Ви се обраќам вам 12 студенти кои го одбравте предметот Генетика да го слушате кај мене. Уште еднаш ви благодарам на довербата и сакам да ве информирам дека за жал предавања и вежби нема да имате во текот на овој семестар. Исто така, поради големиот број на студенти и малата предавална не можам да ви дозволам да слушате заедно со студентите од Институтот за дефектологија. Вчера упатив барање до Деканот и в.д. Секретарот на ФЗФ и денес добив негативен одговор кој ќе ви го проследам интегрално во продолжение на овој пост. Правилата налагаат да има 15 студенти за да се одржат предавања и вежби со една група на студенти. Доколку успеете да најдете уште три студенти кои не се определиле за професор по предметот Генетика тогаш ќе можеме да организираме настава. И покрај мојата голема желба да ви држам предавања и вежби за жал тоа во овој момент не е возможно. Искрено се надевам на разбирање од ваша страна.
Предметен наставник
Почитуван професоре Трајковски,
Во врска со вашето прашање ве известуваме дека согласно Одлуката за
организирање настава за изборните предмети бр. 02-947/7 од 15.10.2006 година, за
изборните предемети се организира настава, само доколку предметната програма ја
избрале најмалку 15 студенти. Оваа одлука се уште е во сила и се применува во
однос на исплаќањето на надоместок на плата, односно член 18 од Одлуката за
плати и надоместоци на плати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ во Скопје – Филозофски факултет- Скопје.
Со почит,
Катерина Пејкова
No comments:
Post a Comment