Почитувани студенти,
Веќе почнав да добивам е-пошти со прашање за повисока оцена. Јас имам премногу обврски во овој период и не можам поединечно да ви одговарам. Мислам дека и вчера и денес бев кристално јасен во ставовивте. Во оваа фаза не може да се добие обработка на труд или интернет ресурс и така лесно да се добие повисока оцена. Ви објаснив убаво дека повисока оцена може да се добие или со устно дополагање на испитот (каде што може да се намали оцената) или со полагање на целиот испит писмено (каде исто така може да се намали оцената). Во случај на писмено полагање, стекнатите бодови од двата колоквиуми се бришат, а сите други освоени поени остануваат на вашето конто.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment