Tuesday, March 28, 2017

Телефоните на ФЗФ конечно работат

Почитувани колешки и колеги,
По повеќе од шестмесечна пауза, поточно од земјторесот кога централата на ФЗФ беше расипана, конечно проработеа телефоните. Имено имаше долга тендерска процедура, па потоа промена на операторот кој се мачеше со воспоставување на интерконекција со Телеком, итн. Да не должам многу на сите оние на кои сум им потребен, или сакаат да го контактираат Македонското научно здружение за аутизам или редакцијата на „Дефектолошка теорија и практика" ќе можат тоа да го сторат на следниот број: ако бараат од Скопје 3116-520 (локал 234), ако бараат надвор од Скопје во Македонија  02-3116-520 (локал 234), ако бараат надвор од државата ++389-2-3116-520 (локал 234).
Со почит,
Претседател на МНЗА,
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Tuesday, March 21, 2017

Први колоквиуми МОИ и ХГ

Почитувани студенти,
Сакам да ги споделам со вас термините за колоквиумите што ќе се одржат наредната седмица.
  1. Колоквиумот по предметот Медицински основи на инвалиндоста ќе се одржи на 28.03.2017 година со почеток во 08:00 часот најверојатно во големиот амфитеатар на ФЗФ. Вие сте должни да бидете 15 минути пред полагањето пред билиотеката на нашиот Институт.
  2. Колоквиумот по предметот Хумана генетика за апсолвентите ќе се одржи на 31.03.2017 година со почеток во 10:00 часот најверојатно во слушална 11 на ФЗФ. Вие сте должни да бидете 15 минути пред полагањето пред билиотеката на нашиот Институт.
Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила. Затоа следете го редовно овој блог. Среќно подготвување на првиот колоквиум!
Предметен наставник

Thursday, March 16, 2017

Излезе од печат најновиот број на ДТП/JSER Вол.18, 1-2, 2017

Почитувани колешки и колеги, драги читатели

Сакам да ве известам дека денес 16 март излезе од печат најновиот број на Дефектолошка теорија и праткика Вол.18, 1-2, 2017. Ви ја проследувам содржината која очекувам  дека ќе го разбуди вашиот интерес за да го купите списанието. Списанието чини 100 денари и можете да го најдете во Студентскиот сервис на Филозофскиот факултет во Скопје.
 
Editorial
20 YEARS JOURNAL OF SPECIAL EDUCATION AND REHABILITATION - A PERIOD OF DEVELOPMENT
Vladimir TRAJKOVSKI, Doncho DONEV


Special Education-professional and scientific issues:
PREVALENCE AND CAUSES OF BLINDNESS AMONG MACEDONIAN ADULT POPULATION
Daniela DIMITROVA - RADOJICHIKJ

AN EVALUATION OF THE QUALITY OF LIFE OF HEARING IMPAIRED CHILDREN ATTENDING SPECIAL SCHOOLS IN THE SERBIAN EDUCATION SYSTEM
Radomir Branislav ARSIC, Srboljub Vlastimir DJORDJEVIC


Medical treatment:
RAPID NAMING IN CHILDREN WITH SPECIFIC LANGUAGE IMPAIRMENT AND IN CHILDREN WITH TYPICAL LANGUAGE DEVELOPMENT
Neda MILOSEVIC, Mile VUKOVIĆ

PRAGMATIC ABILITIES OF PUPILS WITH MILD INTELLECTUAL DISABILITIES
Mateja SHILC, Majda SHMIDT,Stane KOSHIR


Social and andragogical aspects:
GUIDED EMPLOYMENT – RIGHTS AND OPPORTUNITIES FOR PEOPLE WITH INTELLECTUAL DISABILITIES
Erna ZHGUR


From practice to practice:
COMPARISON OF TEACHERS’ ATTITUDES TOWARDS INCLUSIVE EDUCATION IN BOSNIA AND HERZEGOVINA AND EUROPEAN UNION
Alma DIZDAREVIĆ, Amila MUJEZINOVIĆ, Haris MEMIŠHEVIĆ


World experience and current events:
PERCEPTION OF AMPLITUDE ONSET SIGNALS IN CHINESE CHILDREN WITH READING DIFFICULTIES AND SPECIFIC LANGUAGE IMPAIRMENTS
Chun-Han CHIANG, I-Chen CHEN, Hsiao-Lan WANG


News and information:
DEPARTMENT OF EDUCATION AND REHABILITATION AT THE UNIVERSITY OF SARAJEVO, BOSNIA AND HERZEGOVINA
Haris MEMIŠHEVIĆ
CELEBRATION OF DECEMBER 3RD, INTERNATIONAL DAY OF PERSONS WITH DISABILITIES
Maja FILIPOVSKA

Abstract from defended doctoral and post-graduated theses:
ANTHROPOMETRIC CHARACTERISTICS OF PRIMARY SCHOOL CHILDREN
Blagoja GESHOSKI

Bibliography
Filip JURTOSKI


List of reviewers



Index authors


Authors instructions


Information for JSER:



 

Sunday, March 12, 2017

Покана на ликовни работилници

Почитувани,

Националната галерија на Македонија во рамките на својата програма и дејност содржи и едукативен-дидактички сектор кој има за цел да ја афирмира и образува најмладата популација во сферата на културата и уметноста. Децата со аутизам се меѓу најранливите лица во нашето општество. Нивниот број постојано расте и оттука се наметнува фактот за создавање вистински можности за нивен развој, како и оттргнување на предрасудите и негативните ставови. Познато е дека децата со аутизам вербално потешко се изразуваат, но со учеството во ликовни работилници им се дава можност за полесно и поедноставно изнесување на своите мисли и чувства на еден уникатен начин. Преку ваквите работилници децата го развиваат својот потенцијал, а низ цртежите може да го видиме нивниот скриен свет. 

Работилниците ќе бидат одржани во објектот Чифте амам 23 и 24-ти март каде децата ќе имаат можност да ги изработуваат своите уметнички дела. Изработените дела ќе бидат изложени во завршна изложба. На ваквите работилници ќе бидат присутни и родителите и дефектолозите како помош и поддршка на малите генијалци, но и заедничко дружење. Лицата со аутизам често страдаат од социјална исклученост и преку ваквите изложби наша цел и идеа е подигнување на јавната свест. Националната галерија на Македонија по трет пат го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам преку изложбата насловена ,,Будење". Изложбата е планирана во април во објектот Чифте амам. Како партнер се вклучува и Македонското научно здружение за аутизам и затоа ве молиме доколку сакате вашето дете да биде вклучено во овие активности присуството да го пријавите на secretary@mssa.org.mk

Со почит,
Лице за контакт, 
Маја Димитрова, едукатор
majadimitrova1@gmail.com

Sunday, February 26, 2017

Преслушувачи МОИ -2017

Почитувани студенти,
Сите вие кои го имате презапишано предметот Медицински основи на инвалидноста ве поканувам на настава на 01.03.2017 година (среда) во лабораторијата на Педагошкиот факултет од 08:00 до 10:30 часот. За добивање потпис дозволени се најмногу две отсуства од вкупниот број на одржани часови. За сите оние кои во тоа време имаат настава по друг предмет ќе изнајдеме решение за да на крај не останат без потпис. Го очекувам вашето присуство.
Предметен наставник

Friday, February 24, 2017

Список на семинарски трудови по МОИ - 2017

Почитувани студенти од прва година,
Денес од студентката Е.О. го добив списокот на заинтересирани студенти за изработка на семинарски труд. Во прилог ви ги праќам семинарските теми кои треба да ги изработите најдоцна до 30.04.2017 година. Семинарските трудови се доставуваат во печатена и електронска верзија. Сите оние кои ќе стигнат по наведениот термин нема да бидат прегледани и оценети.

Број на индекс
Тема
24095/16
Аудиометрија
24072/16
Развојни аномалии на ‘рбетникот и ‘рбетниот мозок
9489/16
Класификација на ментална ретардација
9606/16
Епидемиологија на ментална ретардација
24085/16
Етиологија на ментална ретардација
9466/16
Глауком
9494/16
Хидроцефалус
24106/16
Генетика на ментална ретардација
9516/16
Myasthenia gravis
24211/16
Методи на испитување на слухот
9477/16
Хиперкинетски синдром
9475/16
Мултипна склероза
24060/16
Третман на ментална ретардација
9495/16
Превенција на ментална ретардација
24077/16
Шизофренија
9519/16
Menkes-ова болест
9501/16
Ретов синдром
24038/16
Нарушувања на говорот
9622/16
Акутни воспаленија на средното уво
24044/16
Хронични воспаленија на средното уво
24061/16
Мениерова болест
9575/16
Отосклероза
9446/16
Отогени компликации
24099/16
Нарушувања на фонацијата
24079/16
Офталмолошки тестови
24078/16
Кратковидост
24052/16
Далекувидост
9453/16
Астигматизам
24084/16
Страбизам
9481/16
Развојни аномалии на мозокот и черепот
24104/16
Катаракта
24054/16
Церебрална парализа
9478/16
Кохлеарен имплант
9566/16
Холестеатом
24093/16
Miler-Dicker синдром
9487/16
Rubinstein Taybi синдром
24048/16
Функционална амблиопија
9492/16
Наглувост и глувост
24059/16
Smith-Magenis синдром
24083/16
Фенилкетонурија
9500/16
Галактоземија
9557/16
Charcot-Marie-Tooth болест
24057/16
Неврофиброматоза
24081/16
Туберозна склероза
9491/16
Афазија
9474/16
Нистагмус
9482/16
Tay-Sachs- ова болест
24062/16
Аутизам





















































Предметен наставник

Tuesday, February 7, 2017

SYLLABUS ЗА ПРЕДАВАЊА ПО МЕДИЦИНСКИ ОСНОВИ НА ИНВАЛИДНОСТА - 2017

Почитувани студенти,
Ако биде се` во најдобар ред на 14.02.2017 во 8 часот започнуваме со првото предавање по Медицински основи на инвалидноста. Доволно беше зимскиот сон, време е за повеќе работа. Во прилог ви го давам силабусот по предметот како би можеле поквалитетно да ја следите наставата. Го имаме како резервен датум 30 мај во случај да дојде до губење на некој термин заради празник или мое службено отсуство. Предавањата и вежбите ќе се одвиваат во лабораторијата на Педагошкиот факултет.

I. Недела 14.02.2017
1. Класификација на менталната ретардација
2. Епидемиологија на менталната ретардација

II. Недела 21.02.2017
3. Етиологија на менталната ретардација
4. Преглед на ментално ретардирано лице
5. Физички и биолошки методи на преглед на МРЛ
6. Дијагноза на ментална ретардација

III. Недела 28.02.2017
7. Диференцијална дијагноза на менталната ретардација
8. Третман на менталната ретардација
9. Прогноза на менталната ретардација
10. Превенција на менталната ретардација
11. Шизофренија

IV. Недела 07.03.2017
12. Хиперкинетски синдром (АДХД)
13.Myasthenia gravis
14. Мултипна склероза

V. Недела 14.03.2017
15. Аутизам
16. Ретт-ов синдром

VI. Недела 21.03.2017
17. Церебрална парализа
18. Развојни заболувања на ЦНС

VII. Недела 28.03.2017
I КОЛОКВИУМ


VIII. Недела 04.04.2017
19. Методи на испитување на слухот
20. Аудиометрија
21. Испитување на слухот кај децата

IX. Недела 11.04.2017
22. Акутни воспаленија на надворешното уво
23. Акутни воспаленија на средното уво
24. Хронични воспаленија на средното уво
25. Отогени компликации

Х. Недела 18.04.2017
26. Мениерова болест
27. Отосклероза

XI. Недела 25.04.2017
28. Нарушувања на говорот
29. Основи на фонијатријата
30. Методи на преглед во фонијатријата
31. Фонација
32. Фонациски автоматизми
33. Нарушувања на фонацијата
34. Функционални нарушувања на гласот
35. Гласот и говорот по ларингектомија

XII. Недела 02.05.2017
36. Испитувања на функцијата на видот (офталмолошки тестови)
37. Рефракција на окото
38. Видови рефракции и испитувања на рефракцијата
39. Миопија
40. Хиперметропија

XIII. Недела 09.05.2017
41. Страбизам
42. Патолошки промени на леќата

XIV. Недела 16.05.2017
43. Глауком (поим и дефиниција)
44. Состојби на глауком
45. Вроден глауком
46. Функционална амблиопија

XV. Недела 23.05.2017
II КОЛОКВИУМ
Семинар
Потписи

Предметен наставник

Промена на термин за полагање испити за втор циклус - 15.02.2017

Почитувани постдипломци,
Поради одржување на настава и првиот час по Медицински основи на инвалдиноста за прв циклус студии во вторник на 14.02.2017 година нема да бидам во можност да ги одржам закажаните испити и затоа истите ги одложувам за еден ден подоцна, т.е. на 15.02.2017 година по следниот редослед:

Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања во 12:00 часот.

Ве молам да ме информирате со е-пошта доколку има заинтересирани кандидати за полагање во првата декада.
Предметен наставник

Thursday, February 2, 2017

Пишување оцени - 03.02.2017

Почитувани студенти,
Сите вие кои не земавте оцени во минатиот термин ве поканувам утре (петок) во периодот од 08:00 до 09:30 часот. Ова веројатно ќе биде и последниот термин за оваа сесија, бидејќи за наредната седмица имам други планови. Исто така морам да ги предадам пријавите во службата за „Студентски прашања". Ве молам за почитување терминот.
Предметен наставник

Список на ЕКТС поени по предметот ФФА

Почитувани студенти од прва година,
Малку со задоцнување од разбирливи причини ви го проследувам списокот на ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Само три студентки го положија испитот преку колоквиуми и активности. Останатите во црвено или зелено или немаат право на потпис, или немаат право да полагаат испит се` додека не ги завршат обврските. Со кликнување на линкот погоре ќе можете да добиете увид во вашите поени.
Предметен наставник