Почитувани студенти,
Сите вие кои го положивте испитите преку колоквиуми и активности, или во првата декада, ве поканувам утре 25.01.2023 година во перидоот од 8 до 10 часот да ги оставите индексите во посебна кутија во библиотеката на ИСЕР. Студентите кои немаат доставено пријава (положиле преку колоквиум) исто така треба да достават и пријава заедно со индексот. Јас ќе пишувам оцени и ќе пополнувам пријави во периодот од 10:00 до 14:00 часот, што значи дека веднаш потоа или од четврток натаму ќе можете да си ги подигнете индексите од кутијата каде што сте ги оставиле. Нема потреба да доаѓате кај мене во кабинет. Тие што нема да успеат да дојдат утре во било кој друг ден можат да ги остават индексите, или пак нека чекаат во февруари кога ќе има уште најмалку еден ваков термин за пишување оцени.
Ви благодарам за разбирањето.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment