Sunday, May 10, 2026

Рајли-Деј синдром (Riley-Day syndrome)

Синоними: Фамилијарна дисавтономија (Familial Dysautonomia / Hereditary Sensory and Autonomic Neuropathy Type III – HSAN III)

1. Дефиниција
Рајли-Деј синдромот претставува ретко, тешко, автозомно рецесивно наследно невродегенеративно заболување кое се карактеризира со прогресивно нарушување на развојот и функцијата на сензорниот и автономниот нервен систем. Ова заболување е познато и како Фамилијарна дисавтономија или Hereditary Sensory and Autonomic Neuropathy type III (HSAN III). Се карактеризира со нарушена автономна регулација, сензорна невропатија, абнормална перцепција на болка и температура, нарушена лакримација, гастроинтестинални нарушувања, кардиоваскуларна нестабилност, прогресивна невролошка дисфункција. Ова е една од најтешките форми на наследни автономни невропатии.

2. Историски осврт
Синдромот првпат бил опишан во 1949 година од Conrad Milton Riley и Richard Lawrence Day. Тие опишале група деца со нарушено потење, нестабилен крвен притисок, отсутни солзи, автономна дисфункција. Оттука произлегува називот Riley-Day syndrome.

3. Епидемиологија
Заболувањето е исклучително ретко. Најчесто се јавува кај лица со ашкеназиско еврејско потекло. Инциденција: приближно 1:3.600 живородени. Фреквенција на носители околу 1:30. Надвор од оваа популација е многу ретко.

4. Генетска основа
Наследување автосомно рецесивно. За појава на болеста потребни се две патогени варијанти. Ризик кај двајца носители: 25% заболено дете, 50% носител, 25% здраво
Предизвикана од мутации во ELP1 ген (порано познат како IKBKAP). Локација: 9q31. ELP1 кодира протеин кој е дел од Elongator complex. Овој комплекс е важен за транскрипциска регулација, модификација на tRNA, невронален развој, преживување на неврони.

5. Патофизиологија
Мутацијата доведува до намалена експресија на ELP1 протеинот. Ова резултира со нарушен развој на автономни ганглии, дегенерација на сензорни неврони, абнормална неуронална сигнализација. Најмногу се засегнати симпатички неврони, сензорни ганглии, автономни патишта.

6. Невропатологија
Се забележува редукција на дорзални коренски ганглии, хипоплазија на автономни ганглии, дегенерација на мали миелинизирани влакна, губиток на немиелинизирани влакна.

7. Клиничка слика
Симптомите започнуваат уште во новороденечкиот период.
I. Неонатален период
Проблеми со хранење многу чести. Причини: слаб координиран рефлекс на голтање, гастроезофагеален рефлукс, орофарингеална дисфункција, хипотонија, слабо напредување.
II. Автономни манифестации
1. Отсуство или намалено солзење познато како алакримија. Многу карактеристичен знак. Децата плачат без солзи.
2. Дисрегулација на крвен притисок може да се јави ортостатска хипотензија, епизоди на хипертензија.
3. Нарушено потење хиперхидроза или намалено потење.
4. Температурна нестабилност
5. Автономни кризи се карактеристични. Се манифестираат со: хипертензија, тахикардија, повраќање, црвенило, потење, анксиозност. Може да траат со часови до денови.
III. Сензорни нарушувања
Намалена чувствителност на болка, нарушена перцепција на температура, намален вкус особено на: предни две третини од јазик.
IV. Невролошки манифестации
Атаксија прогресивна, нарушена координација, хипорефлексија, или арефлексија, дизартрија, тремор.
V. Офталмолошки манифестации
Корнеални улцерации, суво око, намален корнеален рефлекс.
VI. Гастроинтестинални нарушувања
Многу чести, гастроезофагеален рефлукс, повраќање, констипација, дисмотилитет.
VII. Респираторни компликации
Аспирациона пневмонија, хронична белодробна болест.
VIII. Ортопедски компликации
Сколиоза многу честа, деформитети на стапала.
IX. Когнитивни карактеристики
Интелигенцијата често е нормална или блиску до нормална. Но може да постојат: нарушувања на внимание, извршни дисфункции.

8. Дијагностика
Клинички сомнеж кај дете со алакримија, автономни кризи, ортостатска нестабилност.
Невролошки преглед покажува отсутни рефлекси, сензорни нарушувања. Функционални тестови автономно тестирање. Проценка на варијабилност на срцев ритам, ортостатски одговор, Schirmer тест за продукција на солзи.

9. Генетско тестирање
Златен стандард се анализира ELP1.

10. Диференцијална дијагноза
  • HSAN тип I
  • HSAN тип IV
  • Конгенитална несензитивност за болка
  • Чиста автономна инсуфициенција
  • Митохондријални болести
11. Третман
Нема куративен третман. Терапијата е симптоматска.
1. Контрола на автономни кризи се користат: Diazepam и други седативи.
2. Ортостатска хипотензија Midodrine, Fludrocortisone.
3. Гастроинтестинална поддршка нутритивна поддршка, гастростома кај тешки случаи.
4. Офталмолошка заштита вештачки солзи
5. Физиотерапија
6. Логопедска терапија
Редовно мултидисциплинарно следење: невролог, кардиолог, гастроентеролог, офталмолог, ортопед.

12. Компликации
Главни причини за морбидитет: аспирација, белодробни инфекции, автономни кризи, ненадејни кардиоваскуларни настани.

13. Прогноза
Во минатото прогнозата била лоша. Денес, со подобра нега многу пациенти достигнуваат зрелост. Сепак постои намален животен век.

14. Генетско советување
Многу важно. Можно е: носителски скрининг, пренатална дијагностика, предимплантациско тестирање особено кај популации со висок ризик. Современи истражувања ги истражуваат: RNA-базирани терапии, модулатори на сплајсирање, генска терапија, невропротективни стратегии.

15. Заклучок
Рајли-Деј синдромот претставува ретка, тешка наследна автономна и сензорна невропатија предизвикана од мутации во ELP1 генот. Карактеристични се алакримијата, автономните кризи, ортостатската нестабилност и прогресивната невролошка дисфункција. Раното препознавање, молекуларната дијагностика и мултидисциплинарниот пристап се клучни за подобрување на преживувањето и квалитетот на животот на засегнатите пациенти.

No comments:

Post a Comment