Tuesday, February 22, 2022

Список на семинарски трудови по ХГ - 2022

Почитувани студенти,

Повелете список на семинарски трудови по предметот Хумана генетика. Краен рок за предавање е 30 април 2022 година. Ве молам да не ми ги праќате на е-пошта, туку ќе треба да се прикачат на МТ платформата во посебен фолдер. Семинарските се изработуваат и прикачуваат во програмот Ворд. Нека ви е со среќа подготвувањето на истите.

10959/21

Waardenburg синдром

25633/21

Patau синдром

10937/21

Barr-ово тело

10917/21

Хромозоми

25616/21

Marfan синдром

25608/21

Edwards синдром

25652/21

Lejeun (Cri du chat) синдром

25671/21

Миотонична дистрофија

25640/21

Автосомно доминантно наследување

10905/21

Автосомно рецесивно наследување

25631/21

Полово врзано наследување

10911/21

Ретинобластом

25689/21

Williams синдром

10907/21

Klinefelter синдром

10914/21

Туберозна склероза

10916/21

Нумерички хромозомски аберации

10939/21

tRNA

10926/21

Транслација

10955/21

Генетско советување

10961/21

Down синдром

10908/21

DNA

25612/21

Пренатална дијагноза

25676/21

Неврофиброматоза

10910/21

pRNA

10925/21

Wolf синдром

10957/21

Фрагилен Х синдром

10945/21

Транслокации

10941/21

Митохондријално наследување

25657/21

Транскрипција на DNA

25677/21

Митоза

10946/21

Мејоза



Предметен наставник

Saturday, February 19, 2022

Студенти „духови“ на Мајкрософт Тимс

Почитувани студенти,

Нешто што најмногу не го почитувам во животот, тоа е измамата. Измама од студенти, од пријатели, од колешки и колеги и останати ближни. Во неколку наврати имам откриено дека студентите само кликнале пред предавањето и се вклучиле на платформата, а воопшто не ја следат наставата. Наместо да слушаат предавања и вежби, тие спијат, или вршат некои други активности. Што е уште поопасно и попоразително, такви ненормални појави открив и меѓу постдипломците. Многу попоштено ќе биде воопшто да не се вклучите во наставата, отколку да изигрувате студенти „духови“. Како што знаете во последните 2 пандемиски години, добивате административен потпис, така што немате потреба лажно да се претставувате присутни, таму каде што не сте во моментот.

Сите вакви појави најригорозно ќе ги санкционирам. Ви ветувам дека во иднина ќе правам проверки на неколку случајни имиња. Доколку продолжи оваа појава, самите вие ќе си ги сносите последиците од таквото недолично и неакадемско однесување.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, February 15, 2022

Пандемиски консултации

Почитувани студенти,

Наскоро ќе навлеземе во третата година од пандемијата со Коивд-19. Стелт омикрон варијантата на корона вирусот е исклучително заразна. Смртноста во Македонија е исклучително висока. Затоа не ми ни паѓа на памет да закажувам термини за консултации во живо во мојот кабинет или било каде на факултетот. Затоа, како и во изминатите години максимално сум ви достапен по електронски пат. Консултации ќе можете да остварите во било кое време кога немам обврски и задолженија по е-пошта. Доколку некој сака да ме види и слушне, по е-пошта ќе закажеме термин за Мајкрофост Тимс средба.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Обврски на вонредните студенти

Почитувани вонредни студенти од прва година,

Сите вие кои не доаѓате на настава бидејќи сте вонредни студенти ќе треба да освоите минимум 15 ЕКТС поени. За таа намена треба да добиете три задачи: семинарски труд, интернет ресурси и обработка на труд од списание. Денес започна семестарот и ќе треба да ми пишете е-пошта за да побарате задачи. Сакам само да ве потсетам дека 30 април е последниот рок за предавање на задачите, а 15 мај за одбрана на задачиите што ќе ги добиете и тоа на платформата Мајкорософт Тимс. Доколку сте вонредни студенти, а сепак имате време и сакате да ги следите сите предавања и вежби, тогаш нема потреба од овие три задачи.
Предметен наставник

Monday, February 14, 2022

Силабус по Хумана генетика 2022

Почитувани студенти,

Како што веќе знаете, утре (вторник) во 8:00 часот започнуваме со предавањата по предметот Хумана генетика. Наредната седмица и со вежбите. Доколку досега не сте станале член на тимот треба под ИТНО да побарате прием во следниот Мајкрософт Тим. Да не биде потоа, не сум знаел/а. Ви го проследувам силабусот по кој ќе работиме следниов семестар кој започнува утре. Нека одат со лесно без проблеми предавањата и вежбите во летниот семестар што започнува во зима. :) Вие сте должни навремено да ги подготвувате предавањата и вежбите според овој силабус.


I. Недела 15.02.2022
1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
2.ВОВЕД ВО ГЕНЕТИКАТА
3.КЛАСИЧНА ГЕНЕТИКА

II. Недела 22.02.2022
4.СТРУКТУРНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КЛЕТКАТА
5. ХРОМОЗОМИ

III. Недела 01.03.2022
6. ДЕЛБА НА КЛЕТКАТА
7. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО I дел

IV. Недела 08.03.2022
8. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО II дел

V. Недела 15.03.2022
9. СИНТЕЗА НА ПРОТЕИНИ
10. НАСЛЕДУВАЊЕ

VI. Недела 22.03.2022
11. ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ

VII. Недела 29.03.2022
ПРВ КОЛОКВИУМ


VIII. Недела 05.04.2022
12. ГЕНСКИ МУТАЦИИ
13. МОНОГЕНСКИ БОЛЕСТИ

IX. Недела 12.04.2022
14.ПРЕНАТАЛНА ДИЈАГНОЗА
15. КОНГЕНИТАЛНИ МАЛФОРМАЦИИ

X. Недела 19.04.2022
17.ХРОМОЗОМСКИ ЗАБОЛУВАЊА

XI. Недела 26.04.2022
18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА
19. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД

XII. Недела 03.05.2022
22. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
23. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ

XIII. Недела 10.05.2022
25. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ
26. ГЕНЕТСКО СОВЕТУВАЊЕ

XIV. Недела 17.05.2022
ВТОР КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ

XV. Недела 31.05.2022
Дополнителни активности по потреба

Friday, February 11, 2022

Литература по предметот Хумана генетика

Почитувани студенти од прва година на ИСЕР,

Иако ќе ја наведам оваа литература на првото предавање во вторник на 15.02.2022 година, сепак одлучив да ја имате и малку пред време бидејќи веднаш започнуваме со предавања и вежби. Вака ќе ја имате пред вас. Учебникот по ХГ ќе може да го набавите во „Студентскиот сервис на ФЗФ“. Практикумот за електронска настава не е задолжителен и се нарачува по потреба.
  1. Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2005. 
  2. Трајковски В. Практкум по хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2003. 
  3. Mihajlović Lj, Mihajlović N. Humana genetika. Visoka medicinska škola strukovih studija, Ćuprija, 2009. 
  4. Ninković D. Medicinska genetika. FASPER, Beograd, 2007. 
  5. Jorde LB, Carey JC, Bamshad MJ, White RL. Medical Genetics. 2nd edition, Mosby Inc., St Louis, 2000. 
  6. Mueller RF, Young ID. Emery’s Elements of Medical Genetics. Eleventh edition, Churchill Livingstone, New York, 2001. 
  7. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol I, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
  8. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol II, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
 



Предметен наставник

Прво предавање ХГ - 15.02.2022

Почитувани студенти од ИСЕР,

Ве известувам дека во вторник (15.02.2022) година со почеток во 8:00 часот на платформата Мајкрофост Тимс ќе го одржам првото предавање по Хумана генетика. Имено, започнува вториот семестар. На предавањата и вежбите должни се плус да присуствуваат сите преслушувачи од повозрасните генерации. Предавањата ќе се одржат на следниот ЛИНК, а сите од прва година треба да побараат пристап. Во вторник ќе се одржат само предавања, а вежбите ќе започнат наредната седмица потоа. Вие сте должни да бидете на платформата околу 10 минути пред почетокот на предавањето. Во случај да не се вклучам на платформата во 8:00, должни сте да ме чекате најмногу 10 минути. Тоа би значело дека ми излегле непредвидени работи. Потоа сте слободни.

Предметен наставник

Sunday, February 6, 2022

Пишување оцени - 08.02.2022

Почитувани студенти,

Последниот официјален термин за пишување оцени за оваа сесија ќе биде во вторник - 08.02.2022 година од 12:30 до 15:30 часот. Вие сте должни пред тоа (од 8:00 до 12:30) да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР во кутија каде ќе биде назначено моето име. Сукцесивно по групи како ќе бидат напишани оцените, ќе ги враќам во кутијата. Индексите можете да ги земете назад потоа и некој друг ден (ако не ви се чека). Ве молам да не доаѓате кај мене пред кабинет заради ладното време и заради превенција од Ковид-19. НЕ примам консултации со физичко присуство! Консултации само по електронски пат. Ваков друг официјален термин во февруари нема да има. Потоа, вие можете да ги оставите индексите во библиотеката, но не се знае точно кога ќе ви напишам оцена.

Предметен наставник

Thursday, February 3, 2022

Испит АСН -04.02.2022

Почитувани постдипломци,

Како што беше закажано испитот по Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржи онлајн усно, утре 04.02.2022 година во 09:00 часот на следниот линк. Претпоставувам дека ги имате исполнето условите: присуство на предавања, пишана и одбранета семинарска работа и слично.

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГ - 03.02.2022

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Пет студенти го положија испитот и јас им честитам. Една студентка е пуштена условно и ако сака може да се јави на устен испит денес во 18:00 часот на платформата специјално наменета за испити. Доколку не полага, да ме извести по е-пошта. Другите студенти повеќе учење во јунската сесија. Студентите што биле присутни (повеќе од 18 минути) на платформата и го полагале испитот, а притоа освоиле 0 поени нема да можат да полагаат усно. Резултатите се конечни и не ми бркајте ургенции!!!

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.      

25355/20

44

7

2.      

10156/18

41

6

3.      

25353/20

41

7

4.      

10736/20

41

8

5.      

10727/20

36

6

6.      

10206/18

33

Условно

7.      

24677/18

27

5

8.      

24632/18

26

5

9.      

10090/17

22

5

10.   

10728/20

20

5

11.   

24974/19

18

5

12.   

7896/12

16

5

13.   

10189/18

15

5

14.   

24928/18

15

5

15.   

10198/18

15

5

16.   

25376/20

14

5

17.   

25336/20

14

5

18.   

25348/20

13

5

19.   

9507/16

12

5

20.   

24971/19

12

5

21.   

24515/17

11

5

22.   

24506/17

11

5

23.   

10173/18

10

5

24.   

9493/16

10

5

25.   

24513/17

10

5

26.   

10510/19

10

5

27.   

24625/18

9

5

28.   

10038/17

9

5

29.   

10113/17

8

5

30.   

8526/14

4

5

31.   

7107/11

2

5

32.   

23273/14

0

5

33.   

8575/14

0

5

Предметен наставник