Monday, June 12, 2017

Втора декада испити - јуни 2017

Почитувани студенти,
Уште еден потсетник за престојните испити по моите предмети во втората декада од јунската сесија.
Испитите ФФА, Физиологија и Генетика ќе се полагаат на 13.06.2017 година со почеток во 08:00 часот во голем амфитеатар. Вие потребно е да бидете 10-15 минути порано пред нашата библиотека со пополнета и заверена пријава. Бидејќи е забележано дека некои студенти доаѓаат само да го видат тестот без притоа да купат пријава, ви укажувам дека ниту еден студент нема да може да полага без претходно да предаде заверена пријава. Имате доволно време да си ги средите административните работи.
Испитите ХГ и МОИ ќе се полагаат на 14.06.2017 година со почеток во 08:00 часот во амфитеатар 2. Важат истите напомени како и претходно. Никакви доцнења нема да бидат толерирани. Едноставно, ќе бидете вратени за августовска сесија.
Нека ви е со среќа полагањето!
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment