Thursday, January 26, 2023

Седум причини зошто треба да го одберете Медицински основи на инвалиндоста

Почитувани студенти од ИСЕР,

Немам намера никого да убедувам, само ќе наведам седум причини зошто треба да го одберете предмететот Медицински основи на инвалидноста:

  1. Доколку сакате повеќе медицина, отколку педагогија, психологија и друго.
  2. Затоа што имате учебник на македонски јазик.
  3. Однапред го знаете силабусот и сите содржини на предметот.
  4. Може да ви послужи како основа за разбирање на сите попречености со кои понатаму ќе се среќавате.
  5. Подобро ќе ја разберете суштината на интелектуалната попреченост, слепилото, глувоста, моторните нарушувања и говорно-јазичните проблеми.
  6. Секогаш имате навремени информации и знаете на што сте.
  7. Критериумот на оценување е малку поблаг, отколку кај ФФА и ХГ.

Предметен наставник


Wednesday, January 25, 2023

Официјални документи

Почитувани студенти,

Сакам да ви укажам на некои пропусти и грешки кои ги правите намерно или ненамерно. Се разбира тоа се однесува на поединци, не на сите студенти. Официјален документ е официјален и не е играчка за играње. На факултетот тоа се индекс, пријава, студентска легитимација, тест и сл. Не може поединци да пишуваат кратенки на предмети како што јас пишувам овде на блогот за да добијам во време. Не се пишува ФФА, ХГФ, ХГ, МОИ, туку целосно име на предметот. Исто така, во пријавата или индексот не може да го пишувате само моето име и презиме без титула. Не сме биле ние другари од основно училиште, не сме излегувале по дискотеки заедно, не сме играле баскет во маало. Ова е универзитет и правилно е со пишување на целата титула, т.е. проф. д-р (кај мене, кај други можеби ќе биде вонр. проф. д-р или доц. д-р, итн). Ве молам овие забелешки да ги сфатите сериозно за да не бидам принуден во иднина да намалувам поени за вакви работи кои се одраз и на домашна култура.

Патем, сите оставени индекси денес, се веќе со запишани оцени и потпишани.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, January 24, 2023

Промена на терминот за полагање на испитот МОИ

Почитувани студенти,

Ве известувам дека испитот Медицински основи на инвалидноста од втора декада се поместува за во 8:00 часот наместо во 9:00 часот и тој ќе се полага во Големиот амфитеатар на ФЗФ.

07.02.2023 МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот.

Предметен наставник

Пишување оцени - 25.01.2023

Почитувани студенти,

Сите вие кои го положивте испитите преку колоквиуми и активности, или во првата декада, ве поканувам утре 25.01.2023 година во перидоот од 8 до 10 часот да ги оставите индексите во посебна кутија во библиотеката на ИСЕР. Студентите кои немаат доставено пријава (положиле преку колоквиум) исто така треба да достават и пријава заедно со индексот. Јас ќе пишувам оцени и ќе пополнувам пријави во периодот од 10:00 до 14:00 часот, што значи дека веднаш потоа или од четврток натаму ќе можете да си ги подигнете индексите од кутијата каде што сте ги оставиле. Нема потреба да доаѓате кај мене во кабинет. Тие што нема да успеат да дојдат утре во било кој друг ден можат да ги остават индексите, или пак нека чекаат во февруари кога ќе има уште најмалку еден ваков термин за пишување оцени.

Ви благодарам за разбирањето.

Предметен наставник

Устен испит - 25.01.2023

Почитувани студенти,

Трите студентки што беа пуштени условно по предметот ХГФ и едната студентка што беше пуштена условно по предметот ХГ, треба да дојдат утре (25.01.2023) во 09:00 часот кај мене во кабинет да го полагаат испитот устно. Доколку прикажат знаење испитот ќе им биде положен, доколку не прикажат знаење или не дојдат, ќе им биде пишана петка во пријавата.

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГ - 24.01.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Многу слабо сте го подготвиле предметот. Студентката што е пуштена условно да се јави на устен испит кај мене во кабинет на 25.01.2023 година во 09:00 часот.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

10477/19

33

условно

2.       

10907/21

11

5

3.       

9506/16

9

5

4.       

10503/19

5.5

5

5.       

10498/19

5

5

6.       

25359/20

3

5






Предметен наставник

Резултати од испитот МОИ - 24.01.2023

Почитувани,

Студентката со број на индекс 10074/17 не го положи испитот Медицински основи на инвалидноста, бидејќи освои само 15 поени.

Предметен наставник

Monday, January 23, 2023

Резултати од испитот ХГФ - 23.01.2023

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика и физиологија. Положија 9 студенти, а три студентки се пуштени условно на устен испит оваа среда или петок, за што дополнително ќе бидат известени на мојот блог. Должни се да ми пратат е-пошта дали ќе полагаат или не. Доколку не се пријават во наредните 24 часа, испитот ќе се смета за неположен, заради неосвоениот минимум поени од 36. Оцени ќе пишувам оваа среда или петок, за што утре ќе има посебен пост. Резултатите се конечни и не се можни никакви поместувања, дури ни со ургенции.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

11213/22

49

7

2.       

11167/22

48

7

3.       

25868/22

45

7

4.       

11196/22

45

7

5.       

11186/22

44

7

6.       

11197/22

40

6

7.       

25918/22

38

6

8.       

11174/22

37

6

9.       

11159/22

36

6

10.   

11222/22

35

условно

11.   

25877/22

35

условно

12.   

25895/22

35

условно

13.   

10181/18

34

5

14.   

10847/21

32

5

15.   

11193/22

24

5

16.   

10258/19

23

5

17.   

25888/22

22

5

18.   

10858/21

22

5

19.   

11192/22

22

5

20.   

11168/22

21

5

21.   

11198/22

20

5

22.   

10856/21

17

5

23.   

11169/22

15

5

24.   

25546/21

11

5

25.   

10630/20

10

5

26.   

10683/20

10

5

27.   

10680/20

6

5


Предметен наставник

Резултати од испитот ФФА - 23.01.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит поф Физиологија со функционална анатомија. За жал никој не го помина тестот. Многу сте го потцениле предметот и ви треба уште многу учење, затоа што не бевте ни близу до 36 поени, а да не говорам од максимумот од 70 поени.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

24538/17

21

5

2.       

11098/22

21

5

3.       

24657/18

20.5

5

4.       

25359/20

15

5

5.       

9622/16

14.5

5

6.       

10074/17

13

5

7.       

11092/22

12.5

5

8.       

25375/20

12

5

9.       

10191/18

11

5

10.   

11145/22

11

5

11.   

10498/19

10.5

5

12.   

11097/22

9

5

13.   

10907/21

9

5

14.   

24994/19

8

5

15.   

24633/18

2

5

16.   

24682/18

0

5

Предметен наставник