Sunday, September 29, 2019

Autism spectrum disorder as frequent neurodevelopmental disorder – a challenge for Diagnosis

Почитувани колешки и колеги,
Го споделувам мојот асптракт од вчера завршената конференција „Психологија за сите" што се одржа во Охрид.

Апстрактот ќе го цитирате на следниот начин:
 Trajkovski V. Autism spectrum disorder as frequent neurodevelopmental disordera challenge for Diagnosis. Book of Abstracts International Scientific Conference: “Psychology for all”. Ohrid, 26-28 September 2019; 15.

Abstract

Autism spectrum disorder (ASD) is a complex neurodevelopmental condition that occurs within the first 3 years of life, which is marked by social skills and communication deficits along with stereotyped repetitive behavior. Despite widespread research and greater public awareness, ASD has an unclear etiology and 
no known cure, making it difficult to acquire accurate and timely diagnoses.
Autism is a life-long disorder that has a substantial effect on the individual, their family, and society and recent USA estimates indicate that the prevalence of autism is high (1 in 59 children).
The purpose of this review is to: 1) describe commonly used screening instruments and tools for early diagnosis; and 2) describe early interventions that have empirical support. 
Research suggests that there are multiple, interacting genes involved in its inheritance, and that the neurobiological abnormalities are pervasive and not confined to any one particular region of the brain. A growing body of evidence supports the value of early diagnosis and treatment with evidence-based interventions, which can significantly improve the quality of life of individuals with ASD as well as of their carers and families. This article highlights the importance of early diagnosis which is significant because of the early beginning of treatment and opening up of the possibilities for better quality of child development.
There is a need for more consistent and continuous support for autistic individuals and their families during the diagnostic and treatment odyssey, as well as resources that better represent the diversity of experiences and symptoms associated with autism across the life course.

Keywords: autism spectrum disorder, neurodevelopmental disorders, early diagnosis, early treatment

Термини за консултации - зимски семестар 2019

Почитувани студенти,
Ви ги приложувам термините за консултации во зимскиот семестар 2019 година.

Понеделник од 10:00 до 11:30 часот
Среда од 09:30 до 11:00 часот

Предметен наставник

СИЛАБУС по Хумана генетика и физиологија - 2019

Почитувани студенти од Институтот зс психологија,
Ви го проследувам силабусот по предметот Хумана генетика и физиологија. На здравје учење!

I Недела 02.10.2019
1. ВОВЕД ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА
2. КЛЕТОЧНА ФИЗИОЛОГИЈА

II Недела 09.10.2019           
3. МЕНДЕЛОВА ГЕНЕТИКА
4. ХРОМОЗОМИ

III Недела 16.10.2019
5. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 1 ДЕЛ

IV Недела 23.10.2019
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 2 ДЕЛ
7. МУТАЦИИ

V Недела 30.10.2019
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  1 ДЕЛ

VI. Недела 06.11.2019
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  2 ДЕЛ

VII. Недела 13.11.2019
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 20.11.2019
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  3 ДЕЛ

IX. Недела 27.11.2019
9. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела 04.12.2019
10. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 11.12.2019
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА СОНОТ
12. ФИЗОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИ

XII. Недела 18.12.2019
13. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА
14. ОСНОВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО ПСИХОГЕНЕТИКАТА

XIII. Недела 25.12.2019
15. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ НАРУШУВАЊА
16. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ

XIV. Недела 08.01.2020
ВТОР КОЛОКВИУМ
БРАНЕЊЕ СЕМИНАРСКИ

ПОТПИСИ

Предметен наставник

СИЛАБУС ПО ФИЗИОЛОГИЈА СО ФУНКЦИОНАЛНА АНАТОМИЈА

Почитувани студенти од прва година на Институтот за специјална едукација и рехабилитација,
Ви го проследувам Силабусот по предметот Физиологија со функционална анатомија (ФФА) за која започнуваме на 03.10.2019 година со предавања во 8:00 часот во лабораторијата на Институтот за БОМ на Педагошкиот факултет во Скопје. Ве молам бидете 10-15 минути пред почетокот на часот пред самата лабораторија.

ПРЕДАВАЊА
I Недела 03.10.2019
1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
ФУНКЦИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОПШТ ПЛАН НА ТЕЛОТО

II Недела 10.10.2019           
2. КЛЕТОЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА
3. ТЕЛЕСНИ ТЕЧНОСТИ

III Недела 17.10.2019
4. ЕЛЕКТРОЛИТИ
5. КРВ

IV Недела 24.10.2019
6. МУСКУЛЕН СИСТЕМ
7. НЕРВЕН СИСТЕМ  прв дел

V Недела 31.10.2019
7. НЕРВЕН СИСТЕМ  втор дел

VI. Недела 07.11.2019
7. НЕРВЕН СИСТЕМ  трет дел

VII. Недела 14.11.2019
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 21.11.2019
7. НЕРВЕН СИСТЕМ  четврт дел

IX. Недела 28.11.2019
7. НЕРВЕН СИСТЕМ  петти дел

X. Недела 05.12.2019
8. СИСТЕМ НА СЕТИЛА прв дел

XI. Недела 12.12.2019
8. СИСТЕМ НА СЕТИЛА втор дел

XII. Недела 19.12.2019
9. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XIII. Недела 26.12.2019
10. ФИЗИОЛОГИЈА НА ГОВОР
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА

XIV. Недела 09.01.2020
ВТОР КОЛОКВИУМ

ПОТПИСИ

ВЕЖБИ
I. Недела 10.10
1.КЛЕТОЧЕН ТРАНСПОРТ МЕХАНИЗМИ И ПЕРМЕАБИЛНОСТ 1 дел

II. Недела 17.10       
1.КЛЕТОЧЕН ТРАНСПОРТ МЕХАНИЗМИ И ПЕРМЕАБИЛНОСТ 2 дел

III. Недела 24.10
4.КРВНИ АНАЛИЗИ

IV. Недела 31.10
5.ФИЗИОЛОГИЈА НА СКЕЛЕТНИ МУСКУЛИ

V. Недела 07.11
КОЛОКВИУМ

VI. Недела 14.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ  прв дел

VII. Недела 21.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ  втор дел

VIII. Недела 28.11
6. НЕРВЕН СИСТЕМ  трет дел

IX. Недела 05.12
7. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела  12.12
8. ФИЗИОЛОГИЈА НА ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 19.12
9. ФИЗИОЛОГИЈА НА ГОВОР

XII. Недела 26.12
10. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА

XIII. Недела 09.01.2020
КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ

Friday, September 20, 2019

Научна конференција на тема: Вакцините во 21-от век – предизвици со кои се соочуваме

Агенда 21.09.2019 (сабота)

10:00- 10:15
Вовед во сесија 2
Медицина базирана на докази
модератор, Весна Симонова
Здружение за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“

10:15– 11:00
Вакцинирање-здравствена потреба или догма без поткрепа
Проблематични страни на вакцинирањето
Етички аспект на законската обврска
д-р Лидија Гајски, спец. интернист
(Хрватска)

11:00– 11:45
Патолошки имун одговор како резултат на продолжена имунолошка провокација со инвазивни вакцини
Имуно-биолошки механизми кои можат да го променат имуното здравје на примателите на вакцини
д-р Среќко Сладољев, PhD имунолог, бивш раководител на Одделот за истражување при Имунолошкиот завод во Загреб, член на Хрватската академија на науки и уметности на дијаспората (Хрватска)

11:45– 12:00
Дискусија

12:00– 12:15
Кафе пауза

12:15– 12:45
Дали вакцините имаат улога во настанувањето на регресивната форма на аутизмот?
Проф. д-р Владимир Трајковски, редовен професор по Хумана генетика, Медицински основи на инвалидноста, Физиологија и функционална анатомија, Аутистичен спектар на нарушувања, Претседател на МНЗА

12:45– 13:15
Превенција vs Профит
Се што не сте знаеле за малите сипаници (морбили), а сте можеле да прашате
Информации vs дезинформации во 21. век
д-р Јована Стојковиќ, спец. психјатар, Претседател на движењето Живеам за Србија и на Здружението на граѓани Право на избор (Србија)

13:15 - 13:30
Дискусија

13:30 - 14:00
Идеолошки конструкции на вакцинација
Социјалните аспекти на медицината и вакцинацијата
Методолошки дизајн на студиите кои се занимаваат со ефикасноста и безбедноста на вакцините
Матеја Чернич, PhD, социолог, асистент предавач, Школа за напредни социјални студии (School of Advanced Social Studies – SASS) (Словениjа)

14:00 - 14:30
Ефикасност vs безбедност на вакцините
Задолжително вакцинирање во Хрватска- сите го препорачуваат, никој не презема одговорност кога работите ќе тргнат на лошо
Приказ на случај
д-р Алма Демировиќ, PhD спец.патолог
научен соработник, Хрватско здружение на родители активисти
(Хрватска)

14:30 - 14:45
Дискусија

14:45– 15:45
Пауза за ручек

15:45– 16:00
Вовед во сесија 3
Превенција во 21. век
модератор, Весна Симонова
Здружение за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“

16:00– 16:30
Вакцините, свеста и Хипократ, некаде помеѓу нив...
Здравствена превентива
Дали ја разбираме правилно?
д-р Јадранка Бибан, спец. гинеколог, нутриционист
Основач на проектот 8-КА

16:30– 17:00
Алтернативни и докажани начини на превенција од заразни болести
Имаме ли алтернатива? Која превенција да се избере и зошто?
Весна Симонова, фармацевт, спец.фармакоинформатика, хомеопат, Македонско здружение за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“

17:00-18:00
Прашања од публика
Дискусија и заклучоци од Конференцијата




Wednesday, September 18, 2019

Недела на рецензијата - квалитет на рецензијата

Почитувани колешки и колеги,
Сите вас што ве интересира научното публицирање треба да знаете дека оваа работна недела од 16 до 20 септември е прогласена за меѓународна недела на рецензирањето.
Што е недела на рецензирањето?
Неделата на рецензијата е глобален настан во кој се слави основната улога што ја игра рецензијата во одржувањето на научниот квалитет. Настанот обединува поединци, институции и организации кои се посветени на споделување на централната порака дека добрата перспектива, без оглед каква и да е форма или форма што може да ја преземе, е клучна за научните комуникации. Оваа година се одржува петтата по ред под наслов: „Квалитет на рецензијата".
Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ) пред три години за прв пат ја чествуваше оваа недела, а оваа година за втор пат ќе се вклучи во тој меѓународен настан. Настанот РЕЦЕНЗИЈА - ОСНОВЕН ПРИНЦИП НА НАУЧНА КОМУНИКАЦИЈА ќе се одржи утре 19.09.2019 година во просториите на МАНУ од 13:00 до 15:00 часот со следната агенда:

13:00 - 13:20 Квалитет во рецензирањето - базичен процес во публикувањето
Проф. д-р Гордана Ристовска

13:20 - 13:40 Превенција и сузбивање на плагијаризмот
Проф. д-р Дончо Донев

13:40 - 14:00 Етика во рецензирањето
Проф. д-р Владимир Трајковски

14:00 - 15:00 Дискусија и заклучоци


Monday, September 16, 2019

Понуда на тема за дипломска работа

Почитувани идни дипломци,
Ви се обраќам вам што во блиска или подалечна иднина планирате да ме одберете мене за ментор. Дојдов на идеја да ви понудам една многу интересна тема која досега не е обработувана и ќе има голем импакт врз македонската дефектолошка наука. Оваа тема се однесува на оние кои се вљубеници на научното публицирање и добри аналитичари. Работен наслов би бил: „Публицистичката дејност во македонската специјална едукација и рехабилитација преку примерот на списанието Journal of Special Education and Rehabilitation". Дипломецот ќе има задача да направи анализа на бројот на објавени трудови во списанието од 1997 до 2019/2020 година, рубрики, видови на трудови, потекло на автори, распределба по пол, начин на рецензирање, број на рецензенти и многу други останати варијабли. Потоа да направи компаративна анализа со слични списанија од регионот.
Ракавицата е фрлена, ајде да ве видам!
Поранешен главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Wednesday, September 11, 2019

Објавен најновиот број на ЈРТДД

Почитувани читатели,
Со големо задоволство сакам да ве информирам дека на големиот македонски празник Денот на независноста на Македонија на 8 септември го објавивме последниот број 1, волумен 2 за 2019 година од списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Во него можат да се најдат пет нови интересни трудови од автори од Нигерија, Шведска, САД, Грција, Кипар, Италија, Бугарија, Романија и се разбира Македонија. Трудовите можете бесплатно да ги симнувате, споделувате, печатите и се разбуира цитирате. Им благодариме на сите читатели, автори и рецензенти, членови на редакцијата и на издавачката канцеларија кои земаа учество во овој број.




Главен и одговорен уредник на ЈРТДД

Tuesday, September 3, 2019

Пишување оцени - 04.09.2019

Почитувани студенти,
Ве информирам дека сите кои треба да земете оцена, може да го сторите тоа утре 04.09.2019 година во периодот од 12:00 до 13:00 часот. Најдобро е лично да се земе оцената. Ве молам почитувајте го терминот.
Предметен наставник

Полагање без ургенции!!!

Почитувани студенти,
Покрај тоа што знаете дека не прифаќам ургенции и тоа го повторувам почесто пати, повторно ќе се најде некој/а што сака да „притиска", да ми ги тестира пријателствата, да пробува без знаење да положи испит. Иако општествено политичката состојба во државата не е на високо ниво. Имено има многу корупција, непотизам, привилегии и слично, спеак треба да сфатите дека јас не сум тој калибар на човек. Не примам уртгенции, не примам мито, не ме интересира чии ќерки и синови сте. Ќе положите само ако освоите најмалку 51 поен. Не сакав минативе денови да пишувам, но еве откако заврши оваа августовско-септемвриска сесија ќе кажам дека имаше три обиди за ургенции (2 од психологија и 1 од дефектологија). Сите три студентки не положија и веројатно разбраа дека така не може. Дали треба да ги објавувам јавно нивниоте имиња, па бруката да им биде голема? На нивните блиски кои ми ургираа навистина им посакувам добро. Ова не значи дека не ги почитувам. Доколку ми се лутат, нивен проблем, тоа значи дека не ми биле вистински пријатели. Јас ќе продолжам и натаму да одам по нормалните принципи, а тоа е знаење, знаење и само знаење. Нема да дозовлам додека некој пеколно учи, некој со освоени 10-20 поени да помине, само заради тоа што нашол некој близок до мене. Јас и онака кога некому недостасуваат поени давам според моето „судиско убедување". Еве уште еднаш замолувам за наредните сесии да не играте на картата ургенции, туку добро да седнете и да учите најмалку по 10 часа на ден.
Искрено ваш, 
Предметен наставник

Резултати од испитот ХГ - 03.09.12019

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика (впрочем можат да се наречат и „антирезултати" бидејќи се незадоволителни). Само 5 студентки од 26 студенти го положија и јас им честитам во оваа пригода. За другите што да кажам, немам зборови...

Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
10092/17
55
8
2.       
23784/15
43.5
6
3.       
24543/17
36.5
6
4.       
8992/15
36
6
5.       
10204/18
36
6
6.       
9477/16
29.5
5
7.       
24510/17
27.5
5
8.       
9606/16
22.5
5
9.       
9092/15
22.5
5
10.   
22188/11
18.5
5
11.   
24527/17
16.5
5
12.   
9478/16
15
5
13.   
8583/14
14.5
5
14.   
8575/14
14
5
15.   
7896/12
11.5
5
16.   
23767/15
11
5
17.   
9134/15
11
5
18.   
24603/18
9.5
5
19.   
7872/12
9
5
20.   
8580/14
9
5
21.   
8193/12
9
5
22.   
24659/18
7
5
23.   
8182/12
6
5
24.   
10139/18
5.5
5
25.   
2696/03
5
5
26.   
10202/18
5
5

Предметен наставник