Thursday, September 11, 2014

Резултати од испитите МОИ и Фонијатрија - 11.09.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се наоѓаат резултатите од испитите Медицински основи на инвалидноста. Студентката што полагаше Фонијатрија за жал не го положи испитот.
Предметен наставник

Wednesday, September 10, 2014

Резултати од испитот ФФА - 10.09.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија. Студентката што не сакала да плати уплатница не и е прегледан тестот и не знам како ќе ми се појави пред очи. Од сега натаму нема да пуштам да се полага испит без уплатени пријави. Некому изгледа е многу 50 денари да уплати, а сака да студира. Се извинувам, но времето на социјализмот и бесплатното студирање одамна заврши.
Предметен наставник

С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I (ПРВА) ГОДИНА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА УЧЕБНАТА 2014/2015 ГОДИНА



Почитувани,
Се известуваат студентите запишани во I (прва) година на учебната 2014/2015 година дека новата учебна година ќе започне на 15.09.2014 година (понеделник), во 10.00 часот. Новите студенти ќе бидат примени од раководителите и другите наставници и соработници на институтите. На оваа прва средба новите студенти ќе бидат запознаени со студиските програми и ќе им бидат врачени индексите. Потоа координаторите  ќе ги запознаат студентите со распоредот на часовите, правата и обврските кои произлегуваат од студирањето, системот на функционирање и администрирање на ЕКТС и термините за консултации.
Приемот на студентите ќе се изврши во просториите:

1.      Институт за социјална работа и социјална политика – во слушалната на Институтот за социјална работа и социјалан политика од 10.00 часот;
2.    Институт за дефектологија – во Амфитеатар IV од 10.00 часот;
3.    Институт за безбедност, одбрана и мир – во Голем амфитеатар од 10.00 часот;
4.    Институт за психологија – во Електронска училница од 10.00 часот;
5.     Институт за историја и историја со архивистика – во Библиотека за историја од 10.00 часот;
6.    Институт за филозофија – во Предавална 8 од 10.00 часот;
7.     Институт за историја на уметност и археологија – во Предавална 2 од 10.00 часот;
8.    Институт за педагогија – во Предавална 10 од 10.00 часот;
9.    Институт за социологија – во Предавална 15 од 10.00 часот;
10.  Институт за класични студии – во Предавална 4 од 10.00 часот;
11.    Институт за семејни студии - во Амфитеатар II од 10.00 часот.

Доколку не можат да присуствуваат на првата средба, вонредните студенти ќе можат да ги добијат индексите во Библиотеките на соодветните институти.

10.09.2014 година                                                      ОД ДЕКАНАТОТ
С к о п ј е                                                  
               НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ

Резултати од испитите Генетика и Физиологија - 10.09.2014

Почитувани студенти,
Во прилог ви ги праќам рeзултатите од утринските испити по Генетика и Физиологија.
Предметен наставник

Monday, September 8, 2014

Мементо 1991-ва

Драги мои,
На овој ден, ден на независноста на Република Македонија како да не се присетите на таа 1991 година. Година полна со одлуки, година на распаѓање на една држава СФРЈ и креирање на нова. Toa е годината кога Југославија ја растури Италија во финалето на евробаскетот на нејзин терен, а кога во текот на првенството Словенецот Јуре Здовц ја напушти репрезентацијата.


Војната во Словенија започна кон крајот на тој јуни и за среќа траеше кратко, за да веднаш потоа започне во Хрватска и наредната година во Босна и Херцеговина. Јасен беше распадот на Југославија. Како неминовност се наметна референдумот кој за македонскиот народ беше „да се биде или не„. На 8 септември утрото станав рано, како да ја претчуствував гоемината на тој ден. Се упатив кон гласачкото место и недвосмислено се одлучив за независна Македонија. Тоа беше ден во кој македонскиот народ се одлучи за самостојна држава, кој денес го славиме. Не случајно е наречен третиот Илинден, светол ден за Македонија. Тој ист ден братучедка ми Маја ја роди Александра, својата прва ќерка, уште поголема радост во семејството. Вечерта прослава на плоштадот Македонија и мекици кај моите роднини.


Тоа е годината во кој прославив 23 години, толку колку што денес слави Македонија. Година во која ја започнав четврта година на студии на Медицинскиот факултет во Скопје. Во таа година за прв пат се одважив во кафе баровите да пуштам македонска и бившо југословенска музика цела вечер, кога никој не го чинеше тоа. Првата целовечерна забава со екс Ју музика ја направивме во кафе барот „Борзои„. Кој беше сигурно ќе се сети на прекрасната атмосфера. Во таа година на Макфест победија Словенците Поп Дизајн со песната „Дајте ги рацете„, песна со универзална порака.


Годината заврши со прекрасна Новогодишна журка со 30-тина луѓе кај другар ми Анчо, екстрапопуларниот Фејсбукер Рз Брзотрз. Не знам дали уште некој прави такви журки по дома. Не сум убеден во тоа. Од песните таа вечер се сеќавам дека највеќе ја вртевме „Учи ме ме мајко карај ме„ од легендарните Леб и Сол.


Зборот ми беше, нека ни е вечен денот, нека ни е вечна татковината Македонија!

Saturday, September 6, 2014

Креиран JSER блог

Почитувани колешки и колеги, драги читатели,
Сакам да ве информирам дека во очи на пет годишнината од креирањето на JSER Online верзијата од списанието Дефектолошка теорија и практика или Journal of Special Education and Rehabilitation чувствував потреба да креирам и JSER блог. Во него ќе бидат објавувани содржини поврзани со списанието, со издаваштвото, библиометријата, отворениот пристап и слично. Тие содржини ќе се објавуваат главно на англиски јазик заради меѓународна видлиовст, иако не ја исклучувам можноста понекогаш да објавам и пост на македонски јазик. Порано тие содржини ги објавував во Facebook групата и на Twitter профилот. Свесен сум дека е потребно многу време за да се ажурира сето ова, но списанието мора да напредува со големи чекори. Ова е уште еден мој влог кон зголемување на видливоста на списанието. За неполни 12 часа креирав шест постови. продолжуваме со засилено темпо. Читајте не` и следете не` на социјалните медиуми.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Thursday, September 4, 2014

Резултати од испитот ХГ - 04.09.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од денешниот испит по Хумана генетика. За жал истите се незадоволителни.
Предметен наставник

Резултати од испитот МОИ - 04.09.2014

Почитувани студенти,
Кандидатката со број на индекс 23092/13 што утрово полагаше Медицински основи на инвалидноста не го положи испитот заради тоа што освои само 12 поени.
Предметен наставник

Wednesday, September 3, 2014

Резултати од испитот ФФА - 03.09.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија.
Предметен наставник

Резултати од испитите Генетика и Физиологија - 03.09.2014

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог ви се резултатите од испитите Генетика и Физиологија што се одржаа утрово.
Предметен наставник