Monday, February 27, 2023

Список на семинарски теми по Хумана генетика - 2023

Почитувани студенти,

Пред малку го добив списокот на заитересирани студенти за изработка на семинарски трудови по предметот Хумана генетика. Веднаш ви ги доставувам темите за да може да имате 2 месеци за изработка на истите. Морам да признаам дека владее огромен интерес меѓу вас. Одамна не сум имал толку пријавени кандидати. Рокот за прикачување на Мајкрософт Тимс во посебен фолдер е 30 април 2023 година во 23:59 часот. Среќна подготовка на семинарските трудови! Списокот можете подобро да го земете од овој ЛИНК.

Предметен наставник

Wednesday, February 22, 2023

Обврски на вонредните студенти и на тие што не освоиле 15 ЕКТС поени

Почитувани вонредни студенти и останати без 15 ЕКТС поени,

Сите вие кои не доаѓате на настава бидејќи сте вонредни студенти ќе треба да освоите минимум 15 ЕКТС поени. За таа намена треба да добиете три задачи: семинарски труд, интернет ресурси и обработка на труд од списание. Веќе 7 дена како е започнат семестарот и ќе треба да ми пишете е-пошта за да побарате задачи. Сакам да ви укажам дека 30 април е последниот рок за предавање на задачите, а 15 мај за одбрана на задачиите што ќе ги добиете. Доколку сте вонредни студенти, а сепак имате време и сакате да ги следите сите предавања и вежби, тогаш нема потреба од овие три задачи. Но, во овој случај треба апсолутно редовно да ги посетувате предавањата и вежбите. 
Сите студенти од минатите генерации што не освоиле 15 ЕКТС поени, задачите ќе треба да ги одбранат најдоцна до 30 април, доколку сакаат да полагаат во јунската сесија.
Предметен наставник

Трето предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Повелете видео клипови кои се однесуваат на третото предавање по Хумана генетика.













Предметен наставник
























Трето предавање ХГ - 23.02.2023

Почитувани студенти,

Сега разбрав дека колешката проф. Јачова ми го отстапува времето за утре. Па така ве повикувам на предавања и вежби утре 23.02.2023 со почеток во 8:00 часот. Предавањата и вежбите се предвремено обработување на часовите што ќе ги губите на 14 март, заради мое службено отсуство.

Се гледаме утре по истиот распоред од вчера, но со нови содржини. :)

Предметен наставник

Monday, February 20, 2023

Потписи - 20.02.2023

Почитувани студенти,

Денес, од 10:30 до 11:30 може да ги оставите индексите за потписи во библиотеката на ИСЕР. Од 11:30 до 12:00 ќе ги потпишувам и ќе ги вратам во истата кутија. Доколку не го искористите овој термин, едноставно оставете ги индексите во библиотеката и чекајте да ги потпишам во некој нареден термин четврток или петок оваа седмица. 

Предметен наставник

Thursday, February 16, 2023

Второ предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Ви приложувам видеа што се однесуваат на второто предавање што ќе се одржи во вторник на 21.02.2023 година. Учете и само учете!












Предметен наставник






















Wednesday, February 15, 2023

Прво предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Еве да го направам едно резиме на првото предавање преку видеа.











Предметен наставник



















СОДРЖИНА на поглавја од учебникот ХУМАНА ГЕНЕТИКА

Почитувани студенти, драги колешки и колеги,

Би сакал да ви ги споделам главните поглавја од учебникот Хумана генетика. Редно е да знаете што купувате.

1. ВОВЕД ВО ГЕНЕТИКА

2.КЛАСИЧНА ГЕНЕТИКА

3. СТРУКТУРНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КЛЕТКАТА

4. ХРОМОЗОМИ

5. ДЕЛБА НА КЛЕТКАТА

6. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО

7. НАСЛЕДУВАЊЕ

8. ГЕНЕТИКА НА ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОЛОТ

9. МУТАЦИИ

10. РЕКОМБИНАНТНА ДНА ТЕХНОЛОГИЈА

11. ПРЕНАТАЛНА ДИЈАГНОЗА

12. ДЕРМАТОГЛИФИ ВО МЕДИЦИНСКАТА ГЕНЕТИКА

13. КОНГЕНИТАЛНИ МАЛФОРМАЦИИ

14. ХРОМОЗОМСКИ ЗАБОЛУВАЊА (ХРОМОЗОМОПАТИИ)

15. МОНОГЕНСКИ ЗАБОЛУВАЊА

16. МЕТАБОЛИЧКИ ГЕНОПАТИИ

17. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА

18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД

19. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА ПОПРЕЧЕНОСТ

20. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ

21. ГЕНЕТИКА НА НЕВРОЛОШКИТЕ ЗАБОЛУВАЊА

22. ГЕНЕТСКО СОВЕТУВАЊЕ

23. ГЕНСКА ТЕРАПИЈА

24. МЕДИЦИНСКА ГЕНЕТИКА И ЕТИКА

25. ВОВЕД ВО ПОПУЛАЦИОНАТА ГЕНЕТИКА

26. ОСНОВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО ПСИХОГЕНЕТИКАТА

27. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ

28. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ НАРУШУВАЊА

29. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА И ХОМОСЕКСУАЛНОСТА

30. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ДЕЛИНКВЕНТНОТО И КРИМИНАЛНОТО
ОДНЕСУВАЊЕ

Со здравје учење и читање на учебникот!
Авторот




Tuesday, February 14, 2023

Хумана генетика на Мајкрософт Тимс

Почитувани студенти од ИСЕР,

Повелете ЛИНК на Мајкрософт Тимс. Мора да побарате прием. Таму ќе можете да ги најдете сите потребни работи за студирање на предметот.

Предметен наставник

Потписи - 15.02.2023

Почитувани студенти,

Утре од 8:00 до 11:00 може да ги оставите индексите за потписи во библиотеката на ИСЕР. Од 11:00 до 13:00 ќе ги потпишувам и ќе ги вратам во истата кутија. Ова е последниот официјален термин за потписи. Не очекувајте вакви термини повеќе, едноставно оставете ги индексите во библиотеката и чекајте да ги потпишам во некој нареден термин. Инаку, не ми е познато што толку чекавте досега, кога семестарот заврши некаде 13.01.2023 година.

Предметен наставник

Sunday, February 12, 2023

Литература по предметот Хумана генетика

Почитувани студенти од прва година на ИСЕР,

Иако ќе ја наведам оваа литература на првото предавање во вторник на 14.02.2023 година, сепак одлучив да ја имате и малку пред време бидејќи веднаш започнуваме со предавања и вежби. Вака ќе ја имате пред вас. Учебникот и Практикумот по ХГ ќе може да го набавите во „Студентскиот сервис на ФЗФ“. Предавањата и вежбите се задолжителни и за преслишувачите кои не положиле комисиски испит.
  1. Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2005. 
  2. Трајковски В. Практкум по хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2003. 
  3. Mihajlović Lj, Mihajlović N. Humana genetika. Visoka medicinska škola strukovih studija, Ćuprija, 2009. 
  4. Ninković D. Medicinska genetika. FASPER, Beograd, 2007. 
  5. Jorde LB, Carey JC, Bamshad MJ, White RL. Medical Genetics. 2nd edition, Mosby Inc., St Louis, 2000. 
  6. Mueller RF, Young ID. Emery’s Elements of Medical Genetics. Eleventh edition, Churchill Livingstone, New York, 2001. 
  7. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol I, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
  8. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol II, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
 


Предметен наставник

Friday, February 10, 2023

СИЛАБУС по предметот ХГ - 2023

Почитувани студенти од ИСЕР,

Еве го силабусот по предметот Хумана генетика. Ви посакувам успех во студирањето во вториот семестар. Потребно е доста учење и залагање за да се остварат вишите цели. Првата седмица нема да има вежби. Го задржувам правото за промена на редоследот заради болест или службено отсуство. Повторувам: предавањата и вежбите се задолжителни за студентите кои не положиле комисиски испит ХГ.


СИЛАБУС ЗА ПРЕДАВАЊА ПО ХУМАНА ГЕНЕТИКА


I. Недела 14.02.2023
1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
2.ВОВЕД ВО ГЕНЕТИКАТА
3.КЛАСИЧНА ГЕНЕТИКА

II. Недела 21.02.2023
4.СТРУКТУРНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КЛЕТКАТА
5. ХРОМОЗОМИ

III. Недела 07.03.2023
6. ДЕЛБА НА КЛЕТКАТА
7. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО I дел

IV. Недела 14.03.2023
8. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО II дел

V. Недела 21.03.2023
9. СИНТЕЗА НА ПРОТЕИНИ
10. НАСЛЕДУВАЊЕ

VI. Недела 28.03.2023
11. ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ

VII. Недела 04.04.2023
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 11.04.2023
12. ГЕНСКИ МУТАЦИИ
13. МОНОГЕНСКИ БОЛЕСТИ

IX. Недела 18.04.2023
14.ПРЕНАТАЛНА ДИЈАГНОЗА
15. КОНГЕНИТАЛНИ МАЛФОРМАЦИИ


X. Недела 25.04.2023
17.ХРОМОЗОМСКИ ЗАБОЛУВАЊА

XI. Недела 02.05.2023
18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА
19. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД

XII. Недела 09.05.2023
22. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
23. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ

XIII. Недела 16.05.2023
25. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ
26. ГЕНЕТСКО СОВЕТУВАЊЕ

XIV. Недела 23.05.2023
ВТОР КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ

XV. Недела 30.05.2023
Дополнителни активности по потреба



СИЛАБУС ЗА ВЕЖБИ ПО ХУМАНА ГЕНЕТИКА
I. Недела
1. МИКРОСКОП ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ВИДОВИ МИКРОСКОПИ

II. Недела
2. МИКРОСКОПИРАЊЕ ХРОМОЗОМИ
3. КЛАСИФИКАЦИЈА И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРОМОЗОМИ

III. Недела
4. МИКРОСКОПИРАЊЕ ПОЛОВ ХРОМАТИН

IV. Недела
5. ХИСТОЛОШКА ГРАДБА НА ТЕСТИС (микроскопирање, презентација на фотографии)

V. Недела
6. ХИСТОЛОШКА ГРАДБА НА ОВАРИУМ (микроскопирање, презентација на фотографии)

VI. Недела
7. ДНК: Генетски материјал, Репликација на ДНК, Генска контрола на протеини, Генско прикаЖување - транскрипција

VII. Недела
8. УПОТРЕБА НА ХЕРЕДОГРАМ ВО ХУМАНАТА ГЕНЕТИКА
9. ВИДОВИ НАСЛЕДУВАЊА ВО ГЕНЕТИКАТА

VIII. Недела
10. МУЛТИПНИ АЛЕЛИ
11. ДЕРМАТОГЛИФИ ВО ГЕНЕТИКАТА

IX. Недела
12. ГЕНСКИ МАПИ

X. Недела
13. СТРУКТУРНИ ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ (микроскопирање, презентација на фотографии)
14. НУМЕРИЧКИ ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ

XI. Недела
15. МЕТАБОЛИЧКИ ГЕНОПАТИИ (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)
16. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XII. Недела
17. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)
18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XIII. Недела
19. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XIV. Недела
20. ПОТПИСИ

Предметен наставник

Thursday, February 9, 2023

Прво предавање ХГ - 14.02.2023

Почитувани студенти од ИСЕР,

Ве известувам дека во вторник (14.02.2023) година со почеток во 8:00 часот во лабораторијата на Педагошкиот факултет ќе го одржам првото предавање по Хумана генетика. Имено, започнува вториот семестар. На предавањата и вежбите должни се плус да присуствуваат сите преслушувачи од повозрасните генерации кои не положиле комисиски испит. Во вторник ќе се одржат само предавања, а вежбите ќе започнат наредната седмица потоа. Вие сте должни да бидете таму околу 15 минути пред почетокот на предавањето (веќе си знаете). Предавањата ги започнувам еден ден порано од официјалниот почеток на семестарот заради тоа што на 28.02.2023 година имам службено патување во странство и за да не ве викам потоа во саботи да одработуваме. Во случај на непредвидени околности (болест и слично) би ве известил најдоцна утрото во вторник. Се гледаме на старото место.

Со почит,

Предметен наставник

Wednesday, February 8, 2023

Пишување оцени и потписи - 09.02.2023

Почитувани студенти,

Утре 09.02.2023 година можете во периодот од 8:00 до 10:00 часот да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР. Од 10:00 до 13:00 часот ќе пишувам оцени и ќе ставам потписи. Ве молам да не ме вознемирувате утре, бидејќи имам многу работа и немам време со секого поединечно да се гледам. Во библиотеката има посебна кутија за индекси каде што треба да се пише оцена, а другата кутија е за индекси каде што треба да се стават потписи. Ако не можете да го погодите овој термин, само оставете го индексот во библиотеката и чекајте во некој ден наредната седмица да ви биде потпишан. Не ме прашувајте кога имам консултации, затоа што јас и во денови кога немам консултации потпишувам индекси и ставам оцени.

Денес, на некои ставив потписи, но имам многу онлајн состанци и потпоплнувам пријави и за жал повеќе не можам да ве примам.

Предметен наставник

Tuesday, February 7, 2023

Напомени за родителите на нашите студенти

Почитувани родители на нашите студенти,

Јас знам дека вие си ги сакате вашите деца, а наши студенти, но запомнете дека не им правите услуга доколку им бркате ургенции. Јас уште кога сум почнал на ФЗФ да работам сум кажал дека не држам родителски средби. Среќен сум што 99% од вас го почитуваат тоа. Но, секогаш има едно но, има и родители кои се дрски, безобразни, гледаат по секоја цена да дојдат до мене, за да нивното дете добие подарена 6-ка. Тоа кај мене го немало, го нема и нема да го има додека работам како професор. Не прифаќам ургенции и на моите студенти сум им рекол дека и сопствените ќерки би ги вратил од испит, ако не знаат. Друга работа е што нема да дозволам никогаш тие да се запишат на ФЗФ.

Е, сега ќе објавам еден пример во надеж дека дотичната госпоѓа ќе престане да ме вознемирува, навредува, клевети и употребува погрдни зборови.

Пред околу 4 години ми ѕвони телефонот од непознат број и се претставува како М.Ј. „другарка“ од основно училиште. Веднаш се сетив која е. Ми кажува дека ќерката и се запишала на ФЗФ и дека јас требало да го имам во предвид тоа. Најкултурно и одговорив дека урегенции не прифаќам и дека ќерката треба добро да седне и да го згрее столчето и да научи. Само така ќе помине како и сите други студенти чии родители не ми се „другари“. Со госпоѓата за време на училишните денови сме имале коректни односи (не премногу блиски, а повеќе би рекол и далечни). Студентката нејзината ќерка во изминатите 4 години полагаше по 1-2 пати кај моите испити и за жал не успеа. Во меѓувреме сигурно полагала други испити и сега веројатно дојде време за привршување на студиите. Нервозата во нивните редови почна да расте. Мајката другарка не бира дали е Бадник, викенд, не бира време кога ќе ѕвони на телефонот. Јас знаејќи зошто ме бара, намерно не и кревав, мислејќи дека е разбрана жена (центарско дете). Кога виде дека не одговарам, почна да пишува навредливи коментари, лаги и клевети за мене на ФБ (кои можеби некои од вас ги виделе, додека не ги избришав и не ја блокирав). Потоа, прати и СМС со исто така непристојна содржина, која не доликува на академски граѓанин. Но, нејсе го проголтав и тоа и секако ја ставив на игнор. Кога виде дека не и го почитувам ниското ниво на комуникација, почна да отвора лажни профили таа или некој нивен близок од типот „Зоран Стефановски“ и од таму почнаа да навредуваат, шиканираат и дејствуваат против мојот углед. Доколку некој од студентите ги видел, јас еве во нивно име се извинувам и се оградувам од сите блувотини изречени за мене таму. Блокиран е и лажниот профил на „Зоран“. Искрено се надевам дека нема да продолжат со отворање на нови профили и да ме вознемируваат.

Случајот денес е пријавен во секторот за компјутерски криминал во МВР (зградата на МРТ). Госпоѓата М.Ј. е пријавена и сите мои социјални мрежи се под компјутерски надзор. Претходно имам направено скриншотови од сите навредливи и лажни коментари. Како што пишавте на мојот пост дека ме следите, искрено се надевам дека ќе ви до дојде паметот и дека ќе престанете да ме следите (треба вашата ќерка да ме следи на блогот, а не вие). Следни законски чекори се објавување на цело име и презиме на мајката, судење за вознемирување, навреда, клевета и слично. Други чекори се објавување на името и презимето на ќерката студентка, па потоа не знам како ќе ги поголедне во очи своите колеги кога ќе знаат дека можеби и другите испити ги положила со ургенции. Друго е поведување на дисциплинска постапка пред ФЗФ, итн, итн. Ете гледате јас колку сум фин ве предупредувам на време да си знаете на што сте. Никому не му дозволувам да ми гази по честа и угледот, а најмалку на „школски“ другари и другарки. Да била вистинска другарка ќе знаела дека не примам ургенции и воопшто немало да ме бара и да ме притиска. „Другарката“ повеќе не сакам да ја видам.

На крајот да се обратам на ќерката студентка. Вие кога ќе научите слободно дојдете и кажете и на мајка ви и на тие „другите“ да ме олабават малку. Претпоставувам дека не сакате цел ФЗФ да ве знае која сте и да поведувам постапка против вас за вознемирување и бркање ургенции.

Во надеж дека разумот ќе надвладее, срдечно ваш.

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГ - 07.02.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Со тоа јануарско-февруарската сесија заврши. Сите резултати се конечни и џабе не ми праќајте ургенции. Следете го блогот за пишување оцени. 

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

25612/21

41.5

7

2.       

24625/18

36

6

3.       

24971/19

36

6

4.       

25336/20

29

5

5.       

10196/18

22.5

5

6.       

10510/19

20.5

5

7.       

24657/18

19.5

5

8.       

24538/17

16

5

9.       

24513/17

14.5

5

10.   

24650/18

13.5

5

11.   

10966/19

13.5

5

12.   

23731/15

12

5

13.   

25348/20

11.5

5

14.   

9622/16

11

5

15.   

24515/17

10.5

5

16.   

10028/17

8

5

Предметен наставник

Резултати од испитот МОИ - 07.02.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Медицински основи на инвалидноста.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

9463/16

20

5

2.       

9495

15

5

3.       

9622/16

13

5

4.       

10027/17

12

5

5.       

10710/20

11

5

6.       

9506/16

2

5







Предметен наставник

Monday, February 6, 2023

Резултати од испитот ФФА - 06.02.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија. Сепак успеав да прегледам 110 тестови, со што го срушив личниот рекорд. :) Честитки до положените студенти. Оцени најверојатно ќе пишувам во четврток. Следете го блогот.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.      

25831/22

47

8

2.      

25837/22

43

8

3.      

10939/21

38

6

4.      

25844/22

37

7

5.      

11144/22

36

7

6.      

25608/21

36

6

7.      

25806/22

36

6

8.      

10145/18

36

6

9.      

25802/22

36

6

10.   

25796/22

31

5

11.   

11131/22

31

5

12.   

25816/22

29

5

13.   

10935/21

27

5

14.   

25800/22

23

5

15.   

25819/22

22

5

16.   

11091/22

22

5

17.   

25852/22

22

5

18.   

25803/22

22

5

19.   

25834/22

21

5

20.   

24645/18

20

5

21.   

24650/18

18

5

22.   

25640/21

18

5

23.   

11136/22

18

5

24.   

25007/19

17

5

25.   

10914/21

17

5

26.   

9519/16

16

5

27.   

11107/22

16

5

28.   

11095/22

16

5

29.   

11129/22

15

5

30.   

11105/22

15

5

31.   

10717/20

14

5

32.   

10484/19

14

5

33.   

10058/17

14

5

34.   

24515/17

13

5

35.   

25931/22

12

5

36.   

11118/22

12

5

37.   

11114/22

12

5

38.   

25840/22

12

5

39.   

25805/22

12

5

40.   

11154/22

11

5

41.   

10503/19

10

5

42.   

11102/22

10

5

43.   

25836/22

9

5

44.   

11106/22

9

5

45.   

11134/22

9

5

46.   

9506/16

9

5

47.   

11115/22

9

5

48.   

11122/22

8

5

49.   

11110/22

8

5

50.   

11108/22

8

5

51.   

25808/22

8

5

52.   

25841/22

7

5

53.   

24535/17

7

5

54.   

11096/22

7

5

55.   

24208/17

7

5

56.   

10727/20

5

5

Предметен наставник