Почитувани колешки и колеги, драги студенти и ценети родители,
Би сакал да ви дадам неколку напомени во врска со втората #ReAttach конференција што ќе се одржи во
хотел Арка, Скопје, Македонија за помалку од
5,5 месеци. Организатори на конференцијата се
Stichting ReAttach Therapy International и
Македонско научно здружение за аутизам.
Раната регистрација и крајниот рок за
пријавување на апстракти завршува на 31.12.2019 година. По тој датум ќе може да се регистрирате само како пасивен учесник и за поголема котизација. Би сакал да истакнам дека ниту еден учесник нема да може да присуствува гратис, како што тоа било можеби порано случај на некои други конференции. Најниската котизација (без 2 ручека и свечена вечера) до 31.12.2019 година изнесува 20 евра, а доколку сакате да ги имате двата ручека во хотел Арка ќе треба да доплатите уште 18 евра. Доколку сакате да бидете учесник и на свечената вечера (ресторанот дополнително ќе се одреди) ќе треба да доплатите уште 25 евра, или вкупната котизација за членови на МНЗА, студенти, магистранти, докторанди и родители изнесува 63 евра. Предност на оваа конференција е што вие сами си ги бирате приоритетите. Има дури регистрација само за еден ден, доколку не можете да присуствувате на двата дена. Би сакал да напоменам дека ниту еден учесник нема да може да руча или вечера доколку ја нема платено котизацијата. За сите учесници од Македонија лично обезбедив попуст и ќе треба да се обратат на следната
е-пошта за да бараат код за попуст при регистраицијата на веб страницата. Кога ќе се обратите на таа е-пошта задолжително да ја објасните вашата конекција со МНЗА.
На конференцијата доаѓаат
најмалку десетина врвни имиња од областа на риатач третманот, аутистичниот спектар на нарушувања, невроразвојните нарушувања од САД, Холандија, Ирска, Италија, Израел, Индија и други држави. Сите тие доаѓаат без материјална надомест од љубов кон науката, желбата да го пренесат своето знаење на стручњаците и родителите во Македонија и од почит кон МНЗА. Затоа и се воведени овие котизации за да можат да се покријат трошоците за пат и престој во хотелот со 5 ѕвезди. Сите што добро ме познаваат знаат дека досега се` што сум организирал од семинари, конгреси, конференции било гратис, но овој пат ќе мора да платат минимална котизација ако сакаат да слушаат нешто што досега не слушнале од оваа област. Сите учесници активни и пасивни ќе добијат сертификат за учество.
Во хотел Арка има на располагање 41 соба од кои во моментот се веќе резервирани и платени 35 соби. Сите учесници од Македонија и регијата кои нема да можат да најдат соба во хотелот ги упатуваме на околните хотели или нека се обратат до организаторот.
За родителите на деца со АСН има уште една ексклузивна можност а тоа е да можат да се консултираат со врвните експерти кои ќе нудат бесплатни консултативни услуги во
Гаспар центарот во Козле на 31 мај 2020 година (недела). Бројот на прегледи е ограничен на 20-25, затоа родителите што ќе се регистрираат на конференцијата ќе имаат предност за обезбедување на термин. Пријавувањето за прегледи се врши на оваа е-пошта.
Бројот на посетители во големата сала на хотел Арка е ограничен на 150. Досега веќе има регистрирано 80-тина гости. Затоа, побрзајте со пријавувањето. По исполнувањето на 150 учесници, нема да биде примен ниту еден посетител. Сите дополнителни прашања кои ги имате може да ги поставите на горенаведените е-пошти.
Со почит,
Претседател на МНЗА