Почитувани студенти од ИСЕР,
Ви го споделувам списокот со освоени ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Списокот во Ексел формат можете да го симнете ОВДЕ. Од вашата генерација за жал само една студентка го положи испитот преку колоквиуми и активности во тек на семестарот. Таа доби седумка. Списокот стои на платформата активен 2-3 седмици. Пишување оцени дополнително по крајот на првата декада.
Студентите што се означени во црвено имаат потпис, но не можат да полагаат во престојната сесија бидејќи немаат освоено 15 ЕКТС поени. Единствена шанса е веднаш да ми пишат е-пошта да им дадам задача. Задачата треба да ја завршат до недела вечер во 20:00 часот и да ми ја пратат по е-пошта и во понеделник да ја одбранат кај мене во кабинет или онлајн зависно од моите активности. Уште еднаш повторувам по 16.01.2023 нема да се занимавам со давање задачи и испрашување за активности бидејќи имам други активности, а скоро почнува и испитната сесија. Едноставно нема да полагате во оваа сесија, а за наредната сесија задачата ќе мора да ја завршите до 30.04.2023 година.
Студентите што се означени во зелено имаат повеќе од два минуси, немаат право на потпис оваа година или пак се откажале од студирање. Можно е да се вонредни, но тие мораше досега да си ги завршат обврските, ако сакаа да полагаат во престојната сесија. Ве молам не ми праќајте е-пошти ако сте биле вонреден студент и досега не сте ги завршиле обврските. Вие ќе може да полагате во јунска сесија со завршени обврски до 30 април.
Доколку има некој студент кој мисли дека не му се впишани некои поени, или некаде евентуално сум погрешил, должен е веднаш да ме информира и да објасни каде мисли дека е згрешено во поените. Јас се трудев да нема грешка и мислам дека нема.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment