/19
Градба и поделба на нервниот систем
10523/19
Комуникација во нервниот систем-синапса
10524/19
Голем мозок-теленцефалон
10241/19
Меѓумозок-диенцефалон
10255/19
Среден мозок-мезенцефалон
10521/19
Мал мозок-церебелум
10522/19
'Рбетен мозок
10526/19
Периферен нервен систем
25039/19
Автономен нервен систем
10238/19
Сензорен нервен систем и соматосензорни патишта
10164/18
Моторен систем
24637/18
Генетски аспекти на афективни нарушувања
10268/19
Крвно мозочна бариера
10269/19
Генетски аспекти на нарушено учење и комуникација
25028/19
Физиологија на сетилото за вид
10531/19
Транскрипција на DNA
24612/18
Транслација на протеини
24681/18
Полигенско наследување
10541/19
Мозаицизам
10266/19
Мејоза
10532/19
Митоза
10248/19
Генетски аспекти на алкохолизам
10240/19
Семејно-фамилијарни студии
25032/19
Студии на близнаци
10536/19
Адоптивни студии
10246/19
Linkage студии
10257/19
Асоцијативни студии
25041/19
Механизам на дејство на хормоните
25038/19
Простагландини
25035/19
Физиологија на сетилото за слух
10250/19
Физиологија на хипофизата
10237/19
Физиологија на тестис
10249/19
Физиологија на овариум
10232/19
Физиологија на тироидна жлезда
25019/19
Физиологија на паратироидна жлезда
25031/19
Физиологија на панкреас
10538/19
Физиологија на надбубрежна жезда
10408/19
Crossingover
10251/19
Физиологија на сон
25051/19
Физиологија на емоции
10540/19
Физиологија на меморија и учење
25046/19
Генетски аспекти на шизофренија
25054/19
Генетски аспекти на деменциите
25033/19
Генетски аспекти на аутизам
10252/19
Генетски аспекти на неврозите
10192/18
Генетски аспекти на Алцхајмерова болест
25043/19
Генетски аспекти на алкохолизам и наркоманија
25020/19
Видови на рибонуклеински киселини
10530/19
Down синдром
10227/19
Генетиката и Паркинсоновата болест

Предметен наставник