Во прилог ќе можете да го најдете списокот за вежби
по предметот Физиологија со функционална анатомија. Поделени сте и по овој предмет во две групи и групите се
неменливи. Не се дозволени никакви замени на групи заради другарски,
роднински односи и слични ваши потреби. Вежбите ќе се одржуваат во
истата лабораторија на Педагошкиот факултет и потребно е да се биде 15
минути порано пред самата лабораторија. Вежбите започнуваат на 2
октомври 2014 година за група 1, а група 2 ќе има во петок на 3
октомври. Доколку ве нема на списокот, а сте редовен студент, или сте
вонреден студент што се пријавил да оди редовно на вежби или пак сте
повозрасна генерација и треба да преслушувате задолжително да ми пратите
електронска пошта за да ви одредам група.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment