Monday, October 30, 2023

Завршна онлајн конференција од проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН и ИП,

Имам особена чест да ве поканам на завршната онлајн конференција од Еразмус плус проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“ што ќе се одржи преку платформата ЗУМ на 06.11.2023 година со почеток во 17:00 часот. Во последните две години МНЗА, заедно со раководителот на проектот ОУ „Милоје Павловиќ“ од Белград и ФАСПЕР од Белград, Србија направи корисни материјали за наставниците и асистентите кои работат во редвониот образовен систем. Пријавувањето е задолжително на следниот ЛИНК. Само со оставање на точни податоци и точна е-пошта ќе можете да го добиете ЗУМ линкот. Во прилог е програмата на настанот. Го очекуваме вашето присуство и вашиот придонес на самата конференција.

Претседател на МНЗА,

Модератор на конференцијата




Monday, October 23, 2023

Трибина по повод „Недела на отворен пристап“ - 24.10.2023

Почитувани колешки и колеги,

Најпрвин честит празник „Денот на македонската револуционерна борба“. Ја користам уште еднаш приликата да ги поканам на трибината „Заедницата над комерцијализацијата“ што ќе се одржи утре 24.10.2023 година во салата за седници на Филозофски факултет, УКИМ – Скопје. Соорганизатор е Македонското здружение на медицински уредници.

„Заедницата над комерцијализацијата“ е темата за овогодинешната Меѓународна недела на отворен пристап (23-29 октомври). Оваа тема охрабрува искрен разговор за тоа кои пристапи за отворање стипендија им даваат приоритет на најдобрите интереси на јавноста и академската заедница - а кои не.

Усвоена од нејзините 193 земји-членки, Препораката на УНЕСКО за отворена наука ја нагласува потребата да се даде приоритет на заедницата пред комерцијализацијата во нејзините повици за спречување на „неправедна екстракција на профит од јавно финансирани научни активности“ и поддршка за „некомерцијални издавачки модели и колаборативни објавување модели без трошоци за обработка на написи“. Со фокусирање на овие области, можеме да ја постигнеме првобитната визија наведена кога првпат беше дефиниран отворениот пристап: „стара традиција и нова технологија се споија за да овозможат јавно добро без преседан“.

Кога комерцијалните интереси се приоритетни пред оние на заедниците на кои истражувањето сака да им служи, се појавуваат многу загрижувачки прашања. Неделата на отворен пристап дава можност за поединци да разговараат за прашања кои се најрелевантни во нивниот локален контекст. Тие може да вклучуваат: Што се губи кога сè помал број на корпорации го контролираат производството на знаење наместо самите истражувачи? Која е цената на деловните модели кои зацврстуваат екстремни нивоа на профит? Кога собирањето и употребата на лични податоци почнува да ја поткопува академската слобода? Може ли комерцијализацијата некогаш да функционира во поддршка на јавниот интерес? Кои опции за користење на инфраструктурата контролирана од заедницата веќе постојат што би можеле подобро да им служат на интересите на истражувачката заедница и јавноста (како што се сервери за предпечатење, складишта и отворени платформи за објавување)? Како можеме да го префрлиме стандардното кон користење на овие опции за заедницата?

Избрана од Советодавниот комитет на неделата за отворен пристап, овогодинешната тема дава можност да се здружиме, да преземеме акција и да ја подигнеме свеста за важноста на контролата на заедницата на системите за споделување знаење. Неделата на отворен пристап 2023 година ќе се одржи од 23-ти до 29-ти октомври; сепак, секој е охрабрен да биде домаќин на дискусии и да преземе акција секогаш кога е најпогодно во текот на годината и да ги приспособи темата и активностите на нивниот локален контекст.

Модератор на трибината ќе биде м-р Андреа Ивановска.

Котизација не се плаќа, а сите учесници кои ќе ја проследат целата трибина ќе добијат електронски сертификат.

Задолжително е пријавување на слушателите на Гугл формуларот

Генерален секретар на МЗМУ









Tuesday, October 17, 2023

Обврски на вонредните студенти и останатите без 15 ЕКТС поени

Почитувани вонредни студенти и останати без 15 ЕКТС поени,

Сите вие кои не доаѓате на настава бидејќи сте вонредни студенти ќе треба да освоите минимум 15 ЕКТС поени. За таа намена треба да добиете три задачи: семинарски труд, интернет ресурси и обработка на труд од списание. Веќе 17 денови како е започнат семестарот и ќе треба да ми пишете е-пошта за да побарате задачи. Сакам да ви укажам дека 30 ноември е последниот рок за предавање на задачите, а 20 декември за одбрана на задачиите што ќе ги добиете. Доколку сте вонредни студенти, а сепак имате време и сакате да ги следите сите предавања и вежби, тогаш нема потреба од овие три задачи. Но, во овој случај треба апсолутно редовно да ги посетувате предавањата и вежбите. 
Сите студенти од минатите генерации што не освоиле 15 ЕКТС поени, задачите ќе треба да ги одбранат најдоцна до 30 номеври, доколку сакаат да полагаат во јануарската сесија.
Предметен наставник

Monday, October 16, 2023

Информација до медиумите за Физиолошка писхологија

Почитувани медиуми,

Деновиве излезе од печат мојата најнова монографија под наслов „ФИЗИОЛОШКА ПСИХОЛОГИЈА”, прва од овој тип на македонски јазик. Оваа книга надополнува голема празнина заради непостоење на стручна литература од оваа област.

Физиолошката психологија, исто така наречена и биолошка психологија е проучување на биологијата на однесувањето; се фокусира на нервниот систем, хормоните и генетиката. Физиолошката психологија ја испитува врската помеѓу умот и телото, нервните механизми и влијанието на наследноста врз однесувањето. Истражувачите од областа на физиолошката психологија ја проучуваат биолошката основа на мислите, емоциите, јазикот, когнитивноста и однесувањата.

Монографијата е композициски со­ста­ве­на­ од 17­ пог­лав­ја­, а по секое поглавје следуваат прашања и задачи, кои ќе им помогнат на студентите подобро да го усвојат материјалот. На крајот од монографијата има богат речник на поими што треба да ги дообјаснат нејасните работи и, секако, индекс на зборови.

Во­ пи­шу­ва­ње­то­ на­ монографијата бе­ше­ ко­ри­сте­на­ со­од­вет­на­ до­маш­на­ и стран­ска­ лите­ра­ту­ра­, вмет­на­ти­ се­ го­лем број сли­ки­, та­бе­ли­ и црте­жи­, со­ цел да му­ се­ овоз­мо­жи­ на­ читателот подо­бро­ у­сво­ју­ва­­ње­ на­ мате­ри­јалот.

Страниците на оваа монографија се првенствено наменети за студентите од Институтот за психологија и за студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје, како и за студентите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои сакаат да ги разберат биолошките основи на психолошките нарушувања и да разберат како се испреплетуваат хуманата генетика и хуманата физиологија кај одредени развојни нарушувања и болести во адултната возраст. Монографијата може да биде корисна и за многу поширока популација, за дипломирани психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, медицинари, психијатри и за родители на деца со развојни нарушувања.

Доколку сакате да се запознаете со СОДРЖИНАТА, кликнете на линкот.

Со почит,
Авторот



Friday, October 13, 2023

Список на семинарски теми по Хумана генетика и физиологија - 2023

Почитувани студенти од ИП,

Пред малку го добив списокот на заинтересирани студенти. Се пријавија 9 студенти за изработка. Крајниот рок е 30 ноември 2023 година во 23:59 часот електроснки, а претходно и во тврда копија. Списокот на следниот ЛИНК. Среќно со подготовката.

Предметен наставник

Tuesday, October 10, 2023

Список на семинарски теми по Физиологија со функционална анатомија - 2023

Почитувани студенти од ИСЕР,

Пред малку го добив списокот од студентката што ја задолжив да го направи. Пријавени се 29 студенти и во прилог се темите. Краен рок за предавање во електронска форма на Мајкрософт Тимс и во хартиена верзија е 30 ноември во 23:59 часот. Ова не значи дека треба да го чекате последниот рок. На овој блог во изминатите години можете да најдете објавен водич за изработка на семинарски работи и кои се најчестите грешки при изработка на истите. Имате доволно време, дури 51 ден да изработите квалитетни трудови. Ве молам немој да купувате семинарски трудови на Бит пазар. :)

Поради проблеми со табелата во ХТМЛ принуден сум да ви го дадам фајлот за симнување во Ворд на следниот ЛИНК.

Со почит,

Предметен наставник


Monday, October 9, 2023

Предавања ХГФ - 2023

Почитувани студенти од ИП,

Како што веќе објавив во два наврати преслушувањето по предметот Хумана генетика и физиологија ќе започне во петок на 13 октомври со почеток во 08:00 часот во психолошката лабораторија на ФЗФ. Потребно е да бидете 10-15 минути порано. Преслушувањето на предметот е задолжително за тие што не добиле потписи и немаат 15 ЕКТС поени во изминатите години. За другите е по сопствена желба. Повторувам предавањата нема да бидат класични, туку ќе бидат во форма на дискусии, разговори, прашања и задачи, гледање видео клипови од матеруијалот и слично. На списокот имам запишано 29 студенти и постои простор за максимум уште 6 студенти (толку собира просторијата). Потребно е да ве има во списокот за да може да слушате.

Со почит,

Предметен наставник

Sunday, October 8, 2023

Список на групи за вежби по ФФА 2023/2024

Почитувани студенти од ИСЕР,

Ви ги прикажувам групите за вежби по предметот Физиологија со фунцкионална анатомија. Списокот е конечен и не се можни замени. Вие сте должни убаво да го подговите делот што ви го дадов од првата вежба од Практикумот по Физиологија со функционална анатомија.

I група
Четврток
10.45-12.15

  1. 11392/23
  2. 11399/23
  3. 11415/23
  4. 11403/23
  5. 26169/23
  6. 26163/23
  7. 26162/23
  8. 26172/23
  9. 11411/23
  10. 11412/23
  11. 26178/23
  12. 11383/23
  13. 11384/23
  14. 11385/23
  15. 26128/23
  16. 26129/23
  17. 11374/23
  18. 11375/23
  19. 26134/23
  20. 11376/23
  21. 11425/23

II група
Четврток
12.15-13.45

  1. 26136/23
  2. 11377/23
  3. 26137/23
  4. 26139/23
  5. 26166/23
  6. 11365/23
  7. 11364/23
  8. 11371/23
  9. 26127/23
  10. 11366/23
  11. 26124/23
  12. 26125/23
  13. 26115/23
  14. 11362/23
  15. 26118/23
  16. 26121/23
  17. 26122/23
  18. 11389/23
  19. 11379/23
  20. 26142/23
  21. 11417/23
Предметен наставник













Saturday, October 7, 2023

МНЗА заедно со колеги од универзитетот во Кардиф презентираше заеднички труд

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека членови на МНЗА беа коавтори на колеги од Универзитетот во Кардиф, на денес завршениот 14-тиот Балкански конгрес по Хумана генетика, што се одржа во Скопје од 5 до 7 октомври. Постерот го презентираше м-р Ирена Стојановска, а трудот е со наслов: THE IMPACT OF WHITE MATTER ALTERATIONS IN 16P11.2 DELETION AND DUPLICATION SYNDROME. Нашиот асптракт се наоѓа на 99 страница, а целиот зборник можете да го симнете ОВДЕ. Во продолжение постерот и апстрактот во форма на слики. Честитки до сите од тимот.




Забелешка: сите автори се сложија позади нашето име да стои зборот Македонија, како што е во постерот. Но, од за нас неразбирливи причини организаторот во апстрактот го сменил во пежоративното име. Јавно се оградуваме од овој чин и го осудуваме.

Претседател на МНЗА



Friday, October 6, 2023

Физиолошка психологија - Импресум

Почитувани читатели,

Би сакал низ слики да го споделам импресумот на монографијата Физиолошка психологија. Им благодарам на издавачот, рецензентите, техничкиот уредник, лекторот и печатницата кои помогнаа ова дело да излезе на 29 септември 2023 година.


Авторот






Wednesday, October 4, 2023

JHRS newest issue 2, Volume 2 for 2023 has already been published

Dear colleagues and readers,

I would like to inform you that 2nd issue of the 2nd volume of Journal of Health and Rehabilitation Sciences is published online today (October 3rd, 2023). A total number of 7 papers are published. Next Issue 3, Vol. 2 of JHRS for the 2023 is expected to be published until December 31st, 2023.

 
Accessing JHRS Online
To view a current articles which appears online, please visit this LINK.
You, your colleagues, and students will be able to view articles (Full-Text PDF and XML) and have unlimited access to the journal (JHRS is an open access, international, peer reviewed and non for profit journal).
 
Citing Articles Using the Digital Object Identifier (DOI)
When citing articles from JHRS, we encourage you to use article’s DOI in addition to traditional citation information. This is an industry standard, a link-resolving system that allows any link to remain “persistent” even if the location of the article changes at some point in the future. Hence, when you are quoting the link for an article, you should always quote the DOI rather than the URL of our home page.
 
Useful Online Features for Authors
Your registration in online submission (https://jhrs.almamater.si/index.php/jhrs/user/register) will enable you with continuous information connected with JHRS. We encourage you to share publications from JHRS platform and online registration with your colleagues. You can feel free to share every publication on social media.
We invite you to the content of the JHRS and we think that you will consider publishing with Journal of Health and Rehabilitation Sciences.
 
Call for papers for Vol.2, Issue 3 is open until October 31st.
 
Suggested topics include:
 
  • Rehabilitation Research,
  • Health Research,
  • Special Education Research,
  • Neuropsychological Research,
  • Autism Spectrum Disorders,
  • Disability Research,
  • Medical Aspects of Disability,
  • Social Aspects of Disability,
  • Master theses and PhD theses in the field,
  • Book Reviews in the field.

If you have any questions or you face problems with paper submission, please feel free to contact us: editorjhrs@almamater.si


Cheers,

JHRS Editor-in-chief



Tuesday, October 3, 2023

Физиолошка психологија - Содржина

Почитувани читатели,

Во петокот на 29 септември излезе од печат моето најново „чедо“ со наслов ФИЗИОЛОШКА ПСИХОЛОГИЈА. Монографијата ја пишував со многу посветеност во последните пет години, а со најголем интензитет во последната година. Таа има 391 страница во Б5 формат. Се продава во „Студентски сервис“ при ФЗФ, Економски и Машински факултет, а од идната седмица ќе ја има и во книжарницата на ДИФ. Цената на чинење е 850 денари и може да ја набавите секој работен ден од 8 до 16 часот. Доколку сакате да се запознаете со СОДРЖИНАТА, кликнете на линкот.


Авторот


Sunday, October 1, 2023

Осврт на конференцијата на психолозите од Ниш

Драги и колешки и колеги,

Сакам накусо да се осврнам на вчера завршената конференција со наслов „19-ти денови на применета психологија“ што се одржа на Филозофскиот факултет во Ниш, Србија на 29 и 30 септември 2023 година. За оваа конференција бев поканет прво како од претседателката на програмскиот одбор пред 7-8 месеци. Сериозно си ја сфатив работата. Кога зборевме со што да се вклучам, таа веднаш ја прифати понудата да водам поканета сесија за „Аутизам и ментално здравје“. Бев член на програмскиот одбор и одржав едно предавање и бев коавтор на колешките м-р Ирена Стојановска и м-р Елисавета Карастојанова. Доколку сте заинтересирани да ги видите нашите апстракти или било кои апстракти од другите учесници одете на следниот ЛИНК. Конференцијата за жал беше хибридна и имаше многу учесници кои не дојдоа со физичко присуство, туку се приклучуваа на ЗУМ. Сесијата која ја модерирав помина одлично со врвните имиња на проф. д-р Мохамад Газиудин, проф. д-р Ричард Милс, проф. д-р Блејк Хансен, д-р Паола Молтени и д-р Јасир Сиед, како и веќе споменатите колешки погоре. Сесијата ја следеа 10 учесници во училницата и 20 учесници преку ЗУМ, ниту голем број, ниту мал. Впечатоците од организаторите беа одлични, бидејќи сепак тоа им го крена рејтингот на конференцијата. Доколку некого го интересира атмосферата може да оди на АЛБУМОТ на ФБ.

Моето предавање со наслов „Ментално здравствени проблеми за време на КОВИД-19 пандемијата кај лицата со АСН“ можете да го најдете ОВДЕ.

На 30.09.2023 ги претставив 14 месечните постигнувања на списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences. Ако ве интересираат слајдовите кликнете на ЛИНКОТ.

Оној културно-забавниот дел им беше за чиста десетка на организаторите. Уште еднаш ми се докажа правилото дека повеќе сум ценет надвор, отколку дома. Нишките психолози ти даваат почести, учества во програмски одбор, 2 презентации, итн. Скопските психолози ти го одземаат предметот Хумана генетика и физиологија, заради строгост. Но, нејсе, да не испадне дека „плачам“, животот си тече понатаму...

Претседател на МНЗА

Главен и одговорен уредник на ЈХРС

Силабус по предметот Физиологија со функционална анатомија 2023/2024

Почитувани студенти,

На еден ден пред новата академска година сакам да го споделам со вас силабусот по предметот Физиологија со функционална анатомија. Предавањата и вежбите се задолжителни за актуелната прва година за да добијат потпис. Тие ќе се одвиваваат со физичко присуство во „лабораторијата“ на Педагошкиот факултет во Скопје секој четврток со почеток од 08:00 часот до 13:45 часот. Лабораторијата се наоѓа на вториот спрат во левото крило од зградата поточно на Институтот за безбедност, одбрана и мир. Посакувам целиот семестар да бидат со физичко присуство и да немаме проблеми со корона вирусот, со струјата или со парното грееење. Неопходно е да бидете пред предавалната барем 15-тина минути порано.
На предавања не смее да се доаѓа болен со знаци на вироза: кашлица, кивање, температура и сл. Доколку ги имате овие симтоми заради алергија или друга хронична состојба задолжително да носите со себе лекарска потврда. Во спротивно, ќе бидам принуден да ве отстранувам од предавањата.
На предавања мобилниот телефон не смее да ѕвони или да си проверувате пораки и да испраќате пораки и други активности со него. Кому ќе се случи тоа ќе биде отсранувам од часови и казнуван со неможност за полагање на испити од неколку последователни сесии.
На предавања не се оди по тренерки, кратки маички, мини здолништа и слично. Треба да покажете достоинствено академско однесување!

За секој случај имајте во вид дека алтернативно во неповолни услови ќе одиме преку платформата Мајкрософт Тимс во која треба да сте регистрирани со корисничко име и лозинка. Ги поканувам сите што го запишале ФФА да се приклучат на следниот линк
Предавањата започнуваат на 3 октомври во 8:00 часот и ве молам да бидете најмалку 15 минути пред тоа пред лабораторијата. Го задржувам правото за промена на термините заради учество на виша сила.

ПРЕДАВАЊА

I Недела 03.10.2023
1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
ФУНКЦИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОПШТ ПЛАН НА ТЕЛОТО

II Недела 12.10.2023
2. КЛЕТОЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА
3. ТЕЛЕСНИ ТЕЧНОСТИ

III Недела 19.10.2023
4. ЕЛЕКТРОЛИТИ
5. КРВ

IV Недела 26.10.2023
6. МУСКУЛЕН СИСТЕМ
7. НЕРВЕН СИСТЕМ прв дел

V Недела 02.11.2023
7. НЕРВЕН СИСТЕМ втор дел

VI. Недела 09.11.2023
7. НЕРВЕН СИСТЕМ трет дел

VII. Недела 16.11.2023
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 23.11.2023
7. НЕРВЕН СИСТЕМ четврт дел

IX. Недела 30.11.2023
7. НЕРВЕН СИСТЕМ петти дел

X. Недела 07.12.2023
8. СИСТЕМ НА СЕТИЛА прв дел

XI. Недела 14.12.2023
8. СИСТЕМ НА СЕТИЛА втор дел

XII. Недела 21.12.2023
9. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XIII. Недела 28.12.2023
10. ФИЗИОЛОГИЈА НА ГОВОР
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА

XIV. Недела 11.01.2023
ВТОР КОЛОКВИУМ
ПОТПИСИ

ВЕЖБИ

I. Недела 12.10
1.КЛЕТОЧЕН ТРАНСПОРТ МЕХАНИЗМИ И ПЕРМЕАБИЛНОСТ 1 дел

II. Недела 19.10
1.КЛЕТОЧЕН ТРАНСПОРТ МЕХАНИЗМИ И ПЕРМЕАБИЛНОСТ 2 дел

III. Недела 26.10
4.КРВНИ АНАЛИЗИ

IV. Недела 02.11
5.ФИЗИОЛОГИЈА НА СКЕЛЕТНИ МУСКУЛИ

V. Недела 09.11
КОЛОКВИУМ

VI. Недела 16.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ прв дел

VII. Недела 23.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ втор дел

VIII. Недела 30.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ трет дел

IX. Недела 07.12
7. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела 14.12
8. ФИЗИОЛОГИЈА НА ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 21.12
9. ФИЗИОЛОГИЈА НА ГОВОР

XII. Недела 28.12
10. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА

XIII. Недела 11.01.2024
КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ
Предметен наставник