Почитувани студенти,
Овде би сакал да укажам на најчестите забелешки за вашите презентации на семинарските трудови и воедно да дадам упатства за подобри презентации:
- Честа грешка е дека не ставате нумерација на слајдовите.
- Презентацијата мора да има вовед и заклучок.
- Понекогаш ставате премногу текст на слајдовите.
- Внимавајте да не се ситни буквите, основен фонт најмалку 24pt.
- Текстот и позадината треба да имаат јасен контраст. Без многу бои, ефектни позадини и сл.
- Некои студенти слабо ја имаат научена темата и слабо ја владеат, со тоа и слабо презентираат.
- Потребна е добра интеракција со аудиториумот.
- Некои студенти читаат од слајдовите, тоа не може да се оцени со висок број на поени.
- Немање на илустрации во презентациите. Пожелно е да има слики и табели.
- Секој слајд мора да има заглавје кое го објаснува текстот подолу.
- Нема потреба да држите во рацете листови, концепти, или самата семинарска во печатена верзија. Со тоа прикажувате одредена несигурност.
- Слободно може да се уфрлат анимации, гифови или кратки видеа до 1 минута.
- Некои студенти не го почитуваат времето од 10 минути. Или се прекуси и завршуваат за 5 минути или се предолги повеќе од 10 минути. Сето тоа укажува на недоволна подготвеност.
- За презентација од 10 минути, треба да имате меѓу 10 и 20 слајдови.
- Пожелно е последниот слајд да биде благодарност, контакт информации (е-пошта, социјални медиуми и сл.)
- Пожелно е на првиот и последниот слајд во горните агли да има лого на УКИМ и лого на ФЗФ.
Повеќе информации можете да најдете во најновиот учебник Академско пишување и објавување. Ова е последен пост за денес, по речиси 15 часа работа.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment