Почитувани студенти,
Сакам да ви укажам на некои пропусти и грешки кои ги правите намерно или ненамерно. Се разбира тоа се однесува на поединци, не на сите студенти. Официјален документ е официјален и не е играчка за играње. На факултетот тоа се индекс, пријава, студентска легитимација, тест и сл. Не може поединци да пишуваат кратенки на предмети како што јас пишувам овде на блогот за да добијам во време. Не се пишува ФФА, ХГФ, ХГ, МОИ, туку целосно име на предметот. Исто така, во пријавата или индексот не може да го пишувате само моето име и презиме без титула. Не сме биле ние другари од основно училиште, не сме излегувале по дискотеки заедно, не сме играле баскет во маало. Ова е универзитет и правилно е со пишување на целата титула, т.е. проф. д-р (кај мене, кај други можеби ќе биде вонр. проф. д-р или доц. д-р, итн). Ве молам овие забелешки да ги сфатите сериозно за да не бидам принуден во иднина да намалувам поени за вакви работи кои се одраз и на домашна култура.
Патем, сите оставени индекси денес, се веќе со запишани оцени и потпишани.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment