Tuesday, April 30, 2013

Цитираност на трудот Higher plasma concentration of food-specific antibodies in persons with autistic disorder in comparison to their siblings

Почитувани колешки и колеги,
Трудот Higher plasma concentration of food-specific antibodies in per- sons with autistic disorder in comparison to their siblings си ја зголемува својата цитираност. Овојпат сме цитирани под референца 6 во трудот The varied rate of response to dietary intervention in autistic children од авторите Jørgen Klaveness, Jay Bigam, Karl L. Reichelt во списанието Open Journal of Psychiatry, 2013, 3, 56-60 OJPsych doi:10.4236/ojpsych.2013.32A009 Published Online April 2013.
Проф. д-р Владимир Трајковски

Sunday, April 28, 2013

Дванаесетто предавање ХГ – 2013

Почитувани студенти од прва година,
Време е за подготовка на 12-тото предавање по Хумана генетика кое ќе се одржи во стандардниот термин. Ќе довршиме за Генетски аспекти на МР, потоа генетика на миопатии, и Генетика на невролошки заболувања. Следуваат повеќе нагледни видеоклипови. Би било убаво да одвоите време и да ги погледнете.
Предметен наставник

Saturday, April 27, 2013

Видео материјал од гостувањето во „Второ мислење„

Почитувани колешки и колеги,
Како што веќе знаете април е месецот на аутизмот и на три дена пред истекот имав гостување во емисијата „Второ мислење„ на ТВ 24 вести со новинарката Мартина Проковиќ. Моето интервју е некаде околу 22 минути и ако имате можност проследете го. Разговорот започнува на 00:30 и трае некаде до 22:56. Инаку во емисијата има и други гости кои говорат за аутизмот, така што ако имате 44 минути на располагање проследите ја целата емисија.
Претседател на МНЗА

Цитиран нашиот труд за страбизам и рефрактивни аномалии кај Down syndrome

Почитувани колешки и колеги,
Уште една цитираност на нашиот труд од Ljubic A, Trajkovski V и Stankovic B. "Strabismus, refractive errors and nystagmus in children and young adults with Down syndrome". Цитирани сме во: Differences of the Anterior Segment Parameters in Children with Down Syndrome од
објавено во Ophthalmic Genetics posted online on April 22, 2013. (doi:10.3109/13816810.2013.789535)

Abstract

Purpose: The study was undertaken to investigate whether anterior segment findings are different in children with Down syndrome (DS) to normal children and to focus on its clinical significance.
Methods: A cross-sectional case control study was conducted in a total of 38 children with DS and 42 healthy children. This is the first report in the literature stating that. All subjects underwent ophthalmologic examination including slit-lamp biomicroscopy, cycloplegic refraction, intraocular pressure measurement and Scheimpflug imaging measurement. Customized software for Pentacam was used to analyze structural indices of anterior segment parameters. The mean anterior segment values of right eyes were compared between the groups.
Results: The mean anterior chamber parameters of patients with DS and controls were measured respectively: Corneal thickness was 502.31 ± 40.5 and 541.8 ± 37.42 mm (p < 0.001), corneal volume was 56.63 ± 4.5 and 61.02 ± 4.3 mm3 (p < 0.001), corneal radius curvature was 7.41 ± 0.29 and 7.67 ± 0.34 mm (p < 0.001), iridocorneal angle was 39.7 ± 6.2 and 39.5 ± 6.4° (p = 0.944), anterior chamber volume was 181.65 ± 27.38 and 185.77 ± 32.53 mm3 (p = 0.528), anterior chamber depth was 3.08 ± 0.24 and 3.02 ± 0.31 mm (p = 447), pupil size was 2.95 ± 0.48 and 3.29 ± 0.45 mm (p < 0.05).
Conclusion: The majority of the anterior segment parameters were found to be different in children with Down syndrome. While pupil size, corneal thickness, corneal volume and corneal curvature in DS were less than normal, iridocorneal angle, anterior chamber depth and anterior chamber volume were close to controls. The most important parametric differences in children with DS were seen on the cornea.


 

Friday, April 26, 2013

Archives of Industrial Hygiene and Toxicology

Почитувани колешки и колеги,
Кога некој главен и одговорен уредник на странско списание ќе се интересира за размена со списанието кое вие го водите, можеби ќе ви звучи интересно. Но, кога тоа списание датира од 1950 година, има импакт фактор 1.048 и покрај тоа е индексринао во следните бази: SCI Expanded, Medline/PubMed, Scopus, Animal Science Database, Biological Sciences (CSA), BIOSIS Previews, GreenFile, INIS, Pollution Abstracts, Veterinary Science Database, Water Resources Abstracts, EBSCO Academic Search Complete, TOXLINE, AGRIS, Food Science and Technology Abstracts – FSTA, and Ergonomic Abstracts, тогаш сфаќате дека оставате сериозен импакт најмлаку во регионот.
Во прилог ви го испраќам писмото што главниот уредник на Archives of Industrial Hygiene and Toxicology денес ми го упати мене и се разбира дека мојот одговор беше позитивен. Ова е уште еден доказ за „неверните Томи„ дека сме на вистинскиот пат. Јавно му заблагодарувам на главниот уредник м-р Херман за покажаниот интерес кон нашето списание.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Dear Dr. Trajkovski,
You are invited to consider our proposal to exchange printed versions of  your journal /Journal of Special Education and Rehabilitation/for our /Archives of Industrial Hygiene and Toxicology/.
Your journal has been highly regarded by the Editorial Board of the /Archives /and the Croatian Institute for Medical Research and Occupational Health as the publisher. We feel that the exchange, though not always on equal terms, is an expression of solidarity between scientific journals that deserves to be cherished. Your suggestions as to the details of the exchange arrangements are welcome. Should you find it more convenient, we might exchange the journals by volumes as they expire, that is, at the end of each volume.
/Archives of Industrial Hygiene and Toxicology /is a quarterly journal indexed in SCI Expanded, Medline, Scopus, and many other indexing bases.
We publish peer reviewed contributions relevant to all aspects of environmental and occupational health and toxicology. It is our belief that the proposed exchange would advance the scientific work of both our journals, as it would provide better insight into current scientific trends.
Please reply to this address in order to confirm your interest.
Thank you for your time and thought.

Kind regards,
Makso Herman, MA

Мојата маленкост гостин во Второ мислење на ТВ 24 вести

Драги пријателки и пријатели,
Сакам да ве информирам дека утре сабота (27.04.2013) мојата маленкост ќе биде гостин во емисијата „Второ мислење„ на ТВ 24 вести во 11.00 часот со новинарката Мартина Проковиќ.
Гостинот

Thursday, April 25, 2013

Конкурс за запишување на факултет 2013/2014

Почитувани средношколци,
Доколку досега не сте информирани, да ви кажам дека излезе конкурсот за упис во новата академска година 2013/2014. Тоа што мене најмногу ме интересира е уписот на студенти на Институтот за дефектологија и тој годинава ќе изнесува 50 студенти и тоа по: 30 студенти во државна квота, 10 со партиципација и 10 вонредни студенти. Конкурсот на Владата на РМ за сите универзитети во државата ќе можете да го симнете овде.
Проф. д-р Владимир Трајковски

Покана за 5-ти меѓународен студентски конгрес на студенти по специјална и рехабилитациска педагогија

Драги студенти и постдипломци,
Еве уште една пригода да пријавите свој труд на студентски конгрес во Љубљана. По нашиот студентски конгрес во Охрид во далечната 2000 година, во последните години Загреб. Белград, Тузла, а еве сега и Љубљана ја продолжуваат нашата започната традиција. Конгресот ќе се одржи на Педагошкиот факултет во Љубљана од 17 до 19 мај 2013 година. На конгресот можете да учествувате и без тема. Трошоците за престој ги плаќа организаторот,а  трошоците за пат вие самите или ако дадете барање до Студентски парламент, па може да ви ги покрие и Деканатот на ФЗФ. Поканата можете да ја симнете овде, а пријавата за учество на следниот линк.
Пријавувањето е најдоцна до 30.04.2013. Доколку некој сака да го менторирам, подготвен сум да помогнам.
Проф. д-р Владимир Трајковски

Tuesday, April 23, 2013

Повторно за 15 ЕКТС поени

Почитувани студенти,
Вие кои се уште немате освоено 15 ЕКТС поени ве поканувам во четврток 25.04.2013 година во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Убаво подгответе ги темите и дојдете да одговарате.
Предметен наставник

Monday, April 22, 2013

Единаесетто предавање ХГ – 2013

Почитувани студенти,
Утре на предавање во 8:00 часот. Ви постирам клипови од Генетески аспекти на глувост и слепило. Да ги проследиме најзначајните синдроми и болести кои водат до сензорни нарушувања.
Предметен наставник

Thursday, April 18, 2013

Fellow of New Westminster College

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,
Со големо задоволство сакам да ја споделам веста дека од денес сум Fellow на New Westminster College. На покана од Robert Goodwin III, професор по бизнис администрација и претседател на бордот на гувернери ми беше голема чест да прифатам да бидам дел од престижниот колеџ во Канада. Ова повеќе сфатете го како церемонијална функција, отколку како платежна работа. На следниот линк ќе можете да ги најдете основните биографски податоци за мене, но под нивно лого. Така си е тоа во повеќе наврати сум рекол: повеќе те ценат надвор, отколку дома. Но, нејсе ќе продолжам со истото силно темпо на работа без разлика кој што рекол, кој што кажал. Некој ќе рече еве го овој пак се фали. Вие би премолчале вакво нешто?
Fellow


Tuesday, April 16, 2013

Термини за испити - втор циклус - јунска сесија 2013

Почитувани постдипломци,
Во прилог се термините за испитите во јунска сесија во кои сум испитувач или член на комисија. За испитите кај колешката Марија Ралева дополнително ќе добиете термини.
  1. Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања и Кинезитерапија  на 10.06.2013 во 14 часот.
  2. Аутизам на 11.06.2013 во 9.00 часот.
  3. Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања и Кинезитерапија  на 14.06.2013 во 14 часот.
  4. Аутизам на 21.06.2013 во 9.00 часот.
Раководител на ННК


Monday, April 15, 2013

Видео материјал од Наше бебе

Драги пријателки и пријатели,
Кој не можел вчера да ја гледа емисијата „Наше бебе„ на Алсат М телевизија околу 10Ч35 часот му нудам опција да ја види сега и овде на мојот блог и мојот јутјуб канал. Тема на разговор е аутизмот во Македонија, а водител на емисијата е Стефани Накова. Гостин мојата маленкост :).
Гостинот

Sunday, April 14, 2013

Morandi - Love me - remix 2013

Драги мои,
Малку пишување апстракт за конференција, малку слушање музика во ова неделно попладне. Во очекување на финалниот натпревар во ракомет од СЕХА лигата меѓу Вардар Про и Загреб да преслушаме една класика од Моранди во одлична ремикс верзија. Нумерата носи едноставен наслов: „Сакај ме„. Уживајте со песната, а се надевам дека Вардар Про по втор пат ќе ја освои титулата првак во ова натпреварување.
DJ Vac


Saturday, April 13, 2013

Десетто предавање – ХГ 2013

Почитувани студенти,
Во прилог се видео клиповите од десеттото предавањето по Хумана генетика предвидено за понеделник 15.04.2013 во 08:00 часот. Ќе ви предавам за моногенски болести и метаболни генопатии. Па предлагам да ги проследиме најзначајните болести и синдроми.

Предметен наставник

Wednesday, April 10, 2013

15 ЕКТС поени

Почитувани студенти,
Во петок на 12 април ќе можете да дојдете да одговарате за 15 ЕКТС поени од 08:00 часот до 13:30 часот. Ова се однесува на сите вонредни студенти и секако на сите редовни студенти кои во минатите генерации не освоиле 15 ЕКТС поени.
Ве очекувам
Предметен наставник

Термини за полагање испити август-септември 2013

Почитувани студенти,
Во прилог се термините за полагање испити во сесијата август-септември 2013 година. Се полага во две декади, од кои вие имате право да изберете една.

Прва декада
29.08.2013 во 08:15 ФФА, Фонијатрија (дефектолози), Генетика и Физиологија (психолози)
30.08.2013 во 08:15 ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2

Втора декада
05.09.2013 во 08:15 ФФА, Фонијатрија (дефектолози), Генетика и Физиологија (психолози)
06.09.2013 во 08:15 ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2

Нека ви е со лесно подготвувањето на испитите. Оваа сесија доаѓа по долгото и топло лето.
Предметен настаник

Термини за полагање испити мај-јуни 2013

Почитувани студенти,
Во прилог се термините за полагање испити во сесијата мај-јуни 2013 година. Се полага во две декади, од кои вие имате право да изберете една.

Прва декада
29.05.2013 во 08:15 ФФА, Фонијатрија (дефектолози), Генетика и Физиологија (психолози)
30.05.2013 во 08:15 ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2

Втора декада
05.06.2013 во 08:15 ФФА, Фонијатрија (дефектолози), Генетика и Физиологија (психолози)
06.06.2013 во 08:15 ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2

Нека ви е со лесно подготвувањето на испитите.
Предметен настаник

Tuesday, April 9, 2013

СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус на студии според ЕКТС

Почитувани студенти од втор циклус,
Во прилогот имате соопштение за заверка на летен семестар.
Раководител на ННК

Sunday, April 7, 2013

Деветто предавање - ХГ 2013

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог ви давам  видеоклипови од деветтото предавање по Хумана генетика кое ќе се одржи утре на 8 април 2013 година со почеток во 08:00 часот. Ќе ви предавам за хромозомопатиите. На предавањето треба да биде присутна целата генерација. За вежби прва група веднаш по предавањето а треба да се подготви мултипни алели и дерматоглифи. Во вторник трета група во 09:45, четврта група во 11:15 часот. Видеоклиповите можете да ги видите овде.
Предметен наставник

Friday, April 5, 2013

Цитираност од полски автори

Почитувани колешки и колеги,
Цитираноста на нашите трудови постепено, но сигурно си расте. овој пат нашиот труд го цитираат полски автори: Beata Kazek, Ewa Jamroz, Maciej Kajor, Urszula Grzybowska-Chlebowczyk,
Monika Ciupińska-Kajor, Halina Woś во трудот под наслов: The content of serotonin cells in duodenal biopsies of autistic patients во списанието Pediatria polska. Референцата е под реден број 30 и тоа со трудот: Trajkovski V, Petelichkowski A, Efinska Mladenovska O. Higher 438 plasma concentration of food specific antibodies in 439 persons with an autistic disorder in comparison to their 440 siblings. Focus Autism Other Dev Disabl 2008;23:176–185. Во прилог го споделувам само апстрактот.

Introduction: Autistic spectrum disorders (ASD) don't have the same etiology. Platelet
hyperserotonemia remain the most common neurochemical abnormality in these
patients. The main producer and storage of peripheral serotonin are enteric enterochromaffin
cells – serotonin cells. Platelet hyperserotonemia may result from disorders in the
synthesis and/or release of enteric serotonin. An increased number of people with ASD
have gastrointestinal disorders. Some of them have a serotonergic background. Aim: The
aim was to assess the serotonin cells in the duodenal mucosa of patients with ASD.
Material and methods: Study group: 30 children with ASD, including 73% with duodenitis
chronica. Control group (patients without ASD): 45 patients, 56% with duodenitis chronica.
Immunohistochemical assessment of the number of serotonin cells was performed.'
Results: Children with ASD and duodenitis have fewer serotonin cells than autistic children
with a normal picture of the duodenum. Children with ASD and chronic duodenitis
have fewer serotonin cells than patients from the control group. Patients from the control
group, suffering from chronic duodenitis have an increased number of serotonin cells
in relation to children without inflammatory lesions in the duodenum. Conclusions: The
serotonergic profiles of the GI tract of autistic patients and their peers without autistic
symptoms are different. In the course of chronic duodenitis in patients with ASD the number
of serotonin cells falls while in persons without autistic features it increases significantly.
Chronic duodenitis contributes to an increase in the number of serotonin cells in
persons without autistic features while decreasing it in patients with ASD.

Цитираниот

Thursday, April 4, 2013

2 април 2013

Почитувани колешки и колеги,
Сигурен сум дека некои од вас го очекуваа овој пост во изминатите 24 часа. Знам, должен сум да дадам свое видување на вчерашниот ден, светскиот ден посветен на лицата со аутизам. До пред 5 години кога во 2008 година за прв пат се одбележи овој ден посветен за лицата со аутизам 2 април беше само обичен ден, можеби некому роденден, некому годишница од брак, но сепак обичен ден. Од тогаш наваму се изменија многу работи. Во Македонија од 2 април 2011 година тој ден веќе не е обичен ден, кога за прв пат ние во МНЗА го одбележавме тој ден и со тоа покажавме дека лицата со аутизам не се сами во ова општество, не се така изолирани како што кажува дефиницијата за нивната состојба. Додека светот по шести пат го озваничува овој датум ние по трет пат го сторивме тоа. Ќе речете не сме многу зад светот. Одговорот е да, но само во поглед на чествување на овој датум.
Пред повеќе месеци дојдов на идејата дека оваа година треба да побарам прием кај Претседателот на Република Македонија господинот Ѓорге Иванов. Знаејќи дека госпоѓата Маја Иванова во последните 2 години неуморно се грижи да помогне на оваа ранлива категорија граѓани, бев сигурен дека Претседателот ќе не прими нас од МНЗА заедно со семејствата кои имаат дете со дијагнозата аутизам. Вчера видов дека не сум погрешил во моите предвидувања. Имено, вчера остваривме повеќе од срдечна средба ние петтмина членови на МНЗА, претседателот на здружението „Во мојот свет„, претседателот на „Националаната асоцијација за аутизам„ од Штип, претставничката на Ротари клубот „Кирил и Методиј„-Скопје, шест семејства со деца со аутизам и секако Претседателот на РМ и неговата сопруга. Средбата траеше еден час и на неа се разви плодна дискусија во која сите присутни земаа збор и кажаа за своите проблеми. Стана збор за немањето на систем за едукација и рехабилитација на оваа популација. Се потегна прашањето за постоење на регионални центри во кои ќе работат специјално обучени професионалци дефектолози, психолози и се разбира медицински персонал. Јас ја наметнав потребата за креирање национална стратегија за аутизам и секако национален регистер за лица со аутизам. Се постави прашањето што по смртта на родителите, кој и како ќе води грижа за возрасните лица со аутизам? Иако Претседателот господинот Иванов ја нема извршната власт, сепак сметам дека тој може да изврши големо влијание врз ресорните министерства. Тој дојде доста подготвен на состанокот, иако како правник не мораше да знае некои медицински и дефектолошки проблеми со кои се соочуваат овие лица. Импонираше топлината со која брачниот пар Иванови ги дочека децата со аутизам. Во таа прилика родителите си ги искажаа секојдневните проблеми со кои се соочуваат од немање доволно материјални средства за купување суплементи до проблеми со прифаќање во училиштата, недоволно обучен кадар и слично. Друг мој значаен предлог беше да собереме сили и да направиме една интернационална конференција за што побаравме патронство од господинот Претседател и секако помош од Ротари клубот и бизнис заедницата во Македонија. Свесен сум дека за ова се потребни многу финансии, на пример да донесете десетина врвни стручњаци од светот на аутизмот. Затоа и не ветуваме ништо. Заедно со мојот тим ќе направиме процена на расположливиот кадар и средства и ако ни се укаже пригода сигурно дека ќе ја искористиме.
Претседателот Иванов заедно со сопругата Маја ги охрабрија претставниците на здружението и родителите и натаму активно да се залагаат во соочувањето со предизвиците и надминувањето на проблемите. Преку кампањи за подигнување на јавната свест и поддршка за семејствата кои се засегнати, порача претседателот Иванов, родителите ќе сфатат дека не се оставени сами и воедно ја истакна потребата за подготвување на Национална стратегија за справување со аутизмот. Претседателот Иванов, заедно со својата сопруга г-ѓа Маја Иванова, порачаа дека ќе ја поддржат секоја иницијатива што ќе произлезе од здружението и родителите на децата со аутизам.
На крајот изразив голема благодарност до претседателот Иванов и до целиот кабинет, секако и до госпоѓата Маја Иванова која што во последните две години дава посебен белег на овој ден. Можам да кажам дека ова е историски ден за нас членовите на МНЗА и семејствата кои имаат лица со аутизам. На ваков настан неизбежни се фотографиите кои можете да ги симнете овде. Видео материјал од средбата направи господин Стојан Андонов за што му благодарам во оваа пригода. Јас дадов пообемна изјава за медиумите која ќе ја проследите на следниот линк. Медиумите истакнаа голем публицитет на настанот што може да се види на овој клик.
АУТИЗМОТ Е ПОЧЕСТ ОТКОЛКУ ШТО СИ ЗАМИСЛУВАТЕ!
Претседател на МНЗА


Wednesday, April 3, 2013

Добро утро Македонијо - аудио материјал

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ја споделам со вас аудио снимката до денешната трето априлска емисија „Добро утро Македонијо„ на радио Скопје која беше посветена на вчерашниот светски ден на аутизмот.  Се работи за 27 минутно интервју со новинарката и колешка Викторија Бјекиќ. Сакам да и се заблагодарам за поканата и за ажурноста во испраќањето на аудио материјалот кој можете да го преземете овде. Ве поканувам сите вас кои ве интересира аутизмот да ја проследите истата.
Претседател на МНЗА

Monday, April 1, 2013

Аудио материјал од емисијата за аутизам втор дел

Драги посетители,
Сакам да го споделам аудио материјалот од денешната емисија Панта реи вториот дел која одеше на македонско радио-радио Скопје од 11:00 до 12:00 часот. Емисијата ја водеше господин Чедо Шопкиќ, а се однесува на аутизмот. Во пресрет на утрешниот светски ден на лицата со аутизам ве поканувам да го преслушате интервјуто на следниот линк. Интервјуто започнува некаде на 9:55 минути.
Претседател на МНЗА