Friday, November 30, 2018

9-то предавање ХГФ - 01.12.2018

Почитувани студенти,
Како што се договаравме во средата, за утре (сабота) е предвидено 9-тото предавање по Хумана генетика и физиологија. Предавањето ќе започнт точно во 10:30 часот и ќе трае до 13:30 часот со две паузи од по 15 минути. Ќе биде довршен сетилен систем и ќе биде започнат ендокрин систем. Предлагам да гио погледнете следните видео клипови кои ги илустрираат предвидените теми.


















Предметен наставник

Tuesday, November 27, 2018

8-мо предавање ХГФ - 28.11.2018

Почитувани студенти,
Утре ќе се одржи осмото предавање по ред по Хумана генетика и физиологија и ќе продолжиме онаму каде што застанавме, т.е., кај моторика. Во исто време сакам да ви најавам дека ми се ослободи оваа сабота на 1 декември и со огромна веројатност ќе го одржиме предавањето кое беше предвидено за 12.12.2018 година. Овој пат нема да има одложување, освен заради виша сила. Предлагам да ги погледнете овие 15 видео презентации како би можеле полесно да го разберете материјалот.

















Предметен наставник

Saturday, November 24, 2018

Дигитален репозиториум на УКИМ

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,
Со особено задоволство сакам да ве известам дека почна да функционира дигиталниот репозиториум на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Имено ова е моја дамнешна идеја. Кога пред отприлика 6 години му споменав на тогашниот декан на ФЗФ и една година подоцна на тогашниот продекан, а сега декан на ФЗФ, дека ФЗФ треба да има дигитален репозиториум по примерот на Медицинскиот и Филозофскиот факултет од Загреб, некако како да се немаше слух, време и веројатно финансии за таа идеја. Некаде кон почетокот на 2017 година УКИМ ја презема таа иницијатива да направи дигитален репозиториум за сите свои членки и го назначи нормално ФИНКИ за реализатор на оваа идеја. Еве речиси по две години го имаме и резултатот. Овде би сакал да се заблагодарам на сите одговорни лица во ректоратот на УКИМ, на проф. д-р Боро Јакимовски координатор од ФИНКИ за целиот проект и проф. д-р Војислав Саракински, координатор од ФЗФ за овозможениот пристап и за досегашната соработка. За 3-4 дена од добивањето на привилегиите да можам да поствувам трудови поставив преку 75 мои авторски и коавторски трудови, брошури, го поставив мојот докторат од декември 2002 година и две магистерски тези во кои сум ментор. Ќе биде ова одлична можност да се видат мои поранешни трудови онлајн. Исто така ќе биде ова одлична можност за промоција на нашите трудови и на трудовите на нашите помлади колеги со што се зголемува видливоста на истите. Зголемената видлиовст ќе води кон зголемена цитираност, а тоа би требало да води до скок на ранг листите на светските универзитети. До репозториумот ќе може да пристапите преку следниот линк. Таму ќе видите линкови до сите факултети, единици на УКИМ, а моите трудови ќе ги барате кај Филозофскиот факултет во разни категории ако што се: научни трудови, трудови од конференции, монографии, тези и слично. Ви посакувам пријатно читање, слободно симнување и задолжително цитирање. Во спротивно ќе бидете плагијатори како една колешка од Штип. :)
Репозитарот

Thursday, November 22, 2018

Заменето предавање ФФА - 23.11.2018

Почитувани студенти,
Ве известувам дека утре (петок) ќе се одржи осмото предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија во слушална 11 на ФЗФ со почеток во 12:15 часот. Предавањето е замена за предавањето што требаше да се одржи на 06.12.2018 година, но поради вашата теренска настава надвор од Скопје нема да може да се одржи.
Предметен наставник

Monday, November 19, 2018

7-мо предавање ХГФ - 21.11.2018

Почитувани студенти,
Во прилог се некои видео исечоци од 7-мото предавање што ќе се одржи во редовниот термин на 21.11.2018 година. Исто така сакам да ве информирам дека оваа сабота најверојатно ќе се одржи предавањето кое е предвидено за 12.12.2018, кога сум на службено патување. Поради тоа ве молам да си го планирате тој термин од 10:30 часот.














Предметен наставник

Thursday, November 15, 2018

Дијагностичко-консултативни прегледи

Почитувани родители на деца со развојни нарушувања,
Сакам да ве информирам дека отсега своите дијагностички и консултативни прегледи ќе ги изведувам во Гаспар Центар кој се наоѓа во наслеба Козле на улица Милан Марковиќ број 48 (во улицата каде што е сместена слаткарницата Канела) и тоа со претходно закажување на телефонот 071-375-700. Прегледите ќе се изведуваат во четвртоците со почеток во 14:15 часот најдоцна до 17:15 часот се разбира доколку има доволен број пријавени заинтересирани клиенти. Прегледите и советувањето засега ќе бидат бесплатни и ќе бидат ограничени на максимални 45 минути. Ви укажувам дека нема да можете повеќе да добивате совети на е-пошта, на улица, на ФБ и слично. Мора да се воведе ред во работата. Искрено се надевам на ваше разбирање. Во светот, па и во Македонија ретко ќе најдете бесплатни вакви услуги од професор и доктор. Во оваа пригода му благодарам на сопственикот, колегата психолог Фики Гаспар за ангажманот.
Претседател на МНЗА

Резултати од првиот колоквиум по ФФА - 15.11.2018

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. Резултатите не се задоволителни. За нијанса се нешто подобри од вчерашните по ХГФ. Честитки до положените студенти.

Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
10225/18
30
2.       
24560/17
28
3.       
10092/17
27
4.       
24626/18
26
5.       
9487/16
24.5
6.       
8590/14
23
7.       
10205/18
20.5
8.       
24638/18
19
9.       
24051/16
18.5
10.   
24930/18
17 условно
11.   
10202/18
17 условно
12.   
24081/16
16 условно
13.   
23273/14
16 условно
14.   
10051/17
15.5
15.   
10206/18
14.5
16.   
24627/18
13.5
17.   
24608/18
13
18.   
9134/15
13
19.   
24624/18
12
20.   
24664/18
11
21.   
24059/16
11
22.   
10207/18
10
23.   
9492/16
9.5
24.   
23764/15
9.5
25.   
10151/18
9.5
26.   
9121/15
9.5
27.   
9127/15
9
28.   
24650/18
9
29.   
24619/18
9
30.   
24603/18
8
31.   
24680/18
8
32.   
9500/16
8
33.   
10200/18
7.5
34.   
24639/18
7.5
35.   
10196/18
7
36.   
24677/18
7
37.   
10208/18
7
38.   
24604/18
7
39.   
10058/17
6.5
40.   
10080/17
6
41.   
10199/18
6
42.   
24208/17
6
43.   
24645/18
5.5
44.   
8538/14
5
45.   
10173/18
5
46.   
10168/18
5
47.   
24659/18
5
48.   
10137/18
4
49.   
10009/17
4
50.   
24631/18
4
51.   
24625/18
4
52.   
24607/18
4
53.   
10139.18
4
54.   
9149/15
3.5
55.   
10156/18
2.5
56.   
24641/18
2
57.   
24657/18
2
58.   
10121/18
1
59.   
24651/18
1
60.   
10152/18
0
61.   
8605/14
0


Забелешка: условно се пуштени само студентите со 17 и 16 поени и на наредниот колоквиум ќе мора да освојат најмалку 19, односно 20 поени.

Предметен наставник