Thursday, September 11, 2014

Дипломските овој септември 2014

Почитувани колешки и колеги,
Претпоставувам дека ве интересираат дипломските работи на кои бев ментор во овој септември 2014 година. Имав четири одлични кандидати/кандидатки и сите добија оцена десет (10). Мислам дека успеав да ги убедам драгите дипломци дека тие трудови треба да се презентираат и да се објавуваат некаде. Веќе два од нив се пријавени за конгреси, а некои од нив ќе пробаме и да ги објавиме во списанија. Се надевам дека овие дипломски трудови ќе им бидат добар патоказ на идните дипломци. Да одиме по ред.

  1. Катерина Митевска: Степенот на зависност во секојдневното функционирање на децата со аутизам во споредба со децата со лесна интелектуална попреченост на 27.08.2014
  2. Катерина Митревска: Семејни односи кај деца со Down синдром во пубертет и адолесценција на 27.08.2014
  3. Филип Јуртоски: Нарушување на моторните способности кај деца со аутистичен спектар на нарушувања на 03.09.2014
  4. Ангелина Степаноска: Специфичности во секојдневното функционирање на децата со Down синдром на 09.09.2014
Уште еднаш честитки до сите нив. Уживајте во читањето на истите и не заборавајте да ги цитирате доколку ги користите.
Менторот

No comments:

Post a Comment